Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.207
    Допаѓања:
    38.238
    Пол:
    Женски
    Па сеа... леб може да се нарача и се останато, плинска боца за жал не можам. Ќе се снаоѓаме некако или маж ќе ризикува па ќе оди да купи или... ќе свртиме неколку телефона и магично ќе имаме дозвола :^)
    ВидеЌемо ;)

    Глупи и ограничени се и меркиве а и полицајците кои ги “спроведуваат” Пишав и претходно, зш' во Чаир, Бутел, Шутка е важат меркиве?

    Туку... друго дојдов да споделам:
    https://www.facebook.com/391955921137121/posts/1093128247686548/
     
    На CameliaMiller и sanjaeva им се допаѓа ова.
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.677
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.271
    Пол:
    Женски
    Значи ова што го кажуваш, па тогаш ние имаме 100 пати почевечни мерки од вас, кај нас убаво се потенцира за "есенцијални потреби на народот" смееш и во 1 по полноќ да си надвор. Например боцата, еве сега да беше во италија одма ќе одеше да си ја наполниш.
    Ова што го зборуваш не ми се верува. Не верував дека сме толку нечовечни кон народот, или битно е да се сместиме на фотељи само па после сите да ги гледаме од високо.
    Не ми се верува значи.
    Почнаа со олабавување, од 14 ти ќе почнат да работат бутиците за бебешка и детска облека, бидејки е потреба и бидејки децата ни растат а посебно бебињата што за рок од 3 недели мењаат алишта и слично.
    Библиотреките, картонот, сечење дрвја.

    Е сега кај нас во регион венето денес гувернерот ни кажа дека веќе отвориле без да издадат соопштение дека 60 % од фирмите почнале да работат, и вели ова не е локдаун со 60% работа, наместо да ја затвораме замјата и да измислуваме датуми и карантини треба да се посветиме на произвотство на маски и ракавици да така сите да можат да излезат од дома со истите и да живеат колку толку понормален живот.
    Гувернерот ни соопшти дека од 14 ти ќе почнат и други продукции и дека ќе го укине т.е ублажи карантинот а дека работи за прозивотство на заштита за да можат сите граѓани да го имаат.

    Утре официјално ќе каже што ќе се случува од вторник.

    Ама оптимист сум дека ќе не прискратат од маките.

    Да така, ништо не е јасно и ништо не е црно на бело, секој регион во италија има право да уведе построги или поблаги мерки од дотичниот премиер конте.

    За разлика од тоа експертите односно виролозите велат дека додека не се нашло вакцина немало да можеме да живееме, не знам стварно што им е филмот.
    Они на фотељи со плати, плус ужуваат секаво право а нас кој не есапи.
    Епа нече мочи.
    Колку и да звучам лудо.
    На народот му сокисна веќе од виролозите.
     
    На lovemme, green.eyes, cresa-jagoda и 19 други им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.207
    Допаѓања:
    38.238
    Пол:
    Женски
    Абе боцава не е есенцијална потреба според нив. Госпоѓата ме посоветува на струја да си готвам (тоа што немам небитно) и да не се расшетувам многу. Има случки (не знам ова колку е вистина, само пренесувам) дека на родители не им дозволиле детето во болница да го носат, требало да викнат брза помош, а брза помош освен за корона, не доаѓа за друго. И така...
    Ги начекаа нивните пет минути, па сега дивеат, ете тоа е :^)
     
    На cresa-jagoda, Ivan4e04, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.330
    Допаѓања:
    47.363
    Пол:
    Женски
    @vitamina многу ми е мило што го слушам ова, се надевам дека ќе се вратите во скоро време колку толку во нормала, заслуживте.
    Инаку се согласувам, за срамота е мерките што ги имаме и не се функционални. Другарка ми работи во банка и вика цела недела имавме ненормална гужва, толкава што и вон вонредна не сме имале. Вика порано само старите правеа гужва сабајле ама младите си доаѓа подоцна и беше растеретено, сега се е на куп, никаков ред нема и ова воопшто не функционира. Исто и колешките мои од ВИП го велат, а сите знаме каква гужва е во ВИП. Моите сеуште работат, мајка ми е до 3, маркетот ни е далеку вика додека дојдам што попрво, куче ли да шетам, да пазарам ли...не можам ни да стигнам од што е гужва.
    Не знам што мислат, после ова ќе биде полошо се ми се чини.
     
    Последна измена: 11 април 2020
    На green.eyes, cresa-jagoda, CameliaMiller и 11 други им се допаѓа ова.
  6. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    2.273
    Neznam i toa sto vikas.
     
  7. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    2.273
    И ја мислам неделава да направат да неможе да се излезе и влезе од градов баш заради празников.Да го направат тоа у понеделник оти народов ке избега пред празников, и да не држат во карантин повеќе од 2-3 дена за празников.Другите денови нека биде скратено.
     
  8. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    3.665
    Пол:
    Женски
    Јас сум за масовно тестирање. Барам по навремено ќе бидат откриени сите. Ако тестираат по 200-300 во денот, само што ќе не залажуваат бројките на ново заболените.
     
    На WildMk и veteruska им се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    44.311
    Пол:
    Женски
    Денеска беа направени 600 тестови на пример, што воопшто не е малку.И претходните денови беа по околу 500 теста правени.
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  10. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    3.665
    Пол:
    Женски
    Така де. Затоа бројките се искачија на 40-50 дневно. Тоа го кажувам и јас.
    Ако тестират по повеќе дневно, ќе има и повеќе заболени. И така..
     
    На cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.806
    Допаѓања:
    135.434
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20200411-190946_Chrome.jpg Screenshot_20200411-190955_Chrome.jpg
    Ај,сега не биле точни информациите на медиумите за тоа кога починале мајката и синот. :drunk:
    Микробиолог за Сител вели дека не требало да објават за случајот кога не се познати сите детали.Вирусот не можел многу да опстои во мртво тело и мора повторно да се испита примерокот.
     
    Последна измена: 11 април 2020
    На cresa-jagoda, candy.cane, ЕденЧлен и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.415
    Допаѓања:
    136.407
    Пол:
    Женски
    Јс не знам зашто се буните сега. Сакавте полициски час? Добивте. Сакавте карантин? Добивте. И сега што? Ама не милсевме вака не мислевме така. Прво прочитајте што значат мерките за полициски час па после барајте. А не слушнала жабата дека го потковуваат коњот, па и она кренала нога. Никако не ви се наоѓа крајот. Да не е рашетаваше глупо Македонче и да не криеше дека имаат дојдено од странстсво луѓе на почеток вака немаше да биде. Ама не. Ги затворија школиве, децава полни кафичи и Водно и Матка. Сега ќутете и трпете.

    А за одење на болница и да ве застанат ќе кажете каде одите, ќе ве запишат и после ќе си докажете фрка бо тој период сте биле на болница.
     
    Последна измена: 11 април 2020
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, Ivan4e04 и 17 други им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.207
    Допаѓања:
    38.238
    Пол:
    Женски
    Па нели министерот кажа дека е почината во јануари? Или не разбравме добро?
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.800
    Допаѓања:
    323.809
    И сега се рашетани.
    Од вчера.
    Кој каде има викендица си оди.
    Ок...ама сами да се.Ама не се.
    И криво ми е затоа што и таму кај што отишле вчера сабајле посетиле продавници за прехрана (facepalm)таму, колку да го разнесат вирусот и таму:worried:.
    Типичен пример е Берово.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.806
    Допаѓања:
    135.434
    Пол:
    Женски
    Е,ајде,де...
    Ќе видиме што ќе кажат понатаму. :^)
     
  16. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    2.273
    Се согласувам дека и ние народот имаме свое мислење и мислам дека треба да не поцитуваат ради тоа.
    Секогаш сум за конструктивномислење не нешто безвезе напишано.
    И Владата треба да слуша сечие издржано мислење. Ние сме гласот на народот.:)
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Тоа зборам јас цело време, џабе им сите мерки кога Берово и Пехчево вријат од народ како никогаш до сега. Го расшетаа вирусот, ќе пркнат и таму случаи сега. Не може така другари, на толку моќ без никакви правила требаше сите градови да ги затворите освен за неопходни движења. И она дека немаме полиција за такви акции апсолутно им нема смисла, кога Македонија и Србија имаат повеќе полицајци по глава на жител од било која европска држава, ама нема, поарно да кажеа "абе не се поштува закон, газдите и големите не можеш да ги казниш оти врски на секој чекор, па удри по самарот затоа што не можеш по магарето". Дно од држава сме, се труло се гледа полека. Само треба да немаш партиско перде на очите. (Да, и двете партии спаѓаат тука затоа што подеднакво катастрофа се).
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, VDT2906 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.102
    Допаѓања:
    41.799
    Пол:
    Женски
    @vitamina баш супер за олабавувањето на мерките но сакам нешто да те прашам.
    Цело време гледам дека во Италија варираат бројките, де се зголемуваат де се намалуваат, пред некој ден бројката беше 3039 новозаразени а денес 4694 а смртноста е тука некаде, не е како што беше.
    Јас очекував дека драстично ќе се намалуваат бројките бидејќи нели Италија одамна го помна пикот ама не знам повеќе што да мислам. Требаше до сега да паѓаат, вистина не ми е јасно што и како е.

    А, и уште едно, добив известување дека градежните работници добиле веќе пари на сметка за тоа што не работеле изминатиов период. Се работи за сума од 700 евра плус нешто ситно, баш скоро се сеќавам дека спомнав за таа помош.
     
    На candy.cane и vitamina им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.800
    Допаѓања:
    323.809
    Памтиш Дебар кога го затнаа колку скопјани што заминаа таму на викенд молеа да ги пуштат?
    Така и тука треба да сторат.
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.415
    Допаѓања:
    136.407
    Пол:
    Женски
    Место полициски час нека стават забрана за движење од град во град и од населба во населба па да видите како подруго ќе беше.
     
    На CameliaMiller, candy.cane, Angie1432 и 4 други им се допаѓа ова.