А што се бремените поинакви од другите жени? Сите сме исти, сите на ист начин можеме да се заразиме, не е дека бремените се заразуваат без контакт со короната... https://www.cdc.gov/coronavirus/2019-ncov/specific-groups/pregnancy-faq.html Pregnant women should engage in usual preventive actions to avoid infection like washing hands often and avoiding people who are sick.
@vitamina Што велат италијанските медиуми,каква е состојбата,претпоставувам не е препорачливо да се патува таму?
И јас тоа се плашам, мм треба да се врати на 19ти март преку Манчестер, ми е страв да не ги укинат летовите. Ако дознаеш нешто ново сподели те молам.
Мини, врати се наназад имам пишувано многу, пролистај неколку страници или оди на моите мислења кликни и читај ги. За да не се повторувам
Ау колку брзо се шири. Вчера Венко на прес го слушнав рече 4 во Атина 4 во Солун дека има со корона...
На службено ниво- патувања во Италија ни се, да речам забранети, на државно ниво - Италија се смета за критична област. Не ти требаат италијанските медиуми, види останатите што велат: The highest level — Level 4: Do Not Travel — has been applied https://eu.usatoday.com/story/trave...el-restrictions-italy-south-korea/4914822002/
23 имаат додадено на тие од вчера.. ќе видиме после сзо со каков извештај ќе излезе ама ете и босна си ги заработи првите два случаи па дури и јужно африканската република еден.. Нема да ме чуди италија да излезе денес со бројка +400-500 случаи..
Јас ко да прочитав дека им откажале агенциите. Може и грешна информација. Не знам бе, мене пари да ми даваат сега таму не одам.
Море да знаеш колку ми е страв кога гледам како се шири со брзина на светлината ама ај. Да бидеме оптимисти, а корона а грип.
За заразениот во Америка, што не бил во контакт со заразен ниту пак патувал, не е ли можно да бил во контакт со заразен што не покажал симптоми?
Штом има случај во Словенија како земја каде хигиената и воопшто свесноста на народот е на многу високо ниво, значи навистина станува ризично и патување во незаразени земји затоа што ако продолжи вака во сите држави ќе го има вирусов. Инаку Филипче изјавил дека бил во контакт со конзулот во Италија за македонски граѓани доколку сакаат да се вратат тука, да биде известен. Не знам што да речам на ова. Од една страна имаш држави кои го намалуваат бројот на летови кон Италија поради превентива, а од друга страна ете сме ние да си прашаме ако сака некој да дојде. Буквално ова иде ко покана да им испраќаш да ти дојдат. Океј, се согласувам дека е добро да е известен кој од каде иде и слично, но пред се' да се нагласи дека би било пожелно барем сега во ек на заразава да останат каде што се. Секако кога ќе започне да се намалува бројот на заболени и кога ситуацијата ќе се стави под контрола, никој не им забранува да шетаат. Најново инфо за кај нас е дека пациентката била тестирана и била негативна, што значи дека била во процес на опоравување. Тестовите на двајцата странци исто биле негативни.