Ама Кинезите се секако суспектни, оти веќе имаше кај нив епидемија. Не се очекуваше дека во Европа вака ќе биде, затоа и се преземени мерките подоцна отколку што реално требало, можеби и малку прелабаво се сфатија препораките од СЗО кои збореа за вирусов откако се појави. Бидејќи некако, никој не веруваше дека вака одеднаш ќе се рашири. Ама се рашири и добро е што воопшто се презема нешто. А за свест и човечност не ми зборете. Жив пример имам во околина, нема да се тестира оти не се замара, а се врати од Венеција два дена пред да почне епидемијата. Ние во негова близина треба да се тресеме, пошто нема како да се избегне контактот.
Меинстрим медиумски приказни за мали деца. Кинезите се хранат гнасно од памтивек не од вчера па вчера мутирал нов вирус. Вухан е најголемиот научен и лабораториски центар во Кина, мислам дека беше и едно од првите места што доби 5Г мрежа. Од месечината се гледа дека вирусот е намерно пуштен, дали на тројански начин дали со знаење на самата Кина ние немаме никакви податоци можеме само да претпоставуваме али вирусот и начинот на ширење посекако се сумљиви. П.С. Во книга од 2008 пишува за епидемија од вирус Вухан во 2020.
Пријавете го. Што сте вие дужни да се тресете и да трпите. Голема работа ако му земат крв и брис.Бар мирни да сте сите
Работата е што откажала лет зашто знаела дека најверојатно ќе ја фатат. Вака со комбе само прашалник пополнила, а и тој го излажала.
Во Италија бројот на заразени се искачи на 888, и луѓето се однесуваат посмирено од нас, бидејќи ги добиваат сите информации. А ние овде за еден ги соголивме сите маркети.
Ниту е сумљиво како се шири, ниту пак како мутираат вирусите, ниту пак гледам некоја ќар од ова се што се случи, само огромна дупка во економијата од која никој не победи. Ниту има лек, ниту пак некои нови лекарства од кои ете би профитирала фармацевстката индустрија, симптоматска е терапијата. Кој профитира од ова па намерно играчки да си игра?
Министерот за здраство и премиерот секој ден што потенцираат и се повторуваат дека сите работат и економијата тече за да се знае е рекла казала муабет а колегата што збори дека не работат е веродостоен извор. Така да си знаете. И сега да земе некој за ова што го шири да го пријави ќе се лежи ваљда како што ојдоа да си лежат еден куп луге што ширеа 100 навистини надвор од Италија.
Ај цитирај ме ако имаш да ми кажеш нешто?? Нит го знам, нит го гледам министер и премиер, ама секој ден сум во контакт со луѓево. Па и ти најде да збориш за неширење паника. Сме те читале за паника многу на форумов. Прескокни ме на темава. Уште па и ми се закануваш со затвори и слично. Срамота!
Зошто да не ја затворат границата со Италија? Кои мерки се преземени? Основни средства за заштита нема.
Што сте напраиле со темава бе? Рекла казала и расипан телефон муабети? Ако немате нешто паметно да пишете ич не пишувајте, само паника да кревате.
Три дена се цитирате и верглате кој што кажал и како кажал. Кој бил у право, а кој шири дезинформации и прати рекла казала муабети. Океј, олабавете, рилекс малку, не мора за свашта да се цитирате, а посебно не мора едно те исто 100 пати да го пишувате.
од вчера е screenshotov ама забораив да постирам. Им текна..требаше пола свет да поболи за да им текне дека мачињата и кучињата НЕ СЕ ЗА ЈАДЕЊЕ. Не се јаде сѐ што лета.. П.с за болната и превозот. Јас од секоја можна екскурзија сум се враќала болна во автобус.Лани од Италија до Скопје Господ го видов со гнојната ангина.Станував само за на граници и за во тоалет, не можев на нозе да стојам. За мачно, тврдам дека е мачно. Секој пат кога сум патувала со автобус надвор од Мк секој пат ко по норма сум била болна.
Знаеш дека кога Вухан е ставен под карантин Кинези бегаа и правеа прошетки низ Европа? Директно од жариштето пристигаа во туризам. Зошто кинески државјани од Вухан не беа приведени од аеродромите во изолација, ако не ви е сомнителна таа ноншалантност не е до мене.
Ќе биде пријавен. Се надевам дека ќе го тестираат, но не сум сигурна. Оти не знам дали ќе тестираат само луѓе што ќе пројават симптоми, или сите сомнителни. @H.VAGA сега да ја затворат откако претходно влегле стотици македонски државјани кои живеат и работат во Италија нема смисла. Нека ја затворат, што е до мене. Ама нема ништо така да постигнат. Препораките, изолацијата на сомнителните, карантинот, одложување на масовни собири...малку е? Или треба вонредна состојба да прогласат, дома сите да седиме, да не одиме никаде.
Шпекулација, дека живее кај Кале и е од ромска националност. Еве @Unicornus кажува друго, од која населба е?