Затворија неколку клиники, училишта и згради со канцеларии во Лондон, не е дека ич не се презема ништо. Ама патници пристигаат секој ден од цел свет, прашање на време е кога ќе зоврие ситуацијата како во Италија, сепак премногу транзит на секакви луѓе има. Кај нас само екстра Purrel гел донесоа, и не тераат да миеме раце поредовно За време на rush hour метрото е преполно, од аеродромите директ во централен минат сите, гарант сме заразени, ама уште не знаеме. Сеуште не прават никакви проверки на аеродром Демек само 35 до сега. Обавезно се само 35
Во Берлин официјално прв случај на корона. Инаку стварно забележав дека нема брашно, макарони и квацес по полиците и една мајка од градинката ми потврди дека и по другите маркети фалат основни продукти. Почнуваат да паничат. Инаку кај мене 2 докторки болни. Се сомневаат на корона вирус.
Министерството за здравство апелира граѓаните да се информираат само од официјалните информации на релевантните институции. Постојано се лицитира со бројот на заболените, на интернет форумите и во затворените групи се изнесуваат непоткрепени тврдења „од сигурни извори“ кои воопшто не се точни.
Не знам колку е точно ова, но сепак можеби треба да се има во предвид доколку чекате некоја нарачка. Spoiler https://24.mk/details/germanska-studija-koronavirus-na-nekoi-predmeti-prezhivuva-duri-do-9-dena
А бе ајде ако беше така јас сега примив нарачки значи треба во карантин да одам. Глупости. Ако беше така пола и више од народов ќе беше болен. инаку овие што се во принудна изолација си се шетаат низ град така да знаете. Никој не седи дома.
Ааа еве и кај нас бидна. Рака на срце, експедитивни се северњаци, одма универзитети се стопирани, средство за дезинфекција од претходна недела имаме. Колеги се зезаа нема кај да јадат сега две недели, мензата затворена, колешка во канцеларија вади румот да се ојача имунитет. Дали има некој патувано со авион деновиве кон Македонија? За две недели ми е картата, ич немам идеја каква е сега ситација со патување. Колку што сфатив има некои проверки на аеродроми општо, ама лично искуство од некој?
Токму затоа пишав дека не знам дали и колку е точно истражувањево, а не сум ни научник да потврдам. Само сметам дека сепак треба да се има предвид со оглед на тоа што кажуваат дека дел од заразените не биле во контакт со никој преносител и не можат да идентификуваат од каде го добиле вирусот. Понатаму кој, што и дали ќе примени превентивни мерки, си е на вас.
Овие работи повеќе се пишуваат за да им ја доуништат економијата на Кинезите. Колку помалку увоз/извоз толку послаба држава. Да не правиме муабет колку трговијата е моментално намалена, следствено нарачките од Aliexpress. Додека цените на одредени производи дупло пониски од тоа што биле претходно на пазарот. Навалете со купување белегзии и ланчиња бижутерија, сега му е мајката. Јас утрово нарачав пет. Spoiler Искористете дур можете.
Со оглед на тоа што пратка од Кина патува многу подолго од 9 дена, Алиекспрес е безбеден Проблем е што има застој во добар дел од авионските линии, и обработката на пакетите во самата Кина, така што никој не може да гарантира кога и дали таа пратка ќе стигне.
Се радуваат дека испаднале негативни на тестот возачот, докторите и други повратници од жаришта како Италија кога на вирусот му треба време да се развие во телото. Како што разбрав јас медицинските тестови нема веднаш да покажат дека телото е заразено. Инкубацијата трае 2-4 недели. Сите вие што сте патувале изминативе неколку недели носете си маски за да не носите некој на душа.
Со објавувањата на секое тестирање се прави само поголема паника. Ај тестирај таму па ако има кажи ако не молчи. Многу напнаа.
335 заразени за еден ден и вкупно 52 мртви.. многу добро се справува Италија и ајде да не паничи човек И Германија дојде до 165, Франција 191..... барем Гермнаците очекував подобро да се заштитат...
Од каде ти се овие бројки? Пред малку излезе дневниот извештај на СЗО. Вака се бројките: 1598 нови надвор од Кина. 6 нови држави (меѓу кои и Чешка, Исланд и Луксенбург). Италија вчера 238 нови, денес 561 нови. Вкупно се 1689 потврдени заразени. Италија наскоро ќе биде европската Кина. И Германија денес има нови 72. И таму бројката ќе расте.
2050 заразени се од денес клучно од пресот во 18 часот. 52 мртви значи плус 13 нови мртви, околу 150 излечени. Таа бројка е од вчера за жал за заразените. Тек го очекуваат самиот пик на вирусот оваа недела, као бум на вирусов, ова не било ништо, а најмногу ќе имало крај на март почеток на април после ќе се смирела состојбата. Од есен ќе настапел пак вируов измутиран како домакин на човековото тело и ќе бил вид на грип што сите ќе го прележуваме.
Ја видов некаде 335 и над 2000 беа заразени, по еуроњуз, ројтерс или некоја таква..само тие ги читам. Уште полошо де ако се 500+ .. Не знам дали уште е смирено населението по Италија Витамиче? Има страв, паника? Гледам кај моите роднини во Германија почна малку похаотично да биде. Братучетка ми е менаџер на еден Реве маркет и вика дека барем таму кај неа попанично се купуваат залихи на храна според бројките..
Овие и се официјално информации кои ги кажуваат министерот и премиерот на Италија барем јас така сфатив