Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Не можам да се снајдам за два, ниту за три дена. Од маркет имам потреба секој ден зошто буквално секој денар ми е важен во кризата, па гледам економично да го потрошам на она што навистина ми треба во текот на денот за една употреба, и без претеран стрес проследен планирање оброци.

    Мислам дека секој од нас има право на тоа, како и на прошетка надвор во пристојно време. Светот да се преврти наопачки народот мора да ги има овие две права.
     
    На CameliaMiller, Bunny2, prominent и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.317
    Пол:
    Машки
    Браво за тебе.
    Трчам повеќе од 10 год,али периодов ради тоа што имав физичка работа,неможев често да трчам,па сеа не работам и имам повеќе од потребно време.Значи сппред тебе 24 треба да сме затворени така?
     
    На SummerGirl и buba4e89 им се допаѓа ова.
  3. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    3.165
    Пол:
    Женски
    Е сега ова е инатење реално. Ваљда сте свесни дека во ваква состојба нема јас сакам ова, јас сакам она. Треба да бидеме зрели личности и да се снајдеме. Есенцијално и економично може да биде и ако купиш од денес за наредните 4 дена. Али ајде гледам каде води муабетот. Сакавте затворање граници, сакавте полициски саати, сакате се. Ама кога ќе дојде за вас сакате да ви е лабаво.

    @ЕденЧлен Па ако тоа значи побрзо да заврши ова, да. Или вие имате работа па си работите од дома си зимате парички, а оние кои останаа без работа нека седат дома уште 5 месеци затоа што некој сака да трча и да пие кафе со комшии у мало пошо до вчера немале време да се видат или зошто сега има слободно време кога се апелира седење дома и кога се забранува движење.
     
    На Rozich, ForeverYoung, ..barbie.. и 4 други им се допаѓа ова.
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.800
    Пол:
    Женски
    Прашањето е за теоријата дека тие што не се вакцинирани имаат голем број на заразени со корона а кај што се вакцинирани нема?
    Не се вакцинирани од туберкулоза, не сум ни јас, ни мм а ни цела држава не се вакцинира веќе 60 и кусур години а бројот на заразени е 6000 на 25.000.000 луѓе, теоријата не држи вода.


    Не знам точно Јуле, слушав од мм во разговор со колега дека тој лек го давале, ваљда е ист.
     
    На CameliaMiller, LejlaD, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Инаетење е што се нема средства за четиридневно снабдување? Oкеј.
     
    На CameliaMiller, prominent, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Не разбирам зашто има потреба од компулсивно пазарување. Кога во Мк имало гужви во маркети освен пред празник у 5 за 12?
    Само требаше да си продолжиме да функционираме како досега. Како германците.
    Што се испаничиле толку сите дека цел викенд сме дома? Колку пати ми се случувало не 3, дури 5 дена да не искочам од дома. Што има дома тоа ќе јадам.
     
    На Kitten, pdb123, DraganFem и 4 други им се допаѓа ова.
  7. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.262
    Допаѓања:
    148.946
    Пол:
    Женски
    Луѓе, децата ни се дома затворени, што најмалце се криви за човечката несовесност и непослушност. И збеснуваат и не ги фаќа место.
    Какои возрасните. Ама не сум излегла од дома од 10 март. Исто. До аптека само по витамини дека сум бремена, до банка да платам придонеси дека само ја можам и еднаш на пазарење. Немојте. Чим ние можеме, НЕ Е ДЕКА САКАМЕ, туку е за наше и ваше добро. И јас леб вадев од мојот бизнис, ама нема сега. И не одам зашто тоа ми е егзистенција. Ќе се снаоѓаме.
    Така да мислам дека треба длабоко да се размисли за некои последици ама ние одамна не мислиме.
     
    На oblace1, rainbowmama, emiliana и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    3.165
    Пол:
    Женски
    Се нема за 2 дена? Или имате за да готвите од ден за ден? Пошо не можеме да ја јадеме манџата од вчера и економично гледаме. Баш тие што гледаат економично гледаат да истераат повеќе денови. И сум немала и сум имала и знам како е кога немаш и како планираш до последен денар за да истераш барем 2 дена. Ајде добро Одор, гледам каде води муабетов, очигледно на форумов сите сакаат жртви да се прават. Само ќе кажам срамота е ако навистина се вадите на патетики или немање. Затоа што човек што нема може да јаде леб и маргарин ако треба и за доручек ручек и вечера и тоа цела недела, а не кога станува збор за 2 дена, 48 саати побогу. Не си повикувајте нешто што не сакате да ве снајде, греота и грев е.
     
    Последна измена: 9 април 2020
    На Lovelynne, oblace1, ForeverYoung и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.260
    Допаѓања:
    44.267
    Пол:
    Женски
    Јас ве читам и не сфаќам зошто не разграничувате дека има голема разлика од шетање до шетање.
    Замислете, излагате сами, скроз без никого, одите шетате , трчате или возите точак, притоа со никого не се поздравувате а да не збориме за правење муабет и се враќате дома.
    Ајде објаснете колкави се шансите да се фати вирусот? И да се излезени многу луѓе, сигурно нема во врат да си дишете и да им се пикате во фаца туку ќе држите растојание.Еве јас месецов 3-4 пати се на се излегов низ населба да свртам круг и ниту имав контакт со некого, ниту се туркав со луѓе.
    Океј е, не знам каде живеете за ако излезете да не можете да држите растојание од барем 2 метри со другите луѓе.
    Плус, вирусот не лета бе луѓе.Нема никој да се зарази ако се размине со друг човек ниту пак ако сам се шета.
    Не е тоа суштество што лета па да дојде да ве нападне.Ако е така, опасно е и во двор да седите, од кај знаете кој ќе ви помине пред куќа?
    Е сега, друго е собирање со другарка , па со другар, па не знам со пријателката и нејзиното дете само зашто ви се блиски и "сигурни се".Моментално никој не може да биде сигурен дали е носител на вирус или не и треба да се однесува така.Затоа , и јас многу ги осудувам луѓево кои не можат да издржат без луѓе па на ваков или таков начин се наоѓаат, дали дома дали на лулашки со децата.
    Ама од тоа до шетање сам има огромна разлика, ве молам правете ја и сфатете дека вирусот нема сам од нигде никаде да ви дојде ако сте сами надвор или во природа.
     
    На monibejbi, CameliaMiller, pdb123 и 14 други им се допаѓа ова.
  10. bambina carina

    bambina carina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2015
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Филипче вели недај Боже граѓаните да се лекуваат самите дома а што со матичните кои гледаат да не откачат со чајчиња и супи да прашам?
     
  11. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    Тоа е, ама дали медицинската сестра знаела дека е болна па шетала, пошто не верувам да е болна, да оди кај роднини. Така и нив ќе ги зарази.
     
  12. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.262
    Допаѓања:
    148.946
    Пол:
    Женски
    Прашањето кое ги става во мисла и докторите кои се поделени со ставови е: колку вирусот стои на асфалт?
    Дали ќе го донесеме дома?
    И јас би дете да седнам и шетам, ама додека не се докажат некои работи може само да си мислиме дека е наивен ( оти прва бев да се олабави се и да не се тресеме и да не креваме тензија).
     
  13. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.317
    Пол:
    Машки
    Одам да трчам сам,контакт немам со ниеден човек надвор,ни здраво ни чао,во нова средина сум и не познавам никого сеуште.Држам дистанца додека трчам ако видам луѓе.До маркет идам на 3 дена купувам и дома одма,исто и во маркет дистанца од луѓе.Почитувам Полициски час,не мрдаме никаде,ни роднини,внуци,сестра,пријатели не сум видел 15 дена,а нема да ги видам најмалце уште толку.Што повеќе од ова да правам?
     
    На SummerGirl, CameliaMiller, nena2010 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Нема врска, не бев со намера да се расправаме бидејќи те почитувам како член и знам дека имаш добри намери.

    Она што се обидов да ти укажам е дека пазарење за повеќе денови за некого е луксуз, а и казна. Нема потреба од такво нешто со добра организација.

    Истото важи и за активности на отворено. Не знам дали знаеш но, мноштво доктори препорачуваат прошетки на воздух. Константно седење дома во четири ѕида е погубно по имунитетот и човековата психа. Совеста на секој од нас по страна.
     
    На CameliaMiller, LivingGlam, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Штом се тестирала и во меѓувреме шетала за мене е крива зашто нема потреба од шетање ако си потенцијално болна. Дома ќе си седам.
    Ма и да не била тестирана, медицинско лице е потенцијална закана. Нема оправдување.
     
    На darcy, candy.cane, Tatijana1993 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.343
    Допаѓања:
    227.181
    Пол:
    Женски
    таман си е све.

    затоа има од-до.
    без групирање нагласено.
     
    На CameliaMiller, LejlaD, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.803
    Допаѓања:
    135.411
    Пол:
    Женски
    Скоро секој може да види што нема дома и да си направи список за пазарење според парите што ги има.
    Да,нема секој добра плата,некој е на минималец,некој на дневница...
    Ако немате многу пари,ќе ги избегнете Веро,Рамстор,Жито и Тинекс.Купувајте во Кам,Стокомак,Кит Го,маалска продавница,онаму каде што некои производи се поевтини.
    Од поевтините маркети,за 200-300-400 денари може да се набават доволен број производи за 3 дена.
    Башка оној што веќе има доволна количина од нешто,не мора многу производи да купува.
    Бездомниците и социјалните случаи немаат ни за леб и за нив е страшно,за другите не е.
    Не солам памет никому,само кажувам дека е возможно да се пројде викендот со малку.
    Шетајте кога е дозволено.
    Не е лесно,ама мерките мора да се почитуваат.
     
    На ForeverYoung, Marija_Magdalena, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  18. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    14.138
    Пол:
    Женски
    Не ја сфаќам потребата да се ограничи движењето на лица со попреченост.
    На дете кое има аутизам или пак некое дете со посебни потреби друго не можеш да му објасниш зашто не може да искача.
    Стварно ги ставаат родителите во незгодна ситуација бидејќи тие деца не се како сите и не можат да сфатат баш се што им зборуваш.
     
    На cresa-jagoda и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  19. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    3.165
    Пол:
    Женски
    И јас препорачувам, во нормални услови. Ова не се нормални услови. И знам дека е луксуз и не сме богата земја, но навистина нема потреба за паничење кога се два дена. Нека помине побрзо и сите ќе излеземе да може да уживаме и да правиме што сакаме а не да бидеме робови прво на себеси па после на сите мерки. Не гледам јас друга мерка што ќе успее кај непослушноста на луѓето кои се собираат у групи по дома, по маркети, по банки, немаме полиција немаме здравство што ќе може сево ова да го издржи. Него народов секогаш селективно се фаќа, кога им викаш шетајте движете се пуштете го детето да трча, да развие моторика дека со тоа се развиваат и мозокот и останати вештини и тн.... Тие не. Доаѓаат децата со абнормални зеници ако ми веруваш од тоа што цело време гледаат во таблет или лаптоп и не знаат топката за што служи и истите сега се најгласни дека детето требало да прошета или да трча. Тие ме иритираат. Има мал милион активности дома што може да ги направи детето и да се измори и да потроши енергија. Има мал милион групи на инстаграм и на фб што постојано покажуваат што може да се прави, но кој се заинтересирал.

    @нина122 се согласувам комплетно со тебе.
     
    На candy.cane, Nigredo Odor и Jana06 им се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.803
    Допаѓања:
    135.411
    Пол:
    Женски
    Има попуштање за една категорија.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.