Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.227
    Допаѓања:
    56.914
    Пол:
    Женски
    Еве јас решив само еднаш неделно да одам во маркет и да купувам по список за цела недела. Истото им го препорачав и на моите, кои се баш ранлива категорија. Не излегувам на кафиња овој период. Пак може ќе го фатам вирусот, сите ќе бидеме изложени како што ќе се шири. Ама колку што можам ќе се заштитам, исто ко што правам и во сезона на грип.

    Не мислам дека непотребно паничам. Има разлика од претпазливост до паника. Не, не мислам дека ќе умреме, ама па и не би да го закачам и да го раширам на кој ќе стигнам.

    И аман со тие муабети - не мијат раце а сега купуваат Доместос. Или купуваат брашно а не месат. Од кај знаете? (facepalm)
     
    На candy.cane, kukla21, Lolipop23 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Можеш и да не миеш раце со сапун и да не закачиш корона. Можеш да миеш раце со сапун и пак да закачиш корона. И? Дали тоа значи дека нема потреба луѓево да мијат раце со сапун?
    Има луѓе што не пушат и пак добиваат канцер на бели дробови. И? Нема врска дали ќе пушиш или не?
    Има нешто што се нарекува веројатност и статистика. Речиси сите медицински клинички студии се базираат на нив.

    Слободно идете у Италија за 8ми Март. Ама ќе биде јако за враќање да ве стават 14 дена у карантин :D
     
    На Scorpiongirl12, Alisa22, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Во Скопје е потврдено Корона вирусот и според тебе никој не треба да иде за Скопје?
     
    На candy.cane и bicycle им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Не е така. Во Скопје има само еден потврден случај од пред 8-9 дена, а од тогаш нема нови. Тој 1 случај е болнички изолиран и нема никаква опасност за пренесување.
    Во Италија има 1689 заразени и секој ден по 500 нови - што значи дека Италија нема контрола на вирусот и секој ден има луѓе заразени кои се шетаат низ Италија и многу од нив не ни знаат дека го имаат вирусот.
     
    На Alisa22, candy.cane, elenaxbbg и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.592
    Допаѓања:
    201.860
    Пол:
    Женски
    Јас верувам дека ќе има наскоро, дај Боже да грешам. Пола мои пациенти имаат фамилии во Италија, старите сите околу НГ беа во Италија, некои уште не се вратени.
     
    На eli25, candy.cane, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    И Италијанците се луѓе како нас. Ти ги направи ко зомби да се.
    Животот таму нормално тече. Општата смртност од корона вирусот е помалку од 2%. Никој не умира ОД Корона вирусот, туку СО Корона вирусот. Годишно повеќе луѓе умираат од Грип.. И поголеми шанси имаш да заболиш од Грип, отколку од Корона.
     
    На Mencia, Alisa22, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    20.075
    Пол:
    Женски
    Значи цитираш мислење погоре (на Ев)
    нарекувајќи официјални податоци и препораки на Сзо паника. А сега го цитираш моето, кое исто така содржи официјални препораки и ми зборуваш за некакви си напумпани наслови (веројатно) на квази порталчиња, а за кои моментално не станува никаков збор, па не знам ни зошто воопшто објаснуваш за нив и ги споредуваш со овие на Сзо.

    Ако релевантни извори на податоци како овие, шират паника, што шириш ти? Неосновано мислење кое не можеш да го потврдиш со никаков аргумент, оти не, не е исто да патуваш во Грција и Италија. Да беше исто, ќе кажеше СЗО. Не ти, не јас.

    Разграничете ги поимите, паника, претпазливост, превенција.

    И ај ако не, пошо постојат многу посмртоносни неизлечливи болести, воопшто да не внимаваме на ова и да движиме по сите црвени зони, загрозувајќи го не само сопственото, ами и туѓото здравје. Каков аргумент ти е ова побогу?

    За вирусот не се знае многу и тоа е причина плус да се внимава. Во иднината за која зборуваш ќе има вакцина за истиов, ќе биде познат и истражен. Можеби ќе биде сезонски. Ама може да дојде и нов. Па ќе се најде некој како тебе што оспорува официјални статистики и препораки со квази порталчиња и паника и аргументи од типот животот не престанал и затоа слободно патувајте во загрозени подрачја, оти секогаш ќе има луѓе што ќе патуваат таму. Па зошто не и вие?
     
    На Rozich, slobodka, Annora и 4 други им се допаѓа ова.
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.546
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20200303-183232_Samsung Internet.jpg пресконеференција на шефот борели во 18 часот.
    2263 заразени, 79 мртви, над 160 оздравени
     
    На senjorita-v и Stephen Amell им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Не ги направив зомби. Од каде ова? Кажав дека во Италија има 1689 заразени и секој ден по 500 новозаразени.

    Не тече нормално. Има големи социјални рестрикции, забрани за јавни собири.

    Не е помалку од 2 %, туку 2.3 % е.

    Како сакаш играј си со граматиката, луѓето добиваат корона вирус, па потоа умираат со него, од него, позади него, покрај него, сеедно.

    Не. Годишно умираат само 0.1 % од грип. Од корона умираат 2.3 %. Значи околу 20 ПАТИ повеќе умираат од корона вирусот. Од 1000 заболени од груп, само 1 ќе умре. А од 1000 заболени од корона, 23 умираат.
     
    На SandStorm, glosipgirl, orevokrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  10. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    38.498
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е утврдено дека е позаразен ковид-19 вирусот од грип. 1 лице во просек заразува 1 човек од грип, а 1 лице со ковид-19 заразува 2-3 особи. Плус долгиот период на инкубација и долгата издржливост на предмети го прави уште позаразен. Обичен грип мислам имаше 1-4 дена на инкубација.
     
    На Konfetka, slobodka, Shalitra и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Мислам дека кај нас е затишје пред бура. Не сакам да звучам навредливо и затоа ќе кажам дека не постои нешто посебично од човекот. Може нема никој да фати вирус ако отиде во некој град каде што има 5-6 заболени од Корона, но тоа не значи дека во моменти кога се чека дали да се нарече ова пандемија или не да мора да се оди во Солун кога и онака секој викенд има и онака 400 денари е карта. Навистина не можам да ја разберам неодговорноста. Исто така никој не може да биде сигурен во својот имунитет, да не се повторуваМ зошто кажав претходно. И не можеме со сигурност да се надеваме дека ќе биде исто како свинскиот грип затоа што никогаш не знаеме што може да изненади.
     
    На Rozich, candy.cane, glosipgirl и 6 други им се допаѓа ова.
  12. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Oпшто е познато дека ако немаш лична хигиена ќе заболиш и од други болести, не е препораката од СЗО туку тоа секој човек треба да го знае а има луѓе кои немаат лична хигиена, не слушнале за сапун, ролон, шампон и едвај се тушираат еднаш во неделата и трујат на км. кои заболуваат од уште потешки болести.

    На граничниот премин Табановце, Ќафасан и остали секој ден доаѓаат патници од ризичните земји и исто така е голема можноста повторно да се разболиш, ова ми го кажа исто така роднина кој е цариник и секој ден има и патници кои влегуваат во Мкд, не само од Италија туку и од останатите ризични места.
    Колку многу се вратија во Мкд, дали сите се заболени?


    Колкава е можноста да патуваш во Италија и да се заразиш? Мои роднини се во Пјаченца, место кое што е близу до жариштето и повторно не се заразени, секој ден се движат и работат со луѓе, не седат затворени и не паничат како што се паничи по форум и го кажувам ова последен пат а ти продолжи да се плашеш можеби така ќе исчезне вирусот.:^)
    Исто така имам роднини во Хрватска и Србија кои се блиску жариштето и повторно се живи и здрави.

    Никаде не пишав да не се внимава туку одбирајте ги медиумите кои ќе ги читате и ќе споделувате информации... има толку многу медиуми кои не шират дезинформации туку ја пишуваат вистината и споделуваат видеа, имаш интернет, изгуглај и едуцирај се. Има и доктори кои ја објаснуваат оваа болест.

    Исто така ќе те замолам да не ми ги вадиш зборовите од контекст и како ти одговара тебе така да ги вртиш затоа што ако добро се сеќавам јас не пишав патувајте луѓе затоа што сум против тоа ама не можеш да им кажеш и да им забраниш на останатите да патуваат ако наумиле.

    Ако сега се намали и се среди ситуацијата со вирусов никој нема да ти гарантира дека и по 5 години нема да се појави пак.

    Опасност секогаш има, опасноста не доаѓа само од Италија по безброј пат ќе го спомнам додека не ви влезе во главите дека опасноста може да ја има од секаде.

    Колку што знам, секој ден во секој град пристигаат патници од Италија и не се сите заразени, па?

    Во Солун секој ден патуваат луѓе, јер ефтино...исто така има и мноооооогу неодговорни луѓе, не само оние кои патуваат во и од Италија.
     
    На Scorpiongirl12, candy.cane, jacqueline.s и 3 други им се допаѓа ова.
  13. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.527
    Допаѓања:
    41.995
    Пол:
    Женски
    Ловет на ист ум со тебе сум. Се си мислам дека наредната недела ќе букнат нови случаи, откако ќе мине уште некој ден од инкубацијата.
    Не ми се верува да остане само на еден.
    Не ми е сеедно воопшто но нема што да се прави.
    Ко мрдната мијам раце на десет минути, измеѓу гел за дезинфекција оти со луѓе работам од кои повеќето се болни. Помалку движења, избегнување непотребни гужви.
    Тоа ни останува, толку можеме.
     
    Последна измена: 3 март 2020
    На Dust и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Никој од тие што се во домашен карантин не се шета по Скопје и не шири паника непотребно. Ај сите да се затвориме дома, да го ставиме животов на пауза. Океј се справуваат. Тоа што го прави цел свет тоа го правиме и ние. Доста со драми
     
    На candy.cane, S.W.A.G, ElenaOfRivendell и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Од една страна имаме една ваква информација:


    А од друга страна на личност која постира релевантни статии, ѝ го пишуваш ова.

    Па ако Лиана тука не е едуцирана, не знам кој е. :x
     
    На candy.cane и Cka им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    88.556
    Пол:
    Женски
    Кај нас ќе биде најризично околу Велигденските празници.
    Маса на луѓе ќе дојдат за време на католичкиот Велигден,избори..
    За Италија има препораки да не се патува,од многу држави.
    Зависно од развојот на ситуацијата, некои од државите можат да затворат и граници и воздушен сообраќај.
    Освен Италија,Шпанија и Германија се држави кај кои можат да биде исто како во Италија.
     
    Последна измена: 3 март 2020
    На mimiiiii, smile:), Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски

    Читајте бе луѓе странски медиуми, не македонски, еј. Сите знаеме какви се нашите медиуми, извадени работи од контекст. Еден наслов а сосема друго во текстот. Не ме терајте да барам и да правам копи пејст од статии кои немаат врска со реалноста.

    Не знам како да ви објаснам дека не може да заболиш само ако патуваш од и во Италија туку и во други земји кои се засегнати од овој вирус, што не е јасно? Да, има многу заболени таму но може да се заразиш и на било кое место, Хрватска, Србија, Словенија...
    Има доктори кои поставуваат статии и видеа кои објаснуваат.

    Мојот роднина кој работи на царина ми кажа дека од секаде доаѓаат луѓе, не само од Италија.

    Овде престанувам да објаснувам, кревајте паника и плашете се, што да ви кажам друго
     
    На buba4e89, Mrs. Lovett и Stephen Amell им се допаѓа ова.
  18. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    20.075
    Пол:
    Женски
    Ајдеее. |( Ти од кај се информираш? Личната хигиена е превенција, не гаранција. Звучиш како антивакс. Чајче, сапунче и сонце.

    Тие потешки болести се познати, за разлика од вирусов и не се шират со брзина на светлината, најмногу ради неодговорноста на луѓето.
    Комшијата и кажа на тетка ми дека неговата братучетка муабети се дефиниција за нешто кое не може да биде ставено како предмет на објективност. Поштеди ме.

    Одговорот на последното прашање ќе го оставам на стручни лица, оти јас тоа не сум, ниту имам намера да давам одговор како твојот за тетка ми и комшијата и чичко ми и другарка ми. Али, затоа ти си земаш за право да оспоруваш официјални извори и да нарекуваш паника нешто што воопшто не е, та и да оценуваш колкава е опасноста. Оти епидемиолог си и располагаш со факти.
    Ауууу. Жити сеее. Ај смали доживљај и сети се дека ти си таа што зборува за порталчиња со напумпани наслови, не јас. Јас споделив официјални извори, што сподели ти? Серизоно сметаш дека WHO и CDC се дезинформации? Пошто јас од таму се информирам, ако воопшто знаеш за што станува збор.
    Не јас. Твојата едуцираност треба да знае дека препораките да не се патува не се од мене, туку од Сзо. Повторно, знаеш за кого станува збор? Со нив расправај се што смеат, а што не смеат да кажуваат.
    Како што реков и претходно, тогаш ќе има вакцина и ќе биде доволно истражен. Читаш?
    Никој не оспори дека е можна циркулација од било кое подрачје.
    Ова ќе го одговориш ти, едуциран лику. Дали Италија и Грција се ставени на еднакво ниво на мапата на зараза? Значи зона 3 е Италија. Предупредувањата се за Италија. Според истово, колкави се шансите да се зарази индивидуа во Италија, при тоа да шири зараза наоколу, а колкави во Грција?
    Па ништо. Тоа веројатно значи дека паничиме, а не дека сме претпазливи.|(
     
    На slobodka и Purplelilac им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    88.556
    Пол:
    Женски
    Не е така.
    Шансите да се заразиш не се исти во држава која во моментов е жариште и во држава кај која што се бројат случаи на една рака.
    На Пр.Чешка.
    Воопшто не е исто.
     
    На candy.cane, glosipgirl, Waverly Raven и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски

    Прво, никој не рече дека во другите земји не можеш да заболиш туку се зборува за поголем ризик од заболување во Италија како најпогодено подрачје од заразава.

    Второ, твојот роднина, братучед, стрико и вујко не се релевантни извори на информации, туку се рекла казала муабети. Освен ако не си отишла ти лично на граничен премин да видиш што се случува со твои очи, тогаш апсолутно е небитна информацијава што ја споделуваш а притоа нели ептен едуцирана.

    Трето, научи да ги разграничуваш кревање паника и превенција од вирусот а воедно и од паниката.
     
    На Waverly Raven, Lianna Anna, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.