Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.941
    Реков лажно позитивни некаде? Реков дека за тест кој би требало да има 90-95% сензитивност пречесто слушаме за лажно негативни тестови.
     
  2. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.801
    Пол:
    Женски
    Би додала уште дека претерано се сее паника во темава , вриштење,пиштење ,нагаѓање што нема ...човек на темава може само психички да забега од лажни стручњаци !!
    Се одјавувам од темава ,добивам ужасни главоболки !
     
    На ohlalalala, mileystar, Bratot и 14 други им се допаѓа ова.
  3. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.985
    Допаѓања:
    53.486
    Пол:
    Машки
    И мене не ми е јасно тоа со тестовите, зошто на некого само еден а на други дури по три тестирања? Ај некој стручен да го објасни тоа и ве молам без шпекулации!!!
     
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.323
    Допаѓања:
    227.069
    Пол:
    Женски
    вториот самоиницијативно го направил. и не мешајте лажно негативен со левел на инкубација.
    просто е. денес ако си негативна не значи дека и утре ќе си.
    не знам попросто од ова да ви објаснам.
    и колку за инфо, имаше пациент што после 16 дена даде позитивен. така да тоа 14 шкртнете го во глава.
     
    На Ivan4e04, ohlalalala, mileystar и 21 други им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.323
    Допаѓања:
    227.069
    Пол:
    Женски
    прочитај што и пишав на одор.
     
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.655
    Допаѓања:
    262.506
    Па вие ни на бројки не верувате.
    Овде имаш медицински лица, лица кои директно се вклучени во целата таа работа со вирусот. Ама не, вие сте во право.
     
    На Annath, Purplelilac, @ster@ и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    165.773
    Од сечии искуства, не доаѓаат да тестираат и бројката не е реална. Алгоритмот не им чини. Одат да тестираат паничари што веза немаат, а критични им викаат лечете симптоми.
    Не паничете, сериозно.
    Што фајде?
    Кое масовнп тестирање?
    Може денес да си негативен на тестот, утре да одиш по млеко у маалска продавница и да го фатиш и да мислиш дека си негативен.
    Глупости зборувате.

    Јас на бројките не верувам!
     
    На kikin, duffi, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Буквално се мешаш во начинот на третирање на пациентите. Па не дај Боже утре да имам пациент како тебе, колкав сака притисок нека ми врши пациентот и неговото семејство за лекот кој што му следува, ако јас сметам дека на пациентот не му треба истиот, нема да му го дадам. Зошто? Затоа што сум учела школо затоа, па ако мислам дека истиот ќе му наштети на пациентот, нема да има сила што ќе ме натера да постапам погрешно. Совеста ќе ми биде мирна.

    Во прилог, те цитирам, како ти даваш предлози за тоа како требало лекарите да постапуваат во лекување на пациентите.

    Со твојот негаторски однос, ниту помагаш, ниту си во право. Да не е посветеноста на здравствените работници, бројката ќе беше осумцифрена.

    Во врска со лекцијата за пресметување body mass indeх, си грешка. Мускулна маса и процент на маснотии, не влегува во калкулација на body mass index. Си читала, ама пак ќе кажам, си читала од квази портали, а не од медицински книги, поткрепени со факти и докази.

    За твоја информација, калкулаторот на body mass index е од националниот институт за срцеви и белодробни заболувања на Америка.
     
    На Annath, Purplelilac, @ster@ и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Бројки на смртност реферирав, не заболени.
    Тука ќе се покаже успешноста на алгоритамот и лечењето.
     
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.979
    Немам официјално, читам од разни извори и за разни држави и никаде не гледам потресување дека огромен е бројот на лажно негативни. Има некаде сомнежи дека одат заболени од едно, се тестираат негативно, во болница се заразуваат од вирусот па отпосле позитивно. Како и да е, збориме за тестирање. Не може здрав прав да отидеш и да те тестираат па после на пат до дома да се заразиш и да речеш -џабе ми бил патот до болница. Штом си стигнал до таму со симптоми треба да те тестираат. Отпосле ако се заразиш и пак отидеш, пак треба да те тестираат.
     
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.941
    Тоа го зборам.
    Ако е така, СЗО нека си ги смени препораките. Затоа што на цела планета земја ваквите случаи се вода како отстапки од норма (outliers), само кај нас излезе дека се норма.
     
    На LejlaD, Bezimenka90, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    тотално небитно во ситуацијава, ама дечкото од каде беше?
     
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.323
    Допаѓања:
    227.069
    Пол:
    Женски
    последно што видов е дека сзо води 28 дена инкубација.
    во принцип коа се работи за нов вирус се зема пациентот кој најпоследен дал позитивен тест. може петорица дале на петти ден а еден на 14. се зема период 14.
    и е менлив секако. зашто е ново. тоа сзо сзо не ги прави глупи. туку работат прописно.
     
    На LejlaD, Annath, Purplelilac и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Четирицифрена бројка на пациенти, 500 медицински сестри и нема да има пропусти? Па, подобро е кога и онака не те хоспитализираат и си препуштен на своја рака да имаш лек!
    Пациентката од Струшко не дојде во ваши раце, можеби, само можеби да ја имаше комбинацијата лекови ќе спасеше жива глава. Тоа нека ти е потсетник колку вистински сте спремни на примање пациенти и мерење притисоци и ЕКГ во итни ситуации. Притоа не заборавај дека овие на ,,домашно лекување" се препуштени сами на себе. Симптоми на матичен преку телефон е тотална лудост.

    Според твоето тврдење потврдуваш дека некој кој има 90 килограми мускулна маса е еднаков со некој кој има 90 килограми сало. Бидејќи BMI индексот не може да даде податоци каква е твојата телесна композиција.
     
    Последна измена: 29 март 2020
  15. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Пациентката од струга.
    100 лекари на планетава нема да можеа да и помогнат...од село била си седела дома си лечела по нејзино грип веројатно.
    На болница е однесена кога била веќе во фатална фаза. А пред некој час ми рекоа и дека прашање е дали имала 66 години или скоро 80.Без лична карта и слично.
    Не слушајте се што ќе кажат на вести....ама нивно е да бидат гледани...поз секое добро.
     
  16. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Капацитетите се тие, државата е таа. Покрај неколкуте поедицни кои го валкаат образот на лекарската фела, не значи дека сите лекари и медицински сестри се такви. Генерализираш.

    Која си бре ти жено, да зборуваш за стручноста на лекарите, начинот на кој што мереле притисок и интерпретирале ЕКГ? Па навистина со секој нареден пост се повеќе не изненадуваш. Докторите ширум светот не знаат и не се во право ти си во право. Лудост!

    Според моето тврдење, body mass index, се пресметува врз основа на висина и телесна тежина.
    Според моето тврдење, постои уште една формула, која веројатно тебе не ти е позната (јер никад чула), со која се пресметува body fat percentage -> Deurenberg equation се вика.
     
    На Annath и Purplelilac им се допаѓа ова.
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Не споменав никаде за бројот на денови во инкубација.
    Прашав зошто доколку тестовите се релевантни мора два пати да се прават?

    Докторот буквално неколку дена подоцна откако добил треска го направил тестот. Не е многу веројатно дека за 3 дена го добил вирусот и веднаш развил симптоми без денови за инкубација.
     
  18. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.932
    Допаѓања:
    178.557
    Пол:
    Женски
    Не верувај на доктори.
    Не верувај на министер, претседател.
    Не верувај на што ќе прочиташ на нет.
    На кого да веруваме?!:(
     
    На LejlaD, duffi, темјанушка и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.023
    Допаѓања:
    42.314
    Пол:
    Женски
    @Nigredo Odor
    Оф топик ама морам да те цитирам за ова.
    Доколку не си сериозно влезен во бодибилдинг или не си професионален спортист кој има уникатен режим на исхрана и тренинг за одржување на одредена телесна маса и % на мускул и сало, тогаш не мора да се грижиш дека bmi ќе ти биде неточно и ќе имаш огромна отстапка во процентите.
    Сигурно човек кој последно вежбал на физичко во средно и цел живот е на фастфуд нема да се сомнева дали масата му е претежно од мускул или маснотии.
    Иако си во право дека bmi не ја прикажува детално телесната композиција(си има посебни тестови за тоа), за нас обичните луѓе кои водиме нормален живот или рекреативно се занимаваме со спорт е accurate.
     
    На Purplelilac, @ster@, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.941
    Од официјалната страна на СЗО, пристапено денес, 29.03.2020 15:50 IMG_20200329_155344.jpg
     

    Прикачени фајлови:

    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.