1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.704
    Допаѓања:
    192.741
    А каде другаде освен во картон?

    Леле @nena2010 што збориш, табу било да споделиш информација за терапија со доктор?:x
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Јас исто мислам дека не стои баш се' во тој картонот онлајн, оти рачунај колку прегледи, тестови и интервенции се прават на приватно кај нас. :tmi:

    Не е лошо ја пусулче да си напишам и да си наведам шо ми е маката, па да си го носам со мене оти ако чекам да ме најдат у системот.... Малку црн хумор. :D
     
    На Konfetka, cresa-jagoda, SummerGirl и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.024
    Допаѓања:
    164.833
    Овие првиве ширачи на клада!
    А веќе не знам ни дали има поента кој од каде веќе кога се прошири зошто не се прашуваме од вистинските причини.
    За во Куманово знам случаи кои навистина не знаат од каде се заразиле.
     
    На candy.cane и MarigoldA им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.977
    Не зборам за тоа по народ да кажуваш што пиеш, од што се лечиш. Доктор мора да знае и ако веќе земаш лекови матичниот сигурно знае. Па која е логиката да лажеш кога си во критична ситуација?
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.045
    Допаѓања:
    128.209
    Пол:
    Женски
    Испраа пари со таа здравствената картичка божем ќе беше централизирано кај и да одиш да видат се што ти е дијагностицирано цела историја ама од тоа ништо!! Така да освен картон ништо нема кај нас.

    @Bridget верувај не можам да им најдам нзс. Не сум на тоа ниво на свест. Јас кај лекар одам и како папагал реферирам се што пијам. Ама ете секакви има. Сега искача се на виделина.
     
    На ohlalalala, cresa-jagoda, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.533
    Допаѓања:
    260.988
    Ова е точно, не кажал за хроничните и претходните заболувања
    Во историјата не стоело заради друга причина која не е во ред да ја кажам.
    Докторите знаеле дека е здрав и млад. Па таква и терапија добил, за жал најверојатно е била и погрешна.
    Докторите овде немаат никаква вина.
    Отпосле добиле информации.

    Многу од пациентите лажеле, криеле заболувања, не одат на лекар на време. Не кажуваат дали патувале, кои контакти ги имале.
     
    На ohlalalala, Annath, Konfetka и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.977
    Која е таа причина заради која не стои во историја на болести и дали за тоа не е криво здравството, докторите? Постои таква оправдана причина?
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.045
    Допаѓања:
    128.209
    Пол:
    Женски
    Можеле да кажат ама да забранат да се споделува во јавност.
     
    На candy.cane и JuLleE им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.533
    Допаѓања:
    260.988
    Не е оправдана и не од лекар скриено. Друго е во прашање.
     
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.491
    Допаѓања:
    120.221
    Пол:
    Женски
    Не сум медицинско лице ама ќе си кажам мој личен пример. Јас сум од Битола (по личма карта) а жквеам и работам во Ск. Матичен лекар имам во Ск. Пред месец и нешто имав висока температура и си бев на преглед кај неа. По некој ден веќе температура немав но имав страшно воспаление на синуси и бидејќи бев на викенд как моите во Битола отидов на преглед во болницата во Битола. Јас само и кажав дека имам болка во синусите ме прегледа и реши да ме задржи на болница. Кога го напиша матичниот бр во компјутерот ме праша зошто имаш матичен во Скопје и дали сеуште имам температура. Што значи дека се е напишано во компјутер.
    Ист случај за ќерка ми беше. На викенд кај моите спушти малку на плуќа ја однесовме на болница во Бт и ни дадоа терапија и ни рекоа да ја однесеме на матичен за пак да ја слушнат. Без да кажам дека сме биле во Битола педијатарот ни рече продолжете со терапијата која ви ја дадоа во болницата во Бт. Значи стои запишано во систем.
     
    На zhap4e, cresa-jagoda, Mimmi39 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.045
    Допаѓања:
    128.209
    Пол:
    Женски
    Во светот има систем. Секоја дијагноза е евидентирана. Влага човек во Итна пример, го примаат по матичен или било кој друг белег, внесуваат и листаат се што има. Кај нас тоа го нема!!!! Тоа е најлошото кај нас. Тоа што такво нешто нема. Ама па кај нас болниците се како рушевини а камо ли оваков систем да имаме. Со тоа какво ни е здравството арно е што се само 10 починати.
     
    На ohlalalala, Annath, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.704
    Допаѓања:
    192.741
    Не е само во мк така де, ништо необично.
    Централизирани информации се малку поголема одговорност за менаџирање на истите, може не се нашол кадарен за толкава одговорност. Некако мислам и дека тие податоци се за здравствениот фонд, не за меѓусебно споделување меѓу докторите, штознам, може грешам.
     
  13. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.489
    Допаѓања:
    184.745
    Пол:
    Женски
    Таква беше замислата со електронските здравствени картички. Ништо не се запишува, освен во картон кај специјалистот што одиш. И бидејќи тоа не функционира, во тој случај фамилијата треба да каже за претходната здравствена состојба на пациентот. Нели, ако знаат.
     
    На ohlalalala, Annath, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.977
    Еве погоре една членка напишала поинаку. Како е сега, некаде уште со книшки и картони, некаде компјутеризирано?
     
  15. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.687
    Допаѓања:
    25.269
    Пол:
    Женски
    A099820F-9FBE-4AAE-8F0E-C29324768766.jpeg
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.533
    Допаѓања:
    260.988
    Си има во системот од што боледуваш и што терапија примаш. Секако ако тоа е забележано кај тебе.
    На мене има во систем дека имам целијакија, кај членот што има МС дека прима интерферон.
    Се си стои.
     
    На cresa-jagoda, Ivan4e04, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    3.493
    Пол:
    Женски
    Картички повеќе нема , од пред пола година чекам да ми стигни, да уште се на книшки и картони
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.849
    Допаѓања:
    275.219
    Ова го зборев поодамна.
    Во системот на МТ има опција СЕ да се внесува.
    Алергии, терапии, прегледи, дијагнози, процедури, операции...
    Вината е негова, но уште повеќе ако не е внесено на МТ.
    Ако се лекувал во странство или приватно, нема да стои, но кај нас се' во болница влага во МТ автоматски.
    А матичните во профилот на пациентот пополнуваат алергии, хронична терапија, итн. не знам што се може.


    Едит: за системот на МТ не ви требаат картички, туку или ЕМБГ или ЕЗБО. Лична карта, возачка, книшка, пасош... се брка работа.
     
    На cresa-jagoda, SummerGirl, Ivan4e04 и 10 други им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.181
    Допаѓања:
    132.232
    Пол:
    Женски
    Не знаат доктори сè.
    Лани специјалисти бараа од мајка ми да им раскаже во детали за мојата здравствена состојба и медицинска историја оти немало доволно податоци.
     
    На ohlalalala, cresa-jagoda, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.533
    Допаѓања:
    260.988
    Да, ама овде друга е работата и причината. Инаку си стои се во системот.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.