Се гледаме цело време. Неколку пати во неделата и тоа нон стоп е вака, од самиот почеток на ситуацијата. Дури и кога ептен беше сериозно, паники фрчеа на сите страни, се мислев дали сме толку неодговорни шо се гледаме ама сеа сфаќам дека не било ништо страшно.
Јас почнав комуникација со еден дечко, збориме веќе месец ипол сигурно и до сега не сум посакала да се видам со некој толку многу како што сакам да се видам со него. Не сме се виделе ниту еднаш ради ситуацијава и не верувам дека ќе биде во скоро време, ама сигурна сум дека ќе се исплати чекањето Да напоменам дека не почнавме да збориме од досада по дома, туку се знаевме од претходно, само што сега ептен се зближивме. А не верувам дека би почнала со некој ако не го знам од претходно, не знам, ова виртуелново запознавање ми е многу површно...
Јас и дечко ми на 5 минути живееме еден од друг и секој ден се гледаме. Или е он кај мене или јас кај него. Почитуваме мерки, со никој друг не се гледаме, ризикот двајцата го прифативме, плус така тераме од почеток на карантинов и не мислам дека е погрешно бидејќи немаме други контакти.
Само да дополнам, мислам дека влијае многу на врските и фактот што се е затворено. Немаш кај да одиш, немаш што да правиш (зборувам пак за ние што не живееме со партнерот). Треба или да шетаме негде или да си одиме на гости еден кај друг ама не се седи дома веќе, едвај чекаш да излезеш на воздух, не оди пак да се пикнеш во куќа. Нема каде кафе да се испие, ручек, кино, билијард... смрт Да не ме сфатите погрешно - свесна сум дека овие мерки се задолжителни за да заврши кризава конечно, ама зборувам од аспект на влијание врз врските.
Иако сме верени не живееме заедно оти новиот дом не е готов. Имаше предлог од неговите со оглед на ситуацијата да одам да живеам некој месец кај нив ама двата решивме дека сепак е најдобро да почекаме и да издржиме па за два месеци да се вселиме. Кога почнаа со мерките ми падна искрено многу тешко, мислев нема да го видам воопшто ама тој што сака бара начин. Тој е обезбедување и работи цело ова време па се наоѓа време да дојди да ме види макар на 5 минути. Сега кога го намалија полицискиот час кога сме слободни обично после работа од 16 до 18ч одиме во парк или на некое ливадче таму пиеме кафе, се возиме со колата низ град, поретко сме дома некогаш заедно ручаме, вечераме и така си врват деновите. Се надевам дека овај викенд за 1ви мај ќе биди последен со толку строги мерки.
Се гледаме скоро исто како и пред вирусов, не се потресувам премногу и претходно не излегувавме многу по кафичи така да ова не ми менува ништо.
Живееме во ист град, но само еднаш се имаме видено и тоа на дистанца. Претежно се слушаме на телефон или пак на камера се гледаме. Здравје кога ќе се смири ситуацијава ќе надохнадиме.
Од гледање скоро секој ден преминавме на еднаш неделно со ситуацијава. Ми фали ненормално многу, ама нема баш нешто што можеме да направиме околу тоа. Неговото решение на фактот дека ми фали, беше да го избања мечето дома со неговиот парфем за нели да мислам на него и полесно да ми биде. Арно ама, не размислил дечкото дека парфемот може да изветрее пред он да успее да дојде да го освежи по втор круг. На следно доаѓање му го конфискувам парфемот...ако не го заборави. Само не му кажувајте
Најјака мерка слушнав денес на вести: тие што се во љубовна врска, а не живеат заедно, треба да носат маски кога се излезени надвор заедно. Сериозно? Прво, нема никаква логика, надвор ако носиме маски, внатре сигурно нема. Тогаш која е логиката, надвор се шири корона меѓу нас, а дома не? И што сме ние тука, уствари изборот ти е или всели се заедно со партнерот или заборави дека си во врска до крајот на коронава. Реков јас на почеток: додека трае кризава, најубаво да си сингл. Вака те ебе кој стигне со меркиве, а врските ни станаа крш.
Сериозно ова? Поглупа мерка не можеа да смислат. Да не треба и дистанца да држиме во јавност и за рака држење никако... А тоа што се гушкаме и бакнуваме ко ќе сме на само не важи, само во јавност ко ќе сме можиме да си пренесиме корона. Ич нема смисла.
Да, најсериозно, началникот го објаснува во минута 1:30 на линков: https://sitel.com.mk/policijata-gi-...lovi-e-zadolzhitelno-nosenje-zashtitna-oprema Тоа ми е муабетот и мене - дома си шириме корона слободно еден со друг, ама битно е надвор маски да носиме кога сме заедно, само зашто не живееме заедно. Па нема секој услови да се всели со партнерот моментално, немаме сите доволно финансии или подарен стан од мама и тато. А што да кажат средношколци во врски? Тие сигурно не живеат заедно, а и дома тешко доаѓање ако не се сами и мора само надвор да се гледаат. Стварно некои мерки ги поддржувам, ама некои немаат никаква логика и се дискриминирачки спрема одредени категории на граѓани...
Јас нити пред корона имав дечко, нити па фатив А баш ќе беше интересно да имав некоја #љубавудобаКороне Ќе имаше кој да ме нервира и да ми фали на почетокот со полицискиот кога беше апла мртбо сѐ. Тогаш жими се луѓе посакав да имам дечко Ќе си фатев дечко за малце ептен ама #клошар. Се изназборев..