Ма би ги стрелале жеништана што отскакаа за осми март таму. Ама сериозно за нив само стоп на граница, па нека се шетаат пак по Рим или кај и да беше.
Вирусов не се пренесува преку воздух како сипаниците на пример, бар вака кажуваше еден сингапурски доктор чинам беше. Рече најлесно се пренесува преку заразени предмети и дека вирусот живее до 9 дена на површина. Најдобра превентива е миење раце и избегнување на фаќање на лицето. Маските исто ко што кажаа нашиве кажа и он дека носат поголем ризик а не заштита. Ако го најдам видеото ќе го постирам. Многу убаво објаснуваше. Така да и да биле во контакт новиве заразени со други луѓе преку воздух не можат да ги заразат.
Абе ќе се 'отепаат' од шетање море чоек. Од 3 дена, 2 во автобус ќе поминат. Ако е то шетање, јас сум Халеевата Комета
Ако било со автобус се држат за рачките, пипкаат седишта...после нив некој друг и ете ти како лесно ќе се заразат.
Во Словенија доктор од Италија се вратил и три дена одел на работа и прегледувал пациенти. После 3 год е тестиран и има Корона. Засега заразил уште 6 лица.
Сопствениците на превозните средства, оти се многу одговорни, кога ќе се вратат ќе направат целосна дезинфекција на возилата. NOT!
Баш на овој начин стигна до каде што е заразата Туку кај мене каде што живеам има 32 заразени. 10 повеќе од вчера Ако си ја фатам короната ќе ви пишам
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3268100376550786&id=100000525677202 Ваљда знае повеќе од нас. @emiliana тоа да ќе се заразат ако се фатат за очи, уста , нос, ако не се фаќаат нема како.
Јас овие што ќе одат за 8ми март само сакам да ги прашам блиски дали имаат со хронична болест и страв како не им е за нив. Да одам некаде на шетање, да им донесам на старите вирус кој јас ќе го прележам, а тие можат да умрат па да се мрднам после од помислата дека јас сум крива
Ако му ја мислат толку надолго и нашироко, воопшто нема да одат 'на тура' за 8ми Март! Ќе одат да направат нешто за подобрување на женските права. И ќе се собираат по кафани викендов. И тоа е ризик. Ама нели 8ми Март, без цвеќенце, шминка и караоке со музиката во некоја биртија, не е 8ми Март. Не ме терај да зборам, оти короната е само дел од проблемот со мајндсетот во глобалново општество. Ќе ом да приповратам сега
Една статистика само 389.500 од венето болни од инфлуенца зимава а само 3 мртви. Коронава статистика Од 450 заразени над 12 мртви.
Една девојка имаше објавено како само што се вратила од Кина и дека на аеродром никој не ја погледнал, а не пак контрола. И сама после била доброволно да се тестира. Сепак за мене и твојата и нејзината приказна ми се само приказна прочитана на интернет, непроверена. Па незнаеме како е. Ама познавајки ги нашиве институции општо.... Нема да биде тоа нарушување на осноби човекови права? Слобода на движење такви работи бла бла....што знам. Плус како може некој на турист да му забрани да се врати дома, некако не ми е изводливо тоа во реалност
Ќе биде, ама кога е проблем општото добро, нели индивидуалното право треба да се 'жртвува', па дури и доброволно? Да, индивидуалноста е битна, ама без чувство за заедница, како вид, нема да тераме долго. Всушност, еве го примерот и со Глобалното затоплување. И таму е проблемот индивидуалност и право на поседување vs. заедницата и општото добро. Ах.. зошто ли само имаме мозок, колку беља да направиме?!?
Новиве заболени од кај дошле? Добро води ли сметка бе некој на границиве или не води? Ангажираат војска за мигрантине, а за вирусов не се замара никој. Тек допрва ќе расте бројката и кај нас. Чим сегде во поразвиените земји расте ќе расте и овде