Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. bambina carina

    bambina carina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2015
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Како да не се лекуваат на своја рака кога не ги примаат на преглед. Од свое искуство тврдам дека сме оставени самите на себе. Сега ќе барам врски за да ме прегледаат иако мразам такви работи друго чаре немам. И штом ова заврши веднаш ја менувам матичната. Мене ми требаат антибиотици, тоa не е играчка.\Ако е пандемија не значи дека треба да ми го жртвуваат здравјето.
     
    На Bebac и Hubby им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.334
    Одите лично да купите намирници, или нарачувате достава?
     
    На LadyC и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  3. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    64.347
    Пол:
    Женски
    А еве каде ќе отиде мојот прв оброк после скапаницава вирус.

    Screenshot_20200409_165905.jpg

    Секоја чест за сите хумани луѓе кои помагаат. Во вакви моменти се гледа големината на луѓето.

    Кафана и фаст фуд си обезбедив, спремна за после карантин да не му ја мислам тогаш :D
     
    На H.VAGA, cresa-jagoda, Thallia и 20 други им се допаѓа ова.
  4. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.248
    Јас одам лично. Го избегнувам времето што знам дека е за пензионерите. Обично еднаш во два дена, не трупам производи. Го избегнувам Кам и Стокомак. Тинекс и Веро ми се некако порастеретени. За среќа, сите ми се во близина.
    Често купувам и од бензинска некои намирници, таму е значително помала гужва.
     
    На cresa-jagoda, tigarce, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Кога ќе се чуеш со матичната на телефон кои совети и инструкции ти ги дава?
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nikibi

    nikibi Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Нормално е да кажат дали боледувале од нешто друго, зошто така викаш?
    Баш така ќе се крене свеста повеќе.
    Мора да кажат дали имале претходни заболувања и заради намален имунитет и сл. Вирусот ги докрајчува.
    И треба да знаат кај работеле дали во фабрика, болница или некое мало дуќанче.
    Идентитетот на пациентите е зачуван.
     
    На candy.cane и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.803
    Допаѓања:
    135.411
    Пол:
    Женски
    Сумирање на Прес-Конференцијата
    Бројките се следните:
    Screenshot_20200409-135144_Facebook.jpg Screenshot_20200409-135153_Facebook.jpg
    1.На Инфективната Клиника во Скопје,во изминатите 24 часа примени се 5 нови пациенти,а вкупниот број на пациенти на истата е 68,од кои 20 се со потешка клиничка слика,а 7 се критични и се на респиратор.
    Примени се мајка и бебе од Кочани и тие имаат стабилна клиничка слика.Министерот треба да ја види епидемиолошката анкета за да каже повеќе информации за нив.
    На 4 пациенти едниот контролен брис им е негативен и се чекаат резултати од вториот,и доколку се негативни на вирусот,ќе бидат пуштени дома.
    Во ГОБ-8-Септември хоспитализирани се 25 пациенти од кои 5 се во тешка состојба и се на респиратор.
    Во Битолската Болница 3 пациенти се стабилни,а 1 е на кислородна поддршка.Целосно се следат и пациентите кои се на домашно лекување.Двајца од пациентите кои се лекуваат така се негативизирани во текот на вчерашниот ден.
    Во Штипската Болница 4 пациенти се на болнички третман и имаат стабилна клиничка слика(лесна форма на болеста).
    2.Денеска во МЗ се отвараат понудите за набавка на респираторни машини.
    Почна и уште една постапка за набавка на реагенси за тестови за Лабораторијата во ИЈЗ.
    На сметката за собирање парични средства за набавка на материјали за третман на пациенти собрани се близу 60 милиони евра.
    3.Починал притвореник од срцев удар во Шутка.По обдукцијата му бил земен брис кој се покажал позитивен.Се прават епидемиолошки анкети на сите кои биле во близок контакт со него,а потоа ќе бидат преземени соодветни мерки.
    Во Домот за Стари Лица во Битола на 18.03 бил примен штитеник кој 1 недела подоцно бил донесен на Инфективното Одделение во Клиничката Болница во Битола заради зголемена телесна температура.По неколку дена му бил земен брис кој се покажал позитивен.Земени се брисеви на сите во останатите соби и на персоналот,на оние кои имале контакт со него.ДСЗИ ќе ја испита целата постапка за прием и нега на штитеникот.
    4.Ќе им се дадат јасни насоки на економските оператори,рестораните,производствените капацитети како да го организираат работниот процес понатаму,кога ќе почнат да се намалуваат мерките.
    5.За празниците ќе важат истите мерки како за викендите.
    6.Сè повеќе се добиваат информации за асимптоматски случаи.Кај асимптоматските случаи е потешко да се утврдат епидемиолошките анкети,особено при локална трансмисија.
    Комисијата за Заразни Болести сè уште не препорачува масовно тестирање.
    Секој кој ќе почувствува симптоми,треба да се јави во здравствена установа или центар за јавно здравје,по што ќе биде тестиран и хоспитализиран доколку има потреба.
    Здравствените установи имаат добиено наредби со насоки за прием и третман на пациенти заболени од КОВИД-19,и насоки за заштита на персоналот.
    Пензионирани инфектолози имаат пројавено интерес да помогнат и ќе бидат вклучени доколку се јави потреба,но засега постоечкиот персонал е доволен и се вршат ротации онаму каде што е потребно.
    Се пренаменуваат и легла(од обични во интензивни).
    Нормалниот третман на другите пациенти продолжува,освен во случаи во кои може да се одложи.
    7.Инструкциите за организирање на работниот процес,држење дистанца и заштита на вработени се важечки и за приватните бизниси(значи и за фризерските салони).
    8.Министерот не знае од каде Систина ги набавила тестовите.
    9.Фрустрациите на граѓаните се разбирливи,но исклучително важно е да се почитуваат мерките за да се спречи ширењето на вирусот.
    И кај заболени кои се на домашно лекување доаѓа до нагло влошување на состојбата.
    Текот на вирусот е непредвидлив.Ништо не може да се каже со 100% сигурност и цел свет се води по претпоставки.
    Мора да се издржи!
    @Alishan30 Повели.
    .
     
    Последна измена: 9 април 2020
    На cresa-jagoda, L.i.n.a.a, vitamina и 7 други им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.407
    Допаѓања:
    136.351
    Пол:
    Женски
    Jas strikno dostava. Rabotam od doma nemam vreme koga da izlezam do 4. A i da imav nemase da odam vo marketi. Se ceka nekolku dena ama pa ne naracuvam malku i taka.
     
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.833
    Допаѓања:
    145.549
    Ах вие самоуки доктори што сами си препишувате антибиотици. Што би правеле без вас.
    Пазариме и функционираме нормално, колку што дозволува ситуацијата.
     
    На bittersweet, cresa-jagoda, Marija_Magdalena и 8 други им се допаѓа ова.
  10. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    @bittersweet Далеку од тоа дека сметам дека треба на ИВЗ да им се даде само за да нема немири, ако се дава на едни треба да се дава и на други ама еве и од МПЦ на некој начин се закануваат. Трева и цркви и џамии да се затворат, стварно ќе е прелошо ако се дојде до момент за празник да се оди во толпа народ па нели и со бацување икони, јадење од иста лажица.. Screenshot_20200409-171034_Chrome.jpg
    Лејди едната почината немаше врска со корона а верувам ни со здравството. Мора трудница да се грижи за бременоста со редовни прегледи и се што се препорачува од гинеколог, а таа не го правела тоа. Глупо ми е што зборувам вака за почината жена ама не можеме се да препишуваме на докторите.
    Јас чекам внуче, сфаќам зошто си исплашена ама па мора и да се чуваш психички.

    @Mrs. Lovett се согласувам со тебе за пазарењето. Не треба да им правиме сега shopping list на другите, ама такви времиња се.
    Ние пазаревме ден за ден ама еве сега се ограничивме на неколку дена редовно, најмногу ради гужвите.
    А факт е дека сега се пазари повеќе од претходно затоа што цело време сме дома.
     
    На bittersweet, cresa-jagoda и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  11. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    41.793
    Пол:
    Женски
    Или јас или брат ми пазаруваме.
    Гледаме да избегнуваме гужва, не трупаме и не купуваме само колку да се рече.
    Пазаруваме на 3 - 4 дена само она што ни е потребно. Секако, со маски и ракавици.
     
    На candy.cane и WildMk им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.334
    Ги пребришувате производите пред да ги складирате?
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    3.165
    Пол:
    Женски
    Не е зачуван, затоа што мало ни е земјичево и се' се знае. Кажаа дека нема правила вирусот и кажаа кои се критични групи. Тоа е доволно. Тие што имале контакт со лица кои се заболени дали во фабрика или болница им се кажува за да се изолираат ги контактираат. Нема потреба да кажува целата историја и сите болести на пациентот на тв. Доволна е загубата за семејството, а не да се кажува за некој да се теши. Ова е претерано веќе. Не знам дали знаеш ама свеста не се крева со кажување идентите, причини и болести и јавно лупање етикета на починатото лице и неговото семејство. Кажуваат полицаец на толку и толку години вработен таму и таму, во рок од 20 мин одма се шират вестите. Исто и за родилка, исто и за човекот од Тетово и за сите останати или на форуми, на фб, на твитер секаде се објавува. Кој идентитет зачуван? Тие што се загрижени и со „крената свест“ се уште од почеток затоа што достапен е интернетот и информациите од светот. Треба јавно да се кажат несовесните фаци како пресветата докторка и бизнисменчево.

    @candy.cane Да, да. Далеку од тоа дека правам планови на некој туку јас се ставам во таква ситуација и размислувам што би ми било изводливо, затоа што сите ќе не погоди кризата, некои помалку некои повеќе но сите сме во иста каша. Еве јас или моето семејство седнуваме и правиме список. Некогаш не сакам ни јас да го јадам тоа што сум го испланирала, но сите сме свесни дека иде тешко време и мора да се припази, од каде можеме да бидеме сигурни колку и кои од нас ќе останат без работа и колку долго. И јас не сакам да ме боли глава и да му ја мислам ама таква е ситуацијата иам две опции, да кукам или да пробам да смислам и да извлечам најдобро од ситуацијава и да заштедам колку можам зошто не се знае колку ќе трае. Дај боже да заврши побрзо и да се вратиме сите на нормалните рутини, но до тогаш ќе стиснеме заби, за утре да не дојде ред да се паничи. Маргаринот го дадов само за пример има и други намирници. Секој по потребите.
     
    Последна измена: 9 април 2020
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Јас одам лично, најчесто 2-3 пати неделно, во зависност кога треба да надополнам работи што не стојат. (овошје, зеленчук и други свежи продукти)

    И јас и моите и сите за коишто пазарам си ги планираат оброците однапред. (нема друг начин како да купиш за повеќе денови без да купиш премалку или премногу) Значи, списоче и тоа е тоа.

    Во сите маркети има средство за дезинфекција, се чека ред и се чувствувам прилично ок во маркет. Искрено, појезиво ми е кога се буткаат во мене на улица и по тротоар.

    Не знам дали истото би го мислела да бев во Ск, судејќи по тоа што ми кажува дм за таму. :worried: Некна праќав пакет од Тинекс, имаше слободен термин дури за една недела... сега ќе видам од Рептил кога ќе стаса, нарачан е пред два дена.

    Обично нема гужви и нема бутканици, јас бегам другите бегаат од мене и така. Денеска ми пукна филм и му се издрав на еден во пиљарата оти ми се пикна у фаца со ЈАС САМО ДА ПРАШАМ. Мислам, ќе му се издерев и да немаше пандемија, оти луѓево овде се оперирани од чекање ред прописно :devil:

    Едит - не пребришувам оти мислам дека ќе полудам ако треба и тоа да го правам
     
    На bittersweet, cresa-jagoda, zhap4e и 8 други им се допаѓа ова.
  15. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Пазариме нормално, одиме 2ца најчесто.
    Искрено многу ретко ги пребришуваме. Ептен работи што одма ги користиме, за на рафт не.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.334
    Прашав за пребришувањето во 40ка, пред некој ден.. оти мислев само ја пребришувам, ама испадна дека повеќето пребришуваат од тие во таа тема.
    Може со староста иди то.. плус ние сме со поголем ризик од вас младите :D
     
    На cresa-jagoda, Jana06, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.803
    Допаѓања:
    135.411
    Пол:
    Женски
    Кај мене,мајка ми најчесто купува за сите,поретко купуваме јас и едниот брат.Користиме маски и ракавици.
    Повеќето производи(затворени) ги поминуваме со антибактериски гел,а овошјето и зеленчукот секако ги миеме.
     
    На cresa-jagoda, WildMk и candy.cane им се допаѓа ова.
  18. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.398
    Допаѓања:
    20.144
    Пол:
    Женски
    Последна измена: 9 април 2020
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.761
    Допаѓања:
    38.841
    Пол:
    Женски
    Чувам се под топла вода и два пати ја пеам хепи брдеј. Така в раце ми се стопи киндер јајце за малата што имав купено. Неретко поминувам и со дезинфикционо средство. Купувам само спакувано. Овошје и зеленчук мијам и го оставам да седи со денови демек да изумре корона вирусот.
     
    На WonderGuurl и WildMk им се допаѓа ова.
  20. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Истото го збореше и докторот Вело Марковски и тоа пред недела две.Не волку опширно објаснето меѓутоа апла се приметува дека штом стават некој на респиратор починува.
    Потполно се согласувам,нема шанси 100% да се заштитиш.
    Јас дознав дека кај мене во зграда има заразени,па сега да земам да паничам ако не.Или да ги запалам алиштава што ги носев до маркет:D
     
    На candy.cane, CameliaMiller и jacqueline.s им се допаѓа ова.