Сакаат дома, оти тука нема толку заболени. Кога ќе се зголеми бројот, тогаш ќе му ја мислат. Ден - за ден, е работава
Дали се арни овие? Немало опасност од ширење, а во автобусот со кој патувале имало уште 40 патници. И ризикот бил само кај братот на жената, затоа што само со него имале контакт. И плус гратис пристигнати се пред неколку дена. Значи неколку дена лабаво низ државава си шетале уште 40 души непроверени. Уште ли ќе се чека за да се затворат границите со Италија или ги чекаме сите што сакаат да ги присобереме?
Ау... ако е вака како што кажува, ми се бендисва агилноста бе.. Дури и ко да не се дешава во Македонија... Па и транспарентност. Ете де, ги идентификувале кои се, сега ќе ги контактираат сите.
Па тоа, како да не се грижиме, имам близок во семејство што се бори со канцер...не дај боже да фати тоа би било погубно за него. Татко ми со прележан инфаркт, па и јас од пред две години со еден бубрег...од кај да знам што компликации може да ми направи. Добив тахикардија од читање на темава, се вознемирив ептен.
Еј! Еј! Не се вознемирувај Преземај превентивни методи, не се мешајте многу со луѓе, не стои блиску до оној со кој разговараш, бриши ги површините кои ги користиш, миј раце, не допирај лице... и тоа-е тоа..
Ајде бе па и ти не биди љубоморна. Кој ти е крив шо не си резервирала, може не работиш државно кој ти е крив. Тоа ќе ти остане у животот шетањето и едно... 100тина луѓе на душа да ги носиш.
Оти? Мислиш дека лажат оти го интервјуираат братот на жената од заразениот пар? Или дека не ги идентификувале?
Јас се надевам само на тоа дека кога немаат симптоми се најмалку заразни па дека не заразиле многу овие двајцава нови
Вајлд, ако јас внимавам другите не внимаваат , а живеам и постојам во заедница. Не дека јас можам да превенирам и за луѓетп околу мене кои можат лесно да ми го пренесат и кој гарантира дека јас утре нема да го пренесам макар и ненамерно.
Лесно е да се идентификуваат, список на патници мора да има шоферот.. ама не верувам дека во тие приказни дека второлиниски не се пренесува или пак дека мала е шансата тие да заразиле некого, а тука се веќе 8 дена.. Сигурно со пола "село" се извиделе за тие 8 дена.. А матичниот и останатите работи се посебна прича.. Треба МК да ги затвори границите, доста беше
Вратени се со Хисар. Не би да ве плашам, ама мнигу време се возев со нив и претежно се Албанци од Западна Македонија. Имале контакт со возачите кои пак возат назад. Не се 40 во опасност само. Бројката може сега нагло да скокне. Гостивар, Тетово... Кај првата инкубацијата беше помината, овие се враќале кога биле најзаразни.
Рече дека епидемиолози ќе разговараат и со докторот. Не го бранам Филипче, веќе раскрстив со политичарите и правилноста на нивните одлуки, но.. Она што посебно ми падна во очи (уши), е тоа што повикуваше неколку пати да бидат искрени луѓето кога се интервјуирани, дека со македонскиот конзул во Италија, имале договор да известува за патници кои се пријавиле дека ќе доаѓаат во Македонија, но.. не сите се регистрираат пред да тргнат. Башка свесноста и мерките за заштита кои (не) ги презема секој поединечно. Не е нешто на кое можеш лесно да влијаеш. Ситуацијава е буквално, како да си имаш работа со 2 милиони криминалци. Ако не сите 2 милиони, 99% од нив, и лажеле и извртувале факти, само да се заштитат од изолација, карантин... итн.. поради страв од прогнозата и можниот исход. Соочувањето со болеста е сеуште проблем. Како можеш да влијаеш на луѓето да бидат одговорни, и како воедно to contain the disease, и можноста да се претвориме во разјарена толпа? Луѓе сакаа да ја каменуваат жената која прва ја дијагностицираа. Да е во ваша одговороност справувањето со ситуацијата, што би направиле? Сериозно ве прашувам.
Не мора да значи дека цел автобус се заразени, не секој контакт со носител на ковид значи дека 100% ќе ви го пренесе. За затварање граници не сум, не може да застане животот ради вирусов. Само се потребни построги контроли со повратниците од жариштата, ако е потребно и карантин. А што се однесува до превентива, има многу добри совети по нет како да се заштитиме, изгуглајте и практикувајте ги. Без паника
А матичниот дека не препознал можност за корона... Ние се потпираме на самосвет на луѓево, а од немање на истата ќе испоумреме
Искрено нема потреба од толкава паника како што се крева... факт е дека малце и медиумите ги прават работите и новостиве пострашни и поалармантни одошто се... На секои 3-4 години се јавува нова епидемија или пандемија... а ова со COVID-2019 малку има и политичка заднина (биолошка војна). Битно е дека треба да се води лична хигиена, да не се допираат со валкани раце слузницата на око,уста,уши, и конзумирајте витамини зајакнете го имунолошкиот систем ... магичен лек засега нема така што превентивните мерки се се што ни останува. Чувајте се!
Не се вознемирувај Следи упатства и не се мешај многу во луѓе. Оваа не знам ни зошто седнала да коментира кога не гледа и слуша ништо ваљда само детски песни и вртат на тв а работава село гори а баба се чешла со неа си седнала и тропа глупости. Ова ми е еден од двата линкови од исповед на заразени лица со корона вирус. Второто не можам да го најдам тоа е преку скајп а ова е преку телефон. Девојчето е во карантин позитивна без никакви симтоми. Исто и претходно за една жена што гледав кажа дека имала темп и сува кашлица, кашлицата се зголемувала а темп смалувала од после кога и утврдиле кога се изолирала дома немала веќе симтоми.