Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. ilovemedicine

    ilovemedicine Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    698
    Пол:
    Машки
    Секој со тешка клиничка слика од типот намалена сатурација, хиперкапнеа, со развој на АРДС кој преставува исклучително тешка клиничка состојба мора да биде поставен на респиратор. Пациент со една ваква состојба умира многу брзо ако не се приклучи на респиратор. Постојат изготвени упатства кога во кој случај да се приклучи на механичка вентилација. И тоа е единствена опција да се одржи пациент во живот. Секако дека постои ризик за инвазија со бактерии, но секогаш тој ризик е тука друго нема. секако подобра варијанта да се направи обид да се спаси живот со респиратор, отколку да се остави така пациентот.
    За жал никој не е целосно сигурен од вирусот. Индивидуален е одговорот на организмот. Има случаи поретко каде млади по 30,40 умираат а претходно немале хронично заболување. И за тоа постојат хипотези од типот цитокинска бура каде имуниот одговор е прејак и доаѓа до попуштање на органите, друга хипотеза генетско варијации во ace2 рецептори за кои вирусот се врзува. Да не замарам има и други. Чисто сакав да истакнам некои работи кои сметам дека не се доволно разјаснети.
     
    На Bezimenka90, Dust, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.750
    Допаѓања:
    189.060
    Јас познавам
    Дома се од пред некој ден
     
    На cresa-jagoda и JuLleE им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.084
    Допаѓања:
    276.740
    Го немам гледано, ама така е...
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    34.884
    Пол:
    Женски
    Ги има сигурно многу повеќе од што мислиме, ама сите се кријат и лажат, некои не ни ги тестираа и тоа е тоа.
     
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.397
    Допаѓања:
    28.358
    А има некој од Кочани да каже како берберов работел кога се утепаа од зборење да не се работи?
    Или само по Скопје затворија фризерниците и козметичарите?
    10000 пати кажаа близок контакт не, си терале берберница. Знам дека треба да се обезбедат финансии ама ете што се случи од непочитување на препораки отиде човекот.
     
    На cresa-jagoda, Doozy и Fifi84 им се допаѓа ова.
  6. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.269
    Пол:
    Женски
    Вака сега седам и мислам по ова што пушувате, зарем постои толкава бројка на несовесен, безосетен народ, прост, глуп бескрајно неинформиран за можни последици и смртови.. добро, како можеа во ек на емидемија кога во италија згусна на еднаш вирусот значи за неколку денови да земат да бегаат во мк за да се лечат стоматолошки или да шетаат газ а?
    Толку ли се бес осет и никаква почит и сакање према најбоиските прво, нели размислија тие албанци и македонци дека можат да им наштетат на нивните блиски додека на 1 март никој не бевме сигурни дали сме заразени или не.

    Еве не можам да сфатам.
    И сега како со која совест ќе си ги плачат блиските што из чиста мира и живеачка им донсоа вирус и ги усмртија или ставија на респиратор.

    Многу многу ми е жал.

    Што се случи во Мк?
    Многу умираат, и тоа млади и тоа замислете од кој од нивни блиски што им нанесоа штета.

    Абе во ниту еден момент не помислив да бегам од италија ејј, тука сум граѓанин што ги годи сите права зошто из чиста мира да не си го стегнам газот дома та да одам низ мк и да ширам вирус
    Кај ќе ми е бе совеста ако отидев бидејки сакам да шетам а не можам тука и да им нанесам тешки штети на моите па и на народот.

    Не можам да сфатам. Не и не.
    И да, така почна да се шири вирусот во мк. Од безосетни крајно неинформирани суштества што мислеа дека не се заразени и дека ќе избегаат да шетаат доле слободни.

    Дојдов да ви кажам да се смирите, карантинот носи големи резултати. Уствари нема од ова "ќе биде подобро" ситуација бидејку куп народ веќе си ги оплакува кутрите невини души оди речи му на него дека "се ќе биде добро" не, нема да биде после ова и во ова ништо добро.
    Туку да седиме дома, и да броиме денови за да гледаме позитивни резултати од вирусот друго решение нема.

    Денес во ломардија околу 750 заразени, прв податок после скоро месец испод 1000 ка, вчера беа 1070 пред неколку дена беа 1300 сега видете вие
    Смртни случаи под 300.

    Кај мене каде што живеам броиме за 24 часа само 21 заразен, пред денови броевме над 100 на дневно ниво.

    Знам дека е претешко, но мораме навистина да останеме дома, и стрпеливо да чекаме вирусот да не олабави.
    Не си нанесувајте потенцијални мисли со зараза бидејки морате да излезете од дома. Не не морате.
    Седете дома, така спречувате смрт, така спречувате хорор на интензивна нега.

    Што друго да кажам што не е кажано.
    Најверојатно од пола април ќе се отворат некои сектори а од 4 мај ќе смееме локално да излеземе наоружани и да држиме дистанца, лека полека, се ќе тече
    За сега, ќе останеме и ние дома, нема месец туку два месеци и кусур исто како во вухан.

    Ако треба да седам уште 3 недели ќе седам и радо би, не се 300 години. Само да го спречеме најлошото.

    Обично 2 ипол месеци трае карантинот, од прилика вака ќе е секаде плус минус.
    Зборувам за карантин во буквална смисла на збор.

    Надвор лето, 30 степени и благ воздух топло, мирис на море, на лето и на топло. Ама нема да се предадеме ни пред ова. Јас вака размислувам.
     
    На Ivan4e04, green.eyes, buba4e89 и 34 други им се допаѓа ова.
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.289
    Допаѓања:
    125.607
    Кај мене во населба скоро сите фризерници работат:( и чат пат гледам има луѓе :(
     
  8. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    12.015
    Допаѓања:
    179.884
    Пол:
    Женски
    И Гевгелија работат берберите.
    Бар два салони сигурно работеа вчера.
    Не пуштале никој да чека внатре. Пуштале по еден човек на шишење, берберот работил со маска и ракавици.
    Не знам, мене ми е ризик.
    Домашниве мои не одат.
    Јас ги шишав/ ќе ги шишам сега за сега
     
    На cresa-jagoda и JuLleE им се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.269
    Пол:
    Женски
    Работат, после ќе се апат за газот сите, уствари ако не се уапаа од жртвата од кочани за жал, ама па зарем и ако по ова за жал не им дојде памет не знам што да кажам.
    Еве и тука никој ништо сериозно не сфати ама по неколку дена сите затворија. Добро не ми е јасно нели има инспекции и некој да ги пријави да затворат.
    Си играат со оган, плус и жртва има и пак работат?

    Не знам што да кажам, како да најдам објаснение еве не знам.

    Туку Франција луѓе со денови гори има над 1000 мртви секој ден еве денес 11 000 заразени а никој никаде не пишува ништо. Многу ми е чудно. :(
     
    На Annath, eli25, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.323
    Допаѓања:
    47.345
    Пол:
    Женски
    Јас кажав предходно, работел, одел дома и шишал кај некој од странство дојдени кои биле во изолација. Тој без акл ама и тие скроз без акл, греота да зборам за умрен човек ама така е. Сега се болни неговата фамилија, на брат фамилија, кај брат му што работат луѓе со фамилиите, а некои од тие фамилии работеле во Амфенол и некој од погоните е затворен превентивно иако во администрација биле. Повеќето што се болни од Кочани се млади, до 40-45год и деца млади ама се без сериозни симптоми за сега.
     
    На Annath, queen19, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.795
    Допаѓања:
    135.397
    Пол:
    Женски
  12. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2020-04-07-21-20-45-917_com.twitter.android.png
     
    На eli25 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.545
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    Мажот ми беше на фризер пред 20 дена. Низ нос му го извадив дури броев денови после. Немаше кај нас случаи тогаш, ама сепак од кај знае. Сега нема одење, така ќе шета или ќе ризикува дома да го чкрапнам.
    Мене ми е жал и за нив што се без приходи сега, плус келнери, шанкери, кувари еден куп дејности има што воопшто не работат и не заработуваат, не знам дали е нешто решено по тоа прашање. Земаат фризерите како занаетчии што се водат минимална плата од владата?
     
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.842
    Допаѓања:
    122.913
    Пол:
    Женски
    A за шо се туркат пред банка сакам да знам?
    Ај пред маркет некако да сфатам ама пред банка? :^)
     
    На kukla21, Alishan30, MarigoldA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    На cresa-jagoda и темјанушка им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.837
    Допаѓања:
    264.512
    И кај нас работат некои.
    Нема такво нешто што ќе ме натера да одам на фризер и да се тресам секој ден да не имам симптом и да чекам негативен тест.
    Не.
    Никој да не доживее, јас знам деновиве како ми беше.
    Социјала дистанца е спасот, а со фризер тешко дека ќе одржеш социјална дистанца.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.244
    Допаѓања:
    14.330
    И мм исто. Абре со маживе никако разбирачка нема. Јас не знам што ќе се прави. Јес да беше со маска и еден по еден влегувале, ама зорт ли беше да оди. Џабе трубев да не оди.
     
    На queen19 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.837
    Допаѓања:
    264.512
    Кај нас од овие се случаите.
    Идиоти.
    И сите се асимптоматски.
    Многу чудно.
    И тој што ги заразил.

    Или не оди толку лесно заразувањето или еве не знам во што е работата.
     
    На cresa-jagoda и Fifi84 им се допаѓа ова.
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.677
    Германија од вкупно 106739 заболени, 64,38% се активни, 33,80% се излечени, починати 1,82%.
    33,80% излечени....како таму ги лечат?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.545
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    Исто, три дена зборав исто и ко се врати истрижан на врата ми идеше да го заклучам надвор. :@
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.