Мислам дека има и други, но со оглед на анамнезата и фактот дека секој поседува различен имун систем, одредени луѓе го прележуваат како вообичаен грип, па не се пријавуваат во болница. Исто така во Северна нема многу туристи, и периодов не се враќаат многу работници од Италија, па ете може да се каже дека имаме среќа. На аеродромот во Скопје влезот на патниците се контролира мошне строго и одговорно, ова е информација од прва рака. Нема никакви пропусти, што е навистина за пофалба. За граница немам информација, не знам таму како техничкиот персонал се справува со ситуацијата со оглед на тоа дека пред една недела влезе автобус преку Табановце, но мислам дека и таму ги имаат стегнато после бројните инциденти.
Ама автобусите овие хисар мисар по 5 на ден од местре што има за ск одат или не одат? И мене ме чуди дека има куп луѓе што транзитираат мк ит секој ден.
Мене од мк сестра ми ме информираше дека била Оздравена па сфатив дека и е пуштена, али ете може има и др процедури пред да ја пуштат
Не е отпуштена од болничка нега, само ѝ бил направен тест за да видат дали е во процес на опоравување. Тестот бил негативен што значи дека закрепнува, но ќе ѝ го повторат и по 48 часа. Туку кај нас имаме само една пациентка засега, што е супер. Ама ако повеќето имаат „свест“ како моја колешка, нема уште долго да биде вака. Си отиде девојчето на патување во Јапонија, Бали и уште неколку државички натака. Пред неколку дена се врати. И бидејќи имаше известување од факултетот дека секој што патувал натака, две недели е ослободен и треба да остане дома поради превентива, па не доаѓаше неколку дена. Вчера зборуваме на телефон и ми вика „Ајде утре да се видиме на кратко да ти го донесам индексот“. Ѝ требаа документи да земе од студентска. Воопшто не ми е проблем да му направам на некој услуга, но во ваква ситуација ме извади од такт. Ѝ кажав дека нема да можам да ѝ завршам таква услуга и дека може да отиде откако ќе заврши периодот од две недели. Па вика дека немала никакви симптоми и како демек нема гајле, ама ја одбив јасно и гласно. Се подналути, ама искрено воопшто не ми е грижа. Патувањето можеше и да го откаже, ама парите се побитни. Е вака се шири вирусот. Се сомневам дека воопшто не излегува надвор овие денови.
Карантинот оној волонтерски и оној без контрола пред врата чисто сумњам дека го почитуваат еве имаше разно разни случки со избеглици, јас и пред да читам сфатив дека е така иначе зошто толку заразени. Не е само државата како држава односно премиерот надвор контрола јас мислам дека луѓево најмногу се криви за ситуацијата што е талва каква што е бидејки немаат никаква совест. Иначе, нула резервации во италија и многу откажувања од туризам, секаков насекаде. Почнале да ги затвораат привремено хотелите и слично, се случува куршулс во земјава, и не само тоа викаат дека сега започнувале резервациите за летото а резервации нема и нема ни да има да така оваа година ќе зјаат буквално. Колку беше бројката не знам 100 и кусур белгијци позитивни на корона откако се вратиле од туристичко место од Италија. А јас нели ви кажуваав дека тука кај мене пред 2 недели имаше над 50 белгиски коли по ски центрите. За крај, рацисти се, и тоа многу, не сите ама грото, да го издвојам фактот дека во венето се најрацисти, другите се поопуштени поготово од медитеран ама венето врие по црквите они побожни ама рацисти у душа прават многу лоши работи ова ми е зборувано со многу луѓе од тука, не би да влагаж во детаљи ама сакав да видат како е да си антивенецијанец или анти венето човек, да те гледаат со скроз други очи за да размислат што прават И не не ме чуди зошто во наведените региони има многу повеќе заболени од останатите, ова кажува многу за самата свест и перцепцијата на луѓето каде што е заразата. Имаше илјада коментари од медитераните на фб упатени кон венето, вакви слични ко што опишувам јас. Знаете дека не им даваат станови ма медитеранците што доаѓаат пд долу и ги врегаат? Друга тема е ама ете да споделам. Има чудни луѓе ко излезени од пештера се си мислат светот тука им завршува од милано до венеција. Акциите им вриштат со самобендисаност ама ако.
@vitamina а што беше со смешката за пицатата а ла корона, французите ги исмејуваа италијаните за хигиената.
Не знам не можам да најдам кога ќе ја најдам мапата на заболени по региони ќе ја споделам. Појма неам. Кога спомна хигиена некна гледам полиција влегла во некој ресторан во венеција ама мислам ресторантот кинески беше не се сеќавам ама мислам дека така беше и им го затвориле дека пронашле стаорци и каки од стаорци врз чиниите имаше слики.
Баш се такви италијаните како што спомна погоре, имаме од торино пријатели италијанци, на мм пријатели јас ги имам на фб. Сите објави на фб им се расистички плукаат по другите националности, и до вчера се што објавуваа на фб за корона вирусот се им беше на шала демек они не се плашат од обичен грип.. Ама од денес обратно нешто упрпани
И тука се празни кинеските ресторани. Ама важно знам кој го изнакупи брашното. Што ќе прават со толку брашно јас не знам
Кај мене не се даваат викаат ние пуштаме цел свет а светот нас не не пушта. А тие можат да продолжат да бидат рацисти мене и дури ми се смешни, имам бабичка тука си живееме многу секој ден ми доаѓа од медитеран е калабриа а израснала во белгија вика ме плукаат оти имам француско р па мислат од франција сум кога им кажам дека сум од калабрија уште толку не ме сакаат ги викаат терони - луѓе што работат на земја и им се исмеваат, одбиени се за станови тука дека медитерани. Одат на меса секоја недела а плукаат отров. Нека им. И не се даваат. Имам и пријатели млади луѓе нашетани е тие се друга прича ама ваквите се малку дека прошетани де овие другиве од италија немат излезено мислам дека мислат дека италија е топ во светот а другиве земји се сиромашни таква претстава имаат
Состојбата ја имаш на линкот од наназад што го постирав. Има за секој регион по колку заболени има.. Линкот од центарот за кризи на италија мислам дека беше Германија сега за сега има 32 нови т.е 577 вкупно, ама во Иран денес над 1200 нови, во Грција уште 14, во Белгија уште 59..
Еве ја листата. Dimessi e отпуштени од болница. Ricoverati хоспитализирани. Читав за во тревизо дека сите жртви што починале имале корона али биле веќе хоспитализирани и така и се заразени ( повеќето се така заразени) и дека не се знае официјално дали умреле од корона со корона или без корона. Грото од заболени во тревизо биле луѓе со просек од 87 години.
И во Србија човекот бил во Италија ,па во Будимпешта. Цела Европа ја зарази Италија и нивното игнорирање на сериозноста.
Не е цела Италија, конкретно регионот Ломбардија ги има заразено сите региони од Италија помеѓу кој спаѓа и мојот регион зарасен од Ломбардија. И цел свет нормално. Нема зараза каде не е потикната од Ломбардија.
Е како не е Италија, Италија е.. Што дека е Ломбардија кога власта е таа - италијанска. Тие требаше да преземат драстични мерки уште на почетокот. Што може еден регион сам по себе освен градоначалникот да побара целосен карантин? Се плашам дека и денес бројката ќе биде како вчера, над 500 ако не и над 700 пак.. а тоа е веќе поприлично многу, за кратко време и за толкава територија..
Швајцарија излезе со 210 заболени до денес. Имаше видео од Цирих луѓе плукаат по банкоматите и на железничка каде се чекира карти лижат со јазик. Бог да чува бреј
Да се затворат граници освен за посебни случаеви ќе е најдобро. Не само Италија, сегде.. ама невозможно.