Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.793
    Допаѓања:
    135.392
    Пол:
    Женски
    Ама Балканскиот менталитет е поинаков од останатите Европски менталитети.
    На самиот почеток беше кажано дека полицискиот час ќе се зголемува,дека ќе се воведат поригорозни мерки.
    За ова се буните,а тек да прогласат локдаун.....
    Има маркети пред кои нема гужви и во кои нема повеќе од 2-5 муштерии внатре.
    Гужвите зависат и од вработените и од муштериите.
    Спомнав за ДМ што ми е во близина пред некој ден.На објектот си стои пишано дека дозволено е до 10 души внатре,ама само ако држат растојание,ма да чуварот не дозволува ни 10 да се внатре.
    Чуварот не пушта муштерии да влезат ако немаат маска на себе и им напоменува дека пожелно е и ракавици да носат.Пушта да влезат само по 2-3 и тоа откако од објектот ќе излезат 2-3.И една вработена го прска влезот со средство.Кој сака да влезе,мора и гел за дезинфекција на раце да стави.
    Чуварот вика и по тие што стојат пред објектот,да стојат подалеку еден од друг,и да не се повеќе од 5.
    Значи до свеста и совеста е.
     
    На candy.cane и Ahoy им се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.289
    Допаѓања:
    125.607
    Многу починати некако;(
     
    На cresa-jagoda и zhap4e им се допаѓа ова.
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    8.238
    Пол:
    Женски
    Ќе има прес Филипче?
     
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.793
    Допаѓања:
    135.392
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20200407-142336_Facebook.jpg Screenshot_20200407-142347_Facebook.jpg Screenshot_20200407-142353_Facebook.jpg
     
    На cresa-jagoda, Tajnaotrovna и candy.cane им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.343
    Допаѓања:
    227.181
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам -уште ви се шета по цел ден? М?
    Бројкиве како? А?
     
    На Ivan4e04, Mishela, JollyGirl и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.372
    Допаѓања:
    6.996
    Пол:
    Женски
    Па добро е, не е многу висока бројката, да се надеваме дека така ќе продолжи. Се надевам дека сеуште се транспарентни и дека ова е реалната состојба.

    Од друга страна, голем број на починати лица :(
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, eli25 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. тп18

    тп18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    252
    Многу.
    Здравството ужас. Да имаш директен контакт со заболен па да се тестираш. Ужас. Во превод, дојди на умирање и ние само ќе се правиме дека те лечиме и ќе те ставиме во статистика за на прес.
    Абе дно дно дно.
    Во србија веќе нема да се лекуваат дома. Сите заболени ќе мора да се лекуваат во болнички услови. Најпаметно.
    Линк
    https://plusinfo.mk/vo-srbi-a-site-zarazeni-vo-bolnici-nema-ve-e-lekuva-e-vo-domashni-uslovi/


    Од др страна во Англија пак

    Постарите пациенти во Британија се откажуваат од реанимација за да се спасат млади животи
    Лекарите во болницата во Велс истакнале дека постојат големи бенефити од поплнувањето на формуларите.

    Во време на пандемијата од коронавирусот, британските лекари им нудат можност на повозрасните пациенти кои боледуваат од тешки болести да потпишат документ преку кој се одрекуваат од правото на реанимација во случај да бидат заразени од ковид-19.

    Оној што ќе го потпише формуларот автоматски се одрекува од правото на оживување, доколку неговата состојба се искомплицира како последица на коронавирусот, пишуваат британските медиуми.

    „Нема да ве напуштиме, но мораме да бидеме искрени и реални“, пишува во формуларот.

    Лекарите во болницата во Велс истакнале дека постојат големи бенефити од поплнувањето на формуларите.

    Па така, во случај да се искомплицира состојбата на пациентот поради коронавирусот, неговиот лекар, пријателите и членовите на семејството знаат дека не мора да повикаат Брза помош и така да им се остави простор на здравствените работници да им помогнат на младите и на соние кои имаат поголема шанса за оздравување.

    Но, од друга страна, пак, еден пациент рекол дека токму тој формулар го натерал да се чувствува безвредно, а една пациентка која боледува од рак истакнала дека документот го доживеала како предупредување на смртта.

    https://plusinfo.mk/postarite-pacie...od-reanimaci-a-za-da-se-spasat-mladi-zhivoti/

    За болдираното можеби ќе звучам сурово, ама, како мисли некој што има 88 год болен со рак, дека ќе ја преживее коронава и со тоа ќе биде оневозможен некој помад да преживее?




    Е тие генерации кои шетаат како да нема утре, кога ќе им соопштиш дека за нив нема утре, зошто треба млад да се лекува, ќе ги кажуваат истите работи ко оние Британци од болдираниот текст погоре. Зошто упорно не разбираат дека скоро сите од нив се со некоја хронична болест и дека може навистина за нив да нема утре. Баба ми има 94 год, во постела е. Со 2 срцеви удари, шекер, висок притисок и што уште не. Не би да се бунам ако за неа не дојде амбулатно возило. Подобро е дома да си почине, отколку на пат до болница. Додуше не е ни свесна веќе што се случува. Не би било хумано да зафати кревет или респиратот на некој од 50 год или помлад.




    Четири нови смртни случаи од Ковид-19 во земјава
    Алсат2020-04-07T10:17:18+02:00
    Починаа четири нови пациенти заболени од коронавирусот, дознава Алсат.


    Според нашите информации станува збор за пациенти од Куманово, Лабуништа (струшко), Челопек (тетовско) и еден од Штип.

    Со ова вкупниот број на починати во земјава достигна 25.
     
    На rainbowmama, candy.cane, Nigredo Odor и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.868
    Пол:
    Женски
    Прашањето дали познавате некој погрешно сте го толкувале.
    Зборев со докторка на инфективно во Бугарија рече дека у болницата немало ни пола од тоа што го кажуваат на ТВ.
    Не мора одма по чело да се удираш, колешките лептирице. @Peperutce1115
     
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.545
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    @тп18 зошто некој без симптоми или со сосема благи симптоми да го лечат во болница? Кај ни е крајот така, кај ќе се сместат сите? Дури тогаш критичните нема да имаат шанси. Доста веќе со Србија, од Србија ли најдовте пример да гледате.
     
    На Ivan4e04, buba4e89, cresa-jagoda и 16 други им се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.872
    Допаѓања:
    42.530
    Пол:
    Машки
    Да, многу од заболените се на домашно лекување со лекарски инструкции :)
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.084
    Допаѓања:
    276.738
    Дури страв ме фаќа што од нив гледаат.
    Ако такво нешто "смислат" отидовме јабана.
     
    На cresa-jagoda, An-na, Tajnaotrovna и 8 други им се допаѓа ова.
  12. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.868
    Пол:
    Женски
    Да знам за тоа фала.
    Рече дека и лажно клеветеле нејзини колеги дека се болни, со договор нормално.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. тп18

    тп18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    252
    Никаде предходно не споменав Србија, дури и бев против тоа да копираме забрани од нив.
    Ако некој дома е болен од корона, зошто да не е хоспитализиран и да добиее соодветна помош, отколку да седи дома и во последниот час да се носи во болница само за да почине?

    Мислам дека повеќето случаи се поради задоцнета хоспитализација.
    Можеби грешам, ама ова е мое мислење.

    Според бројките кај нас 600 се заразени, а починати 26, значи дека и кај нас е 4,3 % смртност, како што и беше најавено од сзо дека процентот ке се движи од 4 до 5.
    Си помислувам дека овие проценти мора некако да се исполнат.
    Не знам.
     
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.793
    Допаѓања:
    135.392
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам...
    За овде беше речено дека тие што се на домашно лекување имаат лесна или релативно лесна клиничка слика и дека немаат потреба од хоспитализирање.Плус,нивните состојби ги следат нивните матични доктори преку телефон,а по потреба се врши консултација со инфектолог.
    Беше спомнато дека ќе се хоспитализираат само ако им се влоши состојбата,при што ќе биде организиран соодветен транспорт.
     
    На An-na, CameliaMiller и kristina.k им се допаѓа ова.
  15. тп18

    тп18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    252
    Односно кај нас значи на умирачка.
    Можеби за тоа и треба да се хоспитализираат уште на почеток. Можеби грешам, ама за сега ова ми е подобра опција.
     
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Следна недела можно е од четврток да почне до понеделник, вторник. Да се избегне одење по гости, собири по цркви и сл. Ама не знам. Ова се само претпоставки.
     
    На cresa-jagoda, smooch, Tajnaotrovna и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Само погледнете ги во Нов Зеланд, какви луѓе човече. Капа доле, само еден смртен случај, а годишно влегуваат преку 4 милиони туристи кај нив, голем дел од азиските земји! Линк овде

    Накратко, функционираа со 4 нивоа на тревога.

    Прво донесоа план за финансиска помош на сите граѓани, со што го намалија стравот и паниката. Второ ги затворија границите, веднаш, брзо и ефикасно. Трето кажаа дека нема излегување освен за пазарење во маркет или вежбање во близина на домот. И на крај се' затворија на 4 недели, без исклучок.

    Сега се во втората недела и очигледно е дека меркиве функционираат.

    Немам коментар колку се дисциплинирани и совесни.

    Премиерката цело време држи пресови, активна е на социјални мрежи и дури држеше прес за деца... а сега најави дека Easter Bunny е исто така essential worker :D

    Данска исто, полека ќе почне да ги ублажува мерките после Велигден...

    Значи, како да кажам, до народот е.
     
    На Ivan4e04, rainbowmama, TheGoldenPeach и 41 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.084
    Допаѓања:
    276.738
    Грешиш, затоа што е поопасно во болница, него дома.

    Нема никаква логика да држиш во болница некој и да го изложуваш на додатен ризик, покрај основната болест да добие уште некоја, а башка да зафаќа кревет на некој на кој му е попотребен.

    Тие што се хоспитализирани веднаш развиле сериозни симптоми, а нема поента пр. мене нос ми тече само, а позитивна сум, да ме легнеш со некој со пневмонија.

    Ако ги хоспитализираат сите, ќе треба на крај во шатори тоа да биде, и тие што не се сериозни, ќе станат.

    Филипче многу убаво го објасни ова, дека наместо да ги трупаме сите на куп, се следи германскиот модел, каде што се претпочитува домашното лекување.
     
    На Ivan4e04, buba4e89, cresa-jagoda и 21 други им се допаѓа ова.
  19. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.792
    Пол:
    Женски
    Како може некој да се огледува на Вучич кога се работи за здравство, човекот не знае маска да носи како што треба, сега видов на вести под нос му стоеше, само устата покриена :worried:
     
    На cresa-jagoda, An-na, Tajnaotrovna и 5 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.084
    Допаѓања:
    276.738
    И јас мислам дека ќе биде од четврток во 16:00 до вторник во 05:00 сабајле.
    Со оглед на повиците да не се плашат и да одат да бацуваат икони, не ме чуди.
     
    На cresa-jagoda, Tajnaotrovna, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.