Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Кога ќе спомнете обезност, мене одма ми текнува на овој од Фчерашни новости (сигурно сте го виделе)
    20200329_231026.jpg
    Претпоставувам дека и тој 31 годишниот дечко што денес починал, штом Филипче на прес рекол дека бил обезен, сигурно според вишокот на килограми вака личел. :?:
    Ова е веќе премногу вишок на килограми и ич не е здраво :|
     
    На ohlalalala, Rama и fana им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Ова го пишав на фб, ама мислам дека и тука му е местото:

    Нас не ни требаат прецизни, спори, скапи и тешко достапни тестови за ковид-19. Прецизноста не помага доколку короната се шири побрзо од тестирањето. За масовен скрининг, покорисни се брзи, достапни, иако недоволно прецизни тестови. Зошто? Затоа што заразените генерално доаѓаат во кластери (социјално поврзани заразени роднини или пријатели). Дури и прецизноста на тестот да е 70%, пак од 10 ќе открие 7 заразени. А потоа нивните мрежно поврзани пријатели ќе се тестираат со прецизен тест - кој ќе ги детектира и преостанатите 3.
    .
    Во програмирањето ова се нарекува лаком (greedy) алгоритам кој паметно (и брзо) ги бара заразените во „најатрактивните“ локации на графот, а потоа, доколку најде заразен, динамички стартува сеопфатен алгоритам за темелно пребарување на врските на тој јазол.
    Заклучок: Во масовниот скрининг на ковид-19 треба да се вклучат и програмери и биоинформатичари, а не само епидемиолози, инфектолози, молекуларни биолози итн.
     
    На LadyC, Mami3 и Fifi84 им се допаѓа ова.
  3. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    582
    Жан Митрев е РТ-ПЦР тест, ја детектира РНК на вирусот, има долг протокол, минимум цел ден треба.
    (сината линија)

    Систина е ИГМ (зелената линија) / ИГГ (црвената линија) тест, ги детектира антителата што ги произведува имунолошкиот систем за борба против вирусот, нема потреба од репликација на РНК - ДНК, и затоа дава веднаш резултати.

    РТ-ПЦР е порелевантен во случајов, пошто го фаќа порано вирусот, и за цело време до расчистување на инфекцијата, односно додека е носител.

    ИГМ, а особено ИГГ, ќе даде позитивни резултати и на прележана инфекција, кога веќе нема опасност од зараза.

    [​IMG]
     
    На Purplelilac, Doozy, zhap4e и 11 други им се допаѓа ова.
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.393
    Допаѓања:
    183.561
    Пол:
    Женски
    Дали има ограничен период кога може да се тестира? Во смисол после една недела од прележувањето, еден месец или повеќе?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Незнам што се подразбира во медицината под поимот гојазност, но дечкото беше крупен, а далеку од дебел. Навистина ми е премногу жал што прерано си замина, таква мила душа еднаш се раѓа. Прекрасен човек. Почивај во мир.
     
    На Ivan4e04, Love 83, zhap4e и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.006
    Допаѓања:
    9.816
    Пол:
    Женски
    Во странство бил починатиот или овде се заразил?
     
  7. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    582
    Ако е -после- прележување, тогаш само тест за ИГГ (црвената линија), да се види дали сеуште трае заштитата.

    Исто како и кај други болести, тоа е долготрајната заштита, специфичните антитела.
     
  8. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.393
    Допаѓања:
    183.561
    Пол:
    Женски
    Нели нема траен имунитет ковид-19 или ова е нешто ново?
     
  9. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    Платите на вработените посекако треба да ги исплатат, без разлика дали имало некој или не, а во моментов да не му се овие во карантин не би имале ама баш никој.
    И да немаат некој голем профит во секој случај би имале барем помала загуба, но не мислам дека се во загуба.
    А и инаку, не би требало да работат многу келнери во оваа ситуација, храната му ја оставаат пред врата, а колку што видов по слики(барем за епинал), собарките не работат, туку имаат оставено средства да си чистат самите по себе, а со тоа и тие во перална можеш слободно да ги одземиш. Така да има многу помалку активни вработени.
    А и за храната, со оглед на тоа што набавуваат намирници во поголема количина, ги добиваат по пониска цена, а со тоа и тука може да имаат помали трошоци од пресметаните.
    Во секој случај, не мислам дека му е од хуманост "гестов", но сепак, добро што се пријавиле.
     
    На BirMelek и Rama им се допаѓа ова.
  10. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    582
    Болеста е од пред 5 месеци.
    Немаме пациент што бил болен подолг период па да се знае колку време ќе трае.

    За оригиналниот САРС последователните студии покажуваат траење барем 12 години на ИГГ антителата.
     
    На Purplelilac, FreeMind, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  11. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.626
    Пол:
    Женски
    Оф оф, а го окарактеризираа како гојазен.
    Лесна му земја...
     
    На zhap4e, Rama и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Лабораторијата Авицена сега пред 15 минути на својот фб профил го објавиле ова :)

    Во интерес на заштита на јавното здравје, Авицена Лабораторија, како лабораторија која целосно ги исполнува сите светски норми и стандарди за овој тип на тестирање, се вклучува во постапката на изработување на 5000 високосензитивни Real Time-PCR тестови за корона вирус (COVID-19).

    Ова е заедники проект на Авицена Лабораторија, Министерство за здравство и Здравствен Дом Скопје.
    Од средината на оваа седмица, ќе биде ставен во функција пунктот за земање примероци во склоп на Здравствен Дом на Скопје-поликлиника Идадија (Млин Балкан).

    СИТЕ ПРИМЕРОЦИ ЗЕМЕНИ ОД ОВОЈ ПУНКТ ЌЕ БИДАТ ИЗРАБОТЕНИ ВО АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА И ЦЕЛОСНО НА ТРОШОК НА АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА.

    Овој тип на помош и поддршка е наменета со цел побрзо и поуспешно да се справиме со новонастанатата ситуација, да му помогнеме на нашиот здравствен систем, на сите пациенти и целокупната заедница во која припаѓаме.
    Како и за другите пунктови, пациентите ќе бидат примени исклучиво по претходно закажан термин преку матичниот лекар и системот МОЈ ТЕРМИН.

    И во вонредни услови каква што е моменталната ситуација со COVID-19, грижата за нашето здравје и здравствената грижа за нашите клиенти продолжува. Здравствената дејност во која припаѓаме ние како установа, не обврзува и морално, да пружаме здравствени услуги секојдневно, да си помагаме меѓусебно и да го заштитиме здравјето на сите граѓани.

    Во меѓувреме, сите заедно да ги почитуваме мерките од надлежните институции, да бидеме одговорни, да се грижиме за сопственото здравје и здравјето на другите.
     
    На sanjaeva, Ivan4e04, k.frosina и 23 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.858
    Допаѓања:
    163.429
    Топло ви препорачувам за да се релаксирате, сериозна сум:

    Една вечер вака прележав корона.
     
  14. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.650
    Мами нема разбирање за доктори кои одбиваат да пружат помош и точка. Таа умрела дома зошто не ја примале. Слушни го сведоштвото на докторката од имп лабуништа и ќе ти биде јасно.
     
    На LadyC, Anie93, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    @OutOfAnywhere баш се мислев зошто те нема во темава, те памтам од темата за вакцини, не знам дали си медицинско лице или не, ама имаш навистина големи познавања од оваа област. Пишувај почесто, во милионите дезинформации, ни фалат мислења поткрепени со факти.
     
    Последна измена: 30 март 2020
    На Purplelilac, Doozy, zhap4e и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.282
    Пол:
    Женски
    Јас не знам како одличен доктор како Жан Митрев, си дозволи да зборува да правиме инхалација со кафе или виски8-|
    Рака му пружам за заслугите како одличен кардиохирург, јес да не е инфектолог или епидемиолог, ама какви црни инхалиции, некој со цел ум ќе се затрча со ракија да се инхалира:D

    Сите во помала или поголема мера паничиме и стравуваме за себеси и најблиските, ама сепак треба да останеме вразумени колку што е можно повеќе, и мораме да трубиме дека инхалација не се прави со кафе, дека превентивно не се пијат антибиотици, ни лимон со сода...
     
    На Purplelilac, Doozy, Lolipop23 и 12 други им се допаѓа ова.
  17. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    2.221
    Интересно видеово, а зошто е волку кремаст кокосот?
     
  18. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.238
    @Rama, не правам инхалација со кафе, ама мирисот на кафе наутро ми е лек и за душа и за тело.
    Не знаев дека помагало :lol:

    А за виски, ќе помогне барем малку да заборавиме на хаосов.
     
    На Harper, mime87, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.126
    Пол:
    Женски
    Ако луѓето не се собираат у гужви, ако се води грижа и евиденција за овие кои се во државни карантини или домашни, би требало да стивне целава ситуација до мај и да нема повеќе жртви. И навистина тоа би било околу 2000 - или нешто+ заболени у најлошо сценарио (рачунајќи според овие што се во карантин но и не мора да значи). Но сега е се до свеста на народот. А немојте да осудувате кој кога се јавил на доктор за вирусот, не се луѓето доктори да знаат, ако се под надзор или спаѓаат во некој кластер обврска е на докторите да следат. Не може некој сам да бара да биде сместен во болница. Инаку колку што разбрав дека дечково бил крупен, но не бил дебел. (Од луѓе што го знаат) Чиста глупост би било да се излезе на прес со непроверена информација и ненамерно да се направи паника (ако така кажал затоа што не го гледав пресот, само видов насекаде дека тоа се напоменува како причина). Убаво кажаа во неколку наврати дека се зависи од имунитетот не од болестите и дебелината. Се' уште не е доволно истражено за да се ствара паника.
     
    Последна измена: 30 март 2020
    На BloodElf и Rama им се допаѓа ова.
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    678FF3AD-325F-47EF-868D-BBE9715E6CD8.jpeg Што се случува во Струмица? Одредени доктори одбивале да направат интернистичка анкета со луѓето дојдени од странство и сместени во некој хотел во Струмица. Дали смеат да одбијат?
     
    На Harper, Purplelilac, Chantal и 9 други им се допаѓа ова.