Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    Кои околни држави, тие до пред една недела си седеа си шегуваа, ние први преземавме мерки, и не не е вистина дека само кај нас има заболени медицински лица, оди информирај се во околните држави колку медицински лица се заболени. Тоа што ти си слушнала само за нашиот процент на заболени медицински лица, е во ред, ама пред да го напишеш ова мислење ќе беше убаво да се информираше и за околните држави кои се спремаат за крај на светот.
     
    На girl1233, Purplelilac, Larichka8 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    @нина122 сценариото ако се продаваат во аптека ќе е вакво:
    Како што се нафрлија на сумамед, брашно и тоалетна, ќе се нафрлат и на тестови (за резерва дома, за секој по 2-3 теста) и ќе снема за 3 дена.
    Ќе испадне некој негативен, па ќе се олабави и ќе шета (или ќе се зарази после тестот или ќе утне при земање брис и ќе биде false negative и ќе зарази друг)
    Еден тест го купува државата за 4000+ денари. Ќе остане без пари заради народов наш ненаситен.
     
    На girl1233, ohlalalala, Tatijana1993 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.913
    Допаѓања:
    173.611
    Пол:
    Женски
    100 во берово не се многу а не па 10. Затоа што ќе седат дома или ќе ги затворат на едно место и крај на приказната..
    Што мислиш ако се се затвори во скопје и останат само маркетите и аптеките, дека нема да имаш никаква шанса да се заразиш во маркет?

    Тука пуштаат по 1 во маркет, по 1 во банка, по 1 во пошта..
    Поминуваат се со средство пред и по тебе ама џабе е..
    Доволно е да кивне некоја на пакувањата макарони што 20 души ќе ги купат после 10 мин и ќе се фатат за уста или очи..

    Како планираш финансиски да го изведат тоа?
     
    На Purplelilac, Doozy, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.786
    Допаѓања:
    176.354
    Пол:
    Женски
    Ова со штедење на медицинскиот персонал може да е во Ск.
    Кај нас Не е така.
    А и нема начин како да се изведе.
    Одвај имаме по тук таму некој специјалист. Нема по двајца исти специјалисти, освен интернисти ( тројца се).
    А Не сме мала општина. 4 града ае под нас, и неколку поголеми села.
    Заштитен материјал има само по еден чифт ракавици и една маска, кажав еднаш.
    Заштитни одела / мантили со очи немаат видено.
    Ако заболи педијатарот, гинекологот, хирургот или неврологот не знам што ќе правиме:(
     
    На Harper, ohlalalala, Doozy и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.913
    Допаѓања:
    173.611
    Пол:
    Женски
    А за тестовиве е чисто перење пари..

    Не може државата скоро 5000 да го купува а во жан митрев да кошта 1500ден продажна цена..
    Значи реално тестот не чини повеќе од 700ден набавна цена
     
    На Harper, ohlalalala, Purplelilac и 15 други им се допаѓа ова.
  6. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.948
    Допаѓања:
    53.223
    Пол:
    Машки
    А бе мене ми е јасен финансискиот дел ама што мислиш не е подобро за драстични мерки и справување со срањево у пократок временски рок неголи да го развлечеме до недоглед ?
     
    На ~Allure~, ЕденЧлен и Dust им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.047
    Допаѓања:
    37.465
    Пол:
    Женски
    Нема шо да кажеме. Слепи мишеви, простаци. Откако вие паметните заминавте, остана мизеријата само :^)
    Аман Бриџо врати се, и лет ќе ти платиме и во домашна самоизолација ќе те оставиме :D


    Јас се извинувам, не сакам сите иселеници да се најдат во муабетиве погоре. За среќа, не се сите како дотичнава.
     
    На ALISA0000, Alisa22, Purplelilac и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.913
    Допаѓања:
    173.611
    Пол:
    Женски
    Пак ќе го развлечеме во недоглед и ск да се затвори..
    Додека постојат активни жаришта во европа ќе биде и кај нас..
     
    На ohlalalala, Purplelilac, Larichka8 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    И 700 да е, колку ќе треба да се набават за да се оствари продавање низ аптеки?

    Мене едно ми боде очи. Колку луѓе самоиницијативно помагаат без профит, а богаташиве што спијат на пари денар немаат дадено. Или имам пропуштено таква вест?

    Се надевам после ова ќе му текне на министеров малце да го среди здравството, го почитувам многу за се што прави периодов ама трпиме многу сега за се од изминативе години што не штимало.
     
    На Different7, ohlalalala, Purplelilac и 5 други им се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.482
    Допаѓања:
    120.152
    Пол:
    Женски
    Дај пишете кои беа броевите за психолошка поддршка? :|
     
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.814
    Допаѓања:
    145.446
    Кој тоа се заштитени Орхидеја? Скопје можеби.
    Другарка ми е лекар на инфективна кај нас.
    Со мантилче , маска , имат право на 2 на ден . И наочари им дале. Ете толку.
     
    На Harper, Purplelilac, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.304
    Допаѓања:
    67.999
    Пол:
    Женски
    На cresa-jagoda, ЕденЧлен и fana им се допаѓа ова.
  13. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.650
    Жал ми е за вас со розевите очила. Не сакам такви црни сценарија.
    Ама некој да ме убедува дека биле превземени добри мерки и дека нашата држава односно здравство добро се справува со вирусов можам само едно хаха во лице да му напрам.
    Па имате на нет се какви мерки биле превземени, прочитајте.
    И нема што јас да советувам или да предлагам, се знае што треба во ваква ситуација.
     
    На buba4e89, cresa-jagoda, Change. и 2 други им се допаѓа ова.
  14. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Сфаќам што сакаш да кажеш. Ама во ситуацијава нема правило.
    Земји со врвно здравство и економија пропаѓаат. Види ја Америка, ај Шпанија и Италија не ги ставам во ист кош со Скандинавските земји, Швајцарија, Германија.. Ама сегде владее хаос.

    Никаде не се тестираат сите затоа што е тешко изводливо (тука поготово).
    Евентуално да стават клуч на државава 3 4 дена и да ги тестираат сите, па сите позитивни во карантин да ги стават.
    Ама и тогаш, докторот/полицаецот/војникот што е задолжен за нив, може да се зарази и да пренесе на друг и пак во круг.
     
    На ohlalalala, Doozy, Ambitious и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Pelargonium

    Pelargonium Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Не ја рамнете Германија со Италија и Шпанија ве молам. Каде каде е побогата и подисциплинирана од нив. Ниската смртност сигурно не се должи на тоа што тие ги кријат починатите. Болниците, условите во нив и опременоста на истите си го прави своето. Да не почнувам за тоа дека многу квалитетен медицински кадар од Балканот работи таму. Брат ми за една недела доби маски,ракавици и средства за дезинфекција колку што овде кај нас добива одделение за цел месец за цел персонал. Пред три недели примав инфузии на ОРЛ во мојот град и сестрите имаа по една маска за цел ден, а ние што примавме во дневна не добивме маска, туку газа ни ставија наместо маска да не сме ги ширеле вирусите/бактериите. Не е способна државата медицинскиот персонал да го заштити, ни паѓаат доктори како крушки скоро секој ден. Со секое одење на работа нив државата ги фрла во оган. Вистина и природата на работата им е таква, ама не на овој начин, не без заштита. Џабе и се лутите на членката кога добар дел од муабетот и држи вода.
     
    На Harper, ohlalalala, Purplelilac и 4 други им се допаѓа ова.
  16. elenaxbbg

    elenaxbbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    971
    Пол:
    Женски
    Можеби не баш се' да се затвори,но мислам дека е потребно во градовиве каде што има заразени,посебно Скопје,да не е дозволен влез-излез како што направија со Дебар.Па од тогаш и бројките на заразени се намалија таму..
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.650
    Сакам да кажам дека треба здравствениот кадар да се заштити. Што полза имаме од затворени одделенија или клиники... Страшно
     
    На Harper, Doozy, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Pelargonium

    Pelargonium Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Како? Знаете ли колку луѓе од Тетово,Гостивар и Куманово работат во Скопје?
    Цело време се бара целосен карантин, а никој не сакате да дискутирате со кој пари ќе го покриеме тоа? Гледате ли вие вести? Сите држави дадоа финансиска инекција на буџетот, само вакви скапани земји како нашава се задолжија уште толку и чекаа милостина да видат кој ќе се сожали да фрли неко евро. Немаме доволно средства ни во кадар ни во пари еден полициски час да истераме, а не пак карантин од таков размер.
     
    На girl1233, Larichka8, Rozich и 8 други им се допаѓа ова.
  19. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Кој има розови очила? Кај нас први превзедоа мерки баш бидејќи знаеја на кое ниво ни е здравството. И бидејќи читам на нет, кажи кои тоа мерки Србија (кафиќи до пред 2 дена работеа, наши луѓе се заразија од Копаоник во време кога Србија пријавуваше 0 случаи, истиот тој Копоник во неделата се затвори, Србија има и починати медицински лица), Грција со 900 заболени до вчера, БУгарија што не тестира многу-многу и на која и вонредна состојба скијачките центри и работеа? Ааа, веројатно на Косово и Албанија мислиш.

    Далеку сме од идеални, се превзема колку што се може, и треба секој од нас својот дел да си го прави.
     
    На An-na, Purplelilac, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  20. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Треба.. Т.е МОРА.
    Ама очигледно џабе кога цело време читаме за доктори и мед. лица кои одат на работа наместо во самоизолација да седат, а уште полошо со очигледни симптоми.
     
    На Bubce38, Angie1432 и @ster@ им се допаѓа ова.