Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.756
    Допаѓања:
    14.258
    Пол:
    Машки
    Да, скоро сите ако не и сите меѓуградски автобуски линии се укинати веќе неколку недели! Моментално железнички сообраќај се одвива по скратен возен ред.
     
    На tatjanasakalieva му/ѝ се допаѓа ова.
  2. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Во Германија ресторани барови кога ќе се отвараат да не има нркој инфо
     
  3. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    5.624
    Пол:
    Женски
    Ако некој кивне и фати продукт, а ти го фатиш со ракавица што ќе ја фрлиш и не ја користиш ама баш за ништо друго освен да ги фатиш продуктите, и те како прави разлика. Нема поента да ставиш ракавици па со нив комотно фатиш ташна/телефон/новчаник ама ако ги користиш правилно има поента.
     
    На Rama и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Ама и со миење/ дезинфицирање на раце се постигнува истиот ефект. Ако не чепкаш новчаник, телефон и слично, после излагање од маркет дезинфицираш раце со гел за во џеб, дома миеш темелно и тоа е тоа.
     
    На Ivan4e04, cresa-jagoda, duffi и 12 други им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.163
    Допаѓања:
    132.010
    Пол:
    Женски
    Сумирање на Прес-Конференцијата
    Билансот во Изминатите 24 Часа:
    Screenshot_20200416-164338_Facebook.jpg Screenshot_20200416-164346_Facebook.jpg Screenshot_20200416-164354_Facebook.jpg Screenshot_20200416-164359_Facebook.jpg 1.ДСЗИ ќе направи увид во случајот во Битола кој предизвикал паника кај тамошните лекари.
    Брисот на младиот починат притвореник во Шутка е негативен.
    Сè уште не е готов наодот на Судска Медицина за позитивниот брис на Велешанката.
    Ќе се формира комисија при Лекарската Комора за да се доиспита случајот на починатиот 78-годишник.
    2.Направени се серолошки тестови на 10 трудници кои се во ГАК и тие се негативни.
    Направени се серолошки тестови и на вработени во Кумановската Болница,а ќе им се направат и тестови за присуство на вирусот.Кумановската Болница функционира,а доколку има потреба пациентите ќе бидат пратени во Скопје.
    3.Две компании ја добиле постапката за набавка на респиратори од Јужна Кореја и Германија.
    За жал пациентите кои се ставени на респиратор се со најтешка клиничка слика и процентот на смртност е висок(90%-97%) според студии објавени во списанијата со импакт-фактор.Доаѓа до нагло влошување на состојбата.
    Одлуката за тоа дали некој пациент треба да се стави на кислородна поддршка или на респиратор се носи врз основа на неговата состојба и неговиот наод(опфатеноста на белите дробови).
    4.Има барање за прогласување кризна состојба во Куманово,но бидејќи многу Кумановчани работат во Скопје ова ќе им влијае,па не е едноставно да се прогласи.Сепак,Комисијата за Заразни Болести ќе го разгледа барањето на состанок,веројатно утре.
    Има барања за построги мерки во Тетово,па ќе се види понатаму.
    5.Се дозволува движење за време на полицискиот час на лица со попреченост со придружник и со соодветен медицински документ.
    6.Во однос на тоа дали ќе има одговорност за Димитриевски и други лица од Кумановскиот Кризен Штаб бидејќи тој и другите не ги известиле владините претставници за ситуацијата(дека им биле земени брисеви),е рано да се каже.Потребно е ДСЗИ да изврши увид.
    Министерот Филипче ќе работи од дома и ќе продолжи со телефонска и со онлајн комуникација со сите страни.
    7.Министерот повторува дека влегуваме во најкритичната фаза и дека сега не е време за релаксирање на мерките.Релаксирањето не значи дека би довело до намалување на гужвите,напротив би ги намамило луѓето да се групираат уште повеќе и пикот би бил поголем од прогнозираниот,а дури и понатаму би се јавил втор пик.
    Мерките не се од ракав.Соодветно се пресметани,согласно со текот на ситуацијата и медицинските индикации кај луѓето.Само се прават планови што ќе се спроведат подоцно,доколку по пикот нема да има новодијагностицирани некое време.
    Мерките мора да се почитуваат!
     
    На cresa-jagoda, P.S.love, Ambitious и 3 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.016
    Ова го практикувам цело време.
    Ембашка пред да фатам волан, и него со гел го зашлакувам.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane и BoaVista им се допаѓа ова.
  7. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.375
    Допаѓања:
    10.530
    Пол:
    Женски
    Да,но сепак тотален локдаун имаше позитивен резултат во Италија и Кина каде што вирусот стивна.
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.016
    Нивниот локдаун нема врска со нашиот.
    Барем италијанскиот.
    За Кинезиве не знам баш, не ми се нешто омилени за примери земање.
     
    На redhead, темјанушка, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.471
    Од 24 часовен локдаун со право на излез до маркет, до ограничен полициски час без право на зимање воздишка има многу разлика.

    Ние ем сакаме да спасиме економија, ем да минеме со минимални последици. Од старт беше јасно дека нема да може така.
     
    На Tanjamm, Bezimenka90, темјанушка и 5 други им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.047
    Допаѓања:
    37.461
    Пол:
    Женски
    Ова ти се вика инаетење и упорно со глава во ѕид. За да случајно не признаат дека згрешиле |( Боже сачувај!!!
    Ќе имало повеќе гужви! Да видам, да не верувам (facepalm)
    А и за групирањето има лек, само поубаво им е вината да ја префрлаат на друг (во случајот народов) :envy:
     
    На kukla21, cresa-jagoda, темјанушка и 5 други им се допаѓа ова.
  11. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    5.624
    Пол:
    Женски
    Како ќе платам ако не чепнам новчаник или картичка? Нешто мора да чепнеш. И да ја дезинфицираш раката после, не исто со тоа да фрлиш ракавица со која ништо твое не си чепнал. Од кога ја вадам ракавицата, секако се дезинфицирам. Плус препорачуваат ракавици зошто има помалку шанси да нешто твое рашириш наоколу.
    Мене ми дава чувство на сигурност знаењето дека ништо немам на раце, не знам за вас.
     
    На ohlalalala му/ѝ се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.047
    Допаѓања:
    37.461
    Пол:
    Женски
    И ракавици и маски се за да ги заштитиш другите во случај да си заразен, себе секако нема да се заштитиш нит со ракавици, нит со маска.

    Може на раце немаш ако носиш ракавици, ама на продукти, телефон и слично имаш. Затоа како што реков ракавиците не се за твоја заштита, туку за туѓа.
    Дома миеш раце, дезинфицираш телефон и сл. и тоа... Бар јас вака го имам сфатено ова.

    А најсмешни ми се кога ги гледам рано сабајле џогираат со маски и ракавици :D Не знам од кого се штитат или кого штитат на отворено каде што живо пиле не прелетува?
     
    На referentka, Bezimenka90, Leviosa2503 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Ретко одам сама у маркет сега, купувам количински повеќе, и затоа едниот пазарува, пипка продукти, а другиот плаќа :D. Новчаник, телефон секако дезинфицирам со алкохол и марамица.
    Ти ако се чуствуваш позаштитена со ракавици, слободно користи, далеку од тоа дека можеш да имаш штета. Онака се надоврзав само, дека и со и без ракавици може да имаш ист степен на заштита, само ако правилно постапуваш.
     
    Последна измена: 16 април 2020
    На Doozy, cresa-jagoda, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    А со ракавиците демек нема да чепкаш новчаник и картичка?
    И не знам зошто мислиш дека дезинфицирањето не е исто, исто е, разликата е само, како што и сама кажуваш, што тебе лично ти дава користењето ракавици некоја сигурност.

    Е сеа тоа што улиците се полни со фрлени ракавици, а пред некој ден си најдов и кај мене во влез два пара, обесени на гелендер, тоа е друга работа.
     
    На cresa-jagoda, Bezimenka90, Alisa22 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    И ние утре одиме во викендичка и планирам да шетам кога не е полициски час.
    Одма до куќичка имаме рид, па шума и планина. После толку време затворена дома има макисмално да го искористам сонцето па слободно нека ме казнат. Веќе ич не ми е гајле.

    Нема комшии, нема многу луѓе и можам слободно на отворено да шетам во близина. Не верувам жив човек да сретнам.
    Плус фактички пред куќа ми е ридчето па никој нема право да ми ја скратува можноста да шетам одма до двор.
    Кои гужви се прават по маркети и аптеки, па ако им дошло до моето шетање до ридче, нека ме казнат.

    Не би требало и вас да ви прават проблем.
    Искористете го сонцето, секако после сме 3 дена затворени дома.
     
    На duffi, Цвет88, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  16. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    5.624
    Пол:
    Женски
    Ако влегуваме во детали, имам рака со ракавица и рака без. Со ракавицата фаќам само продукти, со другата носам торба/вадам картичка, ако треба да внесам пин внесувам со ракавица. :)

    @BoaVista и таа тактика е супер, и мене најлесно ми е со помош кога пазарам. Кога сум сама, вака ми е најлесно.
     
    На cresa-jagoda и BoaVista им се допаѓа ова.
  17. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.541
    Допаѓања:
    17.633
    Пол:
    Женски
    Како се сметаат бројките, има 20+ оздравени, кои биле откриени откако се излечиле од вирусот? Досега немаме ниту еден оздравен откако влегол како бројка во заразени после првиот жена пациент?
    Не ми е јасно.

    Ианку, 107 денес, над илјада отидовме.
    Најс.

    П.С. Како некои што поддржуваа полициски час сега планираат да шетаат кога истиот важи?
     
    На queen19 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Ок :)
    Немам ја ништо против, ама на пример продавачките сигурно не прават така, ниту пак менуваат ракавици после секој муштерија, така што не знам колку е корисно а колку штетно таквото носење ракавици.
     
    На Mantub и candy.cane им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.163
    Допаѓања:
    132.010
    Пол:
    Женски
    Буквално неколку поста над твојот пост,постирав биланс во кој пишува колку се оздравени од почетокот до сега.На секој пресек и на секој прес на Венко е кажано дали и колку оздравени има.
     
  20. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.802
    Пол:
    Женски
    Да ја имам твојата трпеливост и смиреност...
     
    На cresa-jagoda, ohlalalala и Igle им се допаѓа ова.