Се препорачува избегнување масовно собирање на луѓе, а за децата во училиштата никој ништо не превзема. Подобро е да ги пуштат дома две недели, отколку да се чека да дојде сериозна ситуација.
Карантин после 24141 денови неадекватен приход на коронава. Како ќе ја прогураме до крај не знам, ама знам дека мораат да си седнат и реформи да си направат и во здравство и во политика. Eве отприлика како иде пропорционалноста во заразување Статистиката вика вака: САРС 8,098 случаи, 774 смртни случаи, смртност 9,6% Корона 97,885 случаи, 3,348 смртни случаи, 54,140 се официјално оздравени. Смртност 2,4% чинам беше. Не е САРС, не е ни Ебола, ама ич не е за потценување. Посебно ако последниве денови се индикатор. Идеална утопија ќе беше затворени граници од сите ризични подрачја, освен со заштитна опрема на увоз и извоз на најпотребните ресурси, ама како што рече ти, убава бајка тоа би било. Илјадници долари се платени стручњаци од СЗО, од напувани health organizations, една едина квалитетна солуција немаат дадено.
Има солуција, изолирај се сама дома под карантин, никаков контакт со луѓе, така едно 75 дена. До тогаш ќе помине збркава со короната. И како тебе уште 80% од населението на планетата да се изолира, и еве, решение имало
Нема гаранција дека летото ќе го уништи. Предноста со жешките температури е дека луѓето не се бутаат многу во затворени простории, а и тоа дека UV зраците го уништуваат вирусот кога е на надворешни површини. Но ако некој ти кивне, искашла, те прегрне, се поздрави со тебе и сл. пак ќе те зарази. А овој вирус е полесно пренослив. А и кога ќе биде лето кај нас, на јужна хемисфера ќе биде зима и ако летото му смета, тогаш таму ќе се шири, па на есен пак ќе ни дојде Затоа е најдобро ние да си ги превземеме сите мерки за заштита, а ако летото помогне, тоа нека биде гратис.
Ама нема врска дневниот извештај на сзо еве не знам колку пати гледам по ред дека се грешка, денеска бројката на умрени е 147 или повеќе беше? Исто и претходно не даваа точни податоци.
Друже твоите другари од СЗО нешто страшно усрале со извештајот бидејќи им е БАЈАТ како вчерашен леб.. Од 6 попладнево бројката не е таа http://www.protezionecivile.gov.it/documents/20182/1221364/Dati Riepilogo Nazionale 5marzo2020/a529828b-0bf0-4d5b-ad66-4669d3635a24 Поточни информации има на линков, отколку на СЗО. Плус па се и ажурираат нон стоп. https://www.worldometers.info/coronavirus/#countries Во Германија веќе има скоро 550 а бројката на сзо е таа од вчера 262, а денес има уште 283 нови..
Сите летови на Рајнаир накај Италија се откажани и тоа до 15 Април мислам. Треба во рок за една недела да ми ги вратат парите. Рим ќе го посетиме друг пат. Преска слушав на радио додека го носев детето во градинака. Во Германија зборуваше познат виролог од Шарите дека ако почнат да го ставаат персоналот во карантин како контакт личности ќе крахира целиот здравствен систем.
Не знаат да се справат. Како да сме во 30-тите. Статистиките се ужасни на дневна база. Најлошо од се, е што населението го потценува вирусов, односно, движи по црвени зони и има транзит летови низ истите. Не знам како не се плашат да патуваат. Стварно не знам. Да сме бар малку свесни, ваков ризик да не преземаме, можеби нема да се шири толку на глобално ниво. Кој пиша погоре не знам, ама во право е за нашите од дијаспора. Еве сега со другарка зборев, вика страв ми е, ќе се враќам. Искрено мене ми е пострашно да патувам, отколку да останам таму кај што сум. Никогаш не се знае со кого ќе се затекнеш на аеродром или во авион. Колку и да се внимава, се може да се случи. Точно и на улица може да се задеси свашта, ама статистички најмногу се пренесува во гужви и при патување. Сзо не ажурира податоци. Неколку дена горе доле, стистиката е иста. Оваа статистика на даст е подобра. Само мене не ми е јасно, во некои држави има голем број активни случаи, а мал број опоравени. Па колку време држи вирусот, аман.
И така и така го пишуваат на Англиски. Виетнамците преферираат Виет Нам, па во последно време се' повеќе така го пишуваат, од почит.
Имало многу наши од Италија и Германија што сакале да си дојдат дома во Мк од страв Инаку почнува вирусов да прави штети во фирмите, скоро и не е запрена нашата фабрика бидејќи имаме материјали што се набавуваат од Кина, а таму не работи никој се е затворено и не испорачуваат ништо Исто и кај сопругот веќе и се запрени со работа...
@Lianna Anna луѓето се за ќотек. Јас не би ги примала назад во државата, штом решиле да одат во портокалови/црвени зони. Гледам понудите за 8ми март и од наши и од српски агенции стојат, уште и со "сигурна реализација". На "западот" луѓето си патуваат, посебно младите. Ич не им фуфка. Оправдание: "па секаде можеш да се разболиш". 900 студенти од едно fraternity тука се спакуваа претходна недела и отидоа на скијање во северна Италија. 900! Сега во недела треба да се вратат и властите буквално со нив треба да се замараат, затоа што им се може. Труе од привилегија... Богати 20 и нешто годишни размазени маженца си решиле да се прошетаат, оти ич не им туфка. Будали.
Германија во паника, поскапеле и кај нив средствата за дезинфекција. Го потценуваат вирусот, сметаат дека е обичен вирус и дека само медиуми креват паника. Моментално се зборува само за Европа. Кина ја заборавија. Италија потфрли и затоа толку заразени има. И јас кога ќе ја отворам темата паничам. Вака ќе биде, онака ќе се случи. Паниката е лоша работа. Инаку и Словенецот патувал во група
Со дм вчера гледавме видео каде Кинезите сами си го ширеле вирусот со тоа што плукале по лифтови и јавни врати,маските ги плукале па бришеле површини.