Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    На крај доаѓаме до заклучок дека никој не може да каже кога точно ќе заврши ова.
     
    На ohlalalala и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.089

    Овај па, глумец.
     
    На Doozy, zhap4e, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Не го глеав видеото ама претпоставувам дека е снимено за да конечно луѓето видат и сфатат што ни се случува овде. Многу е лошо, одбирам да бидам позитивна ама лошо е сакам само вистината да ја кажам.
    Некој сеуште мисли дека Италија -Бергамо лажат.

    Денес имаше милитарни возила со ковчези до Падова, од Тренто,Верона,Пиамонте,Венеција сега и во Падова масивно носат.
    Мислам дека ќе бидат копани овде ради тоа што во Ломбардија немале повеќе место за сиротите луѓе.

    Правеле статистика, лани од ова време па сега денес 73 %повеќе смртност.
    Прежално...

    И после стари биле вакви биле онакви биле, абе не ни чини тешењето 73% се огромна бројка за смртност ама кој да верува и разбере.

    И не, не е ништо добро, и не нема да запре ова скоро. Јас се помирив веќе сеедно ми е. Отрпнав.

    Вчера Конте се расплака у парламент, солзи зарипнат глас не можеше да збори, жално...
    Убаво кажа кога рече дека нашите животи ќе се сменат од сега, и така ќе е барем пола година.

    Знам дека и мене постов ми е очаен ама состојбата е таа. Сакале верувале и се помириле со тоа сакале не.
     
    На koritsaki, cresa-jagoda, Ivan4e04 и 21 други им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.089
    Нема ли подобрување Витамина.
    Бројките како се?
     
  5. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    Снимено е пред едно 5 дена, пред некој ден гледав инсерти од него.
    Тогаш имаше 4000 жртви помалку од сега.
    Градоначалникот на Бергамо кажува дека тие што не стигнале до болница на тест, а починале дома, т.е не се тестирани на време дури биле живи, не се бројат како жртви на корона вирусот.

    Ги предупредува сите да превземат мерки на време, оти бројките со кои излезе Кина не се реални, дека оваа заразна болест не е баш грип, повеќе е накај САРС.
    А болницата во Бергамо ко што ја гледам, поспремна и од Филип Втори ми се гледа. Не ќе да е до болничките услови работата.
    И Америка веќе се погласно збори дека Кина лажеше за бројките и опасноста на болеста.
     
    На monibejbi, cresa-jagoda, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.089
    Па и Марковски спомна дека 70 посто од нешто е исто ко Сарсот. Ај гледај го баш, убаво зборува.
     
  7. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    9.170
    Пол:
    Женски
    Едно од таквите видеа. На овој канал има многу поинакви, а верувам дека и пореални информации од тие што ни се пласираат.



    Само дел од коментарите од најновото видео кое објаснува кој е и што прави претседателот на СЗО:
    "WHO=Wuhan health organization."
    "The president is in China's pocket."
    Не ги знам врските доволно добро, ама објаснето е. Треба да се изгледаат. Ќе се одмотува клопчето. :?:
     
    На malerozna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.089
    Не можам да го слушам, дете спие до мене, што е работава?
     
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Истото што ми го кажа веќе ми е прочитано и пишано тука.
    Самите власти кажуваат дека бројките се дупли и или тродупли и на заразени и на мртви.
    Да така не ми е ништо ново ова само кога пишувам ме прават дека не сум при свест а знам се, нон стоп следам вести тука.
    Истото до збор беше кажано овде.
    Во околина на милано - бергамо било покољ, сеуште сите се чудат шро се случува, милитарни возила одат низ цела италија да ги копат мртвите, тоа е вистината.

    Стангира кривата, на пола пат сме, карантин до 13 април, не се ветува дека од 14 април ќе приотворат нешто, економијата ужасна, само зборуваат за помош а помош на народот сеуште нема, многу луѓе живеат ден за ден а сега не ни работат, се апелира да пекарите продавниците оставаат храна пред врата за да оние што немаат а се срамат а велат ги има многу да одат да земаат храна.
    Значи на нив им е јасно дека не моженме просто да бидеме во карантин 5 месеци, дека мора да олабавуваат а крај на ова нема.
    Што ќе се прави не знам .

    Ние од дома немаме излезено јас на моменти се чуствувам ужасно, ми се гади ми се врти, дека ладно ни на тераса немаме излезено, маж стандарт на работа.
    Барем да не пуштеа во шума да се шетаме ама не, не даваат ништо не даваат ни во двор, 400 евра е казната а 500 евра казна ако не носиш маски.

    И тука кај мене е лошо, бројките во венето не спаѓаат туку се накачуваат, за жал дел од народов си замина како колатерална штета.

    Почнаа да се фрлат од тераси, секој ден има по некоја жртва оти нели сите не сме исти и сите имаат разни психолошки размиалувања у глава и различни толеранции на издржливост, последно еден со џитна од милано дека газдата го избркал од работа оти немаат фирмите веќе капацитет за онолку народ.
    Топрва е лошото велам.

    И не бе дечки не се ова прогнози и кликови за лајкови ова се вистински стории кои што италија ги испишани, ужасни ко од хорор.

    Баш ради ова не ми се не пишува да не ве трујам тука. Подобро и да не ме читате ич оти нема ништо тука добро за читање ама има за претпазливост и тоа како.

    Кога ја видов денес франција срце ме стегна, исто и шпанија :(

    Да едитирам. Милано околина имале едно од најдобрите здраства и болници во светот што е и логично на олку познат и голем град
     
    На koritsaki, monibejbi, cresa-jagoda и 14 други им се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Заборавив да кажам, вирусот е навлезен во старечките домови и затвори а таму можете да претпоставите како умираат и по колку на ден...
     
    На cresa-jagoda, eli25 и smile:) им се допаѓа ова.
  11. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.375
    Допаѓања:
    10.530
    Пол:
    Женски
    Ако треба и четири години ќе седам дома само да нема веќе човечки жртви и да не ни се случат истите сценарија како Италија, Шпанија и многу други.

    Мала цена да се плати е домашен карантин, треба со радост да седиме дома знаејќи дека сме безбедни и дека со тоа допринесуваме до спречување на ширењето на вирусот.

    Кога-тогаш ќе излеземе пак, нема вечно да трае, но најважно е да не очајуваме, седењето дома е позитивна работа!
     
    На Jana06, Dana31 и ohlalalala им се допаѓа ова.
  12. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    Тоа што јас го зборувам од почеток на март, дека Кина ги крие бројките, дека не е 1 или 2% смртност, туку многу повеќе.
    Јас напишав дека имаше над 70 000 жртви до средина на февруари, еве новинаркава од Индија кажа дека најверојатно се 42000 жртви, погребални компании праќаат на фамилиите по 2500 унри на ден.
    Никој не смее да се расфрла со бројки, ама наредниве недели ќе се размота клопчето лаги.

    И Трамп викаше обичен грип е, ама набрзина смени изјави и сега пола Америка е во локдаун со 5900 жртви. Владата дава 2 илијади милијарди долари помош да не крахираат компаниите.

    Кина изгледа изигра јака партија шах, скоро цел свет е на колена, со години сите фабрики се префрлаа кај нив заради ефтина работна рака, сега сите се клањаат на Кина за помош, има недостаток на медицинска опрема а и храна.
    Еве УК вратила назад пратка на тестови, давале лажни резултати, ќе се бара друго чаре сега.

    За некој месец ќе се смири вирусов, ама наесен ќе почне нешто поголемо, а тоа ќе е светот против Кина.
    За некоја недела ко ќе почнат побројните држави да имаат по илјадници жртви на ден, ќе стане интересно.
     
    На cresa-jagoda, ALISA0000, Bunny2 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.089
    Се поубедена сум дека Кина ова го прави намерно. Прво, лажеше со бројки, второ го пушти вирусот во Европа, а кај нив магично исчезнува. И сега нуди помош, сите ја молат за помош.
    Ќе стивне ова секако, април е критичен, мај веќе ќе се смирува работата. Ама ова секако нема да мине така, Кина ќе го јаде.
     
    На cresa-jagoda, manja666, ALISA0000 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. elenaxbbg

    elenaxbbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    Знајте мене што ми е чудно кај кинезиве..
    Значи нов вирус,смртоносен,се отепаа научнициве да откријат нешто повеќе за него.Прв пат се појави во Кина.Вирусов и по 4 месеци не е целосно проучен.Гледаме секој ден како енормно расте бројот на жртви во некои држави.НО сепак се има некоја информација повеќе сега отколку пред 3-4 месеци,и пак бројот на жртви и заразени во некои држави го надмина тој на Кина.Како? Логично ми е бројките во Кина да бидат поголеми со оглед на тоа што тие никакви сознанија немаа за вирусов,а сега пак колку толку луѓево знаат и како се пренесува,и период на инкубација,и како да се заштитиме,и кои мерки даваат најдобар резултат,а сепак некои држави имаат дупло поголем број на жртви и заразени од Кина?
    Дали тоа сепак се должи на тоа дека кинезите се бидени ,,подисциплинирани", дека почитуваат закони и наредби повеќе од другите земји,дека има поригорозни казни и мерки,подобро здравство.Навистина ми е чудно некако со бројкиве.. Помали државички имаат по 2000-3000 жртви и тоа што сега кај нив е пикот,а после него сигурно бројките ке се поголеми,а една Кина со повеќе од милијарда жители,со еден вирус што почна од кај нив,што имаа 0 информации заврши со 3000 и нешто плус жртви.Мислам да не испадне глупаво,добро е што не се повеќе,не посакувам да се повеќе,но стварно некогаш се прашувам што направи Кина а не прават другиве држави.
    Или навистина луѓено се мозоци,или светов не го сфати вирусов сериозно.А не го сфати.
     
    На cresa-jagoda, emiliana, Feminka22 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. rainbowmama

    rainbowmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    2.197
    Пол:
    Женски
    Кина има одлично здравство. Можеби не толку организирано, ама напредно. И има ненормално јаки доктори, ова од искуство го зборувам. За ситуацијава спомнав и претходно, имаа искуство од времето на САРС, тогашните стручњаци иако сега некои пензионирани, беа и уште се вклучени и во оваа битка. Народот е многу дисциплиниран, особено кога се виде дека е сериозна работата, кога се виде како деноноќно работи медицинскиот персонал, никој не се осмели да мрдне. Зашто се такви, обединети за општеството, за државата. Секако дека има гадови кои се обидоа на пример да заработат на фејк маски, ама тоа е незамерлив процент. Немаше полициски час и забрана за движење ама не излегуваа луѓето. Многу мали бизниси, ланци ресторани и фабрики пропаднаа ама тоа е. Школите освен за матуранти не верувам дека ќе отворат.
    Пред некој ден зборуваа стручњаци за крајот, за пикот, за кривата... Еден од нив (Zhang Wenhong) изјави дека не може да се зборува за крај на епидемијата, туку за континуитет. Претпостави дека само ќе се стишува до октомври, после што ќе следи нов пик.
     
    На cresa-jagoda и elenaxbbg им се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.539
    Допаѓања:
    184.404
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на муабетот од Малерозна, овде кај нас (во Грција) баш вчера доктор објаснуваше дека маските што Кина ни ги пратила како помош не штитат од Ковид19. Имено, на пакетите стои дека заштитуваат од вирусот, а внатре на кесата од самата маска стои само дека штитат од загаденост на воздухот.
    Да напоменам, не знам дали едното го исклучува другото и дали докторот со право се бунеше.


    Друга интересна работа што се случи овде вчера, е тоа што го имаме првиот случај на заразен со вирусот на Миконос. Па на вчерашната пресконференција одма се најави преземање построги мерки на островот. Веднаш по пресот, коментари на незадоволство го преплавија интернетот оти нели излезе дека Миконос со првиот случај на зараза е побитен од останатиот дел од земјата која брои над 1500 заразени.
    Ама Миконос “припаѓа” на богатите Грци и на лицата од сите области на јавната сфера и државата очигледно посебно си се грижи за островот и за нив.

    Муабетот ми е дечки, нема фер, маф е работава, седете си дома на безбедно, оти на никој нема да му е гајле за вас ако не сте со статус во општеството. Па така, да си помогнеме на себе и меѓусебе со тоа што ќе си слушаме и почитуваме препораки.
     
    Последна измена: 3 април 2020
    На Feminka22, koritsaki, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  17. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Ако крајот на Април е пикот,во текот на мај полека да опаѓа значи по некој редослед до крајот на јуни би требало све да се врати во нормала,зборам за Мкд.
    Заклучок уште три месеци најмалку.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    7.573
    Пол:
    Женски
    Sedi doma aha... Zakonski mi sleduva, imam dete pod 10god. Na rabota ne znam veke koj pat me vikaaat da odam. Duri so zakanuvacki poraki od sefot. E sega denes odluciv da odam pogore od nego i da se zalam. Se nadevamm nemaa da dobijam otkaz. Sega najmalku mi e potreben. Ete i da sakame da se zaastitime, nnekoj i toa go poprecuva. Se naadevam nemaa uste dolgo da trae seto ovaa sto ni se slucuva...
     
    На ohlalalala, Konfetka, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    9.586
    Во јули се нормално, јуни ќе има ама малку случаеви.
     
  20. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Случаи ќе има, ама ќе ги релаксираат ограничувањата. Нормалата баш што ќе биде, ќе видиме
     
    На HaleemO му/ѝ се допаѓа ова.