Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Замислете да се прави вака, да има евиденција си табели со све колку од починатите биле заболени од некоја друга болест и тоа да се објавува јавно.
    На здрав и прав, млад човек ке му олесни, ке се издише откако ке чуе дека сите починати се со претходни заболувања и ке му олесне, но кажете ми како тие информации ке влијаат на секој човек кој што е во една од ризичните групи?
    Ете тоа е себичноста по ова прашање и не може никој да ме убеди дека е нешто друго освен себичлук.
    Дај ке се смирам јас а болниве се небитни, удрете им уште толку по нивната психа ама важно смирете си ја својата.

    Замислете според некоја си статистика дека се најризични оние кои имаат дијабет, како треба да се чувствува секој еден дијабетичат кога ќе ги гледа сите тие информации и анализи?
    Работава е дај на нас здравите да ни олесни а овие другиве нека му ја мислат.
    Ич не е убаво дечки ама ич.

    Се надоврзав на твојот пост Сања иако се однесуваше на сите.
     
    На Dennings, Ivan4e04, Purplelilac и 23 други им се допаѓа ова.
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    @manja666 ризичните групи се веќе познати.
     
    На Lianna Anna, candy.cane, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. тп18

    тп18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    252
    Јас не знам зошто упорно треба да се објаснам.
    еве зошто:

    Ако заболам од корона, а сум здрава, нема да паничам и како и до сега ќе ги превземам сите безбедносни мерки и ќе се лекувам. Ова доколку сум информирана за предходната здравствена состојба на починатите.

    АКо заболам од корона, а не сум информирана дека сите од починатите имале некоја историја, јас најверојатно, не не, 1000% ќе умрам од срцев удар.
    Ете за тоа.

    И додека некој сака да се врати на работа, некој сака да шета кучиња, а некој излегува еднаш на седум дена да пазари под фул опрема, може да заболи од некој кој побегнал од карантин.



    До вчера немав ни зрно сол дома и не одев да купам од причина што кажаа дека вурусов „лебди“ со часови, дека се лепи за облека со денови, дека седи на метал незнам колку итн. се до денес кога кажаа од повеќе имунолози дека единствено се пренесува преку директен контакт со заболен ( допир, кашлање или кивање во лице).

    Веќе дома ми е како во операциона сала. Секој ден сум со дезентал, од таа причина што си мислев дека нели лебди во воздух, се лепи за облека итн. Јакната со која одам да пазарам веќе обеле од перење на 60 степени со прашок и сода. Па се суши 2-3 дена, па пак одново и така еве веќе од прогласувањето на пандемијава, т.е од 11 Март.



    И додека до пред два дена внимавав и седев дома, некој дегенерик шета и шири вирус и тој дегенерик кога ќе разболи ке држи кревет во болница на некој недолжен ( примет татко ми) кој пазарил еднаш на 4 дена. Јавен линч за нив. За такви себични ЈАВНО СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ. И АДРЕСА.


    Убаво пиша некоја погоре дека вирусов ке го извади најлошото. Да го извади. Ете гнасите излегоа на површина и шират зараза, а треба да одговараат за теторизам и да не добијат лекарска помош. А не јас која внимавам и на себе и на околината. БДВ ѓубрето го собирам на терасата во црна кеса убаво затворена, па денот за пазарење, прво фрлам ѓубре.



    Ете девојки ете тоа ме мачи, ете и за тоа сакам да знам предходна историја на починат и точна информација за ширењето.


    Не ме интересира дали некој го поминал пол час кај швалерката или колкава плата има некој. Туку она што има директен или индиректен пат до мојт живот и животот на најблиските и оние недолжните.


    Замислуваме. Тие ризичните треба да се пазат многу повеќе а не 17 пати да одат до Кам маркет и да шетаат по кеј на убавово време и да се редат пред банки. Баш тоа треба да ги вразуми. Гледам слики од мојот град и се ужанснувам. Гледам моја школска слкинана пред неколку часа на кеј со 3 други без никаква заштита, а мајка и дијабетичар со два сденда.
    Збори ми за себичност.
    Е сеа тие што не сакаат да знаат и што си шетаат не се себични, туку јас сум била која од дома не мрдам, не контактирам физички со никој, туку сакам да се информирам.
    Бреј бреј мајката.
     
    Последна измена: 31 март 2020
    На ~Allure~, Spidy и Lisandra им се допаѓа ова.
  4. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Тие ризични групи се ризични сами по себе па и да не постои корона, тоа секој од нас го знае а они најдобро.
    Ама во оваа ситуација во која сите сме излудени за нашето здравје да се излага со статистики за тоа кое е најчестото хронично заболување на починатите е немање осет.
    Како да се чувствуваат тие луѓе кои што се со болест која што ке биде највисоко на табелата?
    Ама важно ние ке се смириме и ке спиеме мирно а остатокот, слободно можам да кажам 70% од луѓево во државата ќе се тресат и на сета таа болест ќе бидат и дополнително анксиозни.
    Баш фино размислување на секој еден од вас.
    Реалноста е дека секој само за свој гз си гледа ама ми е преку глава од глумење емпатија и сочувство спрема другите кога не сме ни блиску до тоа.
     
    На Dennings, Purplelilac, Pelargonium и 8 други им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.061
    Допаѓања:
    131.097
    Пол:
    Женски
    Во светов заболуваат и умираат и лица кои немаат болести.
    Не е во ред да се тешиш ако не си во ризичните категории.Не е ни нормално.
    Не смеат да се објавуваат лични податоци.
     
    На Feminka22, bicycle, riba79 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.323
    Допаѓања:
    259.556
    Мања па секаде се објавуваат тие податоци. И во СЗО стојат тие податоци.
    Повеќето мерки се за лица во ризичните групи.
    Тоа е податок кој се бара и се кажува во јавност.
    Не знам како би се изоставил, а ете да не се вознимираат ризичните групи.
     
    На cresa-jagoda и candy.cane им се допаѓа ова.
  7. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    11.786
    Пол:
    Женски
    Ако заболиш од корона без разлика дали си здрава или имаш друга болест, следиш мерки и се лекуваш.
    Без разлика дали ти си информирана за состојбата на сите починати, ризикот и можноста за смрт и компликации на помлади (иако доста мали, секако), постојат.
    Изгледа оние во ризичните групи ако заболат ќе почнат да умираат од удари.
    Интересно.
     
    На Purplelilac, Feminka22, smooch и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.365
    Допаѓања:
    190.324
    Ама знаеш како? Со постојано потенцирање на истото. Со пуштање глупаци на телевизија да кажуваат непотврдени, извадени од контекст работи. Како тој талентот дека вирусот преживувал во воздух(facepalm). Во кој црн воздух, во парк ако поминам, ќе циркулира 3 саати, или во хипотетички, лабораториски услови, ќе падне на под и ќе живее таму? Па после тие ризичните групи, ќе се поболат од седење во затворен простор, оти некој рекол, вирусот живее а вие сте во ризична група. Ни во двор нема да излезат.
    100 пати да прочита некој, се умирало од чешање уши (намерно тресам глупости, оти нејќам да издвојам критична група), 101 пат од страв ќе умре, не од вирус.
    Ете затоа, помалку развлекување, повеќе мерење на зборовите.
     
    На ohlalalala му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    @RainBow Ги следиш ли муабетиве во темава последниве два-три дена?

    Мислам стварно ова ги преминува сите граници.
    Ширење страв, паника, дезинформации, дискусија за лични податоци, историја на болести.. треба да набројувам уште?
    Дај те молам малку повнимавај што се пишува, затоа што веќе нема смисла.
    И слободно може да го избришеш коментаров како и еден претходен каде што имав изнесено предлог, но само ќе те замолам да реагираш.
    Фала.
     
    На Ivan4e04, Annath, Feminka22 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.323
    Допаѓања:
    259.556
    Не можам да сфатам што сакаш да ми кажеш.
    Луѓе пандемија е, затворени сме дома, здравје и животот ни е во прашање, и вие сега сакате да не се зборува за тоа. Воопшто за вирусот?
    Еве нема ризични групи, еве и СЗО нека ги повлече сите информации од страната.

    Значи за да нема вакви шпекулации, развлекување, се кажуваат бројки, возраст, ризична група ако има и толку. Дали има критични, дали има излекувани, на кој начин оди заразата итн. Тоа се информаци кои се објавуваат и луѓето во ваква состојба имаат право да ги знаат.
     
    На cresa-jagoda, senjorita-v и тп18 им се допаѓа ова.
  11. тп18

    тп18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    252
    Зошто постои темева, ако не за размена на информации?
    Тогаш нека се затвори, пошто веќе знаеме што е вирусов, како да се заштитиме и кои се ризчни групи.
    Сериозно тогаш не знам зошто постои темева?


    За пандемија се работи, за живот се работи.
    Да беше војна немаше да се дискутира?
    Па за акцијата во Куманово 2015 има повеќе страни иако се работеше само за мал дел и за два дена, а за пандемија на светско ниво кое трае со месеци да не се зборува.
    Абе не читајте ако не ве интересира.
    Мене ме интересира и ќе читам и ке пишувам.


    Во ред тогаш, на оние со срцеви и белодробни заболувања згрешивме што ги информиравме години по ред за загадувањето на воздухот. Не требало да им кажеме за да не паничат. Не мора да се заштитат и да носат маски за ПМ честички.
    На оние болни од канцер, не мора да им кажеме дека портокалите донесени од преку три брда и три долини се нездрави. За да не паничат и да не умрат од срцев удар.
     
  12. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Со личност како тебе апсолутно немам што да дискутирам.
     
    На Feminka22, BabyT*, fificaaa и 7 други им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Баш затоа што се работи за пандемија и живот, треба да ги знаете ризичните групи и треба да ви е јасно дека ова е време кога, ко прво, самите треба да се сочувате ако сте од ризичните групи, ко второ, тие околу вас да се повнимателни (ко секој од нас за родителите пример), трето државата. За панични напади, стравови...има линии кои и Филипче ги испромовира и ако ваквите теми ви предизвикуваат сериозни стравови, топла препорака да се јавите и зборувате. И сега и во иднина. Треба да стои дека пациентот е од ризична група. Возраст. Толку. Можат и медиумите и влада да се потрудат подобро да комуницираат со луѓето периодов.
     
    На Pelargonium, Nausicaa, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  14. тп18

    тп18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    252
    Твој проблем. Не те повикав јас на дискусија.
    Сакаат да ти кажат дека тие не се интересираат и дека се лабави и киснат на темава со опомени. Тој што не го занима, не ни пишува ниту отвара тема.
    Мене неми од типот музика, филм, козметика, свекрви не ме интересира и не дискутирам и не отварам. Толку ли не ти е ЈАСНО?
    Кога не опоменуваат нас, се тешат себе се дека се фини и емпатични особи. Од преголема емпатија сигурна сум дека редовно донираат за загрозени семејства и за гладните деца во Африка. Ако им останат пари од козметиката. Ахам.
    Истите тие што откорнаа да дознаат кој највеќе загадува возудх и чиво куче каде какало.
    Истите тие што јавно пишуваат за доктори и директори кои заразиле други.
    Истите тие што пишуваат кои фабрики и кои возила највеќе загадуваат.
    Ама во тој случај тоа би било за опта добробит, а сега ќе бидеме емпатични и ке криеме и ке се преправаме фини. Истите тие купија 100 квасеци и го дигнаа брашното и антицептиците. Абе македонче.

    Требало да се крие кој починат од што боледувал и кој од карантин побегнал и заразил 50 околу него, ама не треба да се крие кој доктор заразил и кој бр силикон има карлеуша.
    Уште барам НСЗ.

    Добро зошто тогаш не интересира која фабрика има филтер на оџак и кои портокали се канцерогени? За општ добробит е тоа?
    Дали е поризично здрав да изеде таков портокал или некој со канцер?
    Дали е поризнично зндрав да седи два часа на загаден воздух или тој со белодбробно заболување?

    И на крај дали е поризично да заболи од корона некој здрав или некој со МС?

    Ете тие информации и те како се битни и доста веке ми глумите емпатија а фрижидерот ви е полн само со квасец и сумамед.

    Ако не ве интересира ова што јас го прашувам не ме читајте. Просто ко грав.
    Мене ме интересира, ме смирува и ќе пушувам и прашувам.
    Ако вас ве смирува филм, слободно одете на тие теми.


    Као демек ако не прашаме на форумов нема да дознаеме. А тоа што на сите други форуми се пишува се, тоа што на фб се пишува се и тоа што новинарите не инфромираат за се, тоа нема врска. Овде на форумов сме си таманка сите.
    БДВ најдобриот другар од починатиот кажа од што боледувал. Матичната потврди на новинари. Само на фемина сме фини и не прашуваме.
    Абе ајде
     
    Последна измена: 31 март 2020
    На ~Allure~ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.323
    Допаѓања:
    259.556
    Ама мене ме интересира како информација, а не дека ќе ме смири.
    Не ми требаат детални информации, туку дали е ризична група и возраст. Толку.
    И најмногу да не се прават приказни и шират шпекулации, па ќе полниме социјални мрежи со вакви работи. Треба осет да се има.

    А и ти, ја претеруваш. Имај малку осет. Во ред, се плашеш, ама ете има линии за ваков вид на помош.
    Вакви постови и ставови не се во ред. Не може утеха да бараш во нечија смрт. Не е хумано едноставно.
     
    На candy.cane и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  16. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.272
    Допаѓања:
    15.633
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам баш, ризичните групи наведени се ризик за сите да тоа си во право.меѓутоа ова е нова болест, постојано нови истражувања мора да не информираат, не е тоа себилност или да видиме дали самите сме во ризик група па да се смириме, потребна ни е информираност! како за секоја друга болест така и за оваа. мене не ме смирува ниту фактот што сум здрава(иако да кажеме никој потполно не може да е сигурен дали е сигурно здрав, можеби имаш некоја генетска предиспозиција за која не си свесен), напротив ме заагрижува и растажува фактот што секојдневно умираат илјадници луѓе, секако е тешко психички да ги читаш новостите дневни. маката на другите луѓе во оваа ситуација ја гледаш како своја. зошто светот се бори со пандемија и не знаеш кој е следен. не се потребни лични податоци никако и не знам како луѓето можат да прават рекла-казала во вакви моменти. Посакувам само да биде што помал бројот и поскоро да заврши ова.
     
    На ~Allure~ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. тп18

    тп18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    252
    1. Зошто не те бараш информација за Судан? Дека ниту те растревожува, ниту те смирува.
    2. Исто и мене. Не ми треба детална информација од име, адреса и семејство, туку дали е/бил во ризична група и која.
    3.Како ја претерувам и зашто немам осет? За истото што и тебе те интересира, само што јас сум по директна?
    4. Кажав во предходен пост дека ќе вртев можеби на тие линии, доколку не излезе информација дека се работело за болни заболени личности. КАЖАВ ТРИ ПАТИ.
    5. Каде тоа пишав дека се тешам што умрел дечкото? КАДЕ? КАДЕ? КАДЕ? Пишав ме смирува фактоот што не починал млад и здрав, а не дека се тешам што умрел баш тој ( за мене тотално непознат), а не некој друг. Што е овде не хумано? Тоа што не сакам да сум во нивна кожа? Или тоа што се секирам за моето здравје и здравјето на блиските?

    Не знам зошто сакате да оцрните некој, за да вие испаднете „хумани“.

    Кога би те прашала коронава дали да го земе татко ти или некој млад непознат од Скопје, сигурна сум дека би го обрала непознатиот. Нели? Од причина што се работи за твој близок, за човек кој го чуваш и кој те чува и за кој имаш љубов.
    Ако те праша дали да почине млад непознат од Скопје или некој од Судан. Ќе речеш тој од Судан. Зошто? Зошто не ти е во двор и не ти е поблизок од оној во Скопје.
    Да не глумиме ангели. Сите сме само луѓе.

    Ке пофторам уште еднаш, не ме теши ничива смрт, туку ме смирува фактот што починаа луѓе што предходно биле болни,а не млади и здрави. Од причина што ако закачам корона, големи се шансите моето дете и понатака да има мајка. А не одам од точка на: убаво што умираат само болни. Правете малку разлика.
    Сакам ова се да е само кошмар и никој да не почине, па да може да го искористиме убавово време со личностите кои ги сакаме.

    И Џули, не мораш да и се придружиш на масата, за да знаеш што е правилно. И тела бил за цел свет чудак.
     
    На ~Allure~, cresa-jagoda, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.992
    Абе битно ти срцка нема паничен напад да имаш, шо ги е*еш другиве.
     
    На Dennings, Ivan4e04, Annath и 23 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.992
    И до ден денес постојат некролози.
    Тоа е сосема друга работа.
     
    На Purplelilac и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. тп18

    тп18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    252
    Да, пошто нели од мене дознаваат, а не официјално на прес и од новинари.
    До тамо забегавте со глумењево. Страшно.

    Битно е јас што се изјаснив на анонименн форум. А тоа што вие се информирате во пораки, по телефони и се распрашувате, тоа е тајно. И секако е за пофалба.
    Нели?
    Срцки сте бе срцки.

    Не те вознемируваат починати непознати лица? Или дека не пишал некролог на форумов, па а тоа е во ред. Постојат тие. Ние што ќе пишеме 5 реда на анонимен гачкарски форум за нашите стравови и ставови, не треба да постоиме.

    Од друга страна кајгана и фејс, фрчат со детељи од типот кој од починатите последен пат со кого раговарал и што рекол.
    Знам ние што сакаме да знаеме инфо за зараза сме за на клада.


    Убаво пиша сањаева погоре. Сакаме да знаеме дали починале само од корона или
    короната е откидач за непто од предходно.
    Оние што се во тие групи, треба уште повеќе да се пазат од себе и од блиските.
    Наведов пример што денес видов на фб.

    Гледам во Италија само 2ца починати од 20 до 29 год. Што значи не умираат баш и млади. Нели? Што значи јас со фул опрема можам да одам до маркет и да ги пазам старите, а тие да ми дишат во врат и да се собираат во чопори без никаква заштита. После јас сум без осет и нехумана, што сум прашала во која ризична група бил некој починат.
     
    Последна измена: 31 март 2020
    На Anie93 и ~Allure~ им се допаѓа ова.