Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    14.138
    Пол:
    Женски
    Требаше да биде подобро регулирано ова до кучињата.
    Секој може да земе малска џукела да шета колку да се прошета.
    Документи за кучето да треба да се носат.
     
    На Mrs. Lovett, bicycle и Annora им се допаѓа ова.
  2. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.372
    Допаѓања:
    6.995
    Пол:
    Женски
    Во ред е да имаат потреба, секое дете сака да излезе на воздух, да си поигра во парк, претпоставувам дека нервоза ги фаќа по дома и нив, ама ако им дозволат на сите мајки со децата да излезат, пак се враќаме на старт и ништо не сме постигнале. Ќе се издржи. Тешко е, ама ќе помине.
    Додека вие со домашни миленици кои вршат нужда надвор, немате избор реално.
    Само се надевам ќе им оставите храна на уличните животни на излегување, за нив ми е најмногу жал. :(
     
    На ohlalalala, Doozy, Miss666 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    Нормално дека и тие од улица ќе бидат наранети сепак пола саат е , се има време и за тоа.
    Само убаво што направија како во Бутел, ставија насекаде за храна и вода да можат сами да си јадат кутрињата кога ќе посакаат. Тоа е добар старт, се надевам дека секаде ќе биде така низ земјата, не само сега додека е вирусот, туку и за понатаму.
     
    На ohlalalala, cresa-jagoda, rainbowmama и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    Никој не зема како шо ти ги викаш маалски џукели да шета.
    Тие душиња има кој да ги рани, туку така не одат кај секого..
     
    На ohlalalala, cresa-jagoda, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    А тие што се на домашно лекување? Од нив оздравени нема? Хм....
    Ги кажуваат само тие што се хоспитализирани.
    Чудно!
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    61.622
    Пол:
    Женски
    Некој изгледа има премногу слободно време па темава се полни со глупости. Има некој кој сака да ја отвори и да се информира, не да чита како некој си пополнува време. Дај пишувајте и споделувајте корисни информации, слободното време посветете го на себе, тука секогаш има работа.
    Има некоја информација за денес за ново заболени?
    Убав ден
     
    На ohlalalala, HaleemO, Fifi84 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    3.555
    Пол:
    Женски
    Точно. Имам и куче и мало дете, и нормално дека шета само кучето со мм. Јас сум бремена и си седам со син ми дома. Кучето е 11 години до сега ни еднаш нема вршено нужда во стан.
     
    На ohlalalala, cresa-jagoda, Mrs. Lovett и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.738
    Допаѓања:
    200.774
    Има оздравени, мислам вчера 7 беа.
    Ама нив никој не ги кажува.
    Или ги кажуваат, ама не се во насловите.
     
    Последна измена: 7 април 2020
    На Bunny2, CameliaMiller и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  9. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Чекај, чекај.
    Сега ако играме по истите правила по кои ти играше пред некој ден, значи дека ти инсинуираш дека сите мајки кои не ги изнсуваат децата надвор на воздух, а ги држат дома за нивно добро, се немајки?

    Знаеме сите што му треба на децата Камелија, впрочем тоа што го наброја погоре не му треба само на децата, на секој човек му треба.

    Ама ниту еден родител не сака да има болно дете крај себе, така да чувањето деца дома во овој случај може само животот да му го спаси на децата.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.284
    Допаѓања:
    39.812
    Пол:
    Женски
    Додека мајката иде на работа, повремено во маркет, аптека, банка, детето е најбезбедно у 4 зида.

    Слушајте и наши епидемиолози, стручњаци, не ги будалејте децата, секогаш кога дозволува времето, водете ги негде понастрана да се истрчаат.
     
    На MamacitaBuena, CameliaMiller и LivingGlam им се допаѓа ова.
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.872
    Допаѓања:
    42.530
    Пол:
    Машки
    Вчера кажаа 4 оздравени од Дебар што биле на домашно лекување.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Еве поучно видео за вкрстена контаминација или заразување.
     
    Последна измена: 7 април 2020
    На cresa-jagoda, referentka, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  13. тп18

    тп18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    252
    Полицаецот починал од тромб и не бил позитивен на корона. Лага е.
    Вториот од Куманово што почина вчера во 8ми септември, е починат од срцев удар.

    Две хигиеничарки и една мед сестра од Козле, се во карантин.
    Резултати ќе добијат утре.
    Сите три се добри и немаат никакви потешкотии.


    Информациите ви се од прва рака.
    Денес пред 8ми септември има редици на луѓе кои чекаат да им биде измерена тт и да пополнат анкета.
    Трудниците од денес т.е утре веќе нема да се примаат тамо.


    Погледнав некое видео ( да го најдам линкот во хистори), дека во Италија минатата недела починале околу 400 луѓе од/со корона. Останатите бројки биле од срцеви заболувања, канцери, сезонски грип ( 1600) итн.
    Истото гледам и се случува кај нас.
    Не знам колку е вистина тоа, но сепак сметам дека е вистина.

    Друго нешто што е многу битно во целава ситуација е што оние со МС поради високите дози на витамин Д3, се многу заштитени и многу лесно ја поминале короната. Возрастите се различни.
    Така да, пијте витамин Д3 во малку поголеми дози.
    На пр Вигантол по 7-10 капки дневно. И намалете со млечни производи.

    Исто така сум прилично сигурна дека доколку кај нас се рашири поприлично овој вирус ( паразит), веројатно смртноста би била од 10-15% од причина што сме болно население. И повеќето ќе бидат починати со Корона, а не од Корона.
    Чувајте се и чувајте ги вашите блиски.

    п.с И детето мое сака да шета, ама сметам дека е поважно да го заштита него во изолација како и баба и дедо.
    п.с.с во ниеден хотел условите за храна не се лоши и треба да бидат благодарни што и толкава помош добија, наместо да го шират вирусот дома и по нивните градови. Знаеме колку сме одговорни како нација, па ова беше најдобро решение.
     
    На ohlalalala, Ivan4e04, cresa-jagoda и 14 други им се допаѓа ова.
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.397
    Допаѓања:
    28.358
    Има бебе донесено на инфективна во прилично лоша состојба. Не знам уште што треба да се случи за да се свести народов дека не е заебанција работава.
     
    На ohlalalala, cresa-jagoda, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.742
    како бе бебе? па како се заразило тоа? леле душиче.
     
    На cresa-jagoda, duffi и smile:) им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.262
    Допаѓања:
    205.675
    Пол:
    Женски
    Душиче :( се надевам ќе биде добро.
     
    На cresa-jagoda, Annora, mimiiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.287
    Пол:
    Женски
    Заразата се шири по фирми и колективи и џабе полициски часови кога луѓето заразата си ја носат дома од работа.

    Децата ги чуваме дома по цел ден ама после работа си доаѓаме и го гушкаме детето.:|
     
    На ohlalalala, duffi, Annora и 6 други им се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.742
    Моево е полудено веќе дома :( Јас решив да ја вадам надвор без никакви контакти. Дворот на зградата не е баш мал и тука ќе седиме без контакти. Полициски или не, тоа ми е приватен имот. 10-15 мин да се издува.
     
    На referentka, Chantal, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.336
    Додека некои крај со крај врзуваат периодов, други се бунат што во хотел ги служат ваква или онаква храна. И не беше леб и маргарин. На сликите имаше ребро и компири, на друго за доручек имаше ми се чини варени јајца, виршла и павлака (точно не памтам)
    Ја не викам ете да ги оставеле таму. Сфаќам, не ни е сјајна државата. Сфаќам зашто некој заминал за подобар живот. Во иднина може и јас да го направам тоа. Ама покрај затворени аеродроми, покрај сите мерки, апсурдно е да се буните бе што ви пратија авион специјално за вас да можете тука да бидете. Ај за овие што работеле во странство ок. Ама оние што и покрај сите предупредувања лабавко си заминаа на 8ми Март што да им речеш? Имаше и такви да. Секако ќе ги примиш, нема друго. Или па тие што киднаа за Црна Гора со автобус кога веќе се знаеше каде се' има случаи и се апелираше никако да не се патуваа. ама среќа ги вратија на време. Иначе исто вака ќе цмиздреа ако беа оставени на граница при враќање или каква им била храната во хотел.
    Од една страна наводно да не им пропаднеле парите. Ама сепак стопати се повторуваше да не се оди никаде.

    Туку по фб и некои сајтови ми излегуваа слики деновиве од други земји како по кантите и контејнерите биле фрлани купишта храна, и здрава и расипана, зашто вероватно им здосадило да јадат едноте исто или не успеале да изгнетат све тие што се спремаа за Армагедон, па се расипало и фрлиле. Дур некој шета со очи по празни рафтови, друг купува па фрла храна, и тоа обемно. Среќа кај нас не сум видела да купува некој до толку многу.
     
    Последна измена: 7 април 2020
    На ohlalalala, Macito007, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  20. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.545
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски

    И јас го пуштив на пола саат пред зграда со мажот ми. Нема никој секако. Малку воздух да фати, скоро цел месец е дома. Никаков контакт нема да имаат, гел за дезинфекција во нив и се надевам се ќе е во ред.
     
    На cresa-jagoda, Chantal, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.