Какви превентивни мерки според тебе? Ништо чудно да ги наплаќаат. По веледрогерииве никаде нема маски, ни за лек, јас не можам да најдам, а ми требаат за работа.
Што се замараш. Јас одма кога ќе видам твој коментар отварам читам пошо кој може да даде порелевантни информации за Италија од некој кој живее во Италија, баш во жариштето. Не објаснувај џабе
На пример? Превзедоа сешто беше препорачано од СЗО. Еве денес во Германија се појави случај на корона кај педијатар што неделата се вратил од одмор во Италија. Нит бил прегледан, нит има граница, нит карантин. До вторник одел на работа, во меѓувреме прегледувал новороденчиња и деца. И таму кријат?
Сите пристигнати од Италија или што престојувале таму изминатиов месец, веднаш по стапнувањето на домашно тло требаше да бидат упатени во изолација на одреден период.
Ај не рипајте во одбрана на власта одма. Целиов вирус ми е сомнителен почнувајќи со местото каде што се појави прв пат.
Од понеделникот наваму пристигнаа многу дијаспорци од Италија, буквално бегаа. За неколку примери знам лично. Дека е несериозен пристапот, е.
Ама не ја бранам власта. Што можеа екстра да направат што не е направено никаде на друго место? Истите мерки како и секаде се преземени. Не можат целосно да ги затворат границите.
За жал, човек колку пари и да има, ако е клет во душата, клет и ќе си остане. Мислите дека заразената госпоѓа немала пари да си плати лекување во Италија, дека била проста и не едуцирана? Епа напротив... Мала земја сме, сè се знае и дознава. Веќе пуштија хинт прееска, кој е паметен ќе поврзе 2 со 2. Срам и арам да се парите и "статусот" во општествово, кога нема човечност!
Шумлива таблета ако ставиш во две чаши со различна количина вода: Во едната 100мл во другата 3,000мл Каде ќе биде поконцентрирана таблетата?Во помалата или во поголемата чаша?Каде ќе се раствори побрзо?На помала или поголема површина? Тоа ми е поентата со бројот на жители. Они се 1милијарда и поише.Кај нив 80.000 заболени не се ништо, кај нас тоа значи цел град (од периферија некој помал) да заболи. Плус тоа што пишав и погоре, миграцијата Скопје-периферија. Не се сфаќаме нешто со муабетов. Ако таму лесно се шири овде уште полесно пошто сме помалце и сѐ е концентрирано во Скопје. 10 болни да има и сите за викенд да се вратат во своите градови, толку ни беше. @emiliana вистина е за дешавката, на Тиме.мк прочитав јас. Искрено не се изненадив, во Северна Кореја владее диктатура од кога знам за себе.Сѐ што нѝ е нормално нам, за нив не е и обратно. И порано ги палеле/убивале по селата болните од чума итн за да не се проширува и да не се мачат, али во 21век со напредна медицина ти да убиеш чоек место да го излечиш, хммм нот гуд
Како што слушнав на пресот, екстра направиле за Кинезите работници. Здрави пристигнале, но одма во изолација. Е сега ако е исто за сите хаос ќе настане зашто веќе сегде го има и секој ќе треба во изолација, ама ете за некого можело.
Koja ironija so brendiranite maski Inaku da pacientot vo strumica e , analizata se pravi vo sk,treba da kazat kaj i da e dali e pozitiven
Не знам дали можам јавно да објавам вака, сепак има закон за заштита на права на пациенти, може да ме тужи. Штом до сега никој нема објавено, туку индиректно посочуваат... А и башка си има пари и моќ, да беше некој друг ќе го линчуваа до сега...
Па и не е баш сомнителен со оглед на тоа како се прехранува голем дел од популацијата таму. Апсолутно несанитарни се тие "wet markets" од каде се мисли дека искочил. Се јадат сите животни, змии, лилјаци, љускавци, некаде имаше напишано дека и мачки и кучиња може да се најдат. Дури и купците сакаат пред нив да се убиваат и дерат животните, има крв по самите продавнички...и ете ти дувло за болест. Мора, значи мора да се седне и да се притисне Кина со бан за вакви маркети затоа што не е прв вирус кој искочил од таму, а ако се продолжи вака нема да е ни последен. Утопистички би било да се прекине да се консумира месо, ама тоа е невозможно, па затоа треба други мерки да се превземат, односно да излезат со јасен став за припрема на месо, услови во кое се продава и задолжителна термичка обработка. Имало на времето туберкулоза и бруцелоза од непастеризирано млеко, со пастеризирање веќе се искоренуваат и тие. Не може да се почетна точка на вакви нешта и ништо да не се превземе. Ако може да се донесе закон дека млекото мора да се пастеризира, може да се донесе закон дека змија не смее да се продава. Лилјаци исто особено, се верува дека најмогу зарази од самите нив потекуваат. За ова понатаму, сега е најбитно да се победи ситуацијава, ама потоа да си загреат столчињата батките од СЗО и да почнат да прават нешто за превенција на уште некој ваков вирус.
Жити се...која е таа со пари и моќ што се вози 24 саати во комбе од Италија? Тие со пари и моќ фаќаат авион и не се замараат. Или се враќаат со кола во најмала рака.. Дури и јас што немам пари и моќ како некои, не сум луда со комбе да одам..