Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Ајде да не одиме офф топик,да се задржиме на Вирусот и ситуацијата со него.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    66.868
    Пол:
    Женски
    Не знам од каде информација дека била кај куп фамилии. Го тестирале човекот што ја возел од аеродром до дома и жената кај која што била за да се јави на скајп кај домашните дека е стигната. За тоа време носела маска и ракавици.
     
  3. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.687
    Допаѓања:
    25.265
    Пол:
    Женски
    А шатори подобра опција е? Ако дојде бројката до 2000 како што збореа не дај боже ќе ги прашам кај ќе ги сместуваат мора хитно снаоѓање.
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.798
    Допаѓања:
    145.365
    Не знам да кажам. Ќе видиме утре како ќе биде.
     
    На Ambitious му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
    Да не дојде до 2000 активни случаи кои имаат потреба од болничко лекување во ист момент, инаку вака или така таа бројка се очекува, горе-доле.
     
    На Purplelilac, Peperutce1115, elenaxbbg и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    3.472
    Пол:
    Женски
    Охоо до сега три болници се правеа имаше време:)
     
  7. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    11.786
    Пол:
    Женски
    Затоа и јас реков дека не знам која е вистината.
    Жената излезе наша подалечна роднина, на баба ми братучедка. И имаше муабети дека била на погреб во селото од каде потекнува, а воедно таму живее и баба ми. Се слушнав со баба ми и рече дека таа не знае за никаков погреб.
     
  8. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    27.302
    Пол:
    Женски
    Врв на идиотизмот! Препораките се на лекар да не одиш ако не е ептен итно, а тие на фризер во сред епидемија, божем толку е зорт да се шишаш баш сега. Се надевам само дека малкумина биле несовесни, почнале да ги контактираат веќе.
     
    На Purplelilac, Peperutce1115, oblace1 и 17 други им се допаѓа ова.
  9. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.412
    Допаѓања:
    183.711
    Пол:
    Женски
    Имаше пред некое време постирано некоја фризерка, као слободно да доаѓаат муштерии, пошто феновите цело време работеле, а вирусот на топло изумирал (facepalm)
     
    На Peperutce1115, cresa-jagoda, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.085
    Допаѓања:
    131.299
    Пол:
    Женски
    СУМИРАЊЕ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА
    1.Има уште еден смртен случај,65-годишна жена која имала повеќе претходни заболувања.
    А,се чекаат резултатите на починатата 37-годишна родилка од Охрид,која била донесена со високофебрилна состојба.Плодот ѝ е мртов.
    Од Инфективна се испишани 5 лица кои ќе бидат на домашно лекување,а од 28 лица од Дебар кои се на домашно лекување,на 11 лица им е подобрена состојбата(речиси е сигурно е дека се негативизирани) и ќе им бидат земени контролни брисеви.
    Во изминатите 24 часа,регистрирани се 25 нови случаи и со тоа вкупниот број на заболени изнесува 354 лица.
    На Инфективна во Скопје примени се 9 лица и со тоа вкупниот број на пациенти таму е 59 лица,12 се со потешка клиничка слика,а 5 се на механичка вентилација.
    2.До сега се направени 3775 тестирања.
    3.Пациентите од Заводот за Рехабилитација се пуштени дома,а оние кои имаат потреба од лекување ќе бидат третирани амбулантски во ГОБ-8 Септември.
    4.Заврши увидот на Државниот Санитарен и Здравствен Инспекторат за случајот во Охридската Болница.
    Сега веќе поранешната директорка на и доктори-специјалисти од Охридската Болница,ќе бидат парично казнети.Лекарската Комора ќе направи стручен увид и ќе заседава Етичката Комисија при истата комора.
    5.На 80-годишна жена од Штип ѝ е влошена состојбата.Прво била негативна,а потоа позитивна.Била пратена на консултација на Инфективна во Скопје,па вратена,и на 30-ти Март повторно е упатена на Инфективна.А,4 медицински лица од Штипската Болница ќе бидат во самоизолација заради внимание и се асимптоматски за сега.
    Заболена е и медицинска сестра од Куманово која патувала и работела на Клиниката за Пулмологија,носела маска и ракавици.Направени се интервјуа со нејзините колеги,медицинските сестри,по што ќе се постапи согласно со податоците.
    6.Брисот(направен посмртно) на починатата од Лабуништа е позитивен,а сè уште се чека резултатот од брисот на пациентот од Битола.
    7.Родилката од Куманово заразена со вирусот е породена предвреме.Бебето ѝ е на одделот за Интензивна Нега на ГАК и ќе му биде земен брис,а таа е префрлена на Инфективна.Член на нејзиното семејство е дијагностициран,но Министерот треба да го провери податокот.
    Да не паничат бремените жени.ГАК има соодветно изолиран дел,со целосно спремен капацитет и тим,секако изолиран од другите.
    8.Оние кои се во домашна изолација или во карантин,се пратени од матични и други доктори.
    Според потребата,ќе се отвораат повеќе пунктови за тестирање и во Скопје и во другите градови.Ќе има и мобилни екипи.Во Скопје,пунктот Млин-Балкан од денес е во функција.
    9.Нема доволно информации во светот за тоа како и колку вирусот ги афектира новороденчињата,само се знае дека бројот е мал.
    Според мислењето на Комисијата за Заразни Болести,доколку изолирани по 14 дена не пројават симптоми,не треба да бидат тестирани.
    10.Вработено лице од Поликлиниката во Ѓорче Петров тврди дека таму немаат заштитна опрема,но Министерот смета дека тоа не е точно.
    11.Се изработува апликација за електронско следење на изолираните.
    12.Еден инфектолог од Куманово е заболен,а еден инфектолог од Штип е во самоизолација.
    13.Медицинскиот Факултет треба да пронајде решение за оние кои треба да полагаат државен испит за општи лекари(мора да има одлагање) и за специјализанти кои треба да полагаат специјалистички испит.
    14.Министерот го смета за солиден капацитетот на болниците за лекување на заболени од вирусот. :rofl::rofl:
    15.Мора да се следат и почитуваат мерките и препораките.
    @eli25 @Среќичка
     
    На cresa-jagoda, mira.mira, eli25 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Некоја пејачка Елена не и го запомнив презимето,имала корона. Се тестирала и позитивна била. Пишала на фб дека од симптоми имала:дијареа,течење на нос,кивање,болки во стомакот,повраќање и после некое време отежнато дишење и кашлица.
    Е сега јас мислам дека она веројатно имала труење со храна па успатно фатила и корона. Ми нема логика симптоми за труење со храна да се исти со корона.
     
    На lovemme и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  12. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.722
    Допаѓања:
    6.627
    Пол:
    Женски
    Elena Tasev
     
    На cresa-jagoda и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    63.328
    Пол:
    Женски
    Не можам и не можам да разберам како има уште луѓе што идиотски се понашаат. Еве како овој што @1209 го кажа. Значи у реду е, на почеток сите се понашавме полабаво (и јас меѓу тие) кога вирусот беше само во Кина. Како луѓево не научија ништо од ситуацијата од Италија стварно не ми е јасно. Имаш вирус кој го затвори цел свет, уби 44.000 луѓе (досега) и ги катапултираше болниците. Како бре не им е страв, како си се шетаат лабаво, како се несовесни и како не прават ништо за да го спречат ширењето на вирусот.

    Еден ден да сум им во главата, да видам како им функционира, онака да не ти е страв дека ќе го закачиш, ла-ба-во да си идеш на скијање, на шишање, на маникири и педикири. Еден.

    Ај што не мислат за тоа, ни за репутацијата сопствена не мислат дека со таквото понашање народов почнува да ги мрази. Како не научија од Цаца еве, дека никој не е имун, дека доволно е ваква грешка да ти ја однесе репутацијата и дека џабе си творел и си создавал цел живот кога ова е како жиг.

    Едно е човек кој се заразил во болница, кој ограничил движење, кој некако го прекинал тој круг на трансмисија, нив никој не ги суди, друго е луѓе што се максимално несовесни и идат у центри на жариште или пак игнорираат симптоми. Цаца, Ф.К кој сите го знаеме кој е, сеа и фризерот... Не бидете како нив!
     
    На Peperutce1115, oblace1, VoodooGirl и 16 други им се допаѓа ова.
  14. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    10.524
    Пол:
    Женски
    Да искоментирам за маските.

    Доколку некој што е заразен и е во период на инкубација, и не знае дека го носи вирусот, прозбори со некого на улица или во маркет, големи се шансите да го зарази соговорникот.

    Доколку истиот носи маска, капките не излегуваат надвор од маската и не може да го зарази соговорникот.

    Никој не е сигурен дека го нема вирусот во него, дека не го закачил пред два дена од некој асимптоматичен, така да го немам истиот став со СЗО и мислам дека секој треба да носи маска.
     
    На Peperutce1115, oblace1, тп18 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.542
    Допаѓања:
    20.190
    Пол:
    Женски
    Има случаи и со дијареа и повраќање. Мал процент. Истражувањето мислам дека беше во Кина, на хоспитализирани пациенти. Ако убаво памтам, од 1 до 3%, ама не се сеќавам на колку "испитаници".
     
    На Peperutce1115, cresa-jagoda, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    шаторите се до инфективно за да можат докторирите да ги опслужат пациентите.не за џабе е таму, 100 пати кажаа
     
    На Purplelilac, oblace1, Nane2356 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Сѐ тоа се симптоми на коронавирус. Обично прво тргнуваат гастроинтестиналните, па после респираторните. Иако, не мора сите да имаат гастроинтестинални.
     
    На glosipgirl, cresa-jagoda, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Мислам дека после докажаа дека многу повеќе имаат гастроинтестинални тегоби, може околу пола.
     
    На glosipgirl, cresa-jagoda, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
    Па нели течење на нос не беше симптом?:?:
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Имала настинка, алергија, труење со храна и корона.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, mariz и 5 други им се допаѓа ова.