Не знам за граничните премини веројатно не, но ако гледаш така некој може да е заразен а ни температура да нема па ни на аеродром да не го застанат. Не знам колку сме спремни за епидемија ама тоа е, пазете се сите, мијте раце, имунитет јачајте и тоа е тоа.
Не, далеку од паника, затоа викам со време да се спреми и народ и институции. Инаку знам дека се заразени и пред симптомите и сум добро запознаена со групата на корона вируси. На еродромите се гледа со термална камера, на граничните премини крв ли ќе им земаат на сите? Некако не верувам дека ќе бидат темелни, со оглед на тоа што се исповработени луѓе со курс за медицински сестри и со завршени факултети во Бугарија (на времето), ова е друга тема, но затоа викам дека треба барем да бидеме претпазливи. Едит: Се дозволи во 21 век епидемија на морбили...
@Mrs. Lovett, така е, јас сум прва кога станува збор за претпазливост. @Mantub спомна да го јачаме имунитетот. Миење раце, квалитетна храна и сето тоа се подразбира, но стресот е надалеку познат како погубен за имунитетот. Баш деновиве читав, организмот е далеку поподложен на вируси кога е човек под стрес. Баш за вирусите беше нагласено. Свесно или несвесно... И информацииве со кои не' бомбардираат секој ден се стресни за организмот. И дозволете си време за квалитетен сон. Јас ако треба си кратам од други нешта, ама си ветив дека ќе си оставам доволно време за спиење. И тоа е клучно за имунитетот.
@prominent za ova so stresot si apsolutno vo pravo. Na moja koza osetiv. Si dozvoliv da se stresiram za gluposti i eve bolna so virus cela nedela bev doma a uste ne sum oporavena 100% ama jbg mora utre na rabota. Sto se odnesuva do Corona cirusot cel svet prevzema merki od tipot Karantin vo voeni bazi 14 dena site sto doagjaat od Kina osobeno od Vuhan. Samo kaj nas nema. https://makfax.com.mk/svet/италијански-научници-го-изолираа-кор/
Леле го гледам ова кружи нит пишува кој го напишал ниту дека е веродостојно. Уште пред да се случи корона вирусов имаше теми и дебати за групата вируси корона, т.е. како се пренесуваат болестите од животните на луѓето, како мутираат и како се поопасни од обичните вируси и настинки за кои низ годините луѓето создаваат имунитет на нив, додека многу потешко е човек да биде имун на новиве. Со оглед на тоа што козле, клиника и воена се полни од луѓе кои имаат потешкотии во дишењето првично од загадениот воздух и има на возраст од 1на година па нагоре за кој имунитет збориме?
На бродот Diamond Princess бројката на заразени за еден ден рипна од 10 на 61. На овој брод има 10 срби и 4 македонци...14 дена треба да бидат во карантин. Добра вест е што неколку дена е стагнирано ширењето на вирусот во нови држави..
https://gisanddata.maps.arcgis.com/apps/opsdashboard/index.html#/bda7594740fd40299423467b48e9ecf6 На горниот линк, ако сакате да ги следите официјалните потврдени случаи (починати и излечени) од Корона вирус, глобално. Еве ви од кои извори се црпат информациите: https://www.medpagetoday.com/infectiousdisease/publichealth/84698 Не забележав дека некој веќе го постирал линков. Се извинувам, ако се повторувам. Не ги разлистав сите постови.
Вирусот во Италија се прошири нагло денес и вчера. Пред 2 дена имаше само 5-6 заболени, а сега 55 заболени и 2 смртни случаи. Кина изјавиле дека се намалува бројот на заболени.
Има некаде за ова да се прочита? Сигурно е ова? Маж ми треба да оди за Италија во понеделник на една недела и сега прочита на некој наш сајт и изгледа ке откаже. Ке праша прво таму луѓето кај што треба да оди што е како е...
Да, сигурно е. Имам другар од Италија, кажа дека има околу 100 заболени. Градовите каде што е вирусот, ги ставиле под карантин. Не даваат никој да влегува и да излегува. За границите, не знам дали се затворени. Ама ситуација била многу лоша.
Кажи му ич нека не оди Од петокот како кажаа околу 3 часот дека има заразен во пиаченца веќе во 6 часот кажаа дека има во венето во падова 2 јца, вчера во мира -венеција еден. Еве денес сосотојбата е алармантна од 2 3 случаи кај нас во венето се искачија моментално на 17. Исто и во пиаченца. Гледам сите го фатија виѕѕаерот уплашени баш денес оди една жена каде што во нејзиниот град има случај. Се си мислам ако не стават во контрола т.е не успеат дека грото македонци ќе заминат Мк, поготово пиаченца е полна. Лошо. Доброто е што веднаш реагираат се е испозатворено. Али вирусот сам е лош и не се знае каде тие шетале допирале кашлале и слично знаејки дека вирусот опстојувал до 9 дена на површини. Иначе сите се во карантин луѓето со кој што комуницирале. Заразена керката и жената на човекот што почина. Има многу инфо ќе споделам поопширно попладне бидејки се информирам нон стоп од тукашните портали што даваат инфо на пола час. И сум во венето баш . Еден е фактот дека станува аларматно.
Дали се знае години и здравствена состојба на починатите во Италија? Зафркната работа е што кај лица со појак имунитет може да помине во многу поблага форма и да се само преносители. Буквално на нозе да го поминат. А се шири како грип. Страшно.
Ако вака размислуваат, браво за совесноста на македончето. Пошто ние најсупер здравство на светот имаме, тука безбедни ќе се
Споделувај обавезно зашто уште не се откажал да не одат. Вика 80% не одиме, па се надевам нема да одат.
Состојбата е следната 2 мртви меѓутоа едниот е 77 години тој веќе бил во болница со пневмонија, лежел 10 тина дена веќе кога дознале дека има корона вирус и починал истата ноќ а попладнето имаа објавено. Другиот случај исто околу 70 години има тука плус минус не ме фаќајте на збор битно стара личност. Третиот случај вчера кај венеција до сабајле од истиот човек 67 год се заразиле еден кардиолог мед сестра и хигиеничарка. До сега во венето официјално 25 луѓе синоке беа 19. Битно едно да кажам инфото шти го даваат во мк е пренапумпано. Како прво толку случаи нема ко што читав погоре едно, друго само во селото каде што го пикираа човекот не работи ништо сега за сега освен аптеки и маркети, се друго во венето работи, а не како што кажуваат се било затворено. За превенција кажаа до среда нема да работат школите и градинките исто и факултетите кои посекако се на распуст за карневалот, во вторник пак ќе имаат состанок и ќе кажат што понатаму. Собирите како карневали фудбал и слично од вчера исто до среда се одложени Дека се шири се шири многу брзо за нема ни 2 дена еве од петок пладне до сега 25 заразени само кај нас јас известувам за венето конкретно 38 год спортист беше во критична состојба синоке читав бил во стабилна состојба од пиаченца. Пациентот ѕеро сеуште не е најден и тоа им прави уште потешко на истргата бидејки за тие што се мислиле биле негативни на тестот. А да сега читав имало уште две стари особи во венеција заболени. Е карневалот во венеција сега за сега уште врви оти нели мора да врти парата. И да, одат за мк грото од венеција тоа имам инфо со виѕаирот од тревизо и за тоа немам збор да кажам Што и да кажам ќе грешам душа. Ќе информирам пак сега налепив тоа што ми текна набрзина