@Nigredo Odor Она што забележувам деновиве е постојано (нагласувам: постојано) миење на рацете. Каде и да одам, луѓето се постојано во друштво на сапун и вода. Што е за пофалба, ете. Иако, ова се подразбираше и претходно и жално е што некои дури сега почнаа да го практикуваат тоа редовно. За периодот на инкубација, слушав пред некое време виролог што зборуваше за инкубација од 28 (!) дена. Минатиот месец беше, јануари, така што ништо чудно да му го побиле тоа тврдење. За имунитетот: Стресот од постојаните известувања, слики од луѓе во скафандери и километарски редици пред продавниците , ќе придонесе полесно да се разболиме. Колку што се сеќавам, и за свиснкиот грип, и за САРС се известуваше ама немаше ваква лудница бе луѓе... Дури и слушањето вести од проверени извори, не мислам дека е баш разумно периодов. Буквално сме бомбардирани.
Како бе така кажувате нема лек? Има лек, буквално седење дома и чмаење, така им поминува на најголем дел од случаите, а и уште на илјадници други кои воопшто не ни имале симптоми, ниту пак приметиле дека се болни. Вакцина нема, ама и тоа ќе биде за некој месец. И не знам кој кажа да не се потенцирало стари и болни бидејќи подеднакво бил смртоносен за сите. Не е подеднакво смртоносен за сите. Тоа е факт. А мноштвото луѓе се толку загубени што и треба милион пати да се потенцира дека вирусов не е никаква закана за здрав човек. Не викам да шетате без гајле, многу нормално дека сите имаме обврска да го чуваме колективното здравје за ранливите категории, ама и не истапувајте со скандалозни изјави колку да се најдете во муабет. Се претера со хиперболизирање. Во сам Вухан се заразени помалку од 1% од луѓето, ние тука готово, ќе се умира.
Шго мислите со 1 ќе остане состојбава кај нас ? Сите вие заборавивте период на инкубација,заборавивте колку луѓе пуштивме на аер/граница..Заборавивте каде живееме ..И демек наа нашава е zero кај нас...хахахахахахахахахаха Циркусот трагичен допрва ќе се види...Не бе нема место за паника..Филипче ќе не спаси ..Ај мрш..
Сам од себе не поминува вирусот Да поминува сам од себе нема да има смртни случаи. Под лек мислев за вакцина,се разбира. Чмај ти дома 365 дена ако сакаш, слободно.
И? До кај е работава? Се вергла тоа-па тоа на темава со денови. Трафикот за мерак, контентот, не баш.
Елена Лука излезе со видеото, да не беше она, дотолку ли ќе се замараше да објаснува... И шо е битно дали е она жрвата или не, никој нема да ја избегнува после. Болна е во главата.
Како не ќе бил еден... Сите у комбето плус нивните роднини, плус цариникот кој немал соодветна опрема и плус со сите во меѓувреме што се виделе. Може нема да заболат сите но секој организам не е ист нели. Во кина се испозарази и медицински персонал, оти не така лесно се шири а колку као демек беа заштитени. Народот ќе не сотре. Оној кој вика ај бе, вирус е.. па не следи општи препораки. Ги жалам оние што работат пример во маркети... Каков не народ им доаѓа... Х од хигиена нема... Се буткаат да можат во тебе ќе влезат. Рака на уста или шамивче е демоде... али ркање на сред улица е јак фраер. Е тоа ќе не утепа, не корона и инфлуенца б. Затоа поише паничам. Ради народот што му е побитно да е фенси, со маска од елена брука, наместо да е здрав. И сега кога и мијам рака на ќерка ми, откако ќе одиме надвор, откако ќе се фати за патики, во лифт, ме прават ненормална... зошто... Ете зошто сум ненормална... Бришам прашина дома со нова чиста крпа па мијам раце, садови мијам, на крај мијам раце... не знам зошто е тоа толку чудно. Нема да не утепа вирусот, ќе не утепа ако се рашири зошто не се способни на сите да пружат адекватна помош, ќе умрат од некоја зараза а не од корона, гледајќи ги болниците за карантин. Битно они нек се препуцаваат чија фасада не чинела, место да го казнат неквалитетот. Способни сме да се убиеме меѓу себе ради партии, се колнеме и пцуеме.... Корона??? Не битно... дај што може повеќе да се вреѓаме... И да, џабе вергламе... тоа никогаш нема да се смени.
Јас го кажав тоа. И не реков дека е подеднакво смртоносен за сите, туку реков дека е глупо да се потенцира дека само стари и хронично болни лица умираат од вирусот, затоа што и тие хронично болни и стари лица, се луѓе. Некои од нив сме и ние, со дијабет, хипертензија, автоимуни болести (не бираат возраст). Здрав, прав, млад човек, со добар имунитет, може да се избори со вирусот, ама и може многу лесно да го пренесе на неговите дома, баби и дедовци, пријатели. Значи, точно е дека кај младите смртноста е од 0.2 до 0.3 %, ама што ако се најдеш во тие 0.2 %?
Џабе објаснуваш, себичноста е многу голема. Среќа што постои форумов па читам што мислат луѓето и кога во риал лајф молчат. Ме чудеше пред некој ден што мајка остава дете на чување на жена со бронхит иако мајкава е невработена. Толку се некои себични што роденото дете си го ставаат под ризик, па ќе очекувам дека ќе му е гајле за некој друг. Веќе ништо не ме чуди.
Јас предлагам колективен одмор од темава, барем денеска. Убаво е времето за во природа. Намален стрес, појачан имунитет. Win win Ништо не се постигнува со вакви препукувања. Стари, изнемоштени и хронично болни, се нагласува зашто многу луѓе го доживуваат вирусов како апокалипса што коси се' пред себе, и дека ако ги фати нив автоматски значи крај! Затоа се нагласува. Исто е и со грипот па дури и со вирусот на настинка. Има групи што се поподложни на компликации. Не е дека не ни е гајле за постарите роднини/познаници. Свашта.
Значи не е само еден заболен сто посто,зашто тогаш би се кревало толку фама и се забрануваат собиранки?
Извини проми, ама веќе во неколку наврати пишуваш дека си хипохондрик и дека не сакаш да читаш вакви работи. Зошто тогаш упорно пишуваш? Ништо лично, ама поарно да читаме издржани коментари, со статистички податоци и докази врз основа на научни трудови, отколку да читаме како народот ги испразнил продавниците во рок од 24 часа и да шпекулираме за имињата на заболените. На кој не му се чита, нека не чита. Глупо е само да се вергла, едно те исто по 100 пати.
Ауу значи хипохондрициве не смееме да пишувме на темава..као демек шириме дезинформации оти не викаме се ќе биде ок...
Пишувајте издржани работи, а не рекла казала муабети. Самите си ширите паника. Не сакате да читате, а читате и пишувате со брзина од 30 поста на саат. Мислам како сакате сфатете ме, ама ако толку не сакате да читате, нема да читате, as simple as that.
@Peperutce1115, лоша навика на повеќето хипохондрици, што тешко се искоренува. Постојано читање на нет за болести. Видов дека ситуацијата е на раб да ескалира, зашто почнаа да фрчат обвинувања за себичност итн. Јас сум прва против шпекулирање со имиња и празнење на продавници и сакам да прочитам реални податоци за ситуацијата. Но некако темава оди во спротивен правец.
Многу едноставно можеше да се спречи вирусот да се прошири во Европа, само требаше да се затворат границите за патници кои доаѓаат од Кина. Да не влегувам во теории на заговор, ама и сами гледате што се случува на берзата деновиве. Инаку, 14% од луѓето кои веќе се "опоравиле" од вирусот и биле пуштени од болница, повторно биле позитивни на тестот за коронвирус.
Немам намера да се расправам со тебе. Ама ова сигурно не се научно докажани и поткрепени со докази ставови. РЕКЛА КАЗАЛА МУАБЕТИ. Убав ден!