Растечката старечка пополиција во ЕУ е товар за системот, пензиски, здравствен итн. Не го кажувам ова оти мислам дека така треба, го кажувам оти сведочам на истото. Знаете колку старечки домови и центри постојат по германиите на пример и каде најмногу го бараат нашиот ( и не само нашиот) здравствен кадар.
2 нови заболени од Дебар, патувале од Бреша попатно застанале по пола северна македонија и може свашта да се деси АМА Венко вика дека се му е под контрола и дека сите ќе ги испотестираат ОТКАКО ќе ги најдат Немало место за паника, не купувајте брашно и квасец...сеуште Старите не работат во фабрики, пензионери се мнозинството од тие што изумреа.. само ќе го прочистат светов, младите пак ќе бидат аргати за без пари..ноу ворис
А и мислам дека ако вирусот е намерно пуштен само во Кина зошто Вухан еден од најпосетуваните градови во Кина нема логика. Кога стигнале?
Засега само овој вирус успеа да предизвика празни полици и недостиг на брашно и сапун во Германија на пример. Значи психозата е крената на глобално ниво.
Во иднина слободно реплицирај ми доколку мене ми се обраќаш. А претпоставувам дека е така бидејќи ова оди во контекст на мојот пост погоре. Да ти одговорам - Истокот како веле - сила е веќе во голем ризик. Неговото ослабување економски би значело многу за Западот. Исто така, процентот на заболени и загинати веќе прави чистка и обезбедува развој за наредни три години од сега. Битно е стапката на морталитет да биде приближна на наталитетот за да се постигне тој ефект. @Mantub Поради поранешните референци низ медиумите, и фактот дека вирусот (случајно) се шири во еден од најголемите градови во Кина. Нај проблематичната земја со енормна бројка на наталитет годишно.
Акo кинеските влaсти се нaпaднaти сo биoлoшкo oружје мислиш немa дa гo изнесaт истиoт тoј вирус нaдвoр oд грaниците ? И не сaмo зa oдмaздa, туку и дa се oтргне внимaниетo oд нивнaтa држaвa, никoј не сaкa дa е пoзнaт пo вирус.
Секогаш има "случајности" доволни за одма да си направиме теорија на заговор. Антиваксери да читаш ќе ти се крене притисокот. Не значи дека тие "случајности" не се објаснуваат. За секој вирус има некоја теорија на заговор која навидум изгледа вистинита се дури не ја прочешлаш и не сфатиш колку дупки има. Јаделе лилјаци и глувци, јаделе 7000 години од кај па сега вирус. Па јаделе ама еволуција тера. Заради ова глобално затоплување сите видови се менуваат и прилагодуваат. Во таа промена еден период ќе дојдат до израз едни, друг период други. Цело време е борба. Вируси постоеле и покосувале многу многу одамна и ќе постојат. За да тврдиш дека некоја теорија е точна треба не знам каков човек да си влијателен, со претседатели на држави да седиш на маса. А со читање по интернет само филмчиња си правиме
Психолошкиот фактор е пресуден. Зошто кога нешто се одвива далеку од нас, во далечни земји и провинции не нѐ тангира. Но, кога почнува да се случува во наша близина дефинитивно ствара масовна хистерија. Oва на глобално ниво не мора да значи ништо, и е очекувано бидејки населението е во константен пораст. Но, забележете го абнормалниот процент 2019-2020, а сеуште не ни завршила годинава.
И? Од старт планот на најголемите светски сили, пропаднал. Сигурно експерти од таков калибар, можеле да предвидат дека Кина 'за инает' ќе го рашири вирусот, што значи, не би ни ризикувале и тие да бидат погодени. Има многу полесни начини за менување владеачки структури, кои ЦИА ги користи уште од 60тите години.
Викаат стабилна..јас викам да пробаме да им веруваме Ама колку заразиле со посетата на матичниот само бог знае
@Mantub Јаделе и порано, па не сме имале ваков вирус. Имавме sars и mers, кои не избегаа од контрола и не се проширија. Коинциденција? Како сакате уствари. Од цел пост, каде буквално ви пишав за можните последици што би било кога би било (хипотетички), со статисика успеавте да креирате цела драма фаќајки се за таа реченица каде пишав дека е вирусот лабораториски обработен и пуштен во оптег. Нема фајде од форумов. Have fun.
А бе аман дискутираме едни мислат вака други мислат поинаку па си збориме Мутација на вируси е скрос нормална појава
Јас пак ќе кажам, опасноста е поголема во автобусот на Хисар, јер таа близина и љубов едни кон други таму не се опишува. Не е смешно инаку, али ај, мора вака.
Да, баш да настанат во метропола како Вухан и излезен од контрола. Инаку мутирани беа и sars и mers. Зошто тие не излегоа од границите? Или и кога излегоа ултимативно беа спречени со по 10-15 изолирани случаи.