Очекувано е. Тек заразата ќе завземе многу поголема обемност насекаде. И да, читав и јас некаде дека точната бројка не се кажува. Дека има многу повеќе заболени. Тек па колку луѓе не знаат дека имаат ехеее, плус овие у доброволен или подобро кажано што им веруваат дека седат во карантин што мислите дома седат. Ахам.
Читам им бегале пациентите па праќале војски по нив да ги соберат, еден воз во фриули сопреле денес да соберат заразен од возот, во друг регион еден побегнал па праќале војска по него му се јавувале и молеле да се врати у болница. И биле у карантин аха биле како па да не Не за џабе се шири заразата толку брзо.
Сега пред околу пола саат на твитер имаше словенечкиот министер за здравство. Во Љубљана е,од Мароко се враќал преку Италија.
Вознемирувачки е што цел свет виде што се случува со Кина и како реагираше Кина и пак се релативизираше проблемот, као демек грип е, шо се замарате. И сега лабавко за Велигден ќе ни дојдат од Италија.
Денешен извештај на СЗО. 4 нови држави: Полска, Украина, Чиле и Аргентина. Бројката на новозаразени надвор од Кина е рекордна (2103 во последни 24 часа). Италија има нови 466 денес и заедно со Ј. Кореја се со најбрз растеж на заразени во светот. Италија од утре ги затвораат училиштата и факултетите и сите јавни собири.
Пријтели кои што живеат во Италија се скоро сигурни дека бројките се малку нашминкани.. Викаат дека според нив има сигурно преку 10.000 заболени И да - тоа Е шпекулација. Само сакав да кажам дека самите италијанци си кажуваат дека не се справува нивната држава добро со кризава, затоа и се сомневаат дека бројката е три пати поголема.. СЗО ... остајте го СЗО .. Тие што се лесни случаи можат воопшто и да не ги пријават, секоја држава си одговара за себе.. На страна шпекулациите од погоре.. Интересна ми е бројката на тешки случаи во Италија, оние што се на интензивна нега. Дури 10% од населението што е заболено е во критична состојба. Огромна шанса има пола од нив да завршат фатално штом се на интензивна. Барем од тоа што го кажаа досега, од короната т.е од тоа што короната го прави на белите дробови дури и да оздрават, ќе имаат големи потешкотии понатаму.. Само да се надеваме дека нема да се намножат случаите во МК ..и дека до Велигден ќе се намали бројот на активно заболените во Италија
@Dust мислам дека Велигден е далеку и дека ќе пркне пред тоа. Прееска на пресот Филипче кажа дека летовите од Милано и Венеција ги пречекувале со прашалник и со флаерчиња. Не учиме од претходните грешки. Зарем не сфатија дека може да се излажат тие. Само ние курнази изиграваме додека другите затвораат граници или забрануваат летови. Увек сме спремни...па на крај се по*еруваме.
Јас и маж ми одлучивме да се вратиме дома некој месец додека не видиме што ќе се случи, знам дека шансите у Мк да са заразиш се реални и секако сме помалку спремни здравствено отколку тука, ама сакам да сум со фамилијата и се плашам дека ако не се вратиме ќе стане сериозно и ќе заглавиме тука е дури тогаш ќе умрам од срце. Само се молам до крајов на месецов да се издржи. Не знам што да мислам, во еден момент сум испаничена, а во друг си велам ќе помине, како што беше и со птичии грип и слично. Свадба правиме во Април, се надевам дека нема да пропадне ја чекав 3 години.( секако дека ова не е најбитно, да не ме сфатите лошо, само мене ми е битно многу.)
Па и не е многу далеку велигден, месец ипол е.. Ако до 2 недели се потребни за да покаже дали имаш вирус а секако во Италија бројката иде само нагоре и тоа секој ден се повеќе случаи од претходниот.. не верувам дека ќе се средат до тогаш
Во Лондон, нема сега за сега заразени многу, 53 во цела Англија, ама Лондон е светски град и полн Италијанци, некои се вратија од одмори скоро, некои енос одат, јас работам со 90 посто италијанци и некако ме загрижува тој факт.
Букирај на време, ќе затворат граници наскоро. Бројката денес беше 87, ама до недела 400 ќе појде. До наредната да не зборам. Секако повеќето од објектите ќе ги затворат, над 100 се веќе затворени. Јас уште се мислам што чекор да преземам
Не знам, ама јас сѐ очекувам Тука тешко даваат антибиотици, ќе биде весело. Планот на Џонсон е добар, само да даваат лекарства на луѓето. А докторите ќутат
Не реков дека се забранети, ама тешко препишуваат. Во Англија е вака. И во други држави во северна Европа иста прича.
Има ли некоја членка од Италија,каква е состојбата таму? Овде слабо информации некои даваат,само она што читам и гледам од мак медиуми знам.