Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.567
    Пол:
    Женски
    Само не знам од кај ќе најде толку контејнери :wasntme:
     
    На Nigredo Odor, candy.cane и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  2. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    9.171
    Пол:
    Женски
    Се насмеа и рече дека нема потреба, и ако им даде таква дозвола, не гледа логика во препорачаните мерки. Единствено, исклучок ќе бидат децата со аутизам,ама утре поконкретно ќе кажат за нив.
     
    На Doozy, candy.cane, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.578
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    Баш така. Не дека овој народ не може да следи правила. Може да следи правила, и тоа се докажало со исселениците во странство. Значи не е до народот. Доколку се казнува и тука за прекршоци, секој ќе почитува. Ама нормално, тука закони прекршуваат функционери, бизнисмени, полицајци, како и нивните деца. Тие не смеат да се казнат, па покрај нив се провлекува и обичниот смртник. Ама тоа во Германија, Малта, Шведска итн го нема. Ако сакаш Господ биди, штом кршиш закон, ќе бидеш казнет. Затоа доста се плука по народот, државата ни е трула.
    Вчера со колата помивав низ центарот. Полиција на секој чекор, најверојатно 10тина видов во радиус од еден километар, ама не да растерува групи... не тоа не беше приоритетно. Приоритетно беше да застануваат возила на секои 200 метра и возачка и сообраќајна да бараат. Мислам нели, тоа е најважно. Истите тие полицајци да стојат кај парковите, да се погрижат дека луѓето ги почитуваат мерките, ќе биде даааалеку подобро. Се почнува со казна, се казнуваат неколку, луѓето прво ќе се плашат од казни, па постепено тоа ќе прејде во навика. Така прават јаките држави. Ама кај нас не оди така. На Петко детето не може да го казни оти со другарите се собирале и пиеле по паркови, оти Петко е судија, доктор, полицаец, пратеник итн.
     
    На candy.cane, Lanadelreyyyyyyy, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  5. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е кажано на пресот од Филипче денес но родителите на четиримесечното бебе кое со мајка му беше примана во болница се негативни а бебенцето позитивно и се наоѓа во Скопје со добра здраствена состојба, информација од прва рака.
    Не ми е јасно како можело?
     
    На candy.cane, Rama и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    2.233
    BБило кој да направи некој прекршок во Полицески час мора да биде казнет, значи без исклучок дали е судија, пратеник, обичен граѓанин.
    Кога се прави ова и се удара по џебот абтоматски народот се учи дека ништо нема да му биде простено.
    Овој модел мораме и тука да го донесеме ако сакаме државата да си ја доведеме во ред.
    Само Казнивост е рецептот.
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.668
    Допаѓања:
    192.486
    Многу им дозволувате да мислат за работи што не се за мислење. Затоа е така како што е:smoke:
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, orevokrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Баш тоа. Вежбаме ново ниво на фашистичка држава. Ковид е само припрема. Можеме повеќе. Можеме појако.

    Зборувавте за респираторите. Некој збореше за смртноста и сл. што и јас го читав.
    Еве, и уште некој зборува за истото. Ваљда порелевантен е, шо знам:

    „Почнува во грлото, со кашлица, па со градна болка, па со отежнато дишење и потреба од кислород и после, ако не се прекрати тука како болест, тогаш зазема полош тек и оди со повеќеорганско засегање. Потешките пациенти, тие кои завршија со лош исход, имаа засегање на бубрези, на црниот дроб и на срцето, значи повеќеорганско засегање кое, за жал, многу брзо се развива и завршува со летален исход.

    – Колку од пациентите коишто се на распиратори преживуваат?

    Мораме да се соочиме и јас и вие со тој факт дека сите пациенти кои досега се на респиратор или продолжуваат на респиратор или се починати“,


    вели д-р Демири.

    Од линкот на Лилт - 360 степени
     
    На CameliaMiller, candy.cane, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.952
    Допаѓања:
    127.652
    Пол:
    Женски
    Мајката и таткото имале подобар имунитет, детето кревко и ете. Тоа е тоа. Исто како што од тројца, меѓу кои еден грипозен еден ќе се зарази другиот не. Вирус е во прашање.
     
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.164
    Допаѓања:
    132.032
    Пол:
    Женски
    Сумирање на Прес-Конференцијата
    Screenshot_20200414-141613_Facebook.jpg Screenshot_20200414-141622_Facebook.jpg
    1.Во Инфективната Клиника во Скопје има 57 пациенти,од кои 7 се на механичка вентилација,а 14 на кислородна поддршка.
    Во ГОБ-8-СЕПТЕМВРИ има 27 пациенти,од кои 6 се на респиратор.
    Во Битолската Болница има 5 пациенти кои се во добра состојба,а кај 3 ќе биде земен првиот контролен брис.
    Во Штипската Болница има 8 пациенти,од кои еден е со средно-тешка клиничка слика,а останатите се стабилни.
    Потврден е и еден вработен во лабораторијата на Клиниката за Детски Болести.Пронајдени се неговите контакти и ставени во самоизолација.Таму била користена соодветна заштитна опрема.Повеќе информации за случајот ќе има веројатно утре.
    Потврден е прв случај во Кичево.
    Има 3 заболени медицински лица во Гостивар(2 медицински сестри и 1 доктор) и нивните контакти се исконтактирани.Ќе се постапи согласно протоколите.
    Заболела и медицинска сестра од Струга која придружувала заразено лице до Скопје,а немала заштитна опрема.Таа е пренесена во Битола поради влошена состојба.ДСЗИ треба да направи контрола/увид.
    2.Министерот нема информации за тоа дали починато 7 годишно дете имало КОВИД-19.
    Треба да провери.
    Најмладите заболени деца се стабилни(4-месечно бебе и 2.5 годишно дете).
    3.Вкупниот број на заразени здравствени работници до сега е 122,од кои 7 се веќе оздравени.
    4.Се следи состојбата во јавно-здравствените установи,домовите за стари лица,состојбата на оние во само/изолација и на оние во карантин,како и состојбата на оние лица кои се на домашно лекување.
    Помали се шансите за спас на оние лица со многу тешка клиничка слика и според студиите во списанијата со импакт-фактор,процентот на смртност е од 90% до 97%.
    Денеска има 42 оздравени пациенти.
    5.Во изминатите 24 часа направени се 710 тестирања,а вкупниот број на тестирања до сега е 9.262.Трае припремата на 2 нови капацитети за тестирање,во МАНУ за тестови на оние кои се во болниците,а во Институтот за Судска Медицина ќе се прават пост мортем брисеви.
    Ќе се направи скрининг на 20 посто од населението во Дебар за да се види нивната имунолошка состојба бидејќи таму веќе некое време нема новодијагностицирани.
    За сега нема нови заразени во затворот во Шутка.Направени се прегледи и епидемиолошки анкети,се чека да завршат сите тестови.
    6.Вчера завршил увидот во случајот на 2 починати лица од Велес(мајката и синот).Да се направи финалниот извештај,па МЗ ќе ја извести јавноста.
    7.Завршена е набавката на респиратори.Едниот дел ќе пристигне во следните 7 дена,а другиот дел во следните 30 дена.
    8.Утре ќе се дискутира да им се дозволи на родители на аутистични деца да ги изнесуваат надвор за време на полицискиот час.
    Отстапки можат да се прават само за болни лица,а за здрави не бидејќи постои можност да излезе 1,па по него повеќемина и да се соберат групи,па да се рашири вирусот.
    Не е лесно да се одреди од каде потекнува секој кластер и најкомплицирано е кога има асимптоматски случаи.
    Новата апликација е направена по протокол и МЗ управува со неа.Ќе им биде помош на епидемиолозите при анкетирање.
    Во Кина имало случаи на повторно инфицирани лица и таму се испитува дали втората инфекција е од истиот тип на овој вирус или друг бидејќи низ светот се зборува и пишува дека има 2 типа на овој вирус.
    Учиме од странските искуства и ја пратиме состојбата.Секоја земја има свои карактеристики кои влијаат врз ситуацијата.
    9.За сега нема нови мерки за Куманово,но не се исклучува можноста за воведување.
    Тешко е,но сите мора да се стрпат и да ги почитуваат мерките!
     
    Последна измена: 14 април 2020
    На CameliaMiller, elenaxbbg, Rama и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Ау леле па влошки:tmi:.
    Колку и да ги моташ, врзуваш, се осеќа ако само две -три се соберат во ќеса. Уште па да стојат три дена.
     
    На candy.cane, kukla21 и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.668
    Допаѓања:
    192.486
    Ако бидете доволно гласни, може ќе го разгледаат и неразумното барање- да се дозволи да се фрла ѓубре во контејнер, доколку полицискиот час е подолг од 24 часа:muscle:.
    Мислам, или е превид или се глупи. Или има и нешто трето?:?:
     
    На An-na, cresa-jagoda, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Па нели им дадоа час- два во денот веќе? Или грешка сум...
     
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.164
    Допаѓања:
    132.032
    Пол:
    Женски
    Тоа за други е,за лица со попреченост.
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.578
    Вчера цел ден имаше коментари како контејнерите се полни цел викенд.
    И баш тоа се запрашав, ако е полициски час, како се наполнија?! Значи некој цел викенд правел елегантни прошетки до контејнерите, овие не регулирале да има служба спиејќи на увото дека сите се затворени кој ќе фрла ѓубре (што и до некаде е логично), но некој си кршел полициски час. И при тоа, ако загледаме како фрлале ѓубре далеку од препораките за врзување на ѓубрето во две вреќи/кеси.
    Нејсе, и сите да слушале препораки и да го фрлеа ѓубрето во 5.00 понеделник, иста ќе беше сликата кога сите заклучени одеднаш ќе изнесат смет, зошто се луѓе, не се телепортираат и не го собираат ѓубрето на дугме. И наместо да се прашаме колку полицијата спиела цел викенд штом толку луѓе се прошетале со контејнери, ние дефокус од проблемот на друг проблем кој настанал од првиот проблем.
    И имаш приказни, амаааа на запаааад... на запад друже мој се рециклира, со картичка го отвараш контејнерот и ако фрлиш погрешен отпад, ти стигнува казна, а тука пластични контејнери се палат и намерно ги оставаат отворени за да уличните мачки имале што да јадат, не па да рециклираме.

    Од искривената слика за запад и другите земји дека државата доаѓа гзот дожа да ти го избрише си патиме.
     
    На M.B., Peppermint, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.668
    Допаѓања:
    192.486
    На запад ни кажаа- ако сте болни од корона, не селектирајте ѓубре- колку помалку контејнери фаќате, толку помалку ја изложувате заедницата на ризик. Значи некој премислил дека дури и ако си недајбоже инфициран, некогаш во животот би требало да исфрлиш ѓубре.
    Мислам муабетов е глуп до бескрај и назад, и може некому кој живее во мало место и во куќа му е нејасно, ама кој живеел во Скопје (на пример, може и Битола да е исто) знае дека се живее во зграда, дека контејнерите се реткост и дека ако не секој ден, секој втор мораш да фрлаш ѓубре. Мислам фрлање ѓубре е на ниво на мочање куче, не е нешто прашање на бес.
     
    Последна измена: 14 април 2020
    На Feminka22, Ivan4e04, СуперДевојка и 7 други им се допаѓа ова.
  17. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Гледајте го Д-р Вело Марковски на Канал 5,гостува во Само вистина.
    Многу е реален човекот.
     
    На Ivan4e04, Rama, fana и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.578
    Е баш ме интересира како ќе се регулираше тоа фрлање на ѓубре. Па фино со комшиите ко ќе се збркавме по ходник, со 1.5 метар оддалеченост, сите масовно од 12.00 до 12.30 на фрлање ѓубре, па со нашата совест за самоизолација, според приложеното де, ќе искористеа прилика сите. Па ус пат какоси комшија, хехе веслушавсиноќа, еее комшијадасеправи нешто, ааа комшикенештопечешесиноќа, лелеМаредушакифлички дапоминеова ќесесоберемедапробате хехе...

    Еве во Центар на Скопје сум, баш Центар.
    Во мое маало не беше таа глетка. На 10 згради има 10 контејнери, за право, едните ми се гледаат од балкон.
    Како бе може едни да можат, други да не можат да се организираат?! Едни се флексибилни, едни никако не може да се?! Вонредна состојба е, ја бараа, еве ја... што сакаме сега?!

    Исто така во 2001 во Тетово и Куманово, фрлаа ѓубре и шетаа кучиња у полициски час.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  19. Rebele

    Rebele Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Ми бараше сексуални услуги докторов на факултет за возврат да ме пушти на испит. Ме фаќаше за бутови и проба да ме бакне. Ми се јавуваше и пишуваше на ФБ. Беше во затвор пред 10 месеци, работи без лиценца, има жена 25 годишна што му била студентка итн.
    оф топик ама желудникот ме боли кога ќе го слушнам и прочитам неговото име.
    Има знаење ама е психо.
     
    На mira.mira, LoveHope, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.578
    Вело ете и Орхидеја пишала глејте го сега, кажа уште на самиот почеток за се ова што се случува.
    Човеков не го користат доволно во ситуацијава. Во Америка требаше да се соочат со 80 проценти смртност за да ја воочат грешката, а во Италија се случувало истото. Човекот си го кажа се ова уште кога имавме десетина заболени.
     
    На ph.orhideja, zhap4e и jacqueline.s им се допаѓа ова.