Точно 1694 заразени. Вчера во 18 на прес беа 1054, за цела недела варираа бројкиве за плус 200 до 250 денес кататрофални резултати. 34 мртви. Ситуацијава бега од контрола. Мислам поради благите мерки за жал. Милано мислеа да го отворат како и венеција. Ништо нема да отворат и останува надевањето. Нека се надеваат како што се надеваат на арно со позитивност али ништо за жал.
@JuLleE @Nigredo Odor, мислев дека сум единствена Rare steak ми е едно од највкусните видови месо што сум ги пробала. Суши и сашими се, како што знам, сирови. Ретко кој обрнува внимание на тоа...
loso izgleda ova kina podobro se spravi so virusot ..ova ke zarazi cela evropa imali podatoci za makedonci da se zarazeni so ogled deka tamu ima mnogu nasi.. samo da ne go donesat i kaj nas
Се чудам и јас какви бифтеци спомнуваат. Стек саламурен ми е највкусен од живо месо. На второ место ракче.
И тоа, ама подготвено како смеса за ќофте. Од мене толку, за крај ги поздравувам Џули и Проминент заради сличниот фетиш.
Не знам дали Македонци заболени има, имиња даваа на неколку само. Пиаченца на база на цела Италија има најмногу заболени 160, а во Пиаченца сите знаеме дека владее Струмиченца, драстично зголемени броеви, по долгото дебатирање тие мислеа дека инкубот е завршен и се ќе сопрат од мерките али не,, останува се затворено уште една недела, цркви, манифестации, фудбал, дискотеки, театри, музеи. Вирусот раширен во ФВЏ односно на границата со Словенија, 1 трст 1 гориција 3 удине. Верона 4 заразени. Кај нас бројката е 264 заразени. Се оградуваат сите дека се безбедни, дека нема опасност односно газдите на фирмите, значителен колапс во економијата, откажување на хотели, туристи нема, сопрени граници, сопрени летови насекаде, 60 посто трениталија (возен режим) паднал. Плус минус состојбава во земјата. Милано соопштил дека вирусов бил малку модифициран во италија за разлика од кина. Се прашувам дали лугето во карантин и изолација излегуваат сепак надвор и го шират вирусов со оглед што пола пациенти се дома во изоламенто фидучарио односно им веруваат дека нема да излегуваат од дома а?? Па ова чудо се шири со брзина на светлината?
@vitamina па не верувам дека им е дозволено да излезат. Кај нас кажаа им носат храна дома со заштитна одело. Ама ете и овде имаше избеган од болница од изолација, среќа негативен му излезе тестот. Јас мислам дека е подолг периодот на инкубација и од последно заразените излегуваат нови по 2-3 недели и така ќе се зголемува бројот уште. Вие дома сте цело време?
Карантинот може да е ефикасен само ако се придржуваат до него целосно. Вака ако е како што кажува @vitamina, од каде може да сме сигурни дека не си викаат и по дома гости? Или дека не излегуваат до некаде ,,онака'', на пет минути? Можеби имам и јас малку предрасуди дека Италијанците се, општо земено, многу дружељубив народ, порелаксирани за разлика од други држави, да не речам, не се толку строго дисциплинирани? Се извинувам ако навредувам некого со оваа генерализација, само мој впечаток е. Не помага ни фактот што Италија е туристичка дестинација број еден во Европа, како што знам. Се надевам дека ќе ја исконтролираат ситуацијата.