Само бараат причини. Како полагаа бе матурантите без прирачници претходно? Ама не.. важно да се мрачи. Еве Англиски нема прирачник, сега да не се полага матура? Ама сме можеле да се снајдеме претходните генерации, овие се сакаат соџвакано.
Сакаш да се заангажирам и онлајн да ти најдам? Толку неснаодливи генерации, се чекате на тацна.. Ве знам убаво какви сте имам дома матурант.
Јас учев од интернет, еве ако ти е верно.. не учев од книга. Разгледај го моделот за матура што е постиран од минатите години, можеш да видеш какво отприлика ќе биде тестирањето. Кога ќе добијам одговор од другарката, ќе постирам во темава какви вежби ќе има. Ако сакате ќе ви пратам и вежби од кај да учете.
Кога имаш барано книги и прирачници? Се вадите на тоа дека не работат книжари, ама пред 2 месеци се' работеше. На време ако си најдеш материјали ќе си научиш. Не се чека 2 месеци пред матура за да се почне да се учи. Ама ако на некој не му се учи ќе си наоѓа изговори
Не сакам да се расправам затоа што си повозрасна од мене и не ме личи,тебе стварно не треба да те интересира што ние правиме
Дали си свесна какви последици ќе има вирусов? Деца ќе загубат родители, не дај боже вие ќе загубите родители а се замарате со нашата матура. Ако имате нешто против обратете се на миниситерот ама петицијава е правно исправна. На другарка родителот е сместен на инфективно КАКО ДА УЧИ ТАА?
Ах бе дечки дечкиии. На факс кога ќе откажуваат колоквиуми и испити нема да се радувате вака. Криво ќе ви биде. И таму нема материјали по се како тука што има. Ќе учите од разно разни книги. Српски, хрватски. Никој не ви љубоморе, само ви се воочува дека со тоа што ќе немате матура нема да имате никаков бенефит. Нема шанси да примаат така со успех од 4 години само.
Проблемот не е во ситуацијата СЕГА туку во тоа што се немало интерес да се истражи со време кој и каков прирачник треба да се купи. Сум била матурантка и ова време таа година веќе пола материјал ми беше повторен. Ама оке, може вие побрзо учите па за два дена се' ќе си поминете. Друго е што си спиете на тоа уво за препис (повеќето) и ако не се снајдете после професорите и комисијата што оценува и цел свет ќе биде виновен за вашата 3-ка, само ВИЕ не. Мое лично мислење е дека матурава е тотално небитно дали се спроведува, штом „заинтересираноста“ е ваква. Она што е потребно е да се полага приемен на секој факс, па тука ќе се покаже кој колку се вложил, а кој си терал распуст.
Јас биологија немав учено од 2ра до 4та, па го избрав да го полагам и го учев уште од 4та кога почнавме. Свесна бев дека не знам и дека ќе морам сама да учам... Најдов материјали, одма прашавме професори, само 10 деца полагавме биологија од наше школо, веднаш ни најдоа книги и сами си учевме. Колку можев научив и отидов и полагав. Дека имаше глупи прашања, имаше. Но, исто ќе ми беше и на факултет приемен биологија да ми дадеа. Изборен не ми дадоа да земам у школото, само 3ца сме го одбрале и немаше настава за тоа, па пак ќе го немав учено. Значи ја ништо не знаев биологија, а сепак учев и отидов и полагав. Ми беше битно за факултетот што го сакав. Не поминав најсјајно, можеби пропуст на тоа што ете 2г го немав учено, можеби и дека прашањата беа ужас, може и дека немавме ни шанса да препишуваме, ниеден професор не ни помогна, но ете колку знаев решив и положив со 4ка. Што требаше јас да направам, само зашто 2г не сум учела биологија, да се бунам да не полагам и да си пропуштам желба да студирам тоа шо сакам? Интерниот и проектната се боза. Англиски и македонски барем сите знаеме. Македонски јас неколку дена само се спремав, повторив од прирачникот и тоа супер пројдов. Англиски не ни учев, ако знаеш англиски тоа е тоа. И тоа не поминав најсјајно, но ете, веќе поминало. Не дека не знаев англиски, утнав на една таква глупост, што ете и да се спремате 100дена ако ве фати трема се е можно. Да ви доловам ќе ви кажам, без разлика колку смотано ќе изгледам. Напишав одлично писмо, а се потпишав со моето име на крај. И покрај тоа шо се било океј цело ми го ишкртале, дека нели ако се потпишеш со твое име, не ти се прифаќа ништо. У таа паника и брзање, сум направила грешка. Значи, не дека тие 2 месеци нешто ќе ви сменат. Ја тоа немаше ни да го приметам, да не пишеше некој на форумот дека исто така згрешил. Жива се изедов цело лето како можев таква глупост да направам. Ама не ми е крива матурата, моја грешка си била. Сакам да ви кажам дека се е можно. Јас сум свесна и ве поддржувам дека е апсурдна цела матура. 4г не оценуваат и на крај пак се да се полага и ете некој ќе добие плус поени, некој ќе изгуби... Но, замислете, без екстерно, голем дел со висок просек, што ќе биде на упис, кој попрво да се запише... А, ако има приемен, пак нема да е нешто многу сјајно. Тек тогаш ќе се види кој колку пропусти има или да се случи ете да не ви е денот ко ја тогаш кога полагав англиски. Мора на некој начин да се има селекција за упис, ќе видите и сами ако аплицирате на ФИНКИ или медицински на пример, по 1000 пријавени, ако сите се со 99 поени и 5.00 просек, кој попрво ќе го примат? А, знаете колку такви има сега затоа што веќе нема екстерно? Знам колку ви е тешко сега, многу добро ве сфаќам, пред само неколку месеци бев на ваше место. И не би сакала па да проаѓам покрај истото. Но, во моментот мислам дека подобра опција ќе ви е државна матура, барем знаете како ќе изгледаат тестовите од претходните генерации и на кој принцип ќе биде се. Во секоја варијанта, што и да биде, учете. На крај вие само може да бидете оштетени, не е така наивна матурата ко шо мислите. За 0.01 поен може да не сте примени. Една 4ка да ви направи проблем. Од лично искуство ви кажувам. Да најдат подобра опција од матурата, прва ќе ве поддржам. Но, мислам дека моментално нема подобра опција.
Ако нема селекција,било приемен,било матура, врз кој основ би ги примале децата на факултет? Еве пр. на општа медицина примаат 300 студенти, сите одлични, но со различни поени од матура. Што ќе биде ако се запишат над 300 студенти, со 5.00 просек? Кого ќе примат пред кого? Дека матурите се срање, срање се, ама по Болоња е, цела Европа скоро полага, и мора да се направи некаква селекција, инаку хаос би настанал.
Знаеме дека сега мислите дека можете со глава во ѕид.. Сите бевме така, ама реалност ќе ја согледате наредната година. Тек тогаш кој се снајде - се снајде, кој не - не... Во животот е битно да се потрудите и да дадете се од себе. До 18 години мама и тато се тука секогаш, после 18 години ако отидете на страна (па и ако не отидете, никој нема да ви бдее над глава) на факултет/обука/работа е тогаш почнува вистинскиот проблем. Извинете за оф-топик