Да, тоа напишав. Официјално беа 1526. Ама бројката беше многу поголема. До сега којзнае колку се умрени, нерегистрирани. Ама нели, сите ќе умреме. Дал од корона, грип, загадување, неважно...
Ние не бегаме конкретно ради вирусов, правиме свадба во Април, веќе дадено отказ на работа ние ова го планиравме и пред вирусов. Не ги обвинувам ниту тие што сакаат да си одат дома, зошто знам како е да си во неизвесност за тие дома, ако се болни дали ќе де излечат( дедо ми почина додека бев тука) не можам да опишам колку моментално сум лошо поради тоа, па решивме да останеме во Мк за во случај да не стане лошо, сакам да сум со моите. Вајда некои луѓе исто така мислат, ама сметам дека задолжителен карантин за сите кои влегуваат во земјата барем 14 дена треба да е сериозно решение. Јас уште не паничам искрено, си викам ќе помине ќе се стиши. За мене ич не ми е страв, туку мајка ми со тешка астма не знам што би ја правила. Не е изводливо да се затворат граници и мислам дека нема да се случи тоа, точно е дека многу брзо се шири ама како што кажуваат се поминува и со благи симптоми па вајда ради тоа властите сметаат дека не е доволно опасно за да се стави светов во карантин. Инаку сметам дека самосвесноста би била најголема помош во моментот, ама луѓето ја немаат ( меѓу кои може и јас во ситуацијава). Секако и секаде може да се заразиме, мора да се помириме и да не се дига толку паника туку трезвено и самосвесно да се постапува.
Вухан има 1200 жители на км2. (Wikipedia) Под карантин се повеќе од месец. Имаше купишта видеа што брзо се бришеа од твотерс, единствената мрежа каде можеа да се споделат. Луѓе беа затворени во висококатници со денови, влезовите беа заварувани со метални шипки да не излегуваат. Имаше видеа од погребални компании како собираат по 15 тела во едно комбе. Се створи енормно загадување од горењето на телата во мртовечниците. Имаше случаи каде цели фамилии умреа заради негрижа од властите. Не мислам дека кријат, јас знам дека кријат. Не само за ова, туку и за терористички напади. Не еднаш сум била сведок на немили настани кои експресно беа тргани од нет. Ама јбг, иде живот.
Не пишувај теории на заговор те молам. Биле со седативи успивани па палени, како не. Видеата се лажни. Сигурно откако ќе ги замотаат во тие портокалови кеси ги носат на излет. Се е конспирација, и лабораториите и вирусот. Луѓето умираат од што им е досадно.
https://www.google.com/amp/s/amp.lbc.co.uk/news/coronavirus-residents-welded-inside-their-own-home/ Статисти. Келикбејтови. И сега те лажат дека има во мкд, да потрошиш 1500 на екстра храна. Милијардери тријат раце сега после шопингот
Готово, затворете ја темата. Она што се дроби во 100 страници, најубаво сумирано во една реченица. Нормално е сите да се уплашени, најдобро е да не се паничи, јас кажав во еден од моите претходни постови дека масивна хистерија е уште попогубна од самиот вирус. Ама сосема ноншалантно однесување, потценување и на вирусот и на самите себеси како гарда која треба да се соочи со болни луѓе, тоа никако не смееше да се случи. Епа ни се случи. И ќе ни се случи допрва. И да прогласиме карантин сеа другар, скроз е бесполезно. Што ќе направи сега карантин кога си дозволивме луѓе од жариште од 27.02 да си се шетаат слободно низ земјава? Вирусот е веќе влезен. Имавме пропуст да пуштиме жена која искочи позитивна. Ајде, не очекувавме тогаш. За новиов случај што е оправдувањето? Ај женава одма се јавила на инфективно дека дошла од Италија, а што е со овие? Сега која и мерка да се превземе е по свадба тапани. Комотно може да идат сите Италија на 8 Март, и онака све живо и диво од таму што сакаше да се врати, пуштивме. Е сеа ни останува да си испукаме пуканки и да гледаме што ќе се случува.
Нема смисла ова што го напиша. Немој да мислиш дека поминува некој со корона и сите околу него паѓаат мртви моментално. Многу филмчиња си гледате. Не што шириш паника, туку за тебе ти велам, да не си правиш дополнителен страв. Многу од заразените биле во контакт со многу здрави па не се заразиле сите. Пепел ќе беше досега да беше вака ко што кажуваш. Има некои услови кои треба да се исполнат како стоење на помалку од метар или дирекно кашлање/кивање, па кога немаат симтоми се најмалку заразни, па одредено време да помине во просторијата со заболениот за да префати. А не, се размина на улица и готово умре.
Прашуваше вчера @WildMk што, како, кој профитира. Вака изгледа од економска перспектива, на македонски јазик https://www.dw.com/mk/коронавирус-песната-на-црниот-лебед/a-52650547?maca=maz-rss-maz-eco_timemk-4723-xml-mrss
@Mantub, па нормално. За што служи имунитетот? Ако е така, од секој што ќе помине на метар од нас треба да фатиме настинка или грип. Нема логика. Па и во кафич/ресторан/кино, замислете со колку болни луѓе се разминуваме секој ден... Колку луѓе ги допирале површините во јавниот превоз, кваките на вратите, копчињата во лифт, прекинувачите за светло. Само на тастатурите и телефоните колку бактерии имаме, докажано е дека се едни од највалканите површини. Таман работа еден заразен да помине по улица и да ги испозарази сите што ќе се разминат со него. Имаме имунитет бе луѓе. Тоа му е работата, да не' штити. Наше е да го чуваме и да го надградуваме Ако сте (релативно) млади и ако немате некои придружни заболувања, тврдам дека нема ништо страшно.
Според последниот официјален извештај: Досега има 102 262 заболени лица од кои 3 497 починале, а 57 674 се оздравени што значи дека во овој момент има 41 091 активни случаи од кои 85% се во добра состојба а 15% се во критична состојба. На Балконот во Грција 45 случаи, Хрватска 11, Босна 3 и Србија 1 случај.
Според порталов застанале низ три града...со ова се зголемува и ризикот од ширење.. https://vecer.mk/node/481153
Рано било да се прогласи пандемија. Не знам што чекаат. Пандемија е. Од Италија се рашири најмногу. Многу несериозен пристап кон ситуацијата уште од почеток. А уште понесериозни ми се овие што патуваат од жаришта и во жаришта. Никогаш нема да можам да ја разберам таквата неодговорност. Во вакви услови треба/мора да се следи протокол. За време на епидемија/пандемија има други правила. Германија успешно движи кон 700. До вечер може и преку 1000 ќе бидат.
А што според тебе трбало да направат? Ова е до совеста на луѓето, а овие баш совест немаат. И тројцата пациенти. Брат ми денес требаше да транзитира низ Италија за Швајцарија, ама одбра преку Австрија иако му е подалеку. Ама има внуци, семејство, колеги. Што и да направи власта, ако народот не соработува, џабе е. Италијниците се цигани. Да не ве чуди и што се излезе од контрола.
Така се погоди, сега за Велигден коа ќе дојдат и од Германија и од таму ќе се донесе, од секаде може кај што има жариште и овои од 8ми март себичњациве коа ќе се вратат ќе ја забрзаат постапката.