Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.240
    @1209, јас и онака не сум личност што премногу излегува и ретко сум во гужва. Но, искрено, по оваа изолација тоа што најмногу ми треба е контакт со луѓе, очи во очи. Работам од дома, но не е исто. Едвај чекам да се вратам на работа, да се видам со колегите, не по скајп туку лично.

    Не ме плаши вирусот, повеќе ме плаши изолираноста и овој живот што не може ни да се нарече живот. Ова е само преживување. Затворени дома, чекаме некаква ,,пресуда''. Ќе се умира или ќе се живее? Јас избирам да живеам, ослободена од каков било страв.

    Ќе научиме да живееме со вирусот, како и со многу други вируси, бактерии, микроорганизми што се насекаде околу нас, во нас и на нас, а не предизвикуваат заболување. Клучен збор тука е силниот имунитет. Јас си го чувам со тоа што избегнувам стрес, не сум залепена за телевизорот да го чекам Филипче со бројките за умрени и заболени, и се исполнувам со пријатни емоции, љубов и креативни активности.

    Животот ќе продолжи таму каде што ни застана. Можеби ќе ни требаат неколку недели за да се навикнеме ама ќе се вратиме во колосек. И мислам дека повеќе ќе ги цениме прегратките, разговорите и блискоста.
     
    На Annora, Lolipop23, Sindell и 30 други им се допаѓа ова.
  2. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    @1209 добро прашање што ме стави во мисла.
    Искрено, се уште немам мислено на тоа. Веројатно ќе си продолжам со старите навики, и повеќе здрава исхрана и да се запиишам конечно на фитнес.
    Повеќе посветување време на себе и најблиските и полна со надеж дека наскоро ќе ми се вратат родителите.
    Искрено, многу ми недостигаат.:u: И со надеж дека срањево ќе исчезне.
    Јас не се плашам толку за себе иако сум кревка со здравјето моментално, се плашам за родителиве, за брат ми кој е во постојано движење и за баба ми и дедо ми.
    Гледам да останам стабилизирана и да не кревам паника и до сега добро ми оди.

    Кога веќе сме кај вакцините, сум со поделено мислење.
    Не сум антиваксер ама нема да бидам меѓу првите која ќе брза за вакцина.
     
    На Shmizla94, Rama, JollyGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.476
    Допаѓања:
    37.798
    Пол:
    Женски
    Дали е можно да е вистина ова? :o
    Зошто не останале затворени црквите?

    Снимка да видам дека се причестуваат нема шанси да поверувам. Па уште од едно лажиче. Не ми се верува дека е возможно тоа...
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Веруј! Будала работа!
     
    На Shmizla94, Doozy, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.790
    Пол:
    Женски
    Возможно е, и тоа како. Имаше слики, редици пред Соборна.
    Имаше и поп на вести, кажуваше дека причеста не може да разболи, само да излечи. Јавно го кажа тоа, што очекуваш?
     
    На Doozy, Alisa22, JollyGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.891
    Пол:
    Машки
    Ако има некои доктори тука, дали мислите дека тоа со крв и озон делува во лекувањето на болните, читав некаде дека веќе во Италија и Франција дава супер резултати, а наскоро и САД ќе почне да го употребува? @vitamina , знаете нешто околу ова, извинете ако досаѓаме. :)
     
    На *Amethyst* и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.157
    Допаѓања:
    131.963
    Пол:
    Женски
    Сумирање на Прес-Конференцијата
    Screenshot_20200417-150831_Facebook.jpg Screenshot_20200417-150838_Facebook.jpg
    1.Вкупниот број на заболени сега е 1117,а бројот на активни случаи е 929.
    На Инфективната Клиника во Скопје,примени се 5 нови пациенти,а вкупниот број на пациенти таму е 54,од кои 5 се на механичка вентилација.
    На ГОБ-8-СЕПТЕМВРИ примени се 7 нови пациенти,а вкупниот број на пациенти таму е 37,од кои 7 се на респиратор.
    Пациентите во Битолската Болница се стабилни,нема промена на клиничката слика кај нив.
    2.Вработена хигиеничарка во домот за стари лица во Ѓорче Петров е позитивна на вирусот.Лицата кои имале контакт со неа на работа се ставени во самоизолација и направена е епидемиолошка анкета.
    Се чека финалниот извештај на Институтот за Судска Медицина за случајот во Велес.Точно е дека полицаец кој бил таму во станот на увид е позитивен на вирусот.Тој носел скафандер.
    ДСЗИ правел увид во случајот на лежечкиот пациент во Битола чиј тест не бил добиен 5 дена.Увидот е генерално за третманот на пациентот.
    Покрај лаборантот од Клиниката за Детски Болести,заболена е и медицинска сестра од одделот за онкологија.Постои сомнеж дека вирусот е донесен од надвор.Ќе се тестираат сместените пациенти и вработените од тој оддел.
    Сè уште се чекаат резултатите од тестовите во затворот во Шутка.
    3.Потребна е висока доза на внимателност во домовите за стари лица поради здравствените состојби на лицата кои се сместени во нив и во тие домови ќе се направат серолошки тестирања во текот на следната недела.
    Тестирани се со серолошки тестови 210 лица вработени во Кумановската Болница и тестовите на двајца се позитивни,па ќе им бидат направени и тестови за присуство на вирусот.Направен е договор со Скопските болници за примање на пациенти од Кумановската Болница(а во оваа болница ќе се прави тријажа и проценка).
    Со 2 лаборатории,таа на МАНУ и таа на Судска Медицина ќе се зголеми капацитетот на тестирања.Ова е предизвик бидејќи до сега се немаме сретнувано со ваков вирус и треба време за опремување.Треба да се припремат кадарот и просторот.
    Инаку,започнат е скринингот во Дебар со кој ќе се добие слика за имунитетот на населението,но со оглед на 2 нови случаи кои не се целосно потврдени,рано е за нови одлуки за Дебар.
    На средината или на крајот на летото ќе се прави скрининг во повеќе места за проценка на имунитетот,по возрасни групи.
    Ќе им се прават серолошки тестови на најризичните групи,но само со тие тестови не се добиваат значајни податоци.
    Скринингот е еден параметар при формирање стратегии за понатаму.
    За сега Комисијата за Заразни Болести останува на ставот дека треба да се тестираат само лица со симптоми.
    Во изминатите 24 часа направени се 437 тестирања,а вкупниот број на тестирања е 10.859.
    4.Преку Француската Амбасада реализирана е донација за ГАК во форма на маски,комбинезони и обувки во вредност од 5 илјади евра.
    Се разменуваат искуства на повеќе земји преку онлајн комуникација-справување со вирусот,организирање на капацитетите,третманот и мерките.Будно се прати ситуацијата и се анализираат примените на лекови кои се употребуваат во странство,како Ремдесивир.
    Преку Јапонската Амбасада се договара набавка на лек.Министерот верува дека одговорот ќе биде позитивен.
    Ќе се испланира како да се организираат капацитетите во болниците,посебно за заболени од КОВИД-19,посебно за заболени од друго.
    5.Барањето за дополнителен 14 дневен карантин во Куманово било разгледано на состанок на Комисијата за Заразни Болести и истата ќе достави предлози до Владата која на седница ќе одлучи по ова прашање.
    ДСЗИ прави увид како и по која индикација биле тестирани членови на Кумановскиот Кризен Штаб.По официјалниот извештај,МЗ ќе излезе со став.
    6.Кога ќе се забележат неправилности во трговски објект,тоа треба да се пријави преку ДСЗИ.Министерот нема информации за вработен во маркет кој бил дијагностициран,а одел на работа.
    Нема информации ни за првиот случај во Демир Хисар и треба да провери.
    Помеѓу излекуваните има и лица кои имаат хронични болести.
    Крвна плазма може да се земе од целосно излекувани лица и да им се даде на пациенти согласно индикациите.
    Македонските граѓани кои се во ЕУ-земји со кои нашата држава има договор за здравствено осигурување можат да добијат здравствена заштита(можат да се лечат)таму.
    7.МЗ и Владата велат дека собири се забранети и дека тоа важи и за празников.Граѓаните треба да се свесни за ситуацијата и ризикот и треба да се однесуваат одговорно.Празников треба да се помине дома.
    Ни доаѓа пикот.
    Мерките мора да се почитуваат!
     
    На cresa-jagoda, *Amethyst* и Stache им се допаѓа ова.
  8. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    2.233
    Ете коа реков треба да го затварат Скпје за Влез и излез од градв за да не се рашетуваат по викендици и дане идат по други градови, многу ке беше таа мерка попрудуктивна али кој да слуша.
    Еве на пример Софија Бојко ја затвори баш од овие причини колони било за излез.
    Нека гледа Владава и За 1Мај ако има полициски пак нека го остават градов отворен.
     
    На ..barbie.., Feminka22, Amelia и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.676
    Допаѓања:
    9.597
    Први мај петок, пак реприза на овој продолжен викенд.
    И да нема тој ден полициски час секако за викенд ќе се собираат пак по викендици.
     
  10. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.471
    Одлична метода. Ја чекам и јас Витамина да пише.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Пикот ќе биде околу први мај.
    Денешната црква бајаги ќе не проретчи.
    Ме загрижува работава.
     
    На Feminka22, cresa-jagoda и JuLleE им се допаѓа ова.
  12. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    63.488
    Пол:
    Женски
    После глетката што ја имав денеска што во живо кога идев до маркет да се опремам за викендов, што по социјалниве медиуми можам комотно да кажам дека никој не ни е виновен освен ние самите за целава ситуација.

    Милион пати се апелираше правилно носење маски, не се научи народов и не се научи. Зошто ја носат под брада и зошто ја носат на едно уво закачена побогу? Што функција има маската ако ја окачиш на едно уво и слободно ти лебди на лице небаре знаме на јарбол е.

    Друштва по дворови еден куп. Наши куќни пријатели заминаа Асамати на цел викенд заедно со еден куп луѓе. Си се шеткаат ла-ба-во. Од Скопје сите што си се шеткаа лабаво сега лабаво ќе си се соберат по викендици. Од градови кои се жаришта ќе се бега кон помали градови, како да не можеше само таму да остане вирусов, како да мораше да се однесе во секој можен град, со по 1/2ца доктори што функционираат.

    Црквите не ги спомнувам, беспредметно е веќе за тоа да се расправа.

    Излезен народ надвор по клупи, по паркчиња, друштвенца си уживкаат на сонце.

    Тоа е, глупи луѓе го донесоа, глупи луѓе го шират и од глупи луѓе ќе се докрајчиме и социоекономски. Крајно разочарана после денешната глетка, добро е што паметот не го изгубив и не почнав да шамарам луѓе по улица.
     
    Последна измена: 17 април 2020
    На elenaxbbg, Doozy, СуперДевојка и 29 други им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.891
    Пол:
    Машки
    Мислам дека и нема нус појави од озонот, ако не се лажам.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Па фала богу дека НЕ е ок! Да е ок нема ни да пишам. Туку муабетов ми е зошто никој не реагира на тоа?
     
  15. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Секаков народ имало и ќе има.
    Ти ќе се штитиш друг не, и така во круг. Од простотилак си патиме.
    Отвори еден ден само на фб. Женски домаќински муабети и се ќе ти биде јасно, колку глуп народ постои. Одамна ги одследив.
    Дека е народот овци овчарот ги води(читај "не води").
     
    На KateKane, Angie1432 и ninja35 им се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.864
    Пол:
    Женски
    Да да, читав. Ама ако земам да читам се па и да пишувам тука неизводливо ми е, иначе да, имав прочитано за ова.
    Има куп лекови што се тестираат и даваат резултати за само неколку дена, озонот исто така го прочитав некаде ама не знам каде за да преведам линк.

    Вчера од 61 000 брисеви 3750 беше бројката од прилика
    Денес
    65 000 брисеви бројката помала.

    Значи трендот опаѓање е навистина тој.
    Опаѓаме ама многу малку, а се очекуваше дека поголем пад
     
    На green.eyes, Doozy, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Така е. Ќе живееме со вирусот. Тука е мора да се носиме со него.
    Јас цело време тврдам дека не е вирусот толку страшен како што е психата на човекот. Ќе настанат конфликти, луѓето збудалеа, лути, изреволтирани, испаничени, а секако голем број се на лекови на смирување а тек сега. Лошо се пишува ако продолжи вака. Многу полошо од таа корона. После навистина ќе биде "пиши Филипче корона"
     
    На Dalia93, jacqueline.s, No Makeup и 2 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.016
    Ова цело време го зборувам.
    Кај побогу ќе оди 5 годишно дете само?

    Логика има за средношколците пошто тие секако сами се движат, ама мало дете е врзано за движење на родител.

    Не верувам дека некого ќе казнат, ама и треба да си го средат овој дел. И да си ослободена од работа да речеме за да чуваш дете, и мораш било што итно да завршиш, нема 2 годишно дете само дома да оставиш. Се подразбира дека нему му треба 24/7 надзор.
     
    На An-na и BoaVista им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.521
    Допаѓања:
    260.776
    И икони си бакнуваат.
    Сега ова кога ќе пукне.

    @KateKane јас денес ми се идеше да влезам во црква и да ги шамарам сите по ред. Толку бев разочарана што ми се плачеше.
    Лута сум на народот, на моите пријатели, роднини кои лабаво шетаат.
    Мајка му на овој мојов си дојде, отиде на фризер, до комшиката, и во вторник пак назад за Ск.
    Среќа ја сопревме на црква да не оди.

    Немало заболени веќе кај нас, не било страшно.
    Другарка ме праша дали ќе одиме на црква.

    Во црквите битно пишува да ги дезинфицираат рацете.

    Ох стока од народ.
    Ќе седеме уште дома, а многу се надевав дека од мај ќе почнеме да функционираме.
    Некој седи дома без работа, ама безмозочните не размислуваат.

    Кај нас деца шетаат и пред 13 часот. Еве денес на Црква ги носеа.
     
    На LejlaD, danichap, Doozy и 15 други им се допаѓа ова.
  20. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.176
    FB_IMG_1587157932714.jpg
     
    На LejlaD, green.eyes, Doozy и 21 други им се допаѓа ова.