Ехеее уште прашуваш Инаку нормално е да патат повеќе од хисар или било кој друг автобуски превозник, него ли од виз, во виз си 2 саати во авион, во хисар си мање више 20+, зависи од каде до каде.. За тие 2 саати некој и да е преносител ако има благи симптоми може да не ни кивне или да се искашла ама за 24 богами...
85 % од мртвите имале 2 или повеќе болести. Податоци на институтот за здраство. 4.25% мртви 11,85 % оздравени од 3916 заразени.
Сакаш да напишам за ефектите на краткорочен или долгорочен план? Ќе претпоставам дека те интересираат двете. Прво, да претпоставиме дека оваа пандемија нема да запре до октомври оваа година. Тоа би значело дека бројката од 3.000 би се инкризирала на 10.000 мртви, само од вирусот, што би претставувало хипотетички минимум. Поради недостиг на инструменти во медицинските установи луѓето или би биле отпуштани или директно водени во смрт преку појачани седативни средства. (Нешто што моментално се случува во Вухан, и доколку ескалира ситуацијата се очекува истите мерки да почне да се имплементираат низ цел Исток, а до крајот на годината и Запад). Како резултат на сето ова би почнало да има недостиг на работна рака, а со тоа комплетно би запрел трансферот на трговија и пари. Погоните во фабриките би престанале со работа, што автоматски значи дека нема да има ниту производство на облека. Во маркетите би имале слична ситуација, недостаток од прехрамбени продукти. Средства за хигиена енормно би скокнале, тука се можни и дампинг цели како и инфлација, кои како економски пост ефекти индиректно фрлаат црна сенка на веќе руинираната економија. Подоцна, како резултат на пандемијата која би се ширела со рапидна брзина секој месец за минимални 000.1% по држава, би дошло до колективен глад. Луѓе не би умирале толку како последица на вирусот, туку како резултат на недостиг од залихи и неухранетост. Сега за долгорочните ефекти... Секуларните држави би го акцентирале наталитетот. Би се преземале мерки да се обнови по секоја цена. Жени би биле приморувани да родат, (да не речам силувани, не сакам да одам со црни прогнози). Не би постоела слобода во движење поради настанатата масовна паника. Капитализмот ќе ги повлече своите узди и ќе го реобнови пазарот на трудот, но сега на поинаков, структурален начин. А како тоа ќе го направи, преостанува да дознаеме. Постоечките владини структури би зајакнале додека богатите уште повеќе. Треба уште? Мислам дека е очигледно и доволно.
Нога гола во Хисар или во превод чорапи на луфтирање . Па кога ќе извадат ќебапите, паштетите. Храна носат за цела војска, во огромни кеси од Лидл. Инаку јас со дете си се возев со нив. Искрено убаво поминував, освен чорапите нели. И билдав имунитет
На кој бизнисмен би му било во интерес да нема работници и клиенти? Ако е глобална пандемија и цел свет е зафатен, значи и источните и западните бизниси би страдале. Да е целта 'онеспособување' на истокот и неговото котирање на светскиот маркет, би разбрала, или обратно, целта да е, да се 'онеспособи' западниот пазар, и тоа би разбрала. Вака, секој кој има бизнис интерес, би бил погоден, што не им би одговарало. Да речеме дека единствениот профит би бил, за онаа фармацевтска компанија која би измислила лек и вакцина за вирусот. Но тоа би значело, дека сите други компании би биле неми посматрачи во сценарио во кое само еден има шанси да успее. Дури и фармацевтите не знаат која компанија би била успешната.. освен ако не е веќе да имаат лек, а е само прашање на пуштање во оптег. Пак, имаш еден куп профит дривен, самопрогласени 'богови' кои би ќутеле и би дозолиле тој еден да дојде над сите нив. Би било покољ во тие 1% кои го вртат глобалниот капитал. Освен, ако не е и за нив предвидено да добијат процент од профитот, од фармацевската компнија која 'би го спасила' светот. Но и тоа не е опција, пошто, не верувам дека профитот би бил поголем, од она што веќе го прават тие 1%, а со намален број население и помалку работоспособен народ и луѓе кои би купувале, цел естаблишмент би изгубил.
@Nigredo Odor жално, но вистинито. Башка да не правиме муабет дека кај луѓето родени по Втората светска војна до кај 70тите покрај последиците од војните, сиромаштијата, зрачењата, лекувањата на своја рака ги гледаме сега најчесто и во вид на канцер. Секоја катастрофа носи многу последици и настануваат аберации на хромозоми и тн. И ова како што е досега ќе има огромни последици, не па понатаму. Не сакам да мислам на најлошото сценарио.
Види, не велам дека Филипче не презема воопшто мерки, туку велам дека не ја презема најбитната а тоа е оневозможување на патувања кон и од Италија. Тој си е скроз на место со чекорите кои ги прави, како на пример карантин за патниците што имаа патувано со првата пациентка, препорака за неодржување на масовни јавни собири, препорака за училишта и други јавни институции да испратат известувања до нивните студенти/вработени лица за како да постапуваат ако имаат симптоми, препорака за зголемување на лична хигиена итн. Но пак ќе речам, џабе е се' ова ако доаѓаат уште луѓе од најголемото жариште. И уште десет прашалници да воведе, џабе ќе е. Воедно, ова е одговорот на прашањето кое го имаш поставено. Јас би го направила ова, колку и да изгледа неразумно или претерано за некој. Превентива од највисок степен.
Вајлд, ова е битка меѓу истокот и западот. Најсурова. Веќе е почната, само сеуште не се исцртани јасно границите за да нам ни биде потполно очигледно. Вакцината би ја набавиле само богатите, и тоа не враќа на она што првично го напишав - богатите би станале уште побогати, политичките структури непроменети. Во биолошко хазардна војна нема план за победа, само за профит на поедини структури. И тие ќе направат апсолутно сешто е во нивна моќ за само ние да го изедеме стапот, но не и тие. И да, вакцината веројатно веќе постои. Овој вирус е плански изработен, за прво да се измисли лекот, тестира а дури потоа да се отпушти заразата. И не е конспирација, логичен заклучок е. Не велам дека биле сите вируси стратешки изведени, само велам дека е овој планиран и цврсто стојам зад тој став.
Ама не кажуваш шти со тие што ќе прејдат граница и ќе дојдат од Крањ, или Виена, или Ница. Плус, нашите државјани кои се нашле таму што ќе ги правиме? Ќе седат во меѓуграницата меѓу Македонија и Србија? Или во чекална на аеродром?
Нема затварање на граници ако не ја договорат повеќе држави. Секогаш повеќе прифаќам паничари отколку овие што веруваат на теории на заговор.. Вториве се тие што се опасни. Прават СФ филмови,ја игнорираат сериозноста, отфрлаат карантини и претставуваат проблем со справување со проблемот. Па читајте што пишуваат кај Венко на профил. Се било фарса ова,ке седеле тие 14 дена во карантин,а дошле на одмор. Па после ќе збориме за лична одговорност. Каква лична одговорност може да очекуваме да има некој кој воопшто не верува дека воопшто постои овој вирус.
На ниеден бизнисмен не му е во прилог, ама на бизнисмените не им ни требаат екстра пари за да ја преживеат короната.. Откако ќе се стабилизира состојбата ќе си продолжи тој со бизнисот.. Ама кризата што може да настане додека се стабилизира состојбата, може да покоси многу гранки во индустријата, претежно прехрамбената и преработувачката. Фармацевтите се надвор од нашата лига за коментирање.. тие ти се оние што ги нарекуваш самопрогласени богови тие палат, тие гасат. Сега се во трка да се најде вакцина, откако ќе ја најдат ќе се наполнат уште толку со пари и баш ги заболе што ние ќе умираме.. Многу слично сценарио како во филмот Contagion од 2011 што го спомнав веќе по форумот
@Nigredo Odor ај да не претеруваме. Малку попросто би било. Ако е пуштен вирус постои и лек, вакцина, ватевер. Споредено со финансиската криза во 2008, и аналогно на неа- богатите станаа побогати, сиромашните-посиромашни. Производството од Кина веќе се сели во Виетнам на пример. Тоа како некст левел на трговската војна со неа. Старата популација ќе се намали, тоа посекако е проблем на Европа. Остатокот ќе оди да се вакцинира. Фармацијата ќе профитира.
Ахам,сакаат да ја редуцираат светската популација и креираат вирус кој е смртоносен за лицата кои го одиграле своето на земјава, наместо да удрат по оние кои допрва ќе се репродуцираат и ќе ја трупаат планетава. Нема логика.
Зборувам за давање на јасна порака дека во земјава нема да бидат примани државјани на Италија и да се укинат сите летови и сите автобуси кон таму. Ако има прекршување на оваа мерка и некој пак си појде да си слави 8-ми Март, да не си рачуна дека ќе биде примен во земјава додека не се одлучи да се укине мерката, а превозниците да бидат парично казнети. Па ако им се плаќа, изволте.
Што и се случи на темава? Од каде од корона вирусот стигнавме до теории на заговор кои можеби се точни а можеби и не како и се во животот... Инаку може ли некој во кратки црти да ми каже што изјавија на прес конференцијата затоа што не ја следев?
Тоа и го пишав за вакцината. Старата популација ќе се намали, ама ќе се бара нова затоа што ќе има недостиг на работна рака. Ова е празнење на ,,кантата" која за минимум десет години повторно би се обновила.
Се согласувам со затворање на границите како мерка. Пишав нешто поврзано со ова поназад. Но има позадина ова, сигурно. Шведска го забрани протокот на луѓе со Кина (или кој беше надвор од Европа), ама не со Италија. 300.000 политики се замешани во одлукиве. Сигурна сум дека ако Македонија сама одлучи да забрани проток, одма ќе им скокнат овие од ЕУ. Ризик би било за интеритетот на земјава. Не знам какви информации имаат лидериве по ова прашање, ама би сакала да ги знам и јас.