Нов коронавирус со непознато потекло, назначен 2019-nCoV, кој се појави околу 12ти Декември 2019 во градот Вухан, Кина на големопродажен пазар за морска храна, кој најпрво се сметаше дека се пренесува од животно на човек, па потоа се откри дека се пренесува од човек на човек. Времето на инкубација на вирусот е 5-7 дена (според претходната епидемија САРС во 2003 која уби 774 луѓе), кога всушност се пренесува вирусот. Симптомите на овој вирус се исти како настинка: болки во грлото, течење на носот, кашлица, проблеми со дишењето итн. Овој вирус досега уби 56 луѓе, а бројот на заразени моментално е 2,092 од кои најголем број во Кина (2,042), потоа во соседни држави во Азија, Австралија(4), САД(3), Канада(1) Франција(3) и потенцијални случаи во Хрватска. Дали сметате дека кај нас многу малку се обрнува внимание на оваа епидемија што од ден во ден се шири во различни држави? Дали треба да трчаме во болница ако имаме сипмтоми на една обична настинка? Дали има простор за паника и на кој начин да се заштитиме? Дали нашето здравство е компетентно да го дијагностицира и лекува овој вирус?
Јас ке патувам со авион за помалку од 10 дена и многу ме испаничи ова. Посебно затоа што сум таква што кога ќе ме заболи грлото мислам дека имам рак на грло. Мислам дека ќе почнам да кашлам од што ми е во мисли вирусов.
Уште една у низата намерно пуштени вируси, биотероризам на најјако. Се надевам ќе се смири пандемијата и ќе нема многу човечки жртви..
Избегнував да ја отворам темава, избегнував и да читам деновиве. Spoiler Хипохондрик сум. Но, морам да признаам дека сум малку исплашена. И да е човек најхрабар, тешко е дека ќе остане имун на информациите што се шират низ медиумите. Особено зашто некои наслови се пишани за намерно создавање паника со цел да се генерираат повеќе кликови. Баш пред малку отворив еден германски сајт, насловот беше нешто во стилот ,,Корона вирусот во Германија'', a статијата почнуваше со реченицата дека постоело само сомневање за еден случај и дека се докажало дека жената боледува од нешто друго. Како и да е... Добрата страна е на ова е што луѓето знаат за што се работи, отприлика, па може навреме да преземат мерки да се заштитат себе. Се согласувам со @John Snow. Намерно пуштено, но за тоа колку и како ќе се шири, тука веќе се губи контролата. Се надевам дека брзо ќе се смири ситуацијата.
Ќути.И јас сум тежок хипохондрик и плус настината неколку дена филмови си правам во глава. Но,сепак мислам дека не е ситуацијата да се земе како на шала, бидејќи премногу лесно може да се прошири епидемијата и нема правила,секоја држава е премногу ризична. За вакцини читав дека треба минимум 1 година да се направат
Не паничете. Здравјето треба како и да е да си го чувате и да има и да нема некаква епидемија. Избегнувајте долго да сте во затворени простории со повеќе луѓе (автобуси, молови, маркети). Мијте раце, лице кога ќе дојдете дома. Ако гледате дека некој (во затворена просторија) кива/кашла со или без рака на уста поттргнете се од него. Најпросто, пазете си го здравјето и дур не е алармантно не паничете. Вирусов е намерно пуштен јасно е ко ведро небо.Само да ми је знати со кој мозок и која потреба го направиле тоа ако се Кина пренаселени и им е гајле дали ќе им умрат неколку иљади луѓе, ние по светов не сме дужни да им ги испаштаме хировите.
Прочитав прееска на некој американски сајт дека во сад измислиле тест вакцина Значи има логика и тие да го ослободиле како би станала кина уште поголем нивни роб Така што се вика преку ноќ тие измислуваат топла вода.. како не.
Сеа многу conspiracy teories ќе има од кај е искочен , зашто е искочен блабла али намерно е 100% Само не ми е јасно душата кај ќе им иде.Болна работа.
Не велам дека сигурно не е, али зашто пуштен намерно? Зашто увек за секој вирус муабет дека е пуштен намерно? Мислам, не велам дека не е, али вирусите мутираат, зошто сте толку сигурни за теоријава?
@Feminka22, се' тоа што си го напишала држи вода. Знаеме дека треба да се обрнува огромно внимание на личната хигиена, тоа секако верувам дека си го практикуваме сите, не само за заштита од овој вирус туку општо од сите заразни заболувања. Тоа е основно. Подобро е да се мијат често рацете отколку да носиме десет слоја облека на нас мислејќи дека ако не ни е ладно, нема да се разболиме... Освен миењето раце, јас мислам дека би било добро (за кога сме надвор од дома) да си носиме и од антисептичките гелови во ташна. Да се избегнуваат собири... Тоа и онака го практикувам Но има ситуации што се неизбежни. На пример, на работа, оние што работат со многу луѓе секој ден. Ако кивнал некој и ја допрел кваката/тастатурата/копчето во лифт, тоа се веќе ситуации што не можеме да ги контролираме. Освен да чистиме се' околу нас како фрикови Друго, јавниот превоз... Не знам како да го избегнам. Морам да го користам речиси секој ден и тоа во времето на најголемата гужва
Jas mislam deka ne e bitno dali e pusten ili ne Ali mora da se zapre a tie sto go pustil posle nekoe vreme ke izjavat deka imaat vakcina i debelo ke se zemat golemi sumi na pari
Како не е битно дали е намерно пуштен или не? За одговара за тоа бе човек.Станува збор за СМРТОНОСЕН вирус, не за кашлица или мрсулав нос. Ако е (а е сигурно) намерно пуштен вирусот, сторителот може да одговара за загрозување на човечкиот живот, а бидејќи има смртни случаеви и за убиство.
Среќа да ја фати свекрвами овој вирус хаха И јас мислам дека е намерно пуштен и тоа во кина затоа што има многу голем број на луѓе или па можда погрешно мислам незнам -_- каде ке им оди душата бе ? Нцнц
Tocno znam deka e bitno ama do Sega nikoj ne odgovarase za takvo nesto potseti se za vakcinite so ziva za decata sto stanuva at autisticni nikoj nema odgovarano
Така осеќам.Секакви умоболни ликови има на планетава. Плус Кинезите се хранат со све и свашта од типот на суши ( термички НЕ обработена риба), мачки, кучиња, љиљаци и такодаље. Извор на бактеријава се животните. А цела нација така се храни па ти види сеа, многу прљаво живеат Кинезите исто ко Индијците. Пренаселени се, јадат се и сешто, секаде ги има по светов и брзо се шири. Плус за Лунарнава Нова Година кузнае колку луѓе влегле и излегле од Кина. Првиот детектиран случај на Корона бил во КИНА во декември 2019. Има нешто во мене што ми тврди дека е намерно пуштен со цел да изумрат доста луѓе
Хм, иако секако постои можноста да е намерно пуштен, како што е споменато, во Кина се јаде многу жива животинска храна од секаков вид, што сама по себе не мора да биде штетна, но таквата храна многу често се продава на пазар, тезги каде што секојдневно има многу гужва, како што ние купуваме компири од пазар, и тоа е за нив нормално ама ете има последици. Тој постариот вирус, што исто така започнал да напаѓа во Кина пред Х години, се нашол во морска храна, па не ме чуди и овој вирус да е едноставно последица од грешките на нивното општество.