Претерувате. Сите јадеме нешто што некому не му се допаѓа. Културата е различна секаде, а и повеќето Кинези не јадат кучиња, мачиња ..
Овците, кравите, свињите ги одгледуваме. Знаеме точно што јаделе, кај биле во текот на целиот нивен живот и се вакцинирани против разни болести. Ако се болни ги усмртуваат, не го продаваат тоа месо. Куче, маче, змија, и кое и да е диво животно, немаш појма каде било, со што се хранело, какви зарази и болести има и може да ти пренесе.
https://tocka.com.mk/vesti/334474/n...ena-od-italija-koja-go-prezivea-koronavirusot Ова од кај мене женава, Vò Euganeo. Прочитајте.
Куче и мачка не се диви животни. За болести и зарази да знаеш дека и самите месари имаат признаено дека доколку животното имало тумор само го сечат тој дел а останатото месо го продаваат така да немој да мислиш дека тоа што не јадете кучиња или мачки дека останатото месо е здраво. Кинезите се најдраг народ кој се храни многу здраво и имаат преубава кожа и многу подолг век на живеење од тула на Балканот на пример. Се знае вирусот зошто мутирал поради не хигиена и поради јадење живи лилјаци.
Да се надоврзам јадењето на месо коешто е недоволно термички обработено може да ви пренесе некоја болест како трихинелоза итн. Без разлика дали е куче, крава, теле доколку го изедете термички недоволно обработено шансите се 95% дека ќе фатите некоја болест.
@Cosmi заборавив да пишам. Групи немам никакви. Не знам дали уопште и постојат. За здраството јас сум задоволна, и претходно каде што живеев и тука, мада претходно позадоволна имавме фамилијарен супер супер лекар. Читав дека ке ги укинуваат сметките и даноците на најповредените места на 6 месеци.
Е баш така, главниот проблем испадна од огромната нехигиена и недоволно термички обработеното месо што се продава на тие wet markets, па дури и живо што го јаделе.Вируси колку сакаш.Секое животно може да пренесе болест , стварно немаат врска коментарите со паѓање во несвест како смееле да јадат кучиња и мачки. Културата и традицијата си е една работа, ама тие пазари каде што на најодвратен можен начин се продава и се конзумира месо мора сите до еден да се затворат. Инаку, како е состојбата во другиве земји на Балкан?
1. Не се диви, ама се улични животни коишто јадат храна од по контињерите. 2. Јадам само месо од домашни животни кои самите си ги одгледуваме и од месари во кои имам доверба и знам чие месо од кај потекнува. 3. Не знам од кај ви информацијата за лилјаците. Првин пишувавте дека било од змии, па сега од лилјаци. Јас прочитав дека официјално не се знае од кое животно е пренесено на човекот, ама се знае дека станува збор за пазар на диви животни кои се ловени од дивината и ги колат директно пред тебе.
А колку беше тешко да се претпостави дека ќе се шири во Италија - тие бетер од нас се, од политика до дисциплина генерално. Ај да беше Германија, да кажеш ќе воведат ред и дисциплина. Па и нова Кина ќе биле, во Европа. Немаат шанси со кинезите. Диспицлината кај нив е друга. Карантин значи карантин, а не одење на кафе и ручек во жариштето. Реков Италија бара помош и хистерична ме направија. Оп денес читам и тука, Италија барала помош Сериозна е ситуацијава. Не дај Боже да ни дојде. Исто ќе е тука. До тогаш, уживајте во убавото време
И да е точно,нема да кажат,ќе кријат. Туку по последниве вести Британија размислува да стави градови во карантин превентивно. А од денес американски летови до Милано укинати.
Ако сакаат да скријат нема ни да кажат дека е болен, вака на сред паника кажуваат болен е ама не кажуваме од што Бетер од шпанска серија ви е темава.
Нема никакви вести ова за папата што зборите. Не знам од кај ви се вестиве тука конкретно пазат што ќе пишат дека има веќе куп тужби. Барем јас таква вест не сум прочитала освен дека не примал посети ама од понеделник ќе примал поединечно. Таква вест за папата имам само прочитано. Е сега, дал е или не е дал се крие или не не знам. Иначе од синоке од бројката 1049 денес во 12 веке изнесува 1150 околу. 2 случаи во Верона. Друго не прочитав.