1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.793
    Допаѓања:
    323.770
    Срамота е доктори како Жан Митрев и Драган Даниловски да се нарекуваат шарлатани.
    Да.
    И тоа на форум каде што си анонимен и не си испаднал со научна изјава и тоа да стоиш позади изјавата со име и презиме.
    ...
    И немора мене-лаикот да ме убедувате дали стои 3 часа во воздух или не.
    http://javno.mk/d-r-danilovski-vnimavajte-virusot-se-odrzhuva-vo-vozduhot-duri-tri-chasa/
    На сите ни одговара да не е точно ова, за да можеме во наредните два месеџи да излеземе од дома, да се видиме ае блиските, да се.прошетаме и притоа да бидеме длабоко убедени дека не правиме ништо страшно.
    Ама земете во обзир и дека можеби е точно.
    Нов вирус, нови напори да се открие нешто повеќе за него.
    Подобро да мислиме како докторов па да го сопреме ланецот на вирусов отколку да размислуваме ноншалантно.

    И, кога истакнувате странска студија, ве молам покрај оригиналот и преведете ја за сите да можат до збор да разберат што сте сакале да кажете.И земете во обзир дека НЕ СЕ што е странско.е во ред.
    Еве, ги видовме до каде стасаа и на кое дереџе се дојдени.
     
    На Ivan4e04, ohlalalala, Dust и 21 други им се допаѓа ова.
  2. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Добро утро, позитива на денот:
    8C8392FE-C1C0-4472-91EC-AA655D989509.jpeg
     
    На Ivan4e04, ohlalalala, Harper и 49 други им се допаѓа ова.
  3. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.149
    Допаѓања:
    155.444
    Пол:
    Женски
    Кога беа првите стотина случаи во Америка, го слушав Трамп на ЦНН пун себе како изјавува дека нема од што да се плашат, дека се они земја со најмногу стручњаци во област на медицината во цел свет, дека имаат капацитети како ниту една друга земја. За една недела до скоро 125.000 случаи стигнаа, којзнае меѓу мал милион бездомницо уште колку имаат, кукаат дека немаат веќенуслови и персонал. Спремни мај ес, да вложуваа во здравство како што вложуваат во оружје може полесно ќе се справеа. Убаво рече Рефка, не се што е странско е во ред.
    Што ми требаше да ја отворам темава :doh:
     
    На Herrera, Ivan4e04, ohlalalala и 18 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.793
    Допаѓања:
    323.770
    И Шведска ќе јачаше колективен имунитет па ене ги преку ноќ 3417 болни.
    Видете..
    И јас во првите постови на темава напишав- не е страшно, од обичен грип умираат луѓе, ама после Италија не е ништо исто.
    Имаме секојдневни апели од Витамина дека таму веќе не е дозволено и да се излезе, ама таму веќе возот отишол, требало тоа порано.

    СдК со пандемија нема шала.Да се придржуваме кон тоа што го препорачуваат ПЛУС нијанса повеќе.
    За наше добро.
     
    На Ivan4e04, ohlalalala, Dust и 31 други им се допаѓа ова.
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Здраво, одамна ме немаше, ама еве ме, сакам да споделам еден осврт за вирусов, гледан од доктори специјалисти, кој ме познавал во форумов знае дека имам брат доктор во странство, па така поради барање на повеќе пријатели разговарав на темава со него и со негови колеги, истотака мои пријатели.

    Еве дел од нивните сродни коментари:

    -Кај нив во болницата на починати 17мина од обичен грип инфлуенса умира по еден од коронавирус. Ама, никаде не се споделува за починатите од грип. Затоа бројката од корона ни се чини огромна.
    -Кај старите лица кои имаат слаб организам се случува и од обичен грип да починат за два дена, а од короната да си заминат дома здрави 80годишни.
    -Короната ја коментираат како малку посилна од обичниот грип
    -Веруваат дека е донесена од лабараторија со заклучоци изнесени од нивните разни испитувања и дека позади ова стои нешто друго
    -За Италија и други држави, каде не е успешно лечењето со антибиотици, докторите прават микс од антибиотици и други лекови и најчесто лековите се прејаки за организмот, кои не можат да го издржат и затоа луѓето умираат веднаш.
    -Во бројките од починати од корона има и луѓе кои се хронично болни, разно болни, престари, кои и без короната би можеле лесно да починат од обичен грип
    -Во болницата се случувало доктор без никаква заштита на себе да е во допир со болен без да знае дека е болен и да не се зарази, истовремено совршено заштитен доктор да се зарази од болен. Така, човек може да се зарази на милион начини, на пример купуваш продукт од продавница, го носиш дома и го шеташ вирусот в куќа. Но, велат дека тој може да дојде и низ струење на воздухот, така да и 100% изолација не е гаранција.
    -Велат дека на топло не опстојува, па сам од себе ќе исчезне со доаѓање на пролетта.
    -Дека нема место за паника и со создавање на страв се намалува имунитетот.

    Коментари за изолацијата:
    Коментираат дека детскиот имунитет е најосетлив и лесно може да падне, буквално во неколку минути. И децата со изолација дома, се изложуваат на ефектот “чување под ѕвоно“, со што кога ќе излезат надвор се многу поподложни на секакви вируси и бактерии. Детскиот имунитет бара грижа од родителите, но постојано играње на детето, трчање, движење, но на сонце, на воздух, со други другарчиња, каде тоа е во допир со други работи.
    Исто и за луѓето, луѓето кои се дома и се заседуваат, автоматски имунитетот опаѓа, целиот организам, т.е органите намалено работаат, го прават веднаш посклоно на разни болести, психата на човекот е во лоша состојба и паѓа, а со лоша психа автоматски се намалува имунитетот, и тие ќе имаат последици во иднина, ама неизбежно. Ќе им се јават определени здравствени проблеми, кои сега се создаваат додека се дома.

    За болните од други болести, многу операции, прегледи се откажани, лично познавам луѓе со тумори кои се оставени на чекање, и нивниот живот е доведен во прашање. Значи страдаат многу повеќе луѓе со други болести, отколку што има заразени со корона.

    Настрана од ова, мое мислење и мислење на многу други, разочарана сум како овде немавме ништо, ама ги пуштија болните без никаква контрола преку граница за да не заразат сите???
    Каде беше државата, да се координира, институциите задолжени за границите, здравството, и други, сите кои доаѓаат од странство автоматски да се проверуваат и да се ставаат во изолација. А, не, ги пуштија да се шетаат меѓу луѓето.
    Последно починатата од Струга, не е од Струга, во Струга и струшко е чисто, таа е од албанско село Татеши кое е повеќе оддалечено и била на гости во Дебар на дојденци од Италија. Зошто била во Дебар и кој ја пуштил таму? Вестите нека бидат поточни.
    Испаѓа сите да сме во карантин само зарад несовесни луѓе, несовесна докторка која сеуште има лиценца за работа, поткупливи граничари кои пуштаат секого преку граница, и крајно неспособна Влада.

    За економијата, познавам премногу луѓе кои живеат од месец до месец, а имаат кредити. Познавам бизниси кои одвај имаат плати да исплатат само за Март. ИТН. Сите се во големо незадоволство од неспособноста да се заштите Македонија од вирусов (преку пуштање низ границите), и сите многу, ама многу повеќе се плашат како ќе преживеат утре, отколку од вирусов.
    Оние во Владата и од богатите партии, пак ќе си имаат пари, ако немаат, ќе украдат од нас, ама обичниот народ ќе страда.
     
    На gjoker4e, Ivan4e04, Love 83 и 27 други им се допаѓа ова.
  6. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.318
    Допаѓања:
    227.012
    Пол:
    Женски
    @Silver.E го прочитав твојот пост особено внимателно и искрена да бидам, со некои мислења од доктори се сложувам а со некои не .
    Пред се, мислам време е да прекинеме да споредуваме-еее од ова повеќе луѓе умираат. ... Да, така е. Сосема точно е тоа. Но ковид 19 е нешто ново и сеуште недоволно истражено. За грип има вакцина. За ковид не се знаеше до пред извесен период ни колку време се инкубира, не па лек или вакцина. Ковид нема да исчезне. Туку науката ќе го совлада и ќе знае како да се бори со него паралелно дур живееме нормален живот. Сега за сега, е добро да ги заштитиме најранливите категории.

    Потоа, не се согласувам со чувањето под ѕвоно да не се практикува. Од лично искуство посебно, зошто сум чувала дете во домашна изолација, и да, поосетливи се потоа- Но не значи дека нема да го стекнат претходниот имунитет отпорен на се. Сега за сега тоа е мала жртва, за децата кои се хронично болни . И да, солидарно е така да се изигра и да покажеме емпатија кон другите.
     
    На Ivan4e04, ohlalalala, Dust и 19 други им се допаѓа ова.
  8. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    За сите оние што паметуваат дека "не се што доаѓа од надвор е точно", а притоа не дочитуваат дека истиот тој наш доктор си цитирал странски извор, да си намалат доживљај и паника.
    И трезвено да размислат дека до вакви "новитети" не дошле со експеримент во кујната им направен, туку дека цитираат извори, кои ги има премногу од секаде, ама не значи дека по дифолт стопроцентно важат надвор од лабораториски услови.
    И гледам дека паничаров - доктор по оваа објава има добиено заушка од некој, па денес пее оптимистички песни на фејсбук.
    За сите падавичари: еднаш ќе мора да се излезе и да се профункционира, па што сака нека биде. А вирусот нема да си отиде за скоро.
     
    На Kitten, WonderGuurl, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Постојат многу разлики меѓу инфлуенца (вирусот на грип) и ковид-19, а исто така постојат и многу сличности.

    Покрај тоа што постои вакцина за вирусот на грип, уште една разлика е и тоа што инфлуенцата датира од пред 2000 години, од самите почетоци на модерната медицина, па логично е да знаеме многу повеќе за него, а и да имаме некаков природен имунитет. Ковид - 19 датира од пред 3-4 месеци и тоа што го знаеме за него во споредба со грипот е ништо.

    Периодот на инкубација е исто различен. Кај Ковид 19 е многу подолг, па асимптоматско лице долго време ја шири заразата без да знае (нема симптоми).

    Разлика е и брзината на ширење. Кај грип, едно лице, заразува уште едно друго лице, значи соодносот е 1 со 1, додека кај ковид - 19, соодносот е 1 со 3, значи едно лице во просек заразува 3 други (поточно 2.3).

    Слични се симотомите, сличен е начинот на пренесување (аерокапков) и слично е тоа што не се третираат со антибиотик (затоа што се вируси!).
     
    На ohlalalala, rainbowmama, Doozy и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Во право си од збор до збор.
    Но сепак ова е се испланирано од таму каде што е и во мисли недостапно за нас. Требаше да се прошири секаде и се прошири. Ќе помине, намисленото ќе се оствари, до следен пат.
    Сеуште памтам кога Филипче рече: "невозможно е да се затворат границите"
    Влезе тоа што требаше и оп возможно било и те како.
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.120
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум дека Филипче ја размострил таа идеја ама некој му дал црвен картон дека е невозможно,после тој некој дал зелен картон.
     
    На oblace1, candy.cane, Purplelilac и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Така да, не го обвинувам него. Тоа е низа, така решиле
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.009
    Допаѓања:
    203.606
    Пол:
    Женски
    @referentka Даниловски отсекогаш бил паничар. Го знам, ми предаваше. Полагав кај него. Втерува страв во коски за глупости, не па за ова.
    А Жан Митрев се "посра" малку, извини на речникот. На видеото се гледа дека не е сигурен во тоа што го збори. Така да, најбитно е да не се паничи, да се јакне имунитетот и ако е можно, да се прават прошетки надвор, макар и на пет-десет минути. Не во група. Јас сум среќна што имаме голем двор и бавча, па децата ми се нонстоп надвор, знам дека би збудалела да сум на ваше место. И разбирам паника, и јас сум паничар. Ама свесна сум дека побрзо паниката ќе ме убие, отколку вирусот ако продолжам да паничам.
    За после, да, нема да е лесно, ама нашите баби и дедовци, па и прабаби и прадедовци преживеале во многу полоши услови од сега.
     
    На Ivan4e04, ohlalalala, Harper и 31 други им се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.253
    Допаѓања:
    39.646
    Пол:
    Женски
    Југославија меѓу другото била позната по одлична спремност во полето на инфектологијата, со надалеку прочуени и фалени инфектолози и епидемиолози.
    Голем дел од нив се сеуште меѓу нас па можеби треба да почнеме да слушаме што они имаат да кажат, а не да ги игнорираме и да се фокусираме на странски студии и ттуѓи заклучоци.

    Меѓу другото, дојдов до заклучок дека медиумската напуваност си го прави своето и дека кризата произлезена од страв паника и притисок, за нас допрва следи, по завршувањето на пандемијата.
     
    На Ivan4e04, ohlalalala, Kitten и 15 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.120
    Пол:
    Женски
    ^ Некој заработува на стравот од народот и тоа многу добро.
     
    На Ivan4e04, ohlalalala, faye и 15 други им се допаѓа ова.
  16. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.240
    Исплаши па владеј. Или, исплаши па контролирај.

    Вирусов уште малку и по телефон ќе почне да се пренесува. Се' за внимание. Од ситуацијава профитираат многу личности, не само политичари, сега сите ги истакнуваат експертските мислења и се тркаат кој ќе внесе повеќе страв во коски кај луѓево што веруваат на се' што ќе им се сервира.
     
    На 1209, christinnn, Konfetka и 5 други им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.793
    Допаѓања:
    323.770
    Ама народов ако не го исплашиш и не му втераш страв во коски, до денес ќе седеа по кафичи и ќе чекаа родендени по игротеки.
    Се пукна додека се воведе полициски час, сега се најдоа и луди глави кои едвај го чекаат за да го прекршат па и тоа да го документираат на нет.

    Еве, утре нека напишат дека не е толку опасно , ако не прибереш од надвор о дружби , еве...

    Страв лозје чува.

    Верувам дека во цел свет докторите прават испитувања и бараат начин да се најде лек, ама не ги удостојувајте толку странските , божем тие се нај паметни.Нашите доктори се доста ценети во странство.
    Барем еднаш не плукајте по нашето.
    Здравството ни е слабо, па колку и да се докторите умни и напредни, на тло каде корупција и непотизам во таа фела се главни, неможат да успеат.

    Паника.
    Не сум паничар.
    Ама тоа кога нешто зависи од мене , па ќе го истерам до крај правилно како што треба.
    Ама кога зависиш од не свесен народ кој функционира на дневна база и на база "баш ме брига мора од нешто да се умре" е тогаш се јавува незадоволство кај мене.
     
    На Ivan4e04, ohlalalala, Dust и 18 други им се допаѓа ова.
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.292
    Допаѓања:
    57.256
    Пол:
    Женски
    На Doozy, KateKane, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  19. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    Ќе почне прес на Сител оди најава.
     
    На cresa-jagoda и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  20. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    11.898
    Пол:
    Женски
    Систина фул, прв слободен термин за тест 9ти април.
    Жан Митрев 3ти април.

    Се надевам дека нема многу повозрасни и ризични случаи со симптоми. :|
     
    На buba4e89 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.