Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.797
    Допаѓања:
    323.776
    Росфера и Небилет нема;)
    Еве денес да сакам да купам, нема.
    Рецепти имам, ама нема во аптека,.чекам први да дојде.
     
    На kikin, emiliana, Bubce38 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    5.018
    Допаѓања:
    53.685
    Пол:
    Машки
    Зарем имаат причина да ги фингираат бројките? Чуму такво нешто?
     
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.968
    Допаѓања:
    179.017
    Пол:
    Женски
    Нема квоти, ама дефицит да не има?
    Јас минатиот месец одвај најдов два лека при крај на месец.
     
    На cresa-jagoda и emiliana им се допаѓа ова.
  4. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.243
    Ако зборуваме за бројки, тогаш не се чудете и зошто Италија има толку починати. Ако мислите дека Германија манипулира, може да тврдиме и дека Италија манипулира, но во другата насока.
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  5. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    44.346
    Пол:
    Женски
    Росвера имаме еве ние:).
    Само ако еднаш си ги земала месецов, два пати не можеш терапија. Мораш да чекаш да се сврти месецот. А небилет е приватно, во секое време го имаме:).
    Е сега се зависи до требувањето од аптеката. По поравило треба се што има од магацини да набавуваат. Ако нема е друго.
     
    На fana и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.979
    Од каде ова инфо?
     
    На Bubce38 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Од Корона и онака не се умира. Се умира од последици и компликации предизвикани од короната.
     
    На Fifi84, Mami3, supergirlmb и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    44.346
    Пол:
    Женски
    Епа тоа Бубче, некогаш некои лекови знаат да се повремено дефицит. Тоа може и да е на почеток на месец, нема правило. Или нема увоз, или производство, некој проблем има.
     
    На cresa-jagoda, Bubce38 и duffi им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.797
    Допаѓања:
    323.776
    Ова го најдов на нет.
    Спротивност од она што го гледаме на ТВ
     
  10. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.076
    Допаѓања:
    9.286
    Пол:
    Женски
    Јас излегов да прошетам, воздух да ме фати. Моментално сум на шеталиште, покрај долниот парк(знаат битолчани).Има многу шетачи,повеќето млади и без маски , дури и во групи по 4-5:^)но претежно се по 2. Ама и то не е во ред. И јас сакам со некој да се дружам, ама не е време.
    Се надевам нема касно да се свестат. Не знам шо да речам. :?:
     
    На kristina.k и Milaаа991 им се допаѓа ова.
  11. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    5.018
    Допаѓања:
    53.685
    Пол:
    Машки
    Ако некој има канцер у краен стадиум и фати корона и почине ќе се води ко умрен од корона? Не ми е јасно како ги запишуваат мртвите
     
  12. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639

    Не тврдат со сигурност како и јас,ама сакаат да кажат дека многу зависи што се пишува во посмртницата.
    Еден од докторите кажува : Има случаи во држави каде гледаме дека бројот на починати од корона е мал,а бројот на починати од пневмонија расте.Така да претпоставувам тоа се случува.
    Не тврдам со сигурност секако.Не сум им ги погледнала статистиките.
     
    На ~Allure~ и nextredstyle им се допаѓа ова.
  13. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    3.165
    Пол:
    Женски
    Има шлакнати пензионери кои да можат цел ден да се по клупи, по пазари и продавници ќе се. Ама од друга страна има и пензионери кои премногу се исплашени од ситуацијава. А и не можеме да се мериме со пензионерите кои не седат пред тв или на нет и не ја гледаат реалната ситуација. Да не заборавиме дека се' уште има пензионери кои гледаат само еден канал и за нив е ова само обичен вирус затоа што не гледаат што се случува во светот и друго е некој да им каже друго е да видат сами и плус тоа што имаат навистина тежок карактер. Но дајте не се тие најголем проблем, што е со останатите кои треба да се свесни и сите информации им се на дофат и пак се збираат си кафињата у маало што се првиве помалку свесни од вторите на кои им е достапно се'? Видовме и на тв кои се најголем проблем и кои се кријат и одат на работа така и кои имаат најниска свест. А за лековите навистина има за некои дефицит и е потребно да се земат на почеток на месец и не може некој да се остави без таа терапија.
     
    На emiliana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Да, во Италија дефинитивно ќе се води како починат од Корона.
    Во Германија (веројатно, барем така зборат) ќе се провери дали починал како последица на некои од компликациите кои ги предизвикува короната или од канцерот, па ќе се одлучи како ќе се запише, дали починат од Корона или не. (Макар да ми нема логика, тој случај секако мора да има разрешница, нема во оздравени да го стават... Така да дефинитивно ми е пологично да го збројат во починатите од Корона).
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.244
    Допаѓања:
    46.993
    Пол:
    Женски
    Јас за тука веќе не ни читам информации, за дома погледнувам еднаш дневно и си терам работа, доста ми е. Ако продолжам да читам секој ден се и сешто ќе се оболам психички, а главна цел е да излеземе од ова физички ама и психички здрави.
    На неделна база ќе си погледнувам инфо и доста е.

    Јас си створив рутина во карантинов, еве веќе 16 ден сме затворени со маж ми, бев еднаш да пазарам и тој беше еднаш до маалска продавница да купи алкохол оти сакавме да се опиеме.
    Мислам дека уште месец ќе издржам вака, за повеќе не знам. Имам проблем со болки во нозете и рамото, вајда дека се научив да сум на нога по 12-13 саата на работа па сега седењево не ми годи, ама почнавме 30 дена јога со Адријан па вајда ќе помогне тоа.

    Мое мислење е дека добро се држиме во МК со бројките, некако не ме плашат. Прво зошто знам дека овие бројки се од пред да се почне со посериозни рестрикции и ако размислиме трезвено седењето дома ќе покаже резултат во наредните 2-3 недели, па до крај на Април очекувам да најават дека кривата опаѓа и до крај на Мај се да е вратено во нормала. Не знам зошто сум волку оптимистична ама поради би избрала вака да се држам отколку да мислам што би било кога ќе биде.
     
    На Ivan4e04, KateKane, Lolipop23 и 16 други им се допаѓа ова.
  16. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.084
    Допаѓања:
    10.729
    Денес после 2 недели излегов до аптека ко падната од марс. Морав да одам подалеку за да му земам лекови на татко ми и навистина не очекував да заглавам во таква гужва.

    Не знам стварно како планираме ситуацијава да се смири кога надвор се живо е излезено, и тоа не само од луѓе кои мора да одат на работа. Ни маски, ни дистанца, ни бутур.
    Искрено не очекував да начекам волку народ по улици, во Скопје скоро и да нема премногу разлика од вообичаен работен ден.

    За пензионерите сме на исти ниет, таа гужва не е ниту поради тоа што има рестрикции во движење, ниту поради лекарства на позитивна листа, туку од тој пусти менталитет дека на први МОРА да ја извадиш цела пензија од шалтер, ко џанам некој ќе ти ја земе.

    Можда ја живеам во заблуда ама мислам (се надевам) дека најголем дел од пензионерите имаат некој помлад во фамилија да им земе рецепт, за хронични болести сега даваат и повеќе рецепти одеднаш, да си ги земаш секој месец колку ти следува за да не висиш по ходници за состојба која секако ќе си ја носиш до века. И најголемата гужва кога настана пред 2 недели, пак се почитуваше ред во аптека, никој не се буташе, ете барем јас имам некое такво позитивно искуство. Зошто да не може да биде така и на први. Еве и да нема кој да им ускочи од фамилија или комшилук, пак ќе биде редуциран бројот на пензионери што ќе се шетаат. Башка нели имаше и волонтери за вакви ситуации?
    Истава слика е секој први во месецот, нема врска со меркиве.

    Ако ти кажале да седиш дома или дека треба да држиш дистанца ако баш мораш да излезеш, што не е јасно? Ама разбирачка нема и тоа е.
    Па што ако се пензионери, не се разбирале. Ту мајката. Па вчера почина дете што може внук да им биде.

    Да не испадне само по стариве дека се вика, за жал денес на улица ама баш се беше излезено. Не знам до каде треба да стигнеме, се надевам не треба на сите во куќа да ни влезе вирусов за да се разбереме.
    До денес бев кул, седев во изолација позитивна, мантрав ignorance is bliss, ама не знам...

    Не дека кажав нешто паметно, дојдов да си го искажам неверувањето...
     
    На fana, Harper, do-re-mi и 3 други им се допаѓа ова.
  17. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.806
    Што ќе речеш. И ти си дел од истите
     
    На Ivan4e04, Nevermore, BloodElf и 10 други им се допаѓа ова.
  18. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    7.171
    Пол:
    Женски
    Nebilet odi na recepta? Jas privatno go kupuvam
     
  19. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.243
    @1209, и јас се трудам да терам како тебе. Работам од дома и сакала или не имам повеќе слободно време. Додека правам паузи од работа отворам социјални мрежи, сакала или не ќе налетам на секакви вести. Пробувам да филтрирам, но и да не сака човек, влегува во потсвест се' што ќе се прочита/слушне.

    Вчера налетав на видеа од Скопје на време на полицискиот час. Го снимаат градот од дрон, празен (читај: град на духови) а во позадина оди музика што ти ја смрзнува крвта.
    Мислам дека (т.е. не мислам, сигурна сум) целта е што е можно поголем страв, паника, хаос.
    Стравот ни е првичен инстинкт, знаат на која карта да играат.

    Сами, затворени по собите, без сончева светлина, без радост, контакти само преку екраните, бомбардирани со хорор приказни, секој ден, 24/7. Тотално нездрава средина.

    А за психичкото здравје, никој не зборува, не се осврнува на тој аспект. Баш обратно, мислам дека имаат за цел да не' полудат.

    Се надевам дека, освен физички здрави, ќе останеме и колку толку присебни.
     
    На Ivan4e04, KateKane, manja666 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.108
    Допаѓања:
    165.904
    Како се крева тензија?!
    Па доаѓаат да те тестираат.
    На врата од твојот топол дом.
    Комшиката, богдачува, се качува со кеси од пазарење, и застанува и се блее во твојата иста, додека ти зимаат примерок.
    И ѕвони на комшиката до неа, и и кажува дека има заболен у зградата. Сто посто е заболен, со свои очи видела.
    И информацијата се шири побрзо од самата корона и се собираат комшии и ти оставаат писмо дека ти даваат рок да се отселиш и дека ќе те пријават ако не. А ти сам себе си си се пријавил... Чудесен свету...
     
    На Ivan4e04, *Amethyst*, Harper и 20 други им се допаѓа ова.