Форумџика на годината

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Pelargonium

    Pelargonium Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Нашиве убав старт имаа, ама тогаш народот нешто се трогна од изјавите на драма квин Вучиќ и бараа да се огледаат надлежните на него. Епа изгледа ги послушаа...
    Сега да се молиме да не му текне на Вучиќ нешто брилијантно пак па да се чудиме заедно со брача срби како по ѓаволите стигнавме дотука.
     
    На cresa-jagoda, poppie, orevokrsacka и 4 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.084
    Допаѓања:
    276.740
    Би, два заба скршив, пломба ми пукна.
    Ама нема.
    Греота се, ептен во фаца ни работат, колку сака нека се заштитени, во лице им дишеме.

    Би отишла само ако е нешто неиздржливо, да речеме некој процес, нешто што не може да чека.
    Вака, се крпам некако, џвакам на другата страна.
     
    На LejlaD, Alishan30, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.323
    Допаѓања:
    47.346
    Пол:
    Женски
    14 тука и 14 дома, за превоз сме лично задолжени од тука, ќе дојде свекор ми да не земе оти сме во таа куќа и он секако е во изолација цела година:D мада нема да се мешаме тие се на посебен кат и ќе патуваме со маска и ракавици и тој исто.
    Е сеа не ни кажаа 14 дена дали од вчера дали од денес,дали на 14 ден излегуваш...оние предходните на 12 ден ги искараа...ич не знам, ама ќе чекаме па ќе видиме. Таман додека да можам јас да се движам ќе помине се, на 20ти ми е роденден инаку ќе славам тука вајда. Инаку родена сум 420 во 4и20 небитен податок сега освен што е многу џанкерски ден и имам џанкерско име дадено од моите:DСекоја година добивам џоинт на подарок од маж ми иако не пушев до лани, да км побарам на војскава тука може директ после у друг карантин ќе ме стават. Не ми замеравајте на муабетов досада удара јако.
     
    На Ivan4e04, LejlaD, x.Daisy.x и 18 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.754
    Допаѓања:
    200.892
    Твитот од вчера

    Со сертификат за немање корона;). Кај мене нешто брчат со таков сертификат ќе не пуштат преку граница, ко ќе олабават. Ама дури олабават, три ума ќе сменат :|
     
  5. bibiiii

    bibiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.084
    Фасетата 2ка ми се одлепи...Башка бремена сум,не знам шо да прам.Ужас е ова
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    ке ни смислат нешто не се сеќирај :) како за сите така и за нас.и мојов оддел сакаше бар неделно да се менува, преку еден ден им дадоа бе?!?! а логично е на две недели, мислам дека некои клиники така работат.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.084
    Допаѓања:
    276.740
    Без врска е преку еден ден тотално.
    Ама нема некој договор кој - како, секоја институција сама си се организира.
     
    На Fifi84 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.084
    Допаѓања:
    276.740
    Ќе ја тагнам @Annath најпаметен совет ќе ти даде :)
     
    На cresa-jagoda и bibiiii им се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.269
    Пол:
    Женски
    Не се секирај, што и да биде ќе се вратиш дома.
    Не ги оставаат во никој случај луѓето да не се вратат дома скраја да е, да така не се ни дискутира ова што си паничиш ти, каква и состојба да има секој може да си оди во својот дом.

    Ај да разјасниме што е локдаун.

    Работат есенцијални сектори и есенцијални продавници за опстанок на човекот.
    (Не се секирајте и трафики работат па можете да пушите дома колку сакате барем на раат :D)

    Кога прогласија локдаун, секој кој што заталкал било каде си се врати дома каде што му е адресата и остана во својит дом без да се мрда од град до град. Значи забрането е да се оди од еден град во друг.
    Забрането е да се шетаме или одиме било каде освен околу својот дом.

    Значи ние можеме да шетаме играме со деца мочаме куче близу нашиот дом, во колку сакаме кига сакаме ( нормално без злоупотреба и претеризам) иако многу често нема никој околу зграда.
    Одиш во маркет во аптека или треба да правиш нешто есенцијално - одиш кога сакаш.

    Не смееш да го напуштиш својот град односно својата адреса за било што освен за потреба.

    Сите оние кои што работат имаат потврда.

    Тоа е тоа.
    Не е ништо толку страшно колку што мислитр вие и сте наапани бидејки не ни знаете што е локдаун па претпоставувате дека е крај на свет а не е.

    А која е логика на полициски час?
    Од 8 до 4 туткање у маркет и после не ни смееш во двор или било каде?
    Глупава работа и најзаразна

    @JuLleE шпанија лошо е исто и германија ко што гледам, бројките сега пред саат беа над 5000 заразени, германија 2 3 дена со по 270 мртви.
    Може некои држави да, ама ќе кажам за нас конкретно дека после велигден пак ќе е исто. Ќе не пуштат во мај, да подпрошетуваме. Ресторани кафичи тие работи кажаа најнакрај кога ќе се вратиме у нормала. А враќањето у нормала рекоа ќе потрае.
    Јас би била среќна доколку не пуштат барем до 3 4 км да прошетаме. Ете на толку ќе се радувам други не ми треба ништо.
     
    На Ivan4e04, LejlaD, P.S.love и 22 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.084
    Допаѓања:
    276.740
    Вашево ми личи поприфатливо искрено.
     
    На Nane2356, mimiiiii, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  11. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.247
    Допаѓања:
    49.225
    Пол:
    Женски
    Франција е на пиедесталот , со над 11.000 нови и премногу мртви, Шпанија ептен минимално се намали, Германија исто се намалува иако има варијации, а и најдобро се држи од сите така ми делува 206 мртви за еден ден денес, вчера имаа 226, но кога ќе се земе целокупната бројка на заразени спрема починати навистина делува дека најдобро се справуваат.
     
    На Thallia, cresa-jagoda, TutiFuti и 6 други им се допаѓа ова.
  12. golemiotmalisan

    golemiotmalisan Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2014
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    54
    Може ли некој да ми каже дали работат заболекари, т.е орална хирургија овие денови
     
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.269
    Пол:
    Женски
    Скоро ништо нема да се отвори на 14 ти како што кажуваа, некои фирмички/сектори само. Ептен малку.
    Сега гледав што кажал премиерот, од 4 ти мај ќе сме можеле да разгледуваме опции односно да одиме на вториот дел од степ 2 односно фаза 2. А тоа е да излегуваме и да мрдаме надвод од дома со некои отвореби сектори.
    Секако ресторанти барови и за тоа ќе се почека уште повеќе.
    Да така следната фаза би ни била 4 ти мај си излегување со максимална претпазливост .
    Ако заразените спаѓаат, ако не спаѓаат ништо ни од тоа нема да биде.
    Да не збориме за нормален живот до тоа сме биле далеку...
     
    На LejlaD, green.eyes, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  14. тп18

    тп18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    252
    Секако дека има заболени, не се маѓично и без инфекција дојдени, само кај нив се крие. Тие веќе со ептен лоши симптоми ке отидат до болница, а и плус знаеме дека и на своја рака ќе се лечат, па кој преживи ок, кој не, ќе заташкаат како и обично.


    Ако ти е жал за нив, зошто ти е жал. Ако не ти е, зошто не ти е.
    Морав накратко да им набројам, пошто ми вадат од контекст реченици.
    А и сепак за мисли и чувства се работи. Кого жалам и што чувствувам е моја приватна ствар де. Како вас ве засега тоа, уште не можам да разберам.
    Најбитното е што лошо на тие категории не им правам, само имам поинакви чувства за нив.

    Мислам дека правилата на форумов се јасни, а тоа е да секој може да си каже мислење. Така да тоа е мое мислење.

    @vitamina локдаунов е забрането движење од град во град, а и полициски час или?
    Никој нема да работи? Што? Како?
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.333
    Министерот за здравје на Нов Зеланд поднесе оставка: Се однесував како идиот
    Кларк себеси се нарече идиот и се извини на нацијата, бидејќи на почетокот на април се возел 20 километри до плажата за да прошета со својата фамилија, пренесува Би-Би-Си.
    --------------------------------

    Израелскиот министер кој коронавирусот го нарече „господова казна против хомосексуалците“ позитивен на Ковид-19
    ---------------------------------

    Брачна двојка од Шпанија го победи коронавирусот: Заедно се 65 години, не се одвојуваа ниту во болница
    По неколку дена и неговата сопруга добила слични симптоми, па и таа е упатена во истата болница. И покрај правилата дека пациентите мора да бидат во одвоени соби, на оваа брачна двојка им е дозволено да бидат заедно.
    Дури и кога Гвадалупе се опоравила и можела да биде отпуштена, таа одбила изјавувајќи дека нема да отиде од таму без мажот.

    На 30 март и двајцата конечно можеа да ја напуштат болницата и да се вратат дома.
     
    Последна измена: 8 април 2020
    На Giovanna, Ivan4e04, Mrs. Lovett и 24 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.128
    Пол:
    Женски
    Всушност дојдов друго да кажам. Вчера одекна лоша вест, значи лоша.
    Пикот ни започна.

    52 нови случаеви во еден ден. 48 случаеви на Малта, 4 на Гозо.

    Министерот не беше изненаден,рече очекувал бројката да расте, но граѓаните се револтирани затоа што во Хал Фар има центар за мигранти и мислат дека сите тие 52 доаѓаат од таму,на што се изјаснија дека тоа е тотален демант.
    Она што ме загрижува е што овде уште работат градежнишство и мислам дека тие треба да стават локдаун.
    Вчера бев во Лидл во поголем маркет и воопшто немаше растојание, влагаш те прскаат со алкохол и тоа е. Што ме разочарува што не се свесни така, го затворија лидл во Сафи заради заразена вработена. Се полнат колички, се купува како за два месеци а министерот рече нема потреба од тоа,доволно е за еден месец затоа што застој за храна нема да има во иднина.
    Пред некој ден ви пишав дека ни рече да излегуваме на прошетки и тоа мал дека беа несовесни и пак се собираа во групи.
    Родители со деца на плажа,нека се издува детето така јачаат имунитет но држат и дистанца.

    Она што сакав да кажам дека 293 е голема бројка за островот и уште министерот апелира сите што имаат ај ди а се во Лондон или Франкфурт можат да се вратат заедно со Малтешките државјани.

    Забележав една работа деновиве во Малта на сите прозорци стои крст.

    Така да, тоа е за сега. Фала му на Бога нема смртен случај.

    Би сакала бројче @1209 да ми каже како е,како се чувствува,дали и е полесно?
     
    На cresa-jagoda, Nigredo Odor и 1209 им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.264
    Допаѓања:
    205.692
    Пол:
    Женски
    Се работи само во дежурни пунктови со итни случаи, и тоа болка која не се смирува со аналгетици, оток, крварење од стоматолошка природа, повреда и фрактура.
    Се' друго чека да заврши ова.

    На повик работат, со претходно закажување од дежурен пункт или матичен стоматолог. Ама и тоа само ако е итно, односно како тоа што набројав погоре.
     
    На LejlaD, golemiotmalisan, bibiiii и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.243
    Допаѓања:
    15.385
    Пол:
    Женски
    Јас работам во приватна стоматолошка ординација. Забрането ни е да работиме и сите сме дома. Оваа недела на сите ни ги запишаа старите одмори, за следниот месец ако тера вака состојбава ќе земеме и 10 дена од новиот одмор.
    Маж ми работи во ИТ, работи од дома. Им рекле не им земаат одмор дека технички си работат, само не одат во канцеларија.
    Значи не е работата во која бранша си, туку дали работиш. Тие што си работат (секој ден, макар и од дома) нема зошто да земат одмор, иако редовно мора до јуни да го потрошат стариот одмор како и да е. Тие што се дома зошто државата им рекла дека не смеат да работат, тие мора да земат и стар одмор и прв дел од новиот одмор, што го сфаќам како мерка ако земав цела плата како и нормално. А бидејќи на сите им е и намалена платата во најмала рака, плус и што ќе ми оди одморот ептен ми е криво, ама ако потрае ова секако ќе немам пари за на одмор. :)
     
    На candy.cane, mimiiiii, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  19. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Само Швеѓаните изгледа не берат гајле за пандемијава.
    Не знам тој нивен експеримент да се потпираат само на совеста на жителите колку е успешен :worried:
     
  20. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Ни ги испраа мозоците на велико! Народов почнува да збеснува, ќе излезе од контрола работава, ќе се направи хаос ако се продолжи вака ќе биде бетер од коронавирус.
    И онака се слаби со нервите луѓево.
    Им даваат препорака совети од доктори, разговори со стручни лица, но дали има народов средства за тоа и дали се доволни тие стручни лица за сите луѓе?
    Страшно е ова што го прават.
    Не мислите дека има логика пациенти да умираат од експериментални лекови?
    Дека има вирус ИМА, да е лабораториски, Е!
    Ама ова што му се случува на народов не е само поради вирусот!
     
    На christinnn, Konfetka, Liky и 1 друга личност им се допаѓа ова.