Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.755
    Допаѓања:
    172.976
    Пол:
    Женски
    Ролон не е лична хигиена, ролон е делумна заштита од потење.. не е средство за миење и не е антибактериско средство
    Може и секој ден да се бањаш ама поради пореметување во организмот да се потиш неконтролирано и не ти помага ниеден ролон..и јбг смрдиш по твоја дефиниција ..

    И не, не е иста шансата да се заразиш во Скопје и во Милано. Или Москва.. или Норвешка некаде..
    Како можете да споредувате градови што се жариште со едно Скопје?!
    И можете да миете 60 пати на саат раце и пак да закачите корона.. и да миете еднаш на саат и да не закачите. Се зависи од навиките како на пример една лоша навика што ја имаат многу е гризење нокти.. знаеме дека само со сапун и вода најтешко се чисти под ноктите.. И од областа во која се движите.
    Ништо не ви е гаранција..



    На Guardian прочитав дека 229 се во ептен тешка состојба на интензивна нега во Италија што не е наивна бројка за околу 2500 заболени..
     
    На Rozich, SandStorm, slobodka и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.572
    Допаѓања:
    201.780
    Пол:
    Женски
    Ич не е наивна. Смртноста пораснала на 3.4%. Лошо, многу лошо.
     
    На Alisa22, H.VAGA, glosipgirl и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.755
    Допаѓања:
    172.976
    Пол:
    Женски
    Одамна е над 3% туку никој од форумов не ги пресметувал изгледа во проценти:D па кога некни ставив скриншот од процентите за Италија една членка ми се нафрли дека се пресметувало од целото население бла бла..
    Се судривме кога и реков дека се пресметува од заболените, не е статистика за пушење
    Уште кај 25.02 во извештајот на WHO знам дека пресметувавме со мојов, имаше околу 2.8% смртност..
    Само се глумеше и тогаш а и сега лудило на незамарање:)

    Еве го најдов пдф-то од 25ти по телефонов..
    Screenshot_20200303-202746.jpg
     
    На smile:) му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски

    Ај уште ова..


    Прво, не ти велам тебе дека ти пастираш дезинформации туку други кои се водат по тајм мк и слично.
    Има некои кои одбираат да читаат се, и да веруваат на сешто што е напишано по интернет, одат во маркети и ги празнат исто така затоа што им прднало да веруваат на нашите медиуми.
    Инаку, се извинувам ако се најде навредена но едуцираноста не се однесуваше конкретно за тебе туку веќе спомнав за кои луѓе.
    Има луѓе кои ги мрзи да се едуцираат па го јадат она што се сервира.
    Луѓе читаат се и сешто деновиве, секој можен факинг медиум и креваат поголема паника, плачат и урлат.
    Е, за тие велев.
    Еј кивнав, закачив корона хехе а не ги знаат симптомите.
    Или луѓе кои не одат на доктор кога ќе ги заболи нешто, туку кога ќе им се влоши состојбата а претходно клукале лекови. А ова зборувам за секоја болест, не само за короната. За сите полоши и неизлечливи болести.

    Повторно ќе ти кажам.
    Периодов многу луѓе се вратија авионски и со автобуси од Италија, имаме само во Мкд една заразена 50 + годишна жена.
    И да, од Милано , од Италија која исто така е ризична, и кажав и претходно дека е ризична, и јас сум против патување ама на човек не можеш да му ставиш памет со инка туку ќе си продолжи по свое и ќе продолжи да патува.
    Ќе продолжат и да пристигаат патници од секаде, посебно за Велигденските периоди, и да, немам јас лично отидено на граница туку ме информира мојот роднина кој е цариник.
    Исто така и човек кој отпатува за Германија со автобус и кажа дека на границата си тече сосема нормално.
    Лошо е што не се прегледува секој што ќе пристигне.

    Нели Лили требаше да се откажат патувањата во ризичните земји посебно за празниците?
    Еве денес слушнав дека некои тури ќе одат за Грција и Италија и други места, нели требаше да ги затворат границите?
    Се додека не се затворат, не се превземе нешто луѓе ќе доаѓаат и ќе си одат, ќе патуваат секаде а со тоа на вирусот ќе му дава шанса да се шири повеќе а ние за жал ќе си останеме пред мониторите и ќе читаме за нови случаи.


    Точно, ништо не е гаранција.
    Инаку има некои што се без пореметувања на организмот и повторно немаат лична хигиена, што правиме со тие м?
     
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.755
    Допаѓања:
    172.976
    Пол:
    Женски
    Ништо не прајме. Не знаеме дали имаат пореметување или не.
    Или ти од очи им читаш, па водиш книга кој е здрав а кој болен ;)
     
  6. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Значи очигледно дека хигиената не е најголем фактор ако 50.000 и кусур луѓе се заболени. Некогаш и претераната хигиена дава контра ефект. Таа е пред се за себе, за да се чувствуваме убаво, сигурно, чисто и тн. и за да не му го уништиш денот на другиот до тебе со смрдеа, не за јачање имунитет. Педијатрите од другите земји кои учествуваа на една конференција буквално викаа дека децата треба да играат во кал и да бидат "прљави" за да се ојача имунитет. Да не навлагам во други теми ама мн се труби за хигиената, да има нечисти луѓе ама па не и дека сите се. Културата, кашлањето во другиот 70% од луѓето не ја покриваат устата кога кашлаат, киваат во рака и се бришат од нив и од автобусот или дрвата у мало... тоа е поголем проблем.
     
    На candy.cane, Lolipop23, glosipgirl и 6 други им се допаѓа ова.
  7. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.445
    Допаѓања:
    38.461
    Пол:
    Женски
    Советот за миење раце е за да не се пренесе ако сме фатиле површина со вирусот. А не како заштита целосна. Исто има и препорака од СЗО да не се допира лицето, носот и устата. И миењето за во случај да сме фатиле површина со вирус, треба да е со сапун и над 20 секунди за да се уништи вирусот.
     
    На candy.cane, slobodka, adventurous и 3 други им се допаѓа ова.
  8. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Дастче бе, имам растено со нив, имам одено на школо со нив, леб имам делено со нив, имам седено на училишна клупа со нив, едноставно не користат, не сакаат а не дека имаат пореметување. Им пречи на сите, не само на мене. И не сум ги избегавала, не сум ги напаѓала ама едноставно незгодно е чувството од таквата миризба.

    Тие со пореметување се посебна приказна, немам ништо против нив ама јаз зборувам за други кои се свесни за својата нехигиена.

    Баш пред некој период моја мажена другарка дојде во бутик кај што работев со својата ќерка.
    Детето нејзино извалкано од глава до пети оваа абер нема да го среди.
    За пари има, не дека нема, ама не се замара, не се замараше и во школските денови, имаше најубава коса, и најубаво мирисаше ама имаше периоди каде што воопшто не внимаваше, што дури и професор и пререче.

    Додуша не е мој проблем де, ама неубаво за гледање е.
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.445
    Допаѓања:
    114.733
    Пол:
    Женски
    Не зборувам за овие што се во крантин. Туку тие што се дома зашто имаат дома нркој кој патувал во Италија по препорака на влада да не одат на школо, работа итн.
     
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Никаде во светов не е така. Не може сите што патувале да седат во карантин затоа што не е можно едноставно. Животот не може толку да запре. Не се сите заразени, знаеш колку луѓе одат и идаат од Италија? Илјадници, секој ден. И пак има само еден случај до сега. Кулирајте
     
    На KuklickaSk, lovestoneddd, smile:) и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    1.980
    Да ја прекрстиме темава во Одржување на хигиена а? Конкретно во овој случај што се препорачува често миење на раце не е за хигиена туку заради пренесување на вирусот, што нема врска едно со друго. И еве јас на пример - мијам раце обавезно после секое одење во тоалет, маркет, автобус и други активности каде што нормално е да се измијат раце. Во овој период мијам зачестено, во смисла после факање на квака од врата на работа или друга површина што можно е да е контаминирана а притоа мислам дека е можно да се допрам за лице или слично. Нормално не можам на 30 секунди да мијам раце, ама сега повеке сум свесна во времето измегу да не се допирам на лице, што инаку знае да ми се случи.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.445
    Допаѓања:
    114.733
    Пол:
    Женски
    Јас најмалку паничам верувај :)) Не е толку страшно за да се крева паника.
     
  13. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Жално е ако има луѓе што дури под закана од епидемија или пандемија ќе се натераат да мијат раце. Ако ништо друго, барем станаа посвесни за тоа.

    Да не се изложуваме на непотребни ризици, тоа да. Ама дека ќе седам дома од страв, мало морген. Животот си тече понатаму.
     
    На senjorita-v, adventurous и bicycle им се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.538
    Пол:
    Женски
    Бројкава 2502 заразени вкупно се однесува на целокупната бројка на заразени лица од почетокот на самата епидемија, а бројката 2263 е бројка што се спомнува и е за 23 % поголема од вчера е бројка за која што собираат и вадат лица што веќе оздравеле од вирусот.
    Иначе официјална бројка е 2502 вечерва, од целокупно заразени, а вчера изнесуваше 2200 и нешто чинам.

    80 мртви, некаде спомнаа дека не се сеуште официјално знае дека луѓево умреле од корона, дека чекале да потврдат а тогаш ми е прашање зошто ако не се сигурни ја пишуваат бројкава? Мислам дека сами со себе не се сигурни што зборат ама ај, или пак играат карта за да не се паничи.
    Починатите биле луѓе од 55 до 101 година. Пак спомнуваат дека имале претходни патологии.

    Заразено во бергамо бебе од неколку недели, било критично, но сепак имало поголеми шанси да се избори од возрасен човек. Ви личи веродостојно објаснувањето? На мене не.
    Ќе се изборело, не било на апарати самостојно дишело.


    Да се избегнат сите манифестации и спортските за 30 дена.

    Во моментот процентот на оздравени врз основа на заболени бил 6, 3 односно 160 лица од над 2500 заболени севкупно а смртта 3. 15 од севкупна бројка на заразени.

    Активниот корона вирус во моментот е врз 2263 особи, односно 23,3 проценти поголем од вчера, 1835 бил вчера, од оваа бројка 229 се на интензивна нега, 1034 се хоспитализирани со симптоми и 1000 се дома. Околу мртвите како што кажав погоре велат дека биле од 55 год до 101 НЕКОИ со претходни заболувања. Ајде сеа нзс?
    До сега беа сите сега се НЕКОИ.

    Ова се сите официјални инфо, постот е таков каков што е бидејки до сега преведував ред по ред она што е важното.

    За крај, конфузни се дефинитивно со изјавите, се ми се чини дека забораваат што имаат некажано или повистинито речено ИЗЛАЖАНО.

    Ме сомрзи да читам има милион статии и вести.
     
    На Dust, christinnn, dayla и 4 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Тука (Холандија) по препораки не ги ставаат во строг карантин заболените. Им дозволуваат да се движат и да си пазаруваат, само да носат маски и да не остваруваат близок контакт. За ден-два по појавување на првиот случај имаше преку 1000 луѓе тестирано.
    Тука информациите се дека не е заразен ако нема симптоми затоа што се пренесува преку капки (значи од кивање, кашлање, преку очи). Затоа е препорака МИЈТЕ РАЦЕ, не се ракувајте, гушкате, бакнувајте беспотребно.
    Во просек едно лице заразува 2-3 други. Значи најкритични се најблиските.
    Во Германија, сестра ми се уби од кашлање. Ја прашале само дали била надвор од државата. Не била, не била во близок контакт со никој што има корона - не ја ни тестирале.
    Вие најголеми експерти тука :)
     
    На JuLleE и Stephen Amell им се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.538
    Пол:
    Женски
    Уште една многу важна информација.
    Screenshot_20200303-232635_Samsung Internet.jpg
    Смрт од 3, 4 % не е инфлуенца!!

    Светската здраствена организација во џиневра изјавила дека смрта на корона вирусот изнесува 3.4 проценти на глобално ниво што значи дека не е инфлуенца бидејки од инфлуенцата умираат 1 процент на глобално ниво, сега со повеќе информации во рака од вирусот можеме да кажеме дека не е сарс ниту мерс ниту пак инфлуенца, корона вирусот си е засебен со засебни карактеристики.

    Корона вирусот е сезонска инфлуенца, истиот предизвикува респираторни проблеми и се пренесува преку капки од плунка, НО има важни разлики меѓу овие инфекции, првата е дека корона вирусот се пренесува побрзо од инфлуенцата и поефикасно, второ, носи потешки заболувања од инфлуенцата и да го ставиме фактот дека против инфлуенцата имаме сите имунитет а против короната немаме воопшто, бидејки ниту имаме некакви антитела многу сигурно е дека сите ќе се заразиме за разлика од сезонската инфлуенца веќе постоечка со години наназад.

    Се надевам дека добро преведов :sweat:
     
    На adventurous, slobodka, emiliana и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Не сакам да кревам паники, меѓутоа ако вирулентноста на коронава е екстремно висока, што со оние преку 200 патници од северна италија кои го поминале табановце изминатава недела? Ова беше на вести.
     
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Пред саат време излезе дневниот извештај на СЗО.

    Италија 347 новозаразени, а вкупно 2036.
    Франција 91 новозаразени, а вкупно 191.
    Германија 28 новозаразени, а вкупно 157.
    Шпанија 69 новозаразени, а вкупно 114.
    Ј. Кореја 600 новозаразени, а вкупно 4182.
    Сите овие со локален пренос :(

    А на кинезиве капа им симнувам како го држат под контрола. Имаат само 130 новозаразени и покрај тоа што имаат вкупно 80 304 заразени.
     
    На emiliana, Feminka22 и smile:) им се допаѓа ова.
  19. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.207
    Допаѓања:
    77.481
    Пол:
    Женски
    Сериозно веруваш на бројката од 130 "новозаразени"?
    Свесен ли си дека во Кина е диктатура и бројките што ги даваат уште од почетокот на јануари се лага, намалени едно дваесетина пати?
    Знаеш ли дека само ако си тестиран, потврден случај, хоспитализиран и умреш, се броиш во листата?
    Болниците се преполни уште од средина на Јануари, сите што умреле дома без тест и терапија не се бројат, а нивната бројка е веќе шестоцифрена.

    Инаку да, Кина супер се справува со короната.

    Ова е само почеток.
    Нема место за паника, оти од паника фајде нема.
    До крајот на март ќе има по 50тина илјади во секоја држава.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    88.461
    Пол:
    Женски
    Ова што го опишуваш за Холандија е ноншалантно однесување кое Италија ја чини многу.
    Истото се правеше и таму,па дури и поопуштени беа.
    Размерот го гледаме,а идната недела односно после 14 ден може да биде уште полошо.
    Или има карантин или го нема .
    Кај нас во сите екс ЈУ републики следат препораки и протоколи.
    Школски.
    Можеби затоа во моментов не е ниедна држава Италија.
    А Словенија на чекор е до нив.
    Во Хрватска 1600 луѓе се во домашен карантин превентивно.
     
    Последна измена: 4 март 2020
    На SandStorm, Konfetka, Dust и 5 други им се допаѓа ова.