Прочитав некаде дека во Германија ги тестирале сите што биле во контакт со заразени лица, па помислив дека е можеби добра идеја... Иако не знам по колку време откако ќе се заразиш, вирусот може да биде детектиран со тест...
Зошто не затворат граници? Сигурно има причина ама не можам да сфатам, некој да ми објасне? Само за ризични, на пример од Италија
Далеку од смирено е и допрва ќе биде интересно. Не паничам јас, ама тоа е што е мораме сите да признаеме. И јас се чудам за Мк само во венето живеат 13 000 мк, во пјаченца живелее помалку имаше статистика, пијамонте да не зборувам. Ајде сега по ред да преведам од пресот. 4636 заразени, 197 мртви, 523 оздравени, позитивни или во карантин 150 доктори. Германија - жаришта како во Италија. 620 повеќе од вчера заразени, 49 мртви повеќе од вчера 109 оздравени плус од вчера. Објавуваат дека немаат никаква евиденција дека вирусот ќе помине со доаѓањето на летото како нормалната инфлуенца. Германија иначе објавила дека има еднакви жаришта како Италија и Франција. Владата би можела да одлучи стоп на процесите до 30 јуни и објавување на оглас за илјадници луѓе во здраството. Лацио (рим) 54 позитивни, оглас за 474 доктори и медицински сестри 150 кревети плус за реанимација. Подолу ја имате денешната листа со статистика по регион. Моменталната ситуација. Мапата на заразени во светот 2736 заразени во последните 24 часа во 47 земји Над 100 000 случаи низ цел свет од кои 20 000 надвор од кина 3398 жртви во кина и над 55 671 оздравени во кина 150 матични доктори низ цела италија во карантин или заразени. 1500 пациенти без матичен доктор или над 20 000 пациенти низ цела италија. Заразените и во карантин доктори секојдневно растат а замената на истите е се потешка да се пронајде. Ќе ставам натена и други инфо.
Сите кои се враќаат од таму им е препорачан домашен карантин, значи оставено е на совеста на поединецот. А за казнување ако им спомнат, одма ќе им се раскиваат во лице, како протест.
Економската клима веќе оди во неповрат. Се назира финасиски колапс сличен на тој во 2008. Тоа е еден аспект. Вториот, уште не ми е јасен, ако ти се чита види кои се Folding@Home . Се појавуваат како спасители на светот од корона, ако им дозволиш да ти влезат во компјутер. И не, не се појавија како вирус, туку по национални медиуми со написи
Ама што знам, може и има логика. Стварно е свет самиот чин и духовен ама претходно читав во цркви по чешми и не знам што уште беше имало од вирусот. Така да не гледам јас ништо лошо во прашањето. Страв чува лозје.
Аууу... како СЕТИ што користеше персонални компјутери за анализирање податоци во потрагата по extraterrestrial life Маж ми беше во СЕТИ едно време. Ама сега, знаејќи ја можноста од собирање и (зло)употреба на лични податоци, не би се нафатила.
Реков, затишје пред бура. Ама за овој наш народ малку е и ова. Себичноста не уби. Него не знам како немаат срам и одговорност властите што дозволуваат од критични места да доаѓаат туку така. Со прашалник алоо... Кај ќе им оди душата ако ја имаат. Животните имаат повеќе чувство на припадност и одговорност. Ств не разбирам која е потребата да дојдат тука кога живеат веќе некаде. Па овие шо отишле негде за 8ми март па би затворила граници никад да не се вратат. Ова не се луѓе, ова се амеби. Србија ќе затворала граници со нас. Па не се глупи као нас фала богу.
Ignorance and the need for self-preservation. Еволуциска маана ни е ова. Не го менуваш, па што сакаш направи.
Многу посигурно е со карантинот или само изолација како мерка,веднаш. Зошто тестот може негативен да излезе,типот или типката да се шета слободно ,да живее во зграда со 300 станари,да испозарази куп луѓе и на крај после на второто тестирање да биде позитивна. И после сценарио ко во Италија.
Не. Доволна е казна. Ете во Сингапур веќе донесоа закон за (мислам) 6 месеци затвор и 10.000долари, за прекршување на налогот за карантин.