Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Црквите веќе се организираат, оние литургии што се прават во петок ќе ги прават во четврток, и поклонувањето на крстот во четврток ќе е, еден по еден со влегување во црква.
    А оние од недела-понеделник ќе бидат преместени во вторник. Кружеше слика на твитер денес.
     
    На candy.cane и JollyGirl им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Во самоизолација е, веројатно. Може и се уфилмал малку, а може додека е дома и го врши интервјуто не е одделен од домашните (не е сам во соба).
     
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Кога ги спомнавте морбилите, морам да кажам дека со муабетите овде, некои членови, реално асоцираат на антиваксерите од темата за морбили.
    И таму имаше мајки што убедуваат дека ништо не мораат и дека се работи за нивни деца и имаат право на избор, и овде исто. Секој си гледа како му одговара на гзот, па за исти прашања во различни ситуации имаат два дијаметрално спротивни става, согласно нивните потреби.
    Разберете дека кога е загрозен колективот, ќе трпи поединецот. Дај да бидеме реални. Јас ништо не морам и нема да правам, ама ако живеам како единка у некоја дивина. Штом сум во колектив богами морам, ми се допаѓа тоа или не, зашто јавното здравје е над се. Дај да не бидеме контрадикторни, посебно па кога знаеме што сме пишувале по други теми. Или за таму не важат демократски принципи, пошто јавното здравје е над се, а овде каде не ни годи нешто први поборници сме за демократија.
     
    На rainbowmama, ohlalalala, Angie1432 и 22 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.017
    Како си ти сигурна дека нема?
    Еве чекам да ми објасниш.

    Како Трпана што купувала леб со мене во исто време, притоа сме немале контакт, нема да дознае дека јас сум болна.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  5. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    :D

    Последен пат ќе пробам да ти објаснам, следно ќе треба да ти нацртам а не ми оди баш цртањето.

    Муабетот беше за КОНТАКТИ ОД ЗАБОЛЕНИ, ти се подаде со твојот список за самоизолација и упорно се држиш до него, иако ти пратија и линк кој не го отвори, и продолжуваш да тупиш со истиот список од 300 души ИАКО никој не те праша за кој список го имаш ти видено.
    Ок?
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    не знам каква им е процедурата за ова и ме мрзи да барам ..ама, да речеме од други процедури во кои даваш некакви информации па потпишуваш изјава дека информациите се точни и вистините или како сведок во постапка даваш исказ - сносиш одговорност за исказот па во случај на лажен исказ сносиш одговорност зависно од последиците кои ќе настанат заради тој лажен исказ - лежиш одредено време во затвор. Така што, прво треба да се открие тоа. :)

    А се' ќе беше поинаку ако едноставно се договореа со црквите богослужбите да си ги направат без граѓани и ги повикаат граѓаните од дома да го прослават празникот. Ама не. Спротивно на одлуката од пред некое време кога беа затворени решија да отворат врати со рестрикции - број на луѓе кои ќе можат да влезат.
    Кога јас зборував со одредена личност за истото и особено за Велигден -не е некој си ти фактор за темата ама горе долу тоа е размислувањето на некои од факторите па ми беше речено „не може црквата така, тоа ќе значи да се намали важноста на црквата во иднина - луѓето да немаат потреба да одат во црква.“
     
    На buba4e89, CameliaMiller, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.017
    Може баба ти ќе купува леб во исто време со некој заразен.... никад се не зна.
     
  8. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    Па за твое добро ќе ти се јават да кажат дека си имала конгакт со заболено лице не за доброто на Трпана а и обратно ако ти си заболената. Они нема да кажат од Трпана си се заразила туку ќе те информираат дека си имала контакт со заболен а ти ако сакаш да копаш подлабоко секогаш можеш
     
    На candy.cane, buba4e89, ForeverYoung и 2 други им се допаѓа ова.
  9. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    Сосема си во право (y) ама преферирам цртежи
     
  10. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Стварно ќе одат? :x (facepalm)
    Епа веќе што сакаат нека прават.
    Без осет луѓишта.
    Туку ај тие што ќе се заразат, па и ќе придонесат за побрзо ширење мислејќи дека се заштитени од Господ.


    Само поголем пендрек треба да им се даде на полицијата и кој влезе да го тепаат.
    Друго чаре нема.

    За новинарот и мене ми текна дека може не е сам дома, ама не знам смешен ми е :rofl: :rofl:
     
    На elenaxbbg, candy.cane и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Што толку ви смета црквата еве во сопштение

    93407246_1130523567305363_4785905830576783360_o.jpg
     
    На cresa-jagoda, christinnn, ..barbie.. и 9 други им се допаѓа ова.
  12. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Баба ти нека купува со заразен,не ја ставај баба ми океј?Ти си фатила уплав од апликацијата,еве јас ја инсталирав и жива сум.
     
  13. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.506
    Допаѓања:
    22.869
    Пол:
    Женски
    Не им текнува што се случи во Берово последен пат така кога поместуваа...

    Кај мм на раб, на еден колега/колешка близок има корона.
    Мм немал контакт, само еден ден од далеку се поздравиле пошто се во различни, да ги кажам сектори.
    Ама со газдите се роднини. Мада викаат не се виделе.
    Секако мм иде со маска и ракавици.
    Да биде потрагично, као прво било аа негативен е тестот, за после да испадне позитивен.
    И сега на штрек да сум?

    Друго.
    Луѓе, ако имате викендици, нема зошто да не отидете, ако сте сами таму... без збирање, значи ете вие и деца, толку..
    А не и баби, и внуци итн итн..

    Ама за у стан да седам пак, а тука сум затворена, реално и не е некоја промена.

    Друго, смеам ли во петок да ја однесам малава на плац, да речеме од 10 до 15?
    Ради тоа до 18години прашувам
    Немам ни двор, ни тараса, а ни ништо во близина каде не би имало куп луѓе или нешто да испофаќа.
    Ни парче трева немам у околина.
     
    На candy.cane и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.527
    Допаѓања:
    260.887
    Ана се работи за јавното здравје, еве на памет не знам, треба да побарам како точно е регулирано за време на пандемија.
    Се работи и за заразна болест, значи да мора да се кажат сите контакти, мора да ги известите. Таков е протоколот, а тој најчесто го пропишува СЗО, така да секако е и правно издржан.

    Имам чувство дека барате влакно во јајцето.
    Анализирате права, што ви е ускратено, и тоа во ек на пандемија, во време на Вонредна состојба.
    Тоа и никако не смее да се злоупотреби, да се врши и да се малтертираат луѓето, ама јас досега освен рекла казла муабети, такво нешто не сретнав.

    И чистп, зошто им се одземени пасошите. Може затоа што ете има случаи каде успеале да побегнат.
    Screenshot_20200411-161418_Facebook.jpg
     
    На ohlalalala, cresa-jagoda, queen19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Тоа што квин сака да ви го објасни е... тоа мапирање кое го прават епидемиолозите во моментот е сведено на ваш исказ за контактите што сте ги имале во изминатиот период од - до. Вие ќе кажете за домашните, за роднини со кои сте се виделе, комшии кои сте сретнале, состаноци ако сте имале, работата... и потоа тие ги контактираат сите други. Во ова нема да влезат луѓето во маркетот пример каде сте купиле храна. Луѓето во автобусот со кој сте се возеле до работа. Луѓето во паркчето што седеле до вас и сл.
    За оваа апликација и ова сето да функционира треба да информациите ги имаат само епидемиолозите - избран круг на луѓе. Не ние граѓаните. Ич не сум некој да ме мониторира, чипира и што ти знам... но ова е да речеме еден од начините да се мапираат сите луѓе. Но, ако и ако...што изборајав,плус пар други ствари за кои да ги објаснувам ми треба поконцентриран мозок а не ми е. И ова истото би се користело ако испадне добар пример во идни слични опасни пандемии,епидемии што ти знам што.
     
    На candy.cane, buba4e89, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.292
    Допаѓања:
    57.256
    Пол:
    Женски
    Секоја апликација си има услови на користење и таму би требало да стои како и за што се употребуваат информациите. Даваат гаранција дека нема споделување на приватни информации, што повеќе од тоа треба? Истите услови на кои се согласуваш кога користиш Инстаграм, Фејсбук, Гугл Мапс, апликацијата за воздух... шо да е.
    Никој не кажа дека јавно ќе бидат споделувани имиња на заразени. Ако си била во контакт со некого, ќе биде контактиран. И да немаш апликација, пак ќе треба да го кажеш и пак ќе треба да биде контактиран. Која е разликата?

    Трпана тешко дека ќе ја контактираат со твое име и презиме ако била пет минути пред тебе во маркетот.
    Ова е само за да се дефинираат подобро контактите. Пример ако сум заразена и ме распрашуваат, од кај ќе знам која касиерка во Тинекс била на каса кога сум пазарела? Или ете касиерката нема да се сети на мерчендајзерот, а поминале повеќе време во разговор. 100% ќе се испуштат контакти ако се потпираме само на изјави.

    Искрено не ми е јасна паранојата околу апликацијава.


    ___________

    Околу муабетите за Охрид, не знам ни кај да почнам ама големи глупости се изначитав.
    Од комбе за Славија до цени во лето, абе умов манџа додека ве дочитав.
    Истото е за сите села кај што луѓе имаат викендици. Еве информација од едно село: над 1000 луѓе од градов биле во своите викендици, се' излезено надвор и фудбал се играло до 8 вечерта викендов.
    Остајте тие работи "јас сум совесен и плус не сум болен." Треба секој да седи дома, излегување само по потреба и крај. Не е само за Охрид муабетот.
     
    Последна измена: 13 април 2020
    На ForeverYoung, darcy, Mantub и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Мене ме интересира тие што викате две недели полициски час како ќе издржите со куп лушпи од овошје и зеленчук кои скапуваат и смрдат на тераса.
    Или само макарони планирате да јадете?
    А тек па во стан. Сите ѓубрето на тераса го чуваат. Излегуваш на тераса и те мава реа од сите страни.
    Ужас невиден би било.
    И реков, ова е само дел од многуте причини зашто таква мерка не е можна.
     
    На cresa-jagoda и candy.cane им се допаѓа ова.
  18. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Шо е финтава со апликацијата стоп корона? и дали некој воопшто ќе ја преземи?
    Уште еден проект за лопови.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.017
    Јас видов камиони на КХС денес.
    И вакво има на повеќе улици за дезинфекција. 20200413_135014_1.gif

    И со камионче прскаа.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.506
    Допаѓања:
    22.869
    Пол:
    Женски
    Во тие 2 недели ќе смееш да одиш до маркет да си купиш што ти треба и уз пат ќе фрлиш ѓубре...
    1000 пати објасни витамина како функционира...
    Ќе смееш да излезеш без проблем до најблиската продавница, аптека...
    Нема да ти треба посебна дозвола...
    2 недели карантин не е исто што и полициски час.
     
    На Angie1432, buba4e89, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.