Тоа би значело дека се пренесува и асимптоматски. Пишуваа дека шансите за тоа се минимални или може уште не знаат. Во Италија ситуацијата е излезена од контрола. Ако воопшто и била под контрола. Може се веќе и на левел 4 на мапа. Не сум проверила СЗО дали излезе со нови бројки, ама ги прочитав Германците, се искачија на околу 400. Инаку пишуваат и дека вакцината ќе биде достапна од наредната година, а медикаментна терапија е можна за неколку недели. Für die Infektion mit dem Coronavirus werde erst etwa in einem Jahr ein Impfstoff auf den Markt kommen. Mit Medikamenten zur Therapie der Covid-19-Erkrankung rechnet Wieler aber bereits in wenigen Wochen. Ова за вакцината од тука: https://www.merkur.de/welt/coronavi...berlin-epidemie-pandemie-zr-13569085.amp.html Иначе кружат муабети (непотврдени) дека е сезонски. Сериозно се надевам дека е. Ми умре надеж за вакцина во скоро време.
Денеска рекорд.Многу нови случаи во Италија. Најмногу досега,иако нешто не штима со бројките, 41 умрени во еден ден. Втор најголем раст е Германија. Владата треба да размисли за допирање на воздушен сообраќај со Италија и Германија. Хрватска го подигна нивото,на опасност од епидемија. Исто би требало да не дозволат да има публика на натпреварот меѓу Мк и Косово Многу луѓе ќе допатуваат од Албанија и Косово,а дел од нив се дојдени од Италија/Германија.
769 новозаразени во италија.. И уште мислите дека не е сериозна короната Допрва ќе станува сериозна во европа, 351 денес се критични..вчера беа упола..
Мажот ми треба за 2 недели да оди Хрватска, многу се плашам. Не знам кај да го пуштам во изолација ко ќе се врати. Италија страшно брзо се шири, и многу мртви.
Ова прикажаното во Италија треба да се помножи х 10 ако не и повеќе,да се добие реална бројка на заболени. Германија има исто многу голем скок,а на почеток се.
Јас ви велам едино решение е тоа. Укинување летови за загрозени држави, карантин за секој кој влегува, без разлика дали има или нема симптоми. Е сега да, реалноста е друга, а и капацитет за карантин баш за секој, тешко. А вака ми се чини како идеално решение, барем да се држи под контрола. Убава бајка. А што стана со Сарс дали некој памети? Не го памтам многу периодот. Од Сарс и Мерс имаат многу информации. Овој се смета за позаразен од Сарс, ама чинам Сарс е поопасен. Него ми е прашањето, дали го дефинираа Сарс како сезонски. Оти само еднаш се појави. Статистиката во Италија е страшна. Многу жално. Стварно се надевам дека ќе се смири. Чудни ми се бројките искрено и голем процент на смртност. Како вака им излета од контрола, не знам. А само 2 месеци е во напад. Страшно.
Истото го викаат и моите пријатели во италија уште пред неколку дена викаа дека има барем 5000 а сега другар ми ми вика - ако веруваш европска кина ќе станеме.. И му верувам, затоа што со луѓе работи и жена му со илјадници на ден е во контакт.. само што им рекле на нив дека од понеделникот тоа што можат од дома да го работат - само тоа ќе се работело и да не се појавувале на работа .. И еве 4 дена се дома. Така да, мислам многу е пострашно од што го прикажува италијанската влада.. И не им е во ред тоа еднаш на ден што апдејтираат...Делува како кој знае што да кријат
лажат кај нас дека само 1 случај има на корона.КАКО Е МОЖНО ГРЦИЈА ОД 1 ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 31,Грузија од 1 на 4 само ние на 1 случај останавме ....кого го дриблаат не ми е јасно?! мислат дека глупи сме да веруваме или шо!?
А во Белгија беше само еден случај меѓу 1ви февруари и 1ви март. Еден месец. Не дигајте паника без врска.
И јас го мислам истото, дека не е можно да остане бројката на 1. Ме направија параноична луѓево (не овде, со пријателки зборев) и си поќутев. Не мислам дека сум параноична, не паничам, ама не ми е баш веродостојно бројката да стагнира кога во Италија и Грција толку брзо се шири. Кажуваат нешто на вести? Никако да ми текне да пуштам на време за да слушам, немам навика да слушам вести.
Далеку сме ние од Белгија.Ние немаме свест ко првин, ај бе шо ми е гајле ќе кивам,ќе кашлам нека се заразат и други. @Mishela денеска двајца Американци кои престојувале во некој хотел на ул.Македонија ги тестираа и као наводно резултатите беа негативни.....лажат сушат....
Не гледам причина зошто би лажеле Мишел, никој нема корист од тоа да се манипулира јавноста со вакви осетливи теми
Верувај дека нема врска напишаново зашто има народ од кај сакаш и тоа еден куп, со свест иста или полоша од нашата. Башка сто пати поголем проток на народ, што од Европски земји што тука работат, што туристи, посебно од Кина и други делови на Азија. Нема правило, пак ќе речам - нека не се шири паника.
Колку е поминато од првиот случај? Или уште е инкубација, или е ко Филипче што рече поминат периодот на пренесување ко патувале со комбето.
@Kimberly11, ни Корона не сака да седи кај нас Мала шала. Денеска излегле негативни резултатите на двајцата странци што ги тестирале. Мирна е состојбата, нека остане така. Добро е тоа што кај нас нема многу туристи, релативно мала фреквенција на луѓе, мислам дека и тоа помага донекаде. Во видов и ова денеска, во контекст на заштитата од вирусов. Stay safe and don't panic
Така, исто не гледам причина зошто би лажеле баш до толку. Не сум фан на теории на заговор. Само ептен ми е чудно зошто кроти, ко во грч сум дека ќе буфне од некаде. А што се однесува до мене, ич не ни мора да се шири ми се смачи короналудилото.