На статус читам, Германија четврта во свет со најмногу заразени, а без смртни случаи, браво за македонските доктори . И така е. Сите се таму.
Да тоа секако, само сакав да потенцирам од кај дојде заразата конкретно и тука кај мене и низ цел свет затоа напишав.
Многу ми е чудна ситуацијава во Италија. Колку и да им е аљкав здравствениот систем, кога ги гледам бројкине на заболени и починати на ден не можам да се начудам. Што фурија ќе беше тоа, вирусон во парфеми да не им е спакуван па таков ршум направи за толку кратко време? А народот очигледно сегде е ист, неодговорен и недисциплиниран. А сепак, некои земји како да имаат повеќе среќа без оглед на се. Еве Балканов за наша среќа релативно добро се држи, а не знам како резултат на што. Во Турција читам нема досега заболени, а еден куп мигранти ја роварат. Не можам да ја најдам логиката.
Италија и западните држави игнорантски се однесуваат за разлика од Ј.Кореја,кои панично се живо тестираат. Резултатот го гледаме. Германија исто има чудни бројки.Ќе видиме. Нов рекорд денеска во Италија. 49 мртви. 780 нови. Е ова е резултатот кога ќе се правиш блесав ,а знаеш дека вирусот веќе одамна шета низ твоја држава,кога умрени ќе ги пријавиш дека се од нешто петнаесто,на крај се на глава доаѓа.
Очекувано беше Гледам во Италија смртноста 4,2% ... толку од тукашните муабети дека инфлуенцата била посмртна
Многу е проста логиката- не одат на скијање во Италија. Во ЕУ беа сега школски распусти, италијански Алпи се омилена дестинација. Сега ги гледаме последиците. Како Италија стана расадник- тоа е интересното прашање.
Ова не да е очекувано... Допрва ќе биде весело. Контроли и ограничувања никакви. Западна Македонија е пола во Италија, сега од паника ќе си дојдат дома и ова ќе биде резултатот. Сопружнициве кој знае со колку луѓе биле во контакт.
За западна не знам ама за источна, сигурно има 25000 души... Струмиченца е направена Пјаченца Ако дојдат наваму, како што сме затуцани и затупени во источна, има да изумреме како глувци
Каква Западна, цела Источна и Југоисточна Македонија е во Италија. Цела Струмица во Пјиченца. Пола град од кај нас. Ако кај нас не се презедоа мерки, не знам каде се преземат. Да се напаѓа само.
Од ова и се плашев. Којзнае со колку луѓе биле во контакт тие двајца... Ако некој слуша прес од Филипче нек каже што ќе се презема.
Па добро, сигурна сум дека не се разболуваат само скијачите. Цел Балкан има дијаспора во Италија, иди ми дојди ми секој ден со автобуси, авиони.. А освен прашалници и брошури, евентуално термални камери кои ништо не мора да откријат, што друго се превзема за патниците што ни идат од тој правец?
Колку што гледам, во ЕУ најголем процент се поврзани со распустите и скијањето (може ми е субјективно чувството, штознам). Точно, балканот има дијаспора, ама веројатно дијаспората не е толку концентрирана околу црвената зона. Во меѓувреме црвената зона се рашири и тоа е, сега ќе гасиме пожари.
Би требало и да ги тестираат сите кои биле во контакт со заразените лица. И секој кој доаѓа од критично подрачје, да биде изолиран во домашен карантин. Ама и казна да има ако го начекаат надвор. Пример.
Ова е само почеток, тек кога ќе се вратат овие од екскурзиите за 8ми март ќе биде лудило. Како шо прочитав поназад во темава, само мал процент од аранжманите биле откажани, се друго сигурна реализација!
Не знам како ќе се справиме со совеста на нашите дијаспорци. Незнам дали амбасадите и конзулатите апелираат да не бегаат наваму. Италија , Германија исто вртоглаво расте, Швајцарија,сега сите наваму ли ќе бегаат? Со кој памет? Само карантин ќе помогне. За секој што ќе пристигне од ризична земја.