Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Discussion in 'Коронавирус' started by LovelyGirl3, Jan 26, 2020.

  1. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Joined:
    Jun 26, 2019
    Messages:
    1,008
    Likes Received:
    14,794
    Gender:
    Female
    Нека искочат овие што лижеа лажици, луѓето од маркети, пазари, оние што после карантин од цел викенд си прават скари... ќе видиме
     
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    20,092
    Likes Received:
    266,811
    Вчера колку тестирани беа, околку 500?
    Значи пристапот излегува функционален.
    Од 500 заболени, 100 позитивни. Од 400 денес 36.
    Значи не е до бројката на тестирање туку кој се тестира.
    Уште да беа побрзи со резултатите.

    Инаку за мерките, еднаш е малку 21 часот, сега еве од 16 часот и пак не чини.
    Не му се погодува на нашиот народ.

    Денес цел народ си отиде во црква. Ќе биде интересно после 10 дена.
     
    Dennings, Alishan30, oblace1 and 21 others like this.
  3. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Joined:
    Mar 8, 2016
    Messages:
    5,099
    Likes Received:
    54,228
    Gender:
    Male
    Ма бројките се мање битни Џули, нема ништо да ни смени нас кога ќе чуеме на вести дека се 45 или 100. И така реалната бројка на заболени е околу 10 иљади, тоа го кажа др. Даниловски а и јас одамна го мислам истото. Е сеа поентата е да почитуваме мерки да не ескалира бројката вртоглаво па да се случи Ломбардија.
     
    1209, Doozy, queen19 and 5 others like this.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    20,092
    Likes Received:
    266,811
    Ама муабетот е кога се мали бројките, не се тестирало доволно.
    Секако дека бројките се нешто поголеми, отприлика е ова, да знаеме околу.
     
    cresa-jagoda likes this.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Joined:
    Jul 10, 2018
    Messages:
    18,785
    Likes Received:
    139,612
    Gender:
    Female
    Прес на Филипче во 19 часот.
    Screenshot_20200417-172635.jpg
     
    Last edited: Apr 17, 2020
    cresa-jagoda likes this.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Joined:
    Jan 8, 2020
    Messages:
    9,921
    Likes Received:
    42,848
    Gender:
    Male
    Објасни човеков, браво. (y)
     
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Joined:
    Mar 27, 2011
    Messages:
    7,113
    Likes Received:
    107,131
    Gender:
    Female
    Жими се', не знаев дали во смешната тема да го ставам или во сериознава. :D

    Радио Слободна Европа


    Германец, заразен со коронавирус, вработен во делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, изолиран е во база на ЕУФОР кај Сараево, откако два пати се обидел да избега од болница. На Германија ѝ е испратено барање за негово враќање во земјата, пренесува новинската агенција Бета.
    ЕУФОР соопшти дека доцна синоќа медицински лица од болницата Кошево во Сараево довезле еден припадник на делегацијата на ЕУ во БиХ со потврден коронавирус во базата Бутмир. Се додава дека тоа лице ќе остане во изолација во базата сè додека не се завршат сите подготовки за негово враќање во Германија.
    Тој човек вчера два пати се обидел да им побегне на медицинските работници во објектот за изолација Подхрастови во Сараево.

    По првото бегство бил лоциран во градот и сместен во возило на Брза помош, но во тек на транспортот повторно се обидел да побегне. По фаќањето бил префрлен во базата Бутмир.
    Шефот на делегацијата на ЕУ во БиХ, Јохан Сатлер изјави дека е шокиран од настаните.

    „Длабоко сум вознемирен со случувањата во врска со заразениот член на нашиот тим“, наг
    ласи Сатлер и додаде дека се работи за „вредна и одговорна личност која немала психички проблеми“.
     
    CameliaMiller, JuLleE, duffi and 3 others like this.
  8. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Joined:
    Mar 8, 2016
    Messages:
    5,099
    Likes Received:
    54,228
    Gender:
    Male
    Па не знам Џули, не би да се праам паметен ама каков е овој пик што го чекаме месец дена а бројкиве варираат од ден у ден. Вчера 100тина денес 30тина. У сите земји тоа прогресираше само кај нас у 48 саати за 180 степени се мења ситуацијата. Или некој си игра ку*от со нас или не знам шо е работата.
    Тестираш по 2,3 иљади души дневно, што побрзо заврши ситуацијата подобро за сите а вака само ја одолговлекуваме работава
     
    JuLleE, zhap4e and Nigredo Odor like this.
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Joined:
    Jun 9, 2012
    Messages:
    8,262
    Likes Received:
    34,574
    Gender:
    Female
    Абе не е проблем да земат по толку брисови дневно, ако немаат, нормално ќе набават. Ама проблемот е во тоа што ние немаме толкави капацитети за дневно обработување на брисевите кои би биле земени во толкав број.
     
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Joined:
    Jul 10, 2018
    Messages:
    18,785
    Likes Received:
    139,612
    Gender:
    Female
    Според Филипче...
    Се тестираат 200-300 дневно,некогаш над 300.
    Тест за присуство на вирусот трае повеќе часа,а вакви тестови понекогаш се испитуваат дел по дел,еден дел денес,друг дел утре,а повеќе време треба кога се пуштаат повеќе тури.
    Тестот за антитела е брз тест,40-45 минути.
     
    cresa-jagoda likes this.
  11. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Joined:
    Mar 8, 2016
    Messages:
    5,099
    Likes Received:
    54,228
    Gender:
    Male
    Јасно ми е Црешке све ама мора да се ангажираат, некоја странска лабораторија-лупам. Треба да се стави под контрола ситуацијава у краток период, ако продужи вака пола Мк ќе остане без работа, економијата ќе отиде до врага и што сме постигнале? Затоа треба масовни тестирања, ефикасни и брзи решенија се потребни моментално а не одолговлекување. Вака не може вечно да тераме.
     
    lovestoneddd, JuLleE, zhap4e and 2 others like this.
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Joined:
    Jun 9, 2012
    Messages:
    8,262
    Likes Received:
    34,574
    Gender:
    Female
    Фб статус на градоначалникот на Куманово

    Со оглед на тоа што во јавноста излегоа голем број информации за тоа дека наводно јас и членовите на општинскиот штаб сме биле неодговорен кон заедницата би сакал да ја дадам следната изјава:

    - Во ниеден момент не сум дозволил да загрозам нечие здравје со моето однесување. Резултатите од тестовите што по вторпат се прават за целиот Кризен штаб и придружните членови и луѓе ангажирани во ризични подрачја ги чекавме пет дена.
    Средбата во Куманово со владини претставници не беше остварена на моја покана, туку на барање на Владата. Информацијата дека постојано се прават проверки на здравјето на лицата од општинскиот кризен штаб е јавна и ја знаат сите членови на штабот и институциите на министерството за здравство на локално ниво.
    Средбата се оствари за дополнително брифирање на владата и елаборација на фактичката состојба на терен поврзана со епидемијата за која укажуваме со недели.
    Сите присутни носеа маски, освен во момент кога техничкиот премиер Оливер Спасовски и јас дававме изјави за медиумите но државме препорачана дистанца.
    Со оглед на тоа што првиот тест беше негативен пред две недели, а немавме никакви симптоми, најмалку очекував дека ќе има позитивени тестови од членовите на штабот но очигледно големите контакти со луѓе во обид да се разрешат сите проблеми во градот со вирусот КОВИД 19, придонесе пет члена од општинскиот штаб да имаат позитивни тестови и сите тие од различни институции. Се поставува прашање ако се следат епидемиолошките алгоритми на комисијата за заразни болести како досега не бевме оценети како ризични бидејќи очигледно сме заразени од лице кое веќе имало вирус.
    - Куманово е град каде има најголем број случаи според број на жители, секој од нас носи одговорност, јас најголема и поради тоа барав од Владата со недели да бидеме изолирани.
    Истрата нека ја утврди фактичката состојба и евентуалните системски недостатоци, пропусти и одговорност.
    Не сакам оваа ситуација да прерасне во јавна дебата без потреба, мора да се сконцентрираме и сите заеднички да ги насочиме силите и да ја поразиме епидемијата.
     
    Tanjamm, zhap4e, duffi and 3 others like this.
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Joined:
    Jun 9, 2012
    Messages:
    8,262
    Likes Received:
    34,574
    Gender:
    Female
    Уште еден фб статус, од пред 2 часа на градоначалникот на Куманово

    Почитувани,
    Денеска се одржа седницата на ОШЗС Куманово на која беа донесени следниве заклучоци:
    - ЗАКЛУЧОЦИ
    Од одржан триесет и втори состанок (по пат наконференвциска врска) на Општински штаб за заштита и спасување одржан на 17.04.2020 година (петок)
    Денеска се одржа состанок на ОШЗС во врска со превземање на мерки и активности од ширење на болеста COVID 19 (корона вирус).
    На состанокот беа донесени следните мерки, препораки и заклучоци:
    • Бараме од Влада на РСМ, Министерство за здраство, Комисија за заразни болести и ИЈЗ Скопје да изготви целокупна листа на позитивни и негативни резултати од тестови заклучно со 17.04.2020 година 24.00ч. и написмено да го извеси ОШЗС со вкупниот број за позитивни и негативни случаи на Ковид 19 за лица на територија на Општина Куманово до посечениот датум, воедно инсистираме резултатите од тестовите да се доставуваат до ЦЈЗ куманово во рок од 24 часа а не подоцна од 48 часа од моментот на земање на брисот на лицата од страна на епидемиолошката служба и негово предавање за понатамошна анализа со цел како штаб да добиеме реална епидемиолошка слика на територија на Општина Куманово.
    • Бараме од Влада на РСМ да ја издвои Општина Куманово и нејзината територија од рамката на општите мерки на Влада на РСМ, кои важат за севкупната територија на РСМ, со дополнителна 14-дневна, 24-часовна изолација (карантин во посебни услови) кој ќе важи од вторник, 21.04.2020, и ќе трае до понеделник, 04.05.2020 година, со почитување на досегашните донесени мерки од Влада на РСМ, како и дополнителни претходно јасно дефинирани постапки во ваква ситуација од страна на ОШЗС на Општина Куманово.
    Под посебни мерки коишто треба да важат во овие услови се:
    1. Дозволи за движење на лица коишто се професионално ангажирани во институциите и стопанството.
    2. Пунктови за контролирање на влез и излез во и вон градот, со дополнителна дезинфекција на возила и патници кои влегуваат на територијата на Општина Куманово.
    3. Превентивни епидемиолошки мерки за дезинфекција на зафатените подрачја во градот.
    4. Обезбедување на транспорт со намирници, енергетски и други потреби на Општина Куманово и институциите кои се вклучени во дејствијата против епидемијата со COVID-19 на територијата на Општина Куманово.
    5. Непречено обезбедување на амбулантна достава на храна до домаќинствата, во период на карантин и вклучување на поголем број на трговски оператори во постапката со претходно издадена дозвола од ОШЗС.
    6. Операционализирање на Одлуката на Владата на РСМ за мерки за земјоделците и сточарите и други стопански субјекти за непречено вршење на активности во период на карантин.
    7. Обезбедување на дополнителни човечки ресурси (стручен кадар) во здравството за непречено функционирање на Општа болница – Куманово.
    8. Зајакнување на капацитетите на епидемиолошката служба со дополнителни човечки ресурси (стручен кадар), како одговор на потребите, во зависност од епидемиолошката состојба.
    9. Дефинирање на начин и постапка на одлагање на комунален отпад на домаќинствата во кои има позитивни случаи на COVID-19.
    10. Обезбедување на дополнителни количини на лична заштитна опрема на граѓаните на Општина Куманово и воведување мерка за задолжително носење на заштитни маски за сите лица на отворен простор.
    11. Вклучување на Меѓуопштински центар за социјални работи за активно следење на состојбата на лица со посебни потреби и укажување помош на социјално најранливи семејства во градот со континуирано снабдување со храна, средства за хигиена и заштитна опрема во периодот на посебни услови.
    12. Воспоставување на континуиран медицински процес и процес на континуирана контрола на нови лица, бегалци влезени или фатени во процес на криумчарење, а се или ќе бидат предмет на сместување во ТПЦ Табановце – Куманово, нивна изолација или евентуален карантин.
    13. Во период на прогласена состојба во посебни услови, Црвен крст на РСМ и други хуманитарни и невладини организации и здруженија кои се во соработка и координација со ОШЗС, да диструбуираат хуманитарна помош, средства за одржување на хигиена и дезинфекција за граѓаните на Општина Куманово.

    ОШЗС доставува предлог протоколи за движење низ градот на следниве категории граѓани.
    Прва категорија – вработени лица во стопански дејности, ЕЛС, државни институции и друго, предлагаме:
    - Оваа категорија на граѓани вработени лица ќе се движат исклучително со предходно издадени дозволи од МИОА преку нивните организации и институции дополнително и исклучиво, согласно динамиката на предходно утврдено работно време од нивна страна во склад со предходните одлуки на ВРСМ. Доколку имаат потреба од превоз од работно место, а истите не се возачи, со оглед на фактот дека јавниот превоз е укинат, нивните оирганизации се должни да изготват список на лица и возила кои ќе ги превезуваат согласно предходно утврдена работна динамикаи истите ги доставуваат до ОШЦЗ на увид и одобрување, а ОШЦЗ во соодветна времена постапка ги достави до МВР, СВР на запознавање и понатамошна постапка.
    - Втора категорија во која се вклучени граѓаните кои имаат потреба од набавка на прехрамбени производи, здраствена помош како и потреба предизвикана од други природи ( смрт заради закоп, регулирање на итни и неодложни активности и др.)
    Предлагаме снабдување со прехрамбени производи да се одвива на два начина и тоа, on-line набавка која ќе им биде достапна и организирана дистрибуција од страна на трговски фирми ои ќе ги опслужуваат, на располагање им се става дополнителни тимови формирани од ОШЗС и Општински Црвен крст со бесплатна достава, по нарачка од страна на граѓаните по предходно изготвени каталози со точно утврдени цени достапни до секој граѓанин.
    Втор начин со слободна и контролирана лична набавка на еден член на секое семејство во јасно и прецизно дефинирано време од 07 -15 часот во текот на денот на локација на дисконти – маалски дуќани не подалеку од 200 м од адресата на живеење, со исклучок на улици каде што нема такви трговски објекти. Лицата кои не се придржуваат до мерката воопшто да не се услужуваат. Оваа мерка подразбира воведување на режимот на маалски полицаец со засилена контрола на службите (МВР-СВР и инспекциските органи). Постарите категории и ранливите категории на семејства ќе бидат опслужувани со најава на call center на ОШЗС или дирекно кон трговските дуќани или лично ним со соодветни нарачки. Сите останати потреби на граѓаните ќе мора да бидат пријавени до ОШЗС и по приоритети решавани во координација со другите служби и институции.
    - Движење на други категории на граѓани на кои работата им е поврзана со егзистенција (земјоделци, сточари, пчелари, лица со посебни потреби и нивни придружувачи и др. )
    Операционализирање на постоечките мерки со јасно постапување кон потребите на овие категории на граѓани ќе се врши согласно досегашните препораки и одлуки на ВРСМ, во координација со ОШЗС Куманово.
    • Се препорачува ЈП „Чистота и зеленило“ да ги реорганизира работните групи за дезинфекција и да продолжи со непрекината дезинфекција на стамбените единици и јавни површини.
    - Бараме од граѓаните на општина Куманово за периодот на предстојните празници и продолжениот викенд да ги почитуваат владините мерки за ограничување на движењето.
    - Членовите на штабот кои се информирани за позитивен резултат на Ковид19 како и Командантот на штабот од страна на ЦЈЗ Куманово ќе останат во самоизолација и својата штабска позиција ќе ја вршат онлајн и со помош на комуникациските врски, дополнително останатите членови на штабот ќе добијат препораки и задолженија од епидемиолошката служба за евентуална самоизолација врз база на епидемиолошките анкети кои се во тек.
     
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2016
    Messages:
    3,549
    Likes Received:
    19,475
    Рачунај ги. Ќе ескалира.
     
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Joined:
    Jul 13, 2017
    Messages:
    18,416
    Likes Received:
    227,685
    Gender:
    Female
    знам. ама не можам да ги жалам ми беше муабетот.
     
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Joined:
    Jun 9, 2012
    Messages:
    8,262
    Likes Received:
    34,574
    Gender:
    Female
    И рачунај таквите нема одма да се тестираат, туку кога ќе им се ископлицира состојбата, па после оф, леле, кој попрво да биде хоспитализиран и лечен, а пред умирање.
     
  17. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Joined:
    Jun 26, 2019
    Messages:
    1,008
    Likes Received:
    14,794
    Gender:
    Female
    Си се причестија, сеа у вторник ќе се исповидат со фамилии на ручече пошо нели нема шанси да се заразени они. Фамилиите ќе се заразат, тие некој друг, тој некој друг неговата фамилија.. и така.
    Мајка ми била во црква вчера да остави јајца пошто мора се тоа нели, али ај барем маска носела и не се причестила.
    Вика имало луѓе, влегуваат со маски, се качуваат таму кај тоа олтарот, ги вадат маските, си лапнуваат винце од лажичката, ги враќаат назад маските. Епа :)):))))

    Супер. Или ќе си се влечкаме со вирусов, или ќе се сведе на колективен имунитет. Ја мислам второто.
     
  18. nina123

    nina123 Истакнат член

    Joined:
    Aug 5, 2011
    Messages:
    20
    Likes Received:
    1,138
    Gender:
    Female
    Требаше сите да си носат од дома лажичка:|
     
  19. riba79

    riba79 Популарен член

    Joined:
    Feb 3, 2010
    Messages:
    2,033
    Likes Received:
    8,108
    Gender:
    Female
    Pred malku od zgrada izlegoa 2 doktorki so viziri.. Me interesira bidejki sme mala zgrada. Dali toa bea luge sto testiraat zaboleni od korona po doma ili bese brza pomos. Kratko posle komsikata so nejzinite so kola zaminaa, dali vo bolnica ? Ako znae nekoja neka pise..
     
  20. riba79

    riba79 Популарен член

    Joined:
    Feb 3, 2010
    Messages:
    2,033
    Likes Received:
    8,108
    Gender:
    Female
    Ne e rabotata za ogovaranje.. Me interesira dali imame zabolen od korona vo vlezot vo koj sme 8 stana..