Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Немаат.
    Јас Најчевска ја сфатив дека уствари она се буни што со полицискиот час ќе им се скрати слободата на вероисповед на граѓаните за верскиот празник Велигден, демек кршење на права и дискриминација по верска основа.
    Прочитајте ги член 9 и член 19 од Уставот и видете по нејзината изјава, па пишете како сте ја сфатиле.
     
    Последна измена: 15 април 2020
    На g8lQQk и queen19 им се допаѓа ова.
  2. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.947
    Допаѓања:
    53.219
    Пол:
    Машки
    Ќе да немаат Тане
     
    На queen19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    ^Значи ние студентите и ученици да се буниме дека ни е ускратено правото на образование? Или тогаш ќе биде ама мора вака, пандемија е.
    А за нив не мора ништо, ахам

    Не ме чуди и за полициски час да излезат да одат по цркви, работеле или не.

    Едит - ова што сме секуларна од друга страна им овозможува да тераат по свое. Нели чим тие не се мешаат во законот, и тој нека не им се меша.
     
    На ElenaOfRivendell и candy.cane им се допаѓа ова.
  4. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.947
    Допаѓања:
    53.219
    Пол:
    Машки
    Па ако се водиме по логикава сите треба да излеземе надвор, и моите права се прекршени!!!
     
    На Jana06 и candy.cane им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.521
    Допаѓања:
    260.826
    Ова е причината. За жал. Ако затворат цркви, ќе има реакции од голем број на граѓани. Отворете социјални мрежи, врие народот заради тоа.
    Мал број се совесни за жал.
    Петок ќе биде страшно, за жал.
     
    На Jana06, Tatijana1993 и candy.cane им се допаѓа ова.
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    @JuLleE една страна поназад, имаше постирано дел од Уставот, каде е наведено кои права не можат да се ограничат и одземат за време на вонредна и воена состојба. Правото на образование не е во нив.
     
    На candy.cane и JuLleE им се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Жити логиката (facepalm)
     
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.163
    Допаѓања:
    132.026
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека он го прекршува член 9,бидејќи он не задира во верското уверување,туку член 19 и член 54.
    Он не вика ти не смееш или ти мораш да веруваш во Господ.
    Он задира во изразувањето на верата и прави дискриминаторско ограничување.Човековите права и слободи можат да бидат ограничени во воена и вонредна состојба,но не може да бидат дискриминаторски ограничени по основ на пол,раса,боја на кожа,јазик,вера,национално или социјално потекло,имотна или општествена положба.
     
    На BoaVista и zhap4e им се допаѓа ова.
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.567
    Пол:
    Женски
    Фб статус на новинарот Огнен Јанески

    Кажете им на верниците дека 5G антените се скриени во уличните светилки најчесто околу црквите. Затоа и нема ластовички и штркови врз нив. Повеќе ќе се уплашат од тоа, отколку од „едната лажичка за сите“ преку која може да збувнат неколку нови кластери на заболени со КОВИД-19.

    А сега малку посериозно. Кому му е чита, нека продолжи. Текстот е поопширен и со информации.

    Кое право е понеприкосновено? Правото на живот или правото на вероисповед? Во секуларна држава како нашата, кое право е понеприкосновено? Обезбедувањето од страна на државата на здравјето на граѓаните или обезбедувањето на практикувањето на вероисповеста во храм?
    И сето ова да се коментира во корелација со уредбите кои имаат законска сила за време на вонредна состојба, според Уставот.
    И во голем дел за ова, може да се донесе заклучок и од самите соопштенија на Синодот на МПЦ-ОА.
    Тие посочуваат:
    - „Со своето однесување, никој не смее да биде причина за нарушување на востановените безбедносни регулативи и постоечките здравствени норми.“
    - „Владиците на МПЦ-ОА повикуваат сите прекршители на вонредните владини мерки да понесат сопствена одговорност и упатуваат апел за внимателен однос кон корона-позитивните лица, препорачувајќи да се избегнуваат обвинувања врз таа основа.“
    - „1. Светите Литургии и сите богослужби да се одржуваат со неколкумина сослужители, со најмногу петмина верници, водејќи грижа да не се наруши веќе наложената мерка за јавен собир.
    2. Со благослов на надлежниот епархиски архијереј, во своите парохиски храмови, верниците да пристапат кон Светата Причест, на начин што е веќе востановен и утврден. 3. На повозрасните, изнемоштените и имунослабите лица, како и на децата, им препорачува да останат во своите домови. Доколку имаат духовна потреба, истите да се најават кај своите парохиски свештеници за да бидат причестени во домашни услови.“
    Ова се вели во соопштението на САС на МПЦ-ОА.

    Владините мерки за време на велигденските празници предвидуваат 85 часовен карантин - од петок во 16 часот до вторник во 5 часот наутро, што значи дека во тој период православните верници НЕ СМЕАТ да присуствуваат во храмовите. И премиерот Спасовски тоа требаше ОТСЕЧНО да го посочи. Исто како што требаше ОТСЕЧНО да посочи дека и вон полицискиот час, не смее да има повеќе од ДВАЈЦА на едно место, односно, да нема групирања надвор од и во дворовите на црквите.
    Дипломатската изјава на Спасовски за божјите храмови ми е слична со таа од министерот за здравство, Филипче кога отсечно не одговори на новинарско прашање дека фризерските салони не смеат да работат, посочувајќи дека ги почитувале мерките, и со изјавите на Владата на РСМ во кои отсечно не кажаа дека фабриките треба да бидат затворени ако не можат да ги спроведат мерките или голем дел од производството и од трговијата треба да бидат затворени, поради немање услови за спроведување на мерките. МВР ќе има засилени мерки в сабота, околу црквите. Во ред, може да се случи да отиде некој, иако НЕ СМЕЕ, зашто ќе биде санкциониран според членовите 205 и 206 од КЗ.

    Но, во последните две точки од соопштението на САС на МПЦ-ОА има сериозен проблем со непрактикувањето на советите на министерството за здравство, а во услови на причестување со една лажичка или бакнувањето икони и/или рака на свештените лица.
    Од МПЦ велат дека ќе биле дезинфицирани, но, дали ќе ги дезинфицираат по секое бакнување? Дали лажичето ќе биде дезинфицирано по секоја употреба? Дали навистина свештенослужителите ќе дозволат само по петмина во дворот? Како МПЦ ќе ги организира и контролира гужвите надвор од дворните места на своите високооградени божји храмови утре, задутре и во вторник до 16 часот? Дали ќе имаат редари, како што има пред маркетите и пред банките, или ќе треба војската да се распореди пред сите цркви како во Прилеп што ги држат на око пред продавници и банкомати? МПЦ не треба да советува, туку МПЦ треба да им каже на верниците дека НЕ СМЕАТ да се групираат и собираат и пред дворовите и вон полицискиот час. Дополнително, кои ќе бидат тие најбогоудобните петмина кои ќе бидат внатре за време на богослужбите? Со лотарија ли ќе ги одбираат? Има многу прашања, за кои треба да се одговори и за Светата Причест.
    Плус, треба да се земат и предвид вестите кои МПЦ-ОА ги објавува на својата веб-страница, а се под категоријата „Актуелности од православниот свет“, каде што се објавени текстови од регионот (на пример од Србија и од Грција) на свештени лица кои се исклучително против сè што е преземено како мерка наспроти вербата во Бога и неговите храмови, а притоа нема никаде назнака дека тоа е против и контрапродуктивно на мерките на Владата (МЗ, ИЗЈ и КЗБ) кај нас или препораките во светски рамки на СЗО.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Не можат. Работата е што можеле да се договорат околу тоа. Очигледно не се договориле. Затоа уште минатиот викенд имавме полициски час. Истиот ден утрото од МПЦ известија црквите ќе се отворени и ќе примаат по неколку луѓе. Попладнето излезе Влада со целосна забрана за движење за викендот и имаше уште тогаш најава и за викендов.

    Малку прц.

    Член 54
    Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот. Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на воена или вонредна состојба според одредбите на Уставот. Ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба. Ограничувањето на слободите и правата не може да се однесува на правото на живот, забраната на мачење, на нечовечко и понижувачко постапување и казнување, на правната одреденост на казнивите дела и казните, како и на слободата на уверувањето, совеста, мислата, јавното изразување на мислата и вероисповеста.
     
    Последна измена: 15 април 2020
    На senjorita-v, referentka, BoaVista и 2 други им се допаѓа ова.
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.811
    Допаѓања:
    145.429
    Нема да биде петок страшно. Ама за две недели да.

    Супер, по не знам кој пат политиката и гласачите ставени на прво место. Здравјето на народот и колективна одговорност , баш ги брига.
     
    На NarCis@, Alishan30, LejlaD и 13 други им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.047
    Допаѓања:
    37.462
    Пол:
    Женски
    Чек сеа... Од муабетиве сфатив дека јас во црква можам да одам, оти нели не смеат да ми забранат право на вероисповест, ама не смеам ѓубре да фрлам?
    Дискриминација!!! Протерстирам!!! Ми ја загрозуваат слободата на уверувањето... Јас сум уверена дека сакам да ми биде чисто и да не се угушам во смрдеа, зш ми ја забрануваат? :rofl:
    Вака како што е поставен законот од ова што @zhap4e го постирала, излегува дека скоро за се можеш да си најдеш дупка, ако сакаш... Убавини :inlove: Закониве ни се ко швајцарско сирење :?:
     
    На cresa-jagoda, Bezimenka90, Ano и 3 други им се допаѓа ова.
  13. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    Што сте фатиле за тоа ѓубре стварно не ми е јасно? Лешеви ли фрлате? Не знам како тетрапак од млеко или конзерва или опаковка од макарони супи паштети или кора од лимон ќе ви се усмрди ако добро спакувате у оние црни ќеси за ѓубре? Мајку му не фрлате умрени животни.
     
    На cresa-jagoda, ElenaOfRivendell, rainbowmama и 5 други им се допаѓа ова.
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.811
    Допаѓања:
    145.429
    Да се усмрдуваат! И кори од овошје и остаток од секаква храна.
    А пелени па подобро да не знаеш како ќе засмрдат на сонце 4 дена.

    Мислам нема потреба да се дискутира за тоа дека не смее да се фрла ѓубре оти се подразбира оти СМЕЕ.
    Јас ќе си фрлам, па ако сакат да ме казнат ете нека повелат.
     
    На christinnn, NarCis@, kukla21 и 16 други им се допаѓа ова.
  15. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    imas tolku ednostavno a i humano resenie (pod uslov da ne mrazis zivotnite) , zemi si edno kucence taka gladuvaat po ulici i ke go vrzes za setanje , ke si frlis gubreto, em mozes i da prosetas i gotovo, ili pak ako imate pred zgrada ulicno kuce pa nego (mozes imacka , slusnav i niv pocnale da gi setaat)
     
  16. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    Фрлај слободно ама ја 5 страни прочитав за фрлање ѓубре. Ако си решена да фрлаш ќе фрлаш не мора секој пост да е тоа (не зборам за тебе дека си пишувала секако не бележам кој што пишува а и не ме интересира да не се сфатиме погрешно зборам во целина)
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.163
    Допаѓања:
    132.026
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20200415-191705_Chrome.jpg
    :^) Предлози на Даниловски...
     
    На cresa-jagoda, senjorita-v, emiliana и 4 други им се допаѓа ова.
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Ако не ви е понизно да држите ѓубре дома со денови, ондак терајте.
    Мене ми е. Додека една цела популација завчера излегоа 500 души на улица, рамо до рамо, друга група ќе се напикаат во црква 1000 души, вие не загрозувате никого а ни себе, ако на 1 минут тркнете до контејнер и исфрлите ѓубре од дома.
    Почнува трагикомично да бива сето ова, трескање од земја.
     
    На christinnn, Mishela, An-na и 8 други им се допаѓа ова.
  19. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Се согласувам до Др Даниловски,го ценам и сметам дека е реален

    Некако од 16 е многу,18часот е некако најокеј
     
    На cresa-jagoda, Anie93, emiliana и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.687
    Допаѓања:
    25.269
    Пол:
    Женски
    Не сакам да ширам дезинформации ,пандемијава можно е да траела 3 години
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.