1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Овој случај @Cka што го ставила, ми излезе пред некој ден и на фб и искрено се потресов. Мора да сносат одговорност тие лекари. Исто и оние од Охрид. Како може да враќаат пациенти кои се критични, и после неколку саати истите пациенти да умираат по дома. Кај им е совеста незнам. Па куче да е да се мачи ќе помогнеш. Ова по другите градови изгледа лекарите се плашат да примаат пациент, како короната да е чума. И што е најстрашно, не се ни сигурни дека имал корона. Како може да не укажеш медицинска помош на некого, од кај знаеш може има инфаркт? Страшно и жално. За ваквите не треба да има никакво оправдување. И не само парични казни, неукажување на неопходна медицинска помош е кривично дело.
     
    Последна измена: 4 април 2020
    На Ivan4e04, Tajnaotrovna, LejlaD и 28 други им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Ми изгледа како да креветите и персоналот ги чуваат за секој случај да не порасне бројката на новозаболени од корона па да има каде да ги сместат па затоа сите други ги одбиваат. Не е во ред, има луѓе со дијагнози поризични од ковид моментално
     
    На BloodElf, Bezimenka90 и zhap4e им се допаѓа ова.
  3. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Ама што е работава веќе,зарем и ако немаш корона,не требљ да бидеш примен во болница и да те лечат? :devil: Аман со ова здравство веќе. Пола од пациентите што починаа,починаа зошто не биле примени на лекување. И што се презема по ова прашање? Џабе веќе и да одговара некој кога луѓето умреа.

    И после се нели гледаат дека не им функционира таа е*ена епидемиолошка анкета. Ако си немал контакт со заразен или ако не си бил во странство? Од кај да знам со кого сум била во контакт и кој е заразен,кога повеќето кријат. Што ако не се вмешувам со други луѓе,а домашните кои работат ми пренесат,или било како. Па треба веќе сите кои имаат симптоми да ги тестираат. Срамота. Додека да ги тестираат,луѓето умираат :@
    По 200-300 теста дневно,па после немало болни,линеарно зголемување,жими таквата.
    И сите заразени биле заразени од контакт со веќе познат болен,па нормално, кога само таквите и ги тестираат.
     
    На Ivan4e04, BloodElf, glosipgirl и 11 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Да, моментално е битно само од Корона да се намалат бројките, тоа што од друго ќе испоумрат повеќе луѓе отколку од короната, тоа ништо...
     
    На Ivan4e04, Tajnaotrovna, LejlaD и 16 други им се допаѓа ова.
  5. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.546
    Допаѓања:
    20.211
    Пол:
    Женски
    Еј, само што сакав да го напишам ова. Гарантирам дека ќе има повеќе смртни случаи од други болести, односно ненавремена укажана лекарска помош, за разлика од Корона.
    Вака само ќе имаат поголем процент на смртни случаи. Страшно е, во 21 век да не можеш на лекар да отидеш. Па ќе отидеш и ќе те вратат. Приоритет, само тие со корона шо се. Другите нека си умираат по дома.

    Што е најстрашно, човекот навистина имал корона и не му била укажана медицинска помош. Оти нели, епидемиолошка анкета која очигледно за к*р не ја бива. Демек не може да се пренесува локално. Демек нема асимптоматски преносители. Демек знаеш со кој се си бил во контакт. Катастрофа! Немам коментар! Одвратно! Абе срам да им е!
     
    На Ivan4e04, Tajnaotrovna, BloodElf и 22 други им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Џабе ќе речат добро се справуваме со короната, кога другиве се оставени на цедило, кога некој во 21ви век од воспалено слепо црево ќе почине зашто не го примиле да го оперираат. (пример). Не знам, се надевам не е до толку дојдена работава.
    А кажаа членки нивни блиски со малигни заболувања ги одбивале.
    Вака повеќе ти е страв од други болести него од корона, зашто знаеш дека само со корона ќе те примат.
     
    На Lianna Anna, *Amethyst*, Asparagus и 6 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.411
    Допаѓања:
    260.135
    Па што зборував јас вчера цел ден и се објаснував со Малерозна.
    Никој не ја негира короната, ама има луѓе кои се со хронични болести, кои не се состојат само од земање терапија како инсулин и апче за притисок, туку многу посложени терапи и состојби кои си бараат редовна контрола и надзор.
    Бројки на смртност ќе растат ама од другите болести, не од короната како примарна.
    Ок, лок дааун до крај на мај, па кој преживее, преживее.
     
    На Ivan4e04, Tajnaotrovna, LejlaD и 17 други им се допаѓа ова.
  8. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    Од такви Куманово е затворено 3 дена.
    11 лекари се заразени.
    Треба сите наеднаш да се испозаразиме, во исто време? Ето лекарите се први на удар, кој ќе не лечи сега?

    Гледаш дека човекот починал од недостаток на воздух, уште колку пати треба да ти се објасни дека недостаток на воздух е поопасно од било што друго?
    Корона е. Сарс е. Ги зафаќа белите дробови. Другите болести само додаваат во побрзо ширење на вирусот низ телото, нема одбрана.

    Жално е за сите, како прво за лекарите и сит други на прва линија.
     
  9. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе ти кажам најпрост пример од мои комшии. Мажот е таксист,жената понекогаш чисти по куќи, главно живеат од мажот. Секој ден кога се враќа на пладне од работа носи леб, колбаси такви работи. И во маркет го имам приметено, мајка ми се пријателки со жената и и кажува. Денес после работа мажот купува грав за утре да направи жената. Толку може да заработи толку купува.Не земаат сите плата како поголемиот дел луѓе од 1ви до 15ти.
     
    На Ivan4e04, Lianna Anna, Watermelon96 и 15 други им се допаѓа ова.
  10. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Кај нас како што се чека термин за лекување со месеци.Сега ќе се чека со години, кога ќе заврши коронава. И ќе испоумираме од се друго освен од корона. Сега и ми е страв да отидам на лекар. Не ми е јасно како може толку многу лекари да бидат заразени. Нешто овде не штима. Ќе испадне цела клиника виросана.
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.411
    Допаѓања:
    260.135
    Имаше некаде податоци дека многу малку лекари се заразени од пациенти. Мислам за овие од Куманово беше, дека повеќето се од лекари вратени од Холандија.
    Они сами си се испозаразија.

    Како нема лекари, во помалите градови се ко на годишен одмор. Болниците празни, нема прегледи. Туки кажи не ги бива, дека сега ќе излегува на површина трулото ни здравство.
    Џабе се мерки, препораки, менаџирање на Филипче кога нема тоа кој да го спроведување.
    Сега виде, ако случајно не знаеше.
     
    Последна измена: 4 април 2020
    На LejlaD, BloodElf, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    драга, лекари не се заразени "од таквите", туку оти лекар у време на пандемија треба од прв ден да добие протокол и опрема да се заштити. Каков год бил лекар. У време на пандемија, секој пациент третираш ко потенцијално заразен, али му пружаш помош за...што годе друго му е. Одговорност неам ја која денес сум била на лекар и не сум ни знаела дека сум заразена. Доста префрлате вина на граѓанинот. Не туку демонизирајте луѓе. И со корона и без корона имаат права.
     
    На Ivan4e04, Tajnaotrovna, Lianna Anna и 21 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.863
    Допаѓања:
    142.589
    Епа од следните причини:
    1. Лажни тестови - случајот ос Систина каде тестот беше негативен, па сите се испозаразиле од позитивен човек
    2. Од позитивни луѓе кои никој не сака да ги тестира оти не исполнуваат услови - да биле у странство, да биле у контакт со заразен, или не се градоначалници.

    И си шетаат низ болници заради ова. И после докторите и сестрите и болничарите заразени, и ги заразуваат дома сите, а тие дома дечковците и така натаму
     
    На Tajnaotrovna, LejlaD, eli25 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    28.549
    Ама и ова алгоритмов веќе нема смисла. Веќе е доволно раширен вирусов и во земјава, што не мора да значи дека директно од лице кое било во странство може да се пренесе. А и од каде да знам јас кој сѐ се вратил од странство. Имам информации дека многу лажат дека биле, само за да не бидат во карантин. Дури лажеле и за тоа дека правеле тестови и биле негативни, а не ни направиле.
     
    Последна измена: 4 април 2020
    На Tajnaotrovna, kikin, BloodElf и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Според мене, секој еден што пријавува било каков симптом за корона вирус треба да биде тестиран. Без разлика што симптомите одат во прилог на настинка или грип. Во време на пандемија, тешко е да направиш разлика, онака од око, посебно затоа што Covid-19 е нов вирус и никој не е начисто со него. Не дава само респираторни потешкотии, има луѓе што имаат пројавено и гастроинтестинални симптоми.

    Не знам колку е изводливо тоа, ама со подобра организација верувам дека може да се постигне. За почеток, тестови за Covid-19 да се набават и во другите градови, не само во Скопје. Верувам дека бројот на заболени е многу поголем, од тоа што се прикажува. Ама секаде во светот е така, не само кај нас. И од една страна е океј, во спротивно верувам дека паниката би била минимум 10 пати поголема од паниката што владее сега.

    Во Скопје треба да се превземат построги мерки, бројот на заразени секојдневно расте. Без разлика што станува збор за главниот град на државата, луѓето таму заслужуваат да бидат заштитени. Јас би препорачала, излегување само по потреба, еден член од семејството.

    Во Куманово, ги поддржувам новите мерки, но мислам дека требаше малку порано да биде известено населението за истото. Вака, во период од 2 часа, во целата таа паника, сите излегоа по продавниците, да купат нешто за да преживеат, без разлика дали имале или немале дома.
     
    На kikin, BloodElf, темјанушка и 6 други им се допаѓа ова.
  16. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    Ама зошто упорно се врти еден исти муабет.
    Секаде, ама апсолутно секаде низ светот, има недостаток на заштитна опрема.
    Секаде е истата процедура за на доктор во моментов.
    Јави се на телефон.
    Ако имаш симптоми, ти кажуваат да седиш дома.
    Ако ти стане ептен лошо, пак звониш.
    Тие решаваат дали ќе пратат брза помош по тебе. А тие се доктори, и тие според тој алгоритам, симптоми или кој знае што, решаваат дали имаш шанси или не. Та истото беше и во Кина. Не за џабе им ги заваруваа вратите за да седат дома. Не за џабе ги тепаа по улиците.
    Брутално е, не е фер, ама пандемија е.
    Се штеди на доктори и медицински персонал. Треба време дури да се произведе, и маски, и очила, и се што треба за потребната заштита на лекарите.

    Со недели се труби да се седи дома, да не се рашири, дека ќе е лошо.
    Ама никој не сакаше да поверува што може да се случи. Сите сами себе си се приоритетни, не можеле дома да седат, ова не било фер, она не било фер.
    Она што не е фер тек доаѓа.
    Кажав сто пати, не е фер за тие на прва линија.
    Не е фер за никој, ама за жал, што е, тука е.
    Труби и Витамина со денови, дека лекари тргаат стари од респиратори, за помлади што ''имаат шанси'' да пробаат да ги спасат.

    Требаше да мислиме на време дали е фер или не е.
    Сега е малку доцна за фер игра.
    Во војна се е дозволено.
    А ова е борба за воздух.
     
    На Tajnaotrovna и LejlaD им се допаѓа ова.
  17. babydust

    babydust Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2017
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    1.730
    Пол:
    Женски
    Ова е ненормално и неетички.Го слушав ова на 24 вести.Срамота и жално е во денешно време да не му бидат направени основни дијагностички постапки на било кој човек и за било која болест.Да тргнеме настрана тоа дека човекот бил заразен од корона и не било откриено.
    Човеков е хронично болен.Било каква инфекција кај него може да даде компликација.Следствено на тоа треба претпазливост при секој симптом.Имал кашлица и температура.Не се чувствувал добро.Си има протоколи за работа за секој доктор.Каде се основните испитувања кај човеков?Крвна слика,пририсок и др.Дури и да било обичен грип,што е нормално за ова време од годината и покрај тоа што само за корона збориме,човеков можел да створи бронхопнеумонија и да почине.

    Трагично и жално е ова што се случило.Без разлика на се,секој човек во лоша состојба треба да биде третиран како да има корона додека не се докаже спротивното со тест.Тоа е мое мислење.А исходот понатаму никој не може да го предвиди.Ама барем да има еднакви шанси за секој.
     
    На LejlaD, темјанушка, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.527
    Допаѓања:
    191.491
    На sanjaeva и JuLleE им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    А веќе не се прима денес таа?
     
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.527
    Допаѓања:
    191.491
    Не знам, во западни земји не, пошто старомодна била а и туберколозата ваљда не ја рачунаат за опасна, штознам.:?: