Форумџика на годината

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.270
    Допаѓања:
    205.725
    Пол:
    Женски
    Јас не верувам дека уште во јануари кај нас имало коронавирус, без оглед на тоа што случаите на сезонски грип бројно беа зголемени. Уште во октомври беше најавено дека сезонава ќе има потежок облик на сезонски грип, со повеќе компликации и потешка клиничка слика. Ако беше Ковид-19, ќе имаше зголемен број смртни случаи. Не исклучувам дека некој го прележал, ама во толкав број, баш и не.
    И јас бев болна, со тт до 38, омалаксана, без осет за мирис и вкус, со сува кашлица. Два дена бев во кревет, што досега не ми се случило, ама после брзо се опоравив. Само кашлицата остана уште неколку дена подоцна, мм ми велеше дека не му се допаѓа како кашлам. А баш тогаш се појавија првите случаи кај нас. Друг никој не се разболе дома, ако не сметам дека големиот син две недели претходно беше болен цела недела со висока тт, наод на грло и сува кашлица. И класот негов го помина тоа. Имам хроничари дома, не се изолираме, во постојан контакт сме, сигурно и тие ќе го фатеа ако беше коронавирус. А не беа болни зимава.
     
    На CameliaMiller, ohlalalala, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.
  2. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    14.138
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека они немаат никаква заштеда настрана да платат два келнери и еден готвач месечно?
    Имаат.
    Ама им одговара да ја молзат владата колку што можат.
    Да молзат е точниот збор.
    Ако бркаат од работа владата ќе мора да превземе мерки и да им надокнади загуба и они да не почувствуваат и као демек да не бркаат.
     
    На Цвет88, cresa-jagoda и Bebac им се допаѓа ова.
  3. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    @Annath Се согласувам со тебе,и ние фамилијарно имавме грип,до сега ке не немаше,немаат друга работа па шират паника.
     
  4. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.545
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    Не ширам јас теории на заговор, кажувам министерот што кажа. Тој ги кажа бројките и поради тоа ќе испитуваат. После ќе видиме дали имало или не.
     
    На CameliaMiller, kukla21, kikin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Позитивен на грип не е позитивен на ковид, освен ако дијагнозата "грип" ја ваделе од рака, а не тестирале..
     
    На candy.cane и Angie1432 им се допаѓа ова.
  6. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.545
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    Во тие примероци има и негативни сигурно.
    Еве пример девер ми јануари го испитуваа за грип, излезе негативен и на тестот пишуваше неодреден тип или нешто слично. И тие можи ги чуваат во институтот. Тој беше 2 недели со тт над 39.
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    И да го имало во Јануари не значи дека ќе имало зголемен број на мртви. Штом жената била позитивна, значи го имало и порано..
     
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.847
    Допаѓања:
    122.962
    Пол:
    Женски
    Значи ли ова дека станува збор за контаминација на примерокот или помешани резултати? :|
    Не сакам да верувам во ова. Полесно ќе ми е да голтнам дека корона имало во јануари.
     
    На mira.mira, CameliaMiller, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Може ли фемина да ни го обезбедат Вело Марковски на ден-два...да го распитаме малку ]:) озбилна сум.

    Имаше статија дека короната во Британија, според најновата студија е стигната од Сингапур. Дека короната од таму и Вухан различно има мутирано. Па има неколку мутации наводно. Не можев да дочитам оти ми бараше претплата.
     
    На CameliaMiller, candy.cane, Konfetka и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.260
    Допаѓања:
    44.296
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно како жената починала пред 3 месеци а вирусот уште си живеел кај нејзе.
    Друго што сакам да кажам, сосема е можно да сме имале и корона заедно со грипот, тоа би ја објаснило огромната бројка на болни од грип сезонава.Не е тоа теорија на заговор туку само логичка претпоставка.
    И во тој случај, сигурно и првите случаи во Кина се појавиле порано.И во цел свет.Ако испадне така, според мене е добра вест, би значело дека поголем број луѓе се заразиле и се излекувале дома.
     
    На candy.cane и kikin им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.418
    Пол:
    Женски
    Ја ништо не сфатив околу оваа приказна.
    Може да ми објасниш во 2,3 црти што се десило?
    Ве читам од вчера ама не сфаќам
    @zhap4e баш вчера читав некаде дека имало 3 различни мутации на вирусот и доле слика имаше и беше објаснето.
    Не ми текнува кај гледав за да отворам и да пратам.Ако најдам ќе постирам
     
    На cresa-jagoda и zhap4e им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    А зошто им се пом
    Жената и синот ги нашле умрени в стан пред некој ден, жената била умрена од јануари се покажало на обдукција и била позитивна
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.418
    Пол:
    Женски
    Кога ги нашле?
    Сега?
    Од јануар до сеа никој не приметил дека ги нема?Не смрдело на умрено?
    Луѓе тоа смрди корне ако седи со денови не па со месеци.
    100% не била позитивна еве ја ви кажувам.Преку мој веќе секој умрен сеа од корона умрел дада, ај за овие што праат филмови ама дека од јануар имало.
    Така испаѓа сите што биле болни прележале.
    Мои другарки цел февруари беа болни.Дали и они имале?
    Смешки.Вадат приказни само

    edit:плус зашто да ѝ праат тест за корона ако била умрена во јануари?Прв случај беше во февруари кај нас.Второ како може вирусот толку долго да опстане и тоа во мртво тело.
    Ако правеле тест за антитела (дали прележала ) е друго, ама во моментот да е позитивна нема шанси.
    Вирусот се храни од нас, од мртво тело што не внесло ништо што ќе јаде?
    Ко бубачките, коските и кожата?
    Нон сенс
     
    На ohlalalala, candy.cane, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Сега ги нашле заради непријатна миризба пријавиле соседи. Зошто би рекле дека е позитивна ако не е
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.980
    Јaс мислев прикaзнaвa сaмo муaбети без врскa се aмa гледaм упoрнo јa збoрите, не ми се верувa (facepalm) Експерти, oд три тестa двa негaтивни нa секoј втoр, oвaa пoсле 3 месеци, мртвa, пoзитивнa. Oф.
     
    На ohlalalala, Tajnaotrovna, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.260
    Допаѓања:
    44.296
    Пол:
    Женски
    Па знаеш дека има и луѓе што починуваат од компликации од грип...
    Не знам, зошто би лажеле за тестот?
    А тоа што не приметиле соседите, прочитав дека жената била стара и неподвижна а синот имало некое нарушување така што не ни излагале често надвор од домот.
    За смрдеата си во право, три месеци не се малку.Чудно.
     
    На candy.cane и Feminka22 им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.784
    Допаѓања:
    201.097
    Не тестирале во јануари затоа што немало тестови за ковид во јануари.

    А кој следел смртност во јануари од темава на пример. И не само од темава, општо. Дури некој не крена црвено знаме и не алертираше за ковид, секој се занимаваше со секојдневните познати рутини, вклучително и доктори и политичари.
     
    На candy.cane, orevokrsacka, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  18. k3x

    k3x Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2014
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    114
    Читам дека од следна недела полека ќе прави да се врати во нормала.Разбирам до некаде зошто се прави, заради екомијата и такви работи.

    Но, мислам дека ќе биде ова темпирана бомба. Ако се дозволи да се враќа се во нормала, и луѓето ќе почнат да се собираат, искачаат и такви работи. Може и да се случи вирусов уште повеќе да се рашири.
     
    На ohlalalala му/ѝ се допаѓа ова.
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.571
    Пол:
    Женски
    И мене не ми се верува во приказната за короната кај мајката и синот. Ако таа не излегувала нигде, може била и неподвижна како што кажувате, тогаш како испаднала позитивна на тестот и тоа после три месеци од смртта? Кој и го пренел вирусот, кога синот ете испаднал негативен? Како починал тој? И тоа во исто време и тој и мајка му :^) Не ќе да е корона во прашање, туку нешто друго :|
    А и за затвореникот многу чудно, нели од инфаркт починал, како после корона? А без симптоми :^) Ај разбирам да бил со симптоми, во тешка клиничка состојба, па се борел за живот, па да доживеал инфаркт, ама вака :^) Од кај фатил затвореникот корона? Ако имал корона, како на никој друг нема пренесено во затворот? :?:
     
    На ohlalalala, candy.cane, elenaxbbg и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.418
    Пол:
    Женски
    Па ми нема логика 3 месеци да седи вирусот и тоа во мртво тело.
    Просечно кај жив човек е до 10дена ако е со полесна клиничка слика.
    Еболата седи до 7дена во мртов човек, ама ова е ту мач.
    Секој смрт веќе се препишува на корона.
    Не ги тестираат кога треба и после пост-мортум оп позитивен/на.Ма немој.
    Нека кажат како успеал вирусот да преживее, многу ме занима.
    Пробав да прогуглам околу тоа колку седи вирус (било кој) во мртво тело ама ништо не дава, све некои линкови за корона ми дава аман.
     
    На ohlalalala, candy.cane, emiliana и 5 други им се допаѓа ова.