Форумџика на годината

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.287
    Пол:
    Женски
    Како да не сме нервозни за полицискиот час кога работиме и не се постига со време?

    Ќе тргнам од мене мајка сум на дете од 20 месеци и ми го чуваше свекрва која живее во друга населба и е пензионер па сега излез има од 10-12 часот, а не сум ослободена од работа, епа кој да ми го чува детето? 100 стапа по туѓ грб не болат, одмори користиме, ротираме со маж, се менуваме ама некни мораше и двајцата на работа, едвај се измолив да сменам ден за дежурство и работев од дома а детево залепено на тв... меркиве контрадикторни. Мајка ми не може да ми излезе у сусрет она е лекар и не може сеа да користи одмор.
    Ние не седиме дома и цврсто стојам на ставот дека заразата се шири по фирми не ако некој излезе да прошета на воздух.

    Стариве уплашени и им пазариме и на нив, да отидеш на работа, да пазариш за себе и за старите и да однесеш до 16часот и дете да менаџираш и успат да се молиш да не фатиш корона, лесно е од дома да си коментираш и паметуваш.

    Велигден одам у викендица бар детево да трча у двор, не се секирајте викендицата у Скопје е, не им одам на охриѓани.:D
     
    Последна измена: 12 април 2020
    На kukla21, Ivan4e04, Larichka8 и 22 други им се допаѓа ова.
  2. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.379
    Допаѓања:
    10.552
    Пол:
    Женски
    Фино би било сценариото каде секој ќе почитува личен простор во иднина, но и во време на пандемија 50% од луѓето, поготово по маркети, го загрозуваат личниот простор без еднаш да размислат за мерките.

    Малку да се олабават мерките на владата, сѐ ќе биде како по старо, луѓето ќе се опуштат,
    Ако отворат кафичи, ќе чекаат ред за да седнат.

    Кога ќе олабават мерки, ќе си земат здраво за готово дека нема толкава опаснот од вирусот и нема да внимаваат.
     
    На nena2010 и ohlalalala им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.791
    Допаѓања:
    201.155
    Мене никој уште не ми објасни како полициски час ЗА ВИКЕНД некако придонесува за здравје. Или тоа што моите родители имаат 2 саати да испазарат во денот, поточно еден ден во неделата, затоа што утре ќе биде гужва по карантински викенд а во четврток пред карантински викенд. Во меѓувреме испораката од маркетите стигнува со термин од две недели чекање, за да ти кажат дека немаат тоа што е порачано. Значи, јас гледам само мерки за паника, психоза и изживување, мерки за јавно здравје изгледаат поинаку. Ги рековме веќе- пушти слободно пазарење, лимитирај радиус на движење на пар километри. Не да се чудат луѓе кај и како да купат леб, кај и како да фрлат ѓубре.
     
    На Ivan4e04, cresa-jagoda, Nausicaa и 20 други им се допаѓа ова.
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.271
    Пол:
    Женски
    како бе свекрвата не даваат да чува дете, епа како ќе работиш ти?
    Кај нас можат бабите да патуваат (дека сите возат) и да одат да чуват внуци додека мајките се на работа. Тоа спаѓа под есенцијална потреба и тоа може.

    И тоа шо вика горе биљарката, нејзините да ги ограничат да пазарат само на 2 часа

    Ма ненормална работа се овие мерки и полициски часови
    Немаат смисла ни поента, прават дувло

    Како сакате сфатете ме ама така

    Ако веќе забрануваме треба да знаеме да изменаџираме.
    А не вака.....
     
    На Ivan4e04, Larichka8, cresa-jagoda и 13 други им се допаѓа ова.
  5. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.287
    Пол:
    Женски
    Никој не те прашува како. Користеше одмор маж ми па јас, па дека и јас и маж ми одиме преку еден ден на работа се ротираме некако за да се погодиме у различни денови ама фаќа густо и више не знаме како ќе се снаоѓаме. Сега па и до 4 дома, а некни пола саат возев до дома ради гужвиве, на паркинг у 16:03 среќа не ме фатија.:D
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, vitamina и 3 други им се допаѓа ова.
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.847
    Допаѓања:
    122.964
    Пол:
    Женски
    @vitamina не знам во Италија, ама овде во полициски час навистина НЕ СМЕЕШ да мрднеш. Нема никакво прогледување низ прсти за движење на обичниот граѓанин. Пиша погоре членката ама нејкам да си признаам дека се мерки за паника, психоза и изживување и почнувам да станувам убедена во тоа, особено после случајот со велешанката.
     
    На Ivan4e04, dayla, cresa-jagoda и 13 други им се допаѓа ова.
  7. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    5.040
    Допаѓања:
    53.868
    Пол:
    Машки
    Видеќемо, ако испадне добро на крај хвалоспеви од сите страни ќе има како биле добри мерките бла бла.
    Се слагам со све што кажа, и лајк ти стаив ама мерките се тие што се, не можеме ние од фемина форум да ги смениме.
     
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.284
    Допаѓања:
    39.816
    Пол:
    Женски
    Со самото тоа што имаме повеќе заразени по глава жител, при цела држава под робство пардон полициски час, скоро и целосен карантин, нсспроти државите во кои нема никаков ваков екстрем, треба да ви каже нешто.
    Чукнете ги главите и согледајте дека сето ова е контрапродуктивно и штетно.

    Ало бре, луѓе немаат парче леб на масата да стават, луѓе немаат можност за термин, луѓето немаат право да бидат третирани освен ако не носат корона у себе !
    Нормални ли сте ?!
     
    На glosipgirl, Ivan4e04, Larichka8 и 19 други им се допаѓа ова.
  9. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Ама не ве сфаќам со шетањето.
    Одење во викендица, кога трае полициски час. Кое шетање???

    Како ќе шетам јас во сабота во Охрид или Берово? Како им сметам на другите ако седам во двор којшто го немам во Скопје. Средина на април е, јас единственото сонце што го примам е кога одам да испазарам.
    Како ќе влагам по маркети кога се оди на работа, не е дека ќе стигнам намерно во тој град 2 часа порано за да пазарам таму.

    Стварно не ве сфаќам за некои работи. Човекот од Скопје во Охрид што отиде болен, знаеше дека е болен. Тој е опасност за сите, не само за Охриѓани. Не споредувајте.
     
    На Ivan4e04, Waverly Raven, dayla и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.264
    Допаѓања:
    44.316
    Пол:
    Женски
    Резулатати од меркиве не можат да се видат од денес за утре , ќе видиме дали ќе вродат со плод за две три недели.
    А со кои држави не споредуваш, со оние што се дијаметрално различни и во менталитет и во почитување на мерки од нас?
     
    На emiliana, ..barbie.., mkdvesna и 3 други им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.207
    Допаѓања:
    38.242
    Пол:
    Женски
    Епа ова дека сите сакаа ко Србија да бидеме. Дека они најдобри мерки имаат и менаџираат :^)
    Мене вашата мерка ми се допаѓа. Полицискиов час видовме дека контраефект има, треба да се разгледаат други опции.

    Иако... мене се уште ме интригира случајот во Велес. Министерот изјавува дека е почината некаде во јануари и позитивна на корона за да другиот ден си ја демантира изјавата :?: Или лажат или се непрофесионални па изјавуваат се и сешто (а со ова нивниот кредибилитет и досегашните изјави се рушат) или тестовите се неточни или нестручни лица го контаминирале примерокот.
    Ме чуди зошто воопшто и правеле тест. На сите починати периодов им се прави?
     
    На kukla21, АнеАце, referentka и 8 други им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.207
    Допаѓања:
    38.242
    Пол:
    Женски
    Ова е тоа што најмногу ме лути во ситуацијава :envy: Еден куп луѓе ќе испоумрат заради корона, а не од корона. Само... нив не ги ставаат во дневните статистики оти не се позитивни |(
    Многу, ама многу почнав да станувам сомнителна за се што се случува околу вирусов, особено после случајот во Велес. Нешто страшно смрди ]:):envy:
     
    На cresa-jagoda, Maro87, Sofi.ja и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Сеа странците им се криви на кинезите за коронава..



    https://www.reddit.com/r/PublicFrea...ns_forced_to_sleep_in_the_cold_denied_access/

    На црнциве не им дозволуваат пристап до домовите, а на останатите им забрануваат влез во продавници и пристап до заштитна опрема (маски и слично)..
     
  14. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    3.505
    Јас да кажам за Чаир и Бутел, имам блиска што живее таму. Патроли имало, но нема никаков ефект. Ми кажуваат дека си играле со полицијата, внимаваат кога се приближува полициска кола и ги предупредуваат останатите. Па сите што биле надвор се кријат по влезови од згради. Само што ќе си замине полицијата, не чекаат ни да заврти од улицата сите надвор пак... И така цел ден во куг играчки со полицијата. Интересно им е. Немаат луѓето самосвест, знаеме со кого живееме. Не се само тие де...
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  15. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Пола фемина тука бараше вонредна состојба без да има појма што е тоа. После се бараше полициски час, па краток бил. Па дури и Вучиќ луѓе го фалеа... Епа дојдовме до ситуација пази што ќе посакаш, може да ти се оствари, и само тоа имам да кажам на барањата да се одело во локдаун, барањата за цајкан во секоја уличка, па општините во Скопје да се затвореле побогу. Супер, тогаш нема 30000 туку 300000 дозволи да требаат и сме завршиле работа.
    И не, не ми се допаѓаат и на мене мерките, ама ми пречи кога ќе прочитам колку е тоа убаво уредено во Италија, знаеме кај се. Или Шпанија. Тоа една страшно добра организација, во учебници треба да влезе. Па и во Шведска не се баш сите среќни што имаат многукратно повеќе заразени и починати од околните земји. Се согласувам да се споредуваме со земји без вакви мерки што успешно се справуваат, ама во приближно наши услови. И симнувам капа на една Хрватска, па и Грција што ја критикуваме за се и сешто, ама после пикот релативно брзо се стабилизираше.
    Кај нас има проблеми, ама со оглед на тоа што генерално сме народ што не сака ред и бара дупка во се и сешто, и добро се држиме.
     
    На kukla21, Ivan4e04, Larichka8 и 29 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.791
    Допаѓања:
    201.155
    Ама не може на сите да им го берите гајлето де. Во Америка тоа ќе го наречат природна селекција. Се надевам ковидов не е верски селективен , сите се подеднакво засегнати. Ако е така, ќе се евидентира преку бројка во тие региони во наредните 2 недели. Ако не, сепак не се шири преку воздух.
    Стеј тјунд 8-|
     
    На pilenka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Машки
    Што се случува со Центарот за справување со кризи? Живи се? Постојат?
     
  18. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.805
    Допаѓања:
    53.534
    Пол:
    Женски
    @pilenka
    Е како не. Баш живеам во Чаир ии тоа во дел каде баш не владеат многу закони но полицискиот час и те како се почитува. Цел ден сме во двор и еден глас немам слушнато. Сабајле и полиција патролира и се е во ред, е сега има деришта кои си играат мајтап чим ќе видат полиција со тие ништо неможеме..
    Незнам зошто кога ќе се спомене Чаир се мисли ЗА СИТЕ како некое гето да сме|(
    Секаде ама секаде има и недоквакани жители а и културни кои ги почитуваат правилата. Ние пример од повеќе од месец немаме искочено воопшто само до маркет..
     
    На Larichka8, cresa-jagoda, emiliana и 6 други им се допаѓа ова.
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.674
    Пол:
    Женски
    Па реално, примената на сила во било каква состојба е кривично дело и секако дека може да се преиспитува.
    Ама алудирањето на тоа дека и ограничувањето на одредени човекови слободи и права во вонредна состојба е исто што и примена на сила, е малку смешно.
    Овие ограничувања на право на движење, сместување во карантин итн се сосема легални во вонредна состојба. И да се преиспитуваат, ќе се докаже дека се легални.
     
    На MarigoldA, ..barbie.., ohlalalala и 5 други им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Мене две работи ме интересираат само:
    Викањето, тегнењето и туркањето од страна на полициските службеници и одземањето на пасошите. Никако не ми влегува во глава како тие работи помагаат во спречување на ширењето на вирусот.
    А за карантинот и сите работи кои се по одлуки на владата, да, легални се, само што за овие работи јас и не видов одлука.