Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.809
    Допаѓања:
    52.996
    Забрана за движење после 16ч. За работниците дозволи од фирмите, а јсп последни линии некои до 14ч. некои едвај до 15ч. За вработените кои користат јавен превоз, а живеат подалеку, можат да си преспијат во фирма. Економски мерки за зачувување на работни места и плати, а со полициски час сме принудени да скратиме работно време =плати.
    Јсп треба да пушта линии, и за приватњаците и за здравствените работници, барем во термините кога се менува смена. Да врти еден автобус на секоја линија мислам не е лоша идеја...
     
    На Ivan4e04, cresa-jagoda, H.VAGA и 10 други им се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.397
    Допаѓања:
    28.358
    Па не се сите во болница.
    Во врска со смртноста, искрено очекувано е. Луѓето и без овој вирус умираат помлади отколку во Западна Европа. Скоро сите имаат коморбитет, висок притисок, дијабет, срцева болест, асма, други хронични болести на плуќа...
     
    На cresa-jagoda, prominent, zhap4e и 8 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Соврешно оправдување на балканските власти да бидат поинакви од останатите Европски власти.
    Клучни зборови. Под страв и паника народот не функционира рационално. Под страв и паника се редат луѓе да ги извадат сите пари од банка за да ги стават под перница, под страв и паника се тепаат за тоалетна хартија, под страв и паника купуваат храна како да се спремаат за зомби апокалипса. А нашата држава го прави обратното, шири паника - не ја намалува.
    И пак ќе речеш: "ама ние не сме рационален народ". Значи ако не сме рационални оправдано е додатно да се поттикнува нерационалност?
    Или што видов едно мислење: "И што направивте сега, ни ограничивте движење на тие што ги почитувавме мерките за да можат тие што и онака не ги почитуваа да шетаат порелаксирано, во помали гужви." И баш така излегува.
     
    На Bunny2, Biljarkata, zhap4e и 8 други им се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.284
    Допаѓања:
    39.814
    Пол:
    Женски
    Те молам не шири дезинформации.
    Screenshot_20200407_154601.jpg
     
    На cresa-jagoda, zhap4e, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. тп18

    тп18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    252
    А зошто да му верувам на медиум кога негов брат го кажа тоа?

    upload_2020-4-7_15-54-50.png

    На ова што ќе кажеме?
    Ќе речат после починала од корона.
     
    На Bunny2, Maro87 и Tekki им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.391
    Допаѓања:
    136.260
    Пол:
    Женски
    Типот бил бербер што одел да ги шиша по куќи дојденци од странство кои биле во самоизолација.Има наплаќал 20 евра шишање. Така ми кажаа.
     
    На cresa-jagoda, тп18 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  7. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Па во Бугарија нема многу. Споредбено со Македонија и бројот на жители, кај нас има многу повеќе.
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  8. тп18

    тп18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    252
    Добро ете обезбедил пари за погреб и споменик. Господе прости ми на зборовиве.
    Сега ќе има голем бенифит од парите.
    Семејството се надевам му е добро и дека поради неговата алчност и неодговорност, нема да настрадаат и тие.
     
    На Spidy и nena2010 им се допаѓа ова.
  9. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Фала за опширното објаснување. Баш е лошо тоа што е таква организацијата.
    Се згрозив од муабетот за влакната. Најважно е да е чисто и дезинфекцирано. Побунете се за ова.
    Како така ставиле 3 годишно дете само во автобус?? Се среди после тоа, го сместија со родител?
    Ти со маж ти си во соба?
    Ајде ќе поминат 2 недели, сега само цврста психа :l:
     
    На buba4e89, cresa-jagoda, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  10. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    Точно така. Ние, како држава, владата и министерствата требаше да реагираат одма и вака. Јас сум за построго да е, за подобро.

    Денес сме цел ден во двор и дали еден пар со деца видов сами да прошетаат. Сите беа група од неколку возрасни и многу деца. Разбирам немаат сите двор и со деца не се доседува, ама групи? .. Сабајле пред маркет чекаме во ред 40 минути, сите стојат како треба освен неколку пензионери собрани на купче и коментираат дека државата го подметнала вирусот. НАМЕРНО :!: Додека дојдов на ред сфатив дека уствари еден само бил за пазарење а другиве доаѓаат пред маркет или стојат за муабет (facepalm) Значи точно до народот е.

    И мене душа ме боли што не можам да ги видам моите, внуците ама мора да се издржи, за сите е исто.
    Вчера читав дека во некои држави имало поголема смртност ама ради претходни болести не пишувале на пример починат од Корона иако заразен, туку ако бил дијабетичар тоа пишувале. Затоа некои земји немале голем број починати. Точно ли е ова?
     
    На Bezimenka90, An-na, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.927
    Допаѓања:
    7.503
    Пол:
    Женски
    Jas slusnav deka nekoja od italija vratena zenska ja sisal za 50 eur. Sega svasta ke se zbori..
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.284
    Допаѓања:
    39.814
    Пол:
    Женски
    Каква врска има овој СС со случајот кој што јас го наведов?
    Од Свр Куманово е официјалната информација, ако они лажат, ондак и јас.
     
    На cresa-jagoda и Jana06 им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.793
    Допаѓања:
    135.392
    Пол:
    Женски
    Прес на Филипче во 17 часот.
     
    На veteruska му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.084
    Допаѓања:
    276.738
    Добро, за него знаеме... многу жално во секој случај, млад човек.


    Не сакам да звучам сурово и ве молам да не разберете погрешно.
    Мене не ми е чудно што ќе има починати, знаевме дека ќе има.
    Тоа што ми е чудно и што ме загрижува е што кај нас според возраст и не се така стари починатите како што е очекувано.

    Имаме млади луѓе, да, со претходни болести да, ама сепак...

    Ако има некој податоци за возраста на починатите, може да споредиме, иако (језиво до душа) се малку за баш точна статистика...

    Секој живот е живот, ама не е исто 80 и 40 годишен човек...
     
    На cresa-jagoda, Angie1432, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Во договорот што го потпишуваат пишува дека секој од оние во карантин е сам одговорен за чистотата на собата, така да... нема основ за бунење. И за следните по нив ќе биде исто така оставена. Реков, затоа ги тераат по излегување уште 14 дена самоизолација, оти има шанси и во карантинот да го фатат вирусот. Не се тие изолирани за да се заштитени, туку да не ги воведуваат останатите во државата на ризик.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  16. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Се надевам дека мерките од утре ке дадат резултати и дека до крајот на април полека но сигурно ке се намалуваат,нема да бидат 100 на ден туку 20 до 30 новозаболени.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    За наш народ само Југославија е лекот. Прашајте си ги родителите/бабите/дедовците за време на епидемијата на Variola vera во 70-тите како било.
    Ама тогаш немаше мамички да членуваат во "Здравје преку игла не влегува" и остали тралалајки.
    Масовно се вакцинирало цело население, па еве болеста е ерадицирана.
    Сега и вакцина да измислат (дајбоже!), ќе има такви мамички и остала категорија идиоти (да, стварно се идиоти) што мислат дека во вакцината ќе има чип (Боже сачувај - ми се крева косата) со кој ќе не следат и поради нив никогаш нема да биде искоренет вирусот.
     
    Последна измена: 7 април 2020
    На rainbowmama, Anie93, Spidy и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Дали мислите дека има потреба од отварање тема ,,Можно прекројување граници после глобален економски крах" или не? :drunk:
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Правела некоја агенција за осигурувае проценка на индекс на можност за повраток после економски шок за 130 земји. Не сакаш да знаеш на кое место е Македонија.
     
    На cresa-jagoda, Snow-Star и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  20. тп18

    тп18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    252
    Па ти пишав каква врска има, ама не ме разбра изгледа.
    Мислам дека мора да кажат дека е од корона починат човекот.
    Можеби бил инфициран, ама смрта настапува поради тромб.
    Скам да кажам и за жената која е сместена на интензивна, дека им е речено да ја земат и да се снајдуваат. Ако таа при транспорт од болница до дома се инфицира со корона и почине, ќе речат дека е од корона, а не дека била тргната од апарати и дека нешто друго се ископлицирало.
    Премногу се нагласува дека секоја смрт е од корона.

    МИслам дека сега подобро се изјаснив.
    Не звучиш сурово, туку реално. Тоа што на некој реалноста му е сурова е друг муабет.
    СЗО кажа уште на почеток кои групи покрај старите лица се најпгодени и дека смртноста е од 4 до 5 %.

    За вториот болд. Јас цело време кажувам дека сме болен народ и ретко кај нас да има 80 или 90 годишни како во Италија и Шпанија. Кај нас веќе од 40-45 нагоре си развиваме разни хронични болести.
    Прво од сиромаштија, сме оневозможени да јадеме здрава храна.
    Второ имаме многу лоши навики. На пр ако за 5 пива дневно на запад ги сметаат за алкохоличари, кај нас ако не пиеш ракија и пиво не си арен.
    Трето пред некоја година (2-3) год гледав на некоја утринска програма каде кажаа дека 66% од населението кај нас се пушачи.
    Четврто живееме под константен стрес, што од работа, што од економија, што од семејство ( 2-3 генерации во 100 квадрати).
    Петто имаме ниска самосвест.
    Шесто е дека загадувањето не убива полека и сигурно
    Седмо е дека пред 20 год на 20 км од нас фрлаа осиромашен ураниум. Исто како Чернобил да ти е во двор.
    Има уште многу точки, но ќе застанам до тука, само ќе го кажам едно од најбитните; Додека во западните земји докторот ти препорачува физичка активност, мир, прошетка во природа и лекарства на природна база, кај нас матичните одма те лупаат на антибиотици и појаки терапии, а и ние им досадуваме со тоа што ние сакаме да ни го препишат.

    Нема да ме чуди ако кај нас има повеќе мртви од оздравени.
    Мислам дека какви мерки и да се превземат, сепак вирусов нема да стивне брзо кај нас и дека допрва ќе гледаме хорор.
    Бог напомош.
     
    На rainbowmama, manako1, Bunny2 и 5 други им се допаѓа ова.